Во топливе јулски денови ни најдоа нова забава. Ни го дадоа на тацна нашиот Премиер Заев кој како “клен“ лапнал трипати удица од еден ист преварант, кој за свој интерес и веројатно по нечија нарачка облетувал околу Заев и трипати успеал да го прелаже дека тој е Премиерот на Украина, Тоа се три телефонски разговори кој нашиот клен ги правел на мобилен телефон на платвормата WhatsApp. Кога некој еднаш ке ме прелаже тоа е скоро нормално, кога истиот ке ме прелаже вторпат значи дека со мене нешто не е во ред а ако успее третпат да ме прелаже тогаш јас самиот треба да се сметам дека со мене нешто не е во ред. Аматерот Заев со една леснотија разговара со таканаречениот Премиер на Украина за теми кои се меѓународно осетливи, спомнува детали кои се индискретни, праќа лични телефони од други политичари и како за посластица ветува дека е спремен да даде донација од 100.000 евра во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, за да тој по примерот со Украина ни ја признае црквата. Каков аматер, каква аматерска држава. Не случајно се вели во народната ако се играш со меч на крај од меч ке загинеш. Во случајот со Заев се прослави со објавување на тајно снимени разговори од минатата владина гарнитура. Многу е веројатно дека од тајни разговори кои допрва ке ги слушнеме Заев ке биде неупотреблив политички и брзо ке замине во историјата.
No comments:
Post a Comment