Search This Blog

Tuesday, July 31, 2007

МОСТ

Поразените заминуваат

Не, не е ова сцена од филмот Неретва ... од рушењето на мостот ... Ова е позајмена фотка од Арапско израелската војна во 1967 година ...

Доаѓањето на Израел значело почеток на долгата колона од стотици илјади бегалци, Палестинци од Западниот брег. Серија на фотки објавува BBC MACEDONIJA.com ...

Мостовите се нешта кои ги поврзуваат луѓето од двата брега на една река ... Мостовите се цивилизациска придобивка ... Рушењето на мостови и прогласувањето на мостовите за легитимни воени цели за мене е несфатливо ... Се сеќавам како храбри београѓани ги бранеа своите мостови со човеќки штитови ... фатени рака за рака ....

** The Oxford English Dictionary traces the origin of the word bridge to an Old English word brycg, of the same meaning, derived from a hypothetical Proto-Germanic root brugjō. There are cognates in other Germanic languages (for instance Brücke in German, brug in Dutch, brúgv in Faroese or bro in Danish, Norwegian and Swedish).

The word for the Pope, pontiff, comes from the Latin word pontifex meaning "bridge builder". It can also mean just "builder".

- most ...

КОСОВО - принципиелен став на Русија ...

Меѓународната политика и меѓународното право се принципиелни ставови - кои тешко се менуваат ако нема согласност на сите инволвирани страни и на членките на Советот за Безбедност со право на вето ...

Распадот на ЈУ беше пример на распад - кој беше изведен со сили одвнатре ... долго подготвуван во самата ЈУ - со бројните измени на Уставот на ЈУ ... Би рекол дека распадот на ЈУ се случи во АВНОЈ 1944 година кога се формираа Републиките ... и државата од монархија стана федеративна држава од 6 републики и две покраини - со право на самоопределување до одцепување ... Секако клучен фактор беше и распадат на таканаречениот социјалистички блок - на кого му преходеше долготрајна економска девастација на сите таканаречени социјалистички држави на чело со СССР ...

Се чини тука клучна улога одиграа и дваица руски Председатели ... Се започна со Горбачов ... со неговата таканаречена “Перестројка“ ... Русија која западна во тешка економска криза - влезе во политички промени со Перестројката - која пак донесе зајакнување на националните движења во бившите советски држави кои по втората светска војна припаднаа кон СССР, или беа нејзини сателитеи - Полска, Чехословачка, Бугарија, Румунија, Белорусија, Украина, ... Прибалтичките земји и земјите околу Црно Море - богато со нафта ... Русија неможејки да ги држи конците се реши да го одврзе јаремот ... и да ги пушти од своето јато овие држави ... кои преку НАТО веднаш стапиа во еконоски сојуз со земјите на таканаречениот западен блок ...

Распадот на ЈУ пукаше по конците на федеративните републики ... Надевајки се дека тоа ке се случи и со покраините ... Албанците од Косово дигнаа востание - со силна подршка на САД и НАТО земјите ... Косоварите долго во бившата ЈУ го припремаа распадот ... Се случи војна со Србија ... Косоварите од борци за човекови права - прераснаа во борци за сецесионизам ... Србија одговори со воени дејствија од широки размери ... се деси вистинска војна за која судот на историјата ке суди со кои средства се водеше воната - за некои триесетина години (за вистински историски суд потребна е историска дистанца ...) ...

Албанците поразени во војната со Србија направија масовен ексодус од Косово - предизвикајки хуманитарна криза од сведски размери ... Се деси или се исценира Рачак сеедно ... Започнаа неуспешните преговори во Рамбуе ... кои завршија како што завршија ... НАТО земјите прекршувајки го меѓународното право ултимативно побараа од Србија да го напушти Косово - објавија војна на Тогашната скратена ЈУ ... по моделот на војната со истата таа скратена ЈУ во Босна ... со ракетни напади на паметни бомби наведувани од сателити - и користејки ја доминантната авијација ... Србија не попушти пред ултиматумот и беше неколку месеци ракетирана од воздух - дури и со сомнителни бомби збогатени со осиромашен ураниум ... Се рушеа најпрвин воени цели ... подоа дојдо на ред комуникациите (патишта и пруги ...) ... мостови ... па економските цели ... електроенергетските објекти ... заедно со некои болници и школи ... кои беа прогласувани за “легитимни“ ... На сето ова предходеа и неколку годишни меѓународни санкции над ЈУ ... НАТО добро ги подиспразни магацините со бомби и муниција ... кои и така морта одвреме навреме да ги уништува ...

