Веќе 30 години живееме во систем што се распаѓа по сите шавови. Се е извртено и се е лажно. Не водат партии и лидери кои не работат онака како некој им издиктирал. Ни ја отруја земјата и воздухот сосе храната и водата (не постои фамилија која нема загубено свој најмил од новите канцерогени болештини), ни ги разорија сите вредности во кои веруваме/вме или пак би требале да веруваме. Ни ги растурија/аат здравството, школсколство, и сите други општествени системи - дури и фамилиите ни ги растураат. Не направија робови продавајки ни демократска демагогија. Секојдневно не трујат со информации кои тие ги креираат за да ги оправдаат своите нечовечки постапки во - нивните скриени идеологии, да се дограбат до власта и оние кои сеуште дишеме да не цицаат додека мрдаме. Повеќето од нас кои работевме во крупни фабрики и економски системи не оставија без работа - за сега нашите деца да работат за мизерни плати кај некои нови газди. Оние кои работат или се пензионери за својата плата/пензија неможат да го претераат месецот. Тие само се вртат во власта договарајки се за меѓусебни остапки и неказнивост. Направија систем во кој не ти се оди ни да гласаш - немаш за кого.
Search This Blog
Sunday, March 31, 2019
Saturday, March 16, 2019
Некој во влечки гледа пред ТВ во Будимпешта - некои други чмајат во Шутка.
Некој во влечки гледа пред ТВ во Будимпешта - некои други чмајат во Шутка.
Subscribe to:
Posts (Atom)