Search This Blog

Monday, August 17, 2009

Friday, August 14, 2009

Тиквешко ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=Tikvesko-miks-suton-1.jpg
одам малку на тиквешко ... да одморам очи во широт на езерото и планините ...

Thursday, August 13, 2009

Срамно простување со Артим Шаќири ...


На пријателскиот меч со Шпанија кој ФФМ го организираше по повод 100 години фудбал во Македонија (на кој се посрамоти со влезниците), осем што свечено се предаде во употреба северната трибина - се предвидуваше и свечено простување со Артим Шаќири. Намеско како што е редот да заигра десетина минути на почетокот на средбата на Шаќири му предадоа само плакета. Бурно беше испратен од навивачите на стдионот, но на лицето на Шакири кој вели дека ке игра барем уште две години фудбал во некој домашен клуб немаше радост - тој одби да го изведе почетниот удар на натпреварот (последната понуда од ФФМ), бидејки очекувал дека ке заигра некоја минута ...

Повеќе »

Куќата на фудбалот во Македонија уште еднаш се избрука и се покажа неспособна ...

Шаќири во 13 години има одиграно 75 настапи за Македонија, постигна 15 гола за Македонија, беше и нејзин капитен ... секогаш беспрекорен борец ... ке го памтиме по голот од корнер против Англија во Саутхемптон, кога го посрамоти голманот на Англија Дејвид Симан ... Настапувал за 14 клубови во Македонија и странство ... кратко играше и во англиското првенство, играше и во Бугарија ...

Дали неговата желба да стане селектор на МК репрезентација го доведе до срамено простување со државниот дрес без да заигра некоја минута како што е редот ... На интернет страната на ФФМ нема страници за великаните на фудбалскиот спорт на Македонија ...

Блогови кои ми недостасуваат ... зошто блогерите блогираат ...

Повторно некој се сетил да прави штафети по блогосферата - овојпат во спомен на блогови кои или се тотално неактивни или се помалку пишуваат. Досега не учествував во ниедна штафета - нема ни овојпат директно да учествувам, но сепак ке напишам пост околу темата.
Повеќе »
Зошто луѓето блогираат и што на нив им представува блогот?. На оваа тема се испишани многу постови, пишував и јас. Ако секој си одговори на прашањето зошто блогира се дојде до сознание зошто и другите блогираат.
  1. Можеби најточна причина зошто се блогира е потребата непречено да се искаже став за нештото за кое се пишува во постот. Од друга страна луѓето имаат потреба и да прочитаат дознаат туѓи ставови за да го оформат или дооформат својот став за истото. Така интерактивно се врши едно општествено корисно дејание.
  2. Некои луѓе блогираат за да прочитаат вест (граѓанско новинарство ...), тука твитер го презема бајракот - како најбрз пренесувач на миро веста.
  3. Некои луѓе блогираат за да преку блогот остварат дружење со други луѓе. Блогот не се покажа како најпогодна алатка за дружење (иако преку коментарите има и таква фунција). Социјалните мрежи (особено фејсбук) ја преземаа оваа функција и фала им бидејки го расчистија просторот на блогирањето.
  4. Некои луѓе блогираат за да направат свое CV. Блогот навистина е одлична алатка за да се направи вистинско CV. Читајки повеќе постови од одреден блогер имаш точна претстава што мисли блогерот кој го читаш и кој е неговиот став за нештата.
  5. Неко луѓе пробаа од блогот да направат политичко пропагандна машина. Се покажа дека ако блогот не го пишува политичарот лично таквите блогови се залудно потрошено време, колку содржајно и естетски на орв поглед да се интересни. Последен пример е блогот на сега веќе Претседателот Иванов. Ако Иванов сам си отвореше блог ке беше вистинска атракција и ке имаше бројна посетеност. Вака е само негативна реклама. Претседателот по функција треба да се дружи со својот народ. Тој е Претседател на сите, тој има потреба да слушне што народот мисли директно и да го дознае тоа мислење. Некојпат претседателите/владарите за таа намена шетаа прикриено или откриено по пазарите и дуќаните, сетете се на нашиот Претседател Трајковски. Сега ја имаат можноста на блогот но не ја користат иако декларативно сите велат дека се представници на сите граѓани. Блогови треба да имаат и пратениците. Еден ден тоа и ке се случи. Но се додека пратениците се под директна контрола на партијата која ги предложила нема да има такви блогови. Пратениците се само гласачка машина на власта и неми букви за јавноста.
Околу напуштањето на некои блогери од платформата на блог blog.com.mk - голема кривица носи и организаторот на оваа платформа. Имено не успеа да ги заштити своите корисници од насилието на други блогери ... од плукачите и загадувачите на блог просторот. Мораше до сега да се најде начин како некој ке може да цензурира коментари ако тоа го сака - скоро секоја поозбилна блог платформа тоа лесно го овозможува. Тогаш кога тоа ке се овозможи и кога одвреме навреме ке се збогатува платформата со нови додатни алатки платформата повторно ке заживее. Таа и сега е жива иако наизглед неа ја напуштаат многу квалитетни блогери. Но тоа е право на нивен личен избор и нивна потреба. Така е и во животот - се тече, се се менува.

Blog Archive

Site Meter