Видно економски исцрпена и со големи човечки загуби ... Србија со НАТО го потпиша договорот во Куманово ... каде за сметка на напуштање на воените србски сили од Косово - престана ракетирањето ... На база на тој Кумановски договор и со согласност на Србија се донесе резолуција за Косово во советот за безбедност 1244 ...

До оваа резолуција на Косово се штитеа малцинските права на мнозинското население на Косово ...

По резолуцијата сега се деси масовен ексодус на србите од Косово ... На Косово дојдоа НАТО трупите во мисијата КФОР ... Од тогаш почна голема борба на меѓународната политичка сцена за правење на Косово независна и самостојна држава ... Косоварите се ангажираа да ја искористат доминацијата на САД во меѓународната политика ... преку група за подржка на Косово во америчките конгресмерни (Диогарди и други ...). Косово го посети и Клинтон ... Ако на србите Милошевиќ им вети дека никој нема повеќе да ги тепа во нивната родена земја ... Клинтон им вети независност ...

Но во меѓувреме користејки ја високата цена на нафтата и останатите енергенси ... Русија стана повторно економски моќна - сега под водство на Путин ... Путин ги врати сите кредити на меѓународната заедница и почна повторно да води цврста политика во меѓународните односи ... за разлика од лабавата на Горбачов а особено на Јелцин ... кој не мрдна ама со мал прст во врска со руските интереси во екс ЈУ ... напротив ...

Значи за да Косово стане независна држава како што ветија САД авторитети - мора да има согласност на Србија и на сите членки на советот за безбедност ... оние со право на вето ... Но со моќна Русија и Путин на чело - со повторно економски зајакната Србија до спогодба меѓу србските авторитети и косовартите не дојде ... Пропаѓа полека и планот на Ахтисари ... Сега САД и НАТО земјите во Косово имаат само трошкови ... и се заинтересирани за решавањето на статусот ...

Што е излезот од сето ова ... Од сето ова излезот е во некаков договор на србските авторитети и косоварите ... Да се подсетиме има неколку одлуки на србското собрание - кои забрануваат на било кого да потпише одстапување на Србија во позициите на Косово ... Како и да е времето ке каже како сето ова ке заврши ... но ниту САД ниту било која ЕУ држава ке подпише признавање на Косово како независна држава - без согласност на Србија ... бидијки тоа е флагрантно кршење на меѓународното право и правење модел како да се решат некои други кризни региони во самата европа пред се во Англија и Шпанија ... па зошто не и во сите ЕУ држави ... секаде лесно ке се изроди сецесионизам ...

- Kosovo ... Srbija ... SAD ... Rusija ...

- СТАНДАРДИ И СТАТУС
- ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ ... Ethnic cleansing
- СТАНДАРДИ - пред статус
- НОВА БЕГАЛСКА КРИЗА - во Косово ...
- Рамуш Харадинај
- АЛБАНСКА КАУЗА
- САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ
- АХТИСАРИ МАРТИ
- АНКЕТА - за планот на Ахтисари
- ВОЈНА ВО КОСОВО - ке има ли нова ... како сето тоа започна ...
- КРАЈ НА РАСПАДОТ НА СФРЈ
- ХАШКИ ТРИБУНАЛ
- КРВНА ОДМАЗДА
- Албанизација на делови од ЈУ
- Сорен Јесен-Петерсен
- Алармантни настани се случуваат во Косово
- Лицемерна стратегија на ЕУ за Балканот

Blog Archive

Site Meter