Search This Blog

Friday, July 18, 2014

Поробени без војна

Одавна знам и осеќам деке сме поробени без војна. Всушност тоа во историјата го правеле сите освојувачи. Но некогаш биле видливи. Во битка ке освојат територија сосе народот, но за да го владеат подобро и поефтино избираат од поробените локалци луѓе кои ке ја спроведуваат поробувачката програма на освојувачот. Меѓу другите светски освојувачи и поробувачи така правел и наш Аце. Во сите поробени територии поставал локалци за свои луѓе од доверба кои ја спроведувале политиката која ја зацртал Аце наш. Кај нив се плаќал данокот и се останато кое го плаќа осекогаш оној кој е поробен.

Оној кој сега не владее е невидлив, чиниш имагинарен. Но нив (поробувачите) не ги гледаме само ние обичните робјани. Нив секако ги гледаат нашите демек од нас избрани луѓе кои ни ја водат државата. Тие не владеат заштитени од полиција и војска, нивни се кадиите и судиите. Нивно е и законодавството - па се е демек легално. За награда тие демек од нас избрани луѓе живеат богато, енормно брзо се збогатуваат за неколку генерации. А ги знаеме сите кога доаѓаат на власт сите со со од мама плетени џемперчиња, возат точак, одат со автобус на работа. За по десетина години да се вдомат во луксуз каков само на филм го гледаме.

Како сме ние поробени. Прво не евидентираат со бројчиња сега и не чипираат да се знае кој чив роб е. Потоа демек се грижат за нас, не вакцинираат, не учат во нивните школи, не вработуваат во нивните фирми сеедно дали се приватни или државни. Дури и за водата што ја пиеме а е од природата успеваат да ни наплатат. Ако не си послушен нема папо, нема среќа. Не плашат со секакви казни ако лошо се однесуваме. Не тераат да живееме на кредит да сме задолжени. Вака како сето оди (геометриска прогресија) никојпат никој нема да се раздолжи. Ни ние како граѓани а ни државата ни ...

Што ни останува сепак да го поминеме животот во среќа. Само малите моменти на среќа. лична и фамилијарна. Насмевките на нашите сакани, особено децата, дружење со природата ...

Написот е инспириран од секојдневното се поголемо лично задолжување, но и задолжување на државата ни ...

Wednesday, July 16, 2014

ПРЕИМЕНУВАЊЕ ... БИВШИ ... Е-БАНКА

Процес кој во нашите краишта се чини е вообичаен и несопирлив. Почнуваа со преименување на улици, патишта, мостови, школи и незнам што се не. Во наша Македонија тоа е вековна пракса. Дојде нова власт ајде да преимениме се што можеме. Ако не можеме да ја подобриме економската стварност барем можеме да применуваме. Процесите на потурчување, посрбување, побугарување, грцизирање се историски познати во овие краишта. Дури и верата е менувана/преименувана. Колку пати во фамилиите се преименувани презимињата, за да се допаднат на новата власт. Колку ли луѓе се “несреќни“ со своите презимиња, читај имаат проблеми со актуелната власт во одреден период. “Паметните“ секојпат се приклучувале кон мнозинството, оние кои се упорни и не менуваат нешто што го наследиле живеат со печатот на новата стварност.

Каде ке запре сево ова? Колку луѓе во џепот носат пасоши со променет идентитет (најчесто бугарски пасоши). Тие граѓани на РМ одавна го променија идентитетот за да користат одредени права, кои оние што не го промениле неможат да ги имаат. Колкумина шетаат со лични карти на непостоечки улици. Колкумина завршиле школо во веке непостоечки школи.

На ред ке дојде применување на топонимите. На пример село над Матка кое сега се именува Света Петка во кое не живее ниеден етнички Македонец веке неколку десетина години е прашање на ден кога ке се преименува во некој албански топоним. Колку ли такви места и краишта се со паралелни топоними. Скопје наше има барем два актуелна топонима ...

За светот сме одавна БИВШИ. Оние “паметните“ кои во сето ова не пливаат добро се иселуваат, кој каде може, каде ке му успее ... Низ овие предели на балканот па и низ Македонија историјата не учи дека поминале многу држави/владетели. Владееле едни, па други, па трети ...

Написот е инспириран од преименување на Народна Банка на РМ. “Е-банка“ е веројатно вистинскиот назив ... МАТЕЊЕ ВОДА.

Blog Archive

Site Meter