Креатиивен филмски сон. Автобус.
Се наоѓам во моето родно село кај дедо и баба. Дојдов на кратко да ги видам. Требаше да си одам назад во Скопје со автобус. Ја прашувам бабами во колку сат е последниот автобус за Куманово. Таа гледајки во прозорот кој гледа према црквата и патот за накај чесмата ми вели дека последниот автобус тргнува во 6 саат поручек. Гледам на стариот часовник на зидот дека имам само уште три минути да се спремам за да стигнам за авотбусот кој ке дојде тука за неколку минути. Во тој момент неможам да ги најдам моите обувки кои ги носев, како некој да ги сокрил. Бркам во џебот гледам дека имам едвај пари за автобуска карта. Во последен момент ги наоѓам обувките и се стрчувам на малата капија каде автобусот само што не пристигна.
Автобусот пристигна. Тоа е еден автобус како оној од филмот “Ко то тамо пева“... Стар преправен автобус од некогашен камион Се качувам по скалите накај шоферот кој е еден постар чикица. Гледам долу некакви пари и му велам дека веројатно му испаднале пари и му ги подавам. Тој застана и погледна и почна да собира се што му испаднало тука на скалите. Примиетив на крајот дека имаше и некаков чај од некоја тревка. Го прашувам зошто ти е чајот. Ми вели дека попат застанува да се напие чај. Му велам дека кај една баба тука во селото има многу видови чај. Да застане кај неа и да побараме чај. Ме послуша и јас се стрчав кај бабичката и и велам да ми подаде од чајот од липа кој јас и го набрав пред некој ден. Таа се симна во подрумот да ми даде од чајот, но се задржа долго. Шоферот бееше нестрплив. Појдов да видам што прави. Гледам дека во едни бисаги наполнила чај од десетина различни тревки и ми го подава. Се качувам во автобусот со новите чаеви и подавајки му ги на шферот му велам - кога ке отидеш сега во пензија за да не бидеш сам побарај ја бабичката за жена, таа е многу добра особа. Ке живеете среќно со твојата пензија и со нејзината ведрина. Гледам дека шоферот е во некаков грч како да го боли стомакот и му велам - би било добро да ставиш нешто на стомакот, некаква крпа. Едно дете од позади се снајде на брзина и му даде крпа на шоферот која тој ја стави на стомакот. Веднаш му беше подобро и тој тргна да вози.