Search This Blog

Friday, November 17, 2017

Диво насеље ... Дивите населби се наша историја и судбина.

Историјата на нашите “Диви населби“ е долга и веројатно потекнува од времето кога се ствараа држави во нашите простори т.е. од времето на средните векови, но и порано. Некогаш постоеа градови каде горе долу градбите биле плански и легални и се одвивале по некаков развоен градежен план/планови (денеска познати како ГУП и ДУП). Куќите се граделе околу оформени улици, каде биле решени комуналните проблеми: вода, струја, канализација и слични комунални проблеми се до училишта и градинки. Тоа не било карактеристика за селата кои граделе таму каде им била земјата по принципот на окуќница. Најлошото парче од земјата обично неплодно под неке ридче/долче бивало таканаречена окуќница. За комуни проблеми не се водело сметка. Пат имало колку за селска кола, вода од бунар или од најблискиот природен извор. Канализацијата е последно нешто на на кое му се придавало значај. Така настанувале неприродни захвати да многу блиску до бунарот е септичката јама. Најбитно било да имаш кров над глава, кој начесто до пред стотина години бил од слама. Темели на куќата немал никој. Во истата куќа живееле и домашните животни - обично тие биле на долниот спрат (крупниот добиток) а на горните спратови поради греењето од стоката се правеле спални соби. Поради урината на групниот добиток ваквите спални соби биле бактериолошки исправни. Ситниот добиток се лепел до куќите. Во ваквите диво населени места најевтин спорт и забава бил сексот со домаќинката/жената и одтаму настанувал прирастот кој бил неколку пати поголем од градските средини. Проблемите настанувале кога во текот на времето семејствата по природен пат се окрупнувале. Тогаш настанал проблемот да во ист двор се гради друга куќа, за братот за синот за керката. По релативно краток период окуќниците биле толку мали што морало да се прави нова окуќница за чија цел повторно се барал плац на соседната најслабо родна нива каде се оформувала нова дива населба.

Од друга страна по градовите се одвивал процесот на занаетчиство, индустријализација, електрификацијата - најнапред ситна па се покрупна. Градовите имало потреба од свежа работна сила (биле потребни и слуги во побогатите куќи) и неминовен бил процесот од привлекувње на селкото население во градските средини. Тогаш проблемот бил решаван така да се изнајмувале одредени соби каде биле сместувани работнците и слугите. Но овој процес бил долгорочен и луѓето нормално имале потреба од спајање на семејствата. Каде ако не во нови диви населби овојпат во близината на побогатите градски квартови. Повторно не се водело сметка за решавање на било какви комунани проблеми, пат, вода, струја, канализација. Битно е да се има кров над глава. Се живеело во една соба со нужник некаде надвор. Потоа се лепелодо едната соба друга, трета се така како се окрупнувало семејството така се лепеле собите една до друга. Повторно се копале бунари и се слично на селската средина од каде доаѓаат ново печените работници кои ги напуштааа селата преминувајки во градовите каде лесно наоѓале работа поради процесите на развој на занаетчиството и индустријаизацијата, кој бил пратен со електрификацијата.

Дивите населби се наша историја и судбина.

Monday, November 13, 2017

Глинени голуби

Многу одамна на нашата балканска територија се инсталираа сите тајни безбедносни служби познати и непознати. Некои се легални во нивните матични земји, некои се само криминални структури кои соработуваат со легалните тајни безбедносни служби. Сете се дека некој одлучи токму на нашата територија да изгради најголема амбасада од сите балкански држави. Она што е над земја и е видливо е само маска за она што е под земја. Сите тие “легални“ тајни служби на странските држави одлучија од сите нас да направат глинени голуби каде ке ги вежбаат своите структури за нивните безбедносни подухвати низ светските земји каде на нив ке им се посака да се сруши некоја легална Влада (власт) која не е по нивна мерка.

На сите нас ни е познато дека нашите легални власти само глумат легалност а вистината е дека само извршуваат голи наредби од моќите тајни безбедносни служби од таканаречената меѓународна заедница. Ние како глинени голуби активно или пасивно само учествуваме во таканаречената игра на нашата територија на која газат нивните слонови а ние како глинени голуби сме само последица на на нивните проби и вежбања - како се рушат легални и легитимни системи.

Во таа битка каде нивните слонови ја газат нашата трева ние само страдаме, кој како ке го зафати судбината. Од последиците на распадот на политичкиот и економсикиот систем страдавме сите и сеуште страдаме, работиме за мизерни плати, примаме мизерни пензии од кои никој не знае како ги одржуваме нашите семејства бидеји е тоа само по себе економско чудо. Истрпевме/трпиме братоубилачки/граѓански војни во кои војуваме со нашите најдобри комшии па и роднини. Ги трпиме последиците од сите проби на разни хњмиски и биохемиски оружја кои никнуваат во светските лабаратории. Нема фамилија која нема некој кој не е настрадан од новите канцерогени заболувања кои се последица на лудите проби. Глинените голуби (ние) само паѓаме а некој таму некаде ракоплеска за успешните проби на новите оружја и орудија.

