Не така одамна имавме медиуми Јавни/државни и приватни. Трафиките беаполни со весници - тиражите беа мерило за успешност а ТВ каналите се такмичеа кој ке има повеќе гледаност. Секоја нова власт во државата се трудеше да владее со медиумите труејки не со вести кои они сакаа да се слушнат (така наречени лажни вести или вести завиткани со обланди и коментари од добро платените новинари) а забошотувајки ги оние нормалните вести. Така најпрвин умреа весниците и трафиките. Добро тоа е некако беше светски процес - во моментот кога електронските медиуми доживуваа подем. Потоа некаде со распадот на старата ЈУ држава се загушија ТВ станиците особено оние јавните. Стапија на сцена новинари кои во спрега со власта ја диктиираа медимската сцена. Ги отруја ТВ медиумите јавните па дури и приватните кои си имаат свои интереси и газди кои шуруваат секогаш со власта во распределбата на државните медиумски пари. Останаа интернет медиумите кои до пред десет години такореќи не ни постоеа осем некои блог заедници каде поединците со име и презиме и со својот лик стоеа позади своите пишувања. Со појавата на порталите кои најчесто се без импресиум почна да се трујат и интернет медиумите. Дури и социјалните мрежи организирано се трујат преку финасирање на познатите ботови кои за сметка на своите нарачатели не трујат сите и секаде во интернет медиумскиот простор.