60-есет е округла цифра. 60-есет години живот.
Да бев сега во оној лошиот социјализам од денеска ке бев во заслужена пензија. Ке ми дадеа четири плати отпремнина, за да ми се најдат во првите денови на “мировината“ како тогаш се нарекуваше. Ке ми приредеа проштална забава, ке добиев златен часовник од фирмата со гравурена посвета. Дома ке ми нагрнеа повеќето роднини и пријатели за да ме гушнат и честитаат. Семејството ке се собереше да ја прослави округлата бројка.
На времето кога бев млад и ке слушнев дека некој има 60-есет ке речев еве го и овој е готов, мириса на земја.
Но како ми е мене лично? Искрајно годините ги осеќам само како физички терет. Потешко се движам поспоро стигнувам, но духот ми е сеуште млад. Сеуште замислувам дека можам се` што ке намислам. Да стигнам секаде, да направам што сум замислил.