На сите нас веројатно одамна ни е јасно дека сме само глинени голуби кои за наша несреќа сме во ливада во која газат слоновите. Оние паметните години наназад се иселуваат од нашата ливада и одат таму каде барем легално ке бидат експлоатирани. Некои повремено се враќаат а некои веќе ги собираат и своите фамилии во нивните нови татковини, некои само праќаат по некој долар, евро ...

Friday, November 10, 2017

Среќа

Среќата е лично чувство на задоволство од квалитетот на животот кој го живееме. Кога на некого му посакуваш нешто по повод одредени негови успеси или годишнини најчесто осем доброто здравје, уживање во животот, сигрност, осеќај на задоволство, љубов, благосостојба (богатство) - секогаш му посакуваш среќа.

Некои оние таличните се раѓаат со среќата, но најчесто среќата највеќа ја чувствуваат оние кои за својата среќа највеќе сами допринеле и е резултат на нивните успеси во животот кој го живеат. Суеверните мислат дека среќата ти зависи од она што наречниците ке ти го посакаат при твоето ражање. Се на се сите сме во потрага на среќата.

Често за неуспесите во својот живот ја кривиме недостатокот на среќата - тоа е карактеристика и во спортот каде за успехот често осем добрата подготовка се повикуваме и на среќата. Но среќата секојпат ја пратат храбрите оние кои ја предизвикуваат среќата а не оние кои само ја чекаат. Отука и изреката кога некој му се моли на бога да му даде среќа - бог вели а да купиш прво лоз :).

Не постои живо суштество кое не го почувствувало среќното чувство. Но на сите треба да ни биде јасно дека среќата е во малите нешта кои ни се пружаат во нашиот живот. Во насмевката на детето (било кое) кога ке те погледне со своите очи, во убаво поминатиот ден, во доброто ветре и свежиот воздух, во уживањето на добра хрна, вино ... во љубовната игра на дваица што се сакаат и посакуваат ...

Зато не очајувајте и не ја барајте својата несреќа во туѓата среќа - среќата е секојдневно тука околу вас само треба да ја препознаете и да ја почувствувате - да и дозволите таа да биде дел од вашите чувства. Да ве води низ вашиот животен пат.

Monday, November 06, 2017

Во Македонија “живот“ има само за малкумина милионери (политичари на власт и олигархија) ...

Мурто од Муртино го смени Курто. По десетгодишна апсолутна власт Курто беше апсолутно корумпиран, толку многу што во лице ни се смееше на сите и ни велеше - ништо не ми можете ... Преку партијата со која дојде на власт тој се изјаснуваше дека има право да прави што сака со нашите пари, бидејки нели целата власт беше негова со сите институции во кои инфилтрира партијски војници. За негова несреќа некој го фати во таа кражба и сега плаче како новиот “режим“ му го прави сето она што тој им го правеше ним а и на целиот народ. Курто сега протестирајки против новата власт точно ни кажува што се правел за да не владее апсолутно.

Се промени ли нешто друго осем што се смени носителот (партијата) на власт. Јас лично не приметувам. Повторно слушам дека иселувањето продолжува со несмалено темпо по сите основи. Оние образованите и интелегентните преку својот допринос во некои нови средини каде таквите кадри се десетина пати поплатени од кај нас. Продолжуваат да се иселуваат и оние кои преку својот труд можат да потегнат - такви млади кадри се потребни во скоро сите попросперитентни држави кои имаат потреба од таков кадар. Мојата фамилија веќе 20-сетина години перманетно се иселува во земји кад такви како нив им требаат. Сега се случува процесот на обединување на семејствата, имено ги повлекуваат кај нив своите родители, за да има со кого да се радуваат кога им е до радост ... Сите тие не беа љубители ниту на црвените ниту на плавите партиски книшки - затоа навреме си отидоа.

Ме фрапира податокот дека оние малку мали навидум досега успешни фирми и дуќанчиња перманентно се затвараат - процесот незапирливо продолжува. И тие наоѓаат чаре во некои други попросперитентни држави. Се плашам дека најголемиот егодус ке се случи оној ден кога ке не примат во ЕУ - дури тогаш сите легално ке си најдат чаре некаде ... Животот е еден и секој има право да го потроши онака како смета дека ке му биде најдобро ...

Thursday, November 02, 2017

Најтешко ...

Не е тешко да измиеш садови - најтешко е тоа секојдневно да го правиш.
Не е тешко да избришеш прашина - најтешко е тоа да го правиш секојдневно до енти пат.
Не е тешко да ги враќаш работите на своето место - најтешко е тоа да го правиш по секоја завршена работа.
Не е тешко да направиш куќа - најтешко е куќата секојдневно да ја одржуваш.
Не е тешко да посадиш цвеќе, дрво, трева - најтешко е секојдневно да ја одржуваш куќата, цвеќето, тревата.
Не е тешко да родиш дете - најтешко е од него да направиш човек.
Не е тешко да сакаш - најтешко е да сакаш а да не ти се возврати љубовта.
Не е тешко да помогнеш еднаш - најтешко е тоа да ти стане навика.
Не е тешко да се направи држава - најтешко е таа да биде средена, функционална и самодржива.


Blog Archive

Site Meter