Search This Blog

Tuesday, December 29, 2020

Отиде во историја и машината за производство на гумени производи - Преса која тежеше преку 400 килограми и стоеше во подрумот 25 години ...

Последната година на владеењето на Анте Марковиќ почнаа да се распаѓаат големите системи во ЈУ кои вработуваа огромен број на вработени. Осеќајки го тој талас искочив од работа од една таква голема компанија и оформив своја фирма. Идејата беше тоа да биде застапништво на странски фирми бидејки имав такви искуства. Но тоа не се оствари - сите странски фирми бараа мој капитал (кој го немав) за да бидат партнери со мене. Фирмата случајно почна со трговија на резервни делови увезени од Застава и нивни кооперанти. Почна фуриозно. Сето тоа убаво траеше до распадот на Ју. Тогаш почнаа да се отвараат нови граници и не беше во можност да се врши набавка на роба од новоформираните Ју републики. Во тоа време пробувајки да направам нова трансформација заглавив во кредити кај банкари кои даваа пари на месечна камата. Бидејки бизнисот потклекнување решив да соберам сили и да ги вратам парите на приватниците од кои имав земено пари на камата. Морав да ја продавам залихата дури и на фирми кои беа слаби платиши. Така заглавив кај некилку фирми од МК, кои неможеа или не сакаа да ми ја платат робата која им ја имав испорачано. Кај една фирма имав многу големо побарување и за да извадам од калта прифатив да заемам од кај нив било што за да го намирам долгот. Така заглавив со две машини за производство на гумени производи. Тие машини никојпат не проработеа иако мене финансиски ме исцрпеа. 

Решив деновиве да се ослободам од нив. Едната ми стоеше во подрумот кој почнав да го расчистувам. Бидејки беше многу тешка машината одлучив ка ја расклопам и да ја дадам на стро купујем. Вчера некако со мака сето тоа излезе од мојот подрум и отиде кај старо купујем. Мене ми падна голем терет со тоа што така ми се отвори простор за нова активност во подрумот.

Friday, December 25, 2020

Новогодишна елка, украси, поклони ...

 

За секоја нова година петнаесетина дена пред нова година организиравме обавезно китење на елка со многу лампиони. Во новиот стан кога децата највеќе ни се радуваа на новогодишната атмосфера организираве уште поголеми елки. Под влијание на западните обичаи почнавме секоја година секој посебно да купувавме поклони за сите домашни. Ги пакувавме во посебни кутии а се отвараа ноќта пред да дојде нова година. Децата секојдневно ги подигнуваа пакетите и пробуваа да погодат што има во нив. Да не спомнувам дека под елката имаше десетици пакети со разни слаткиши. Слаткишите “страдаа“ секојдневно. Кога децата подпораснаа овој обичај и китење им стана неинтересен и за да се настави традицијата со новогодишното украсување жената купи едно мало елкиче. Сето тоа на крај заврши во подрум заедно се сите спомени од минатото. Во подрум стоеа елките, украсите, многуте лампиони и светлосни направи десетина години се до овие  денови кога одлучив да раскрстам со минатото и кога почнав да го чистам подрумот. Во сето тоа многу ми помогна старо купујем. 
Сите елки, сите лампиони и разни светилки ги дадов на Рамче старо куује кој ми рече дека има четири деца. Така и новогодишните елки кои беа пластични отидоа во историја ...

Thursday, December 24, 2020

CD дискови ...


Во историја отиде и колекцијата од иљадници ЦД-а. На времето коштаа поединечно од евро ипол до две. Многу брзо интернетот ја замени гладта за информации и музика. Сега се има на интернет и ЦД колекциите одамна станаа бесмислени и непотребни.

Wednesday, December 23, 2020

Во историја отиде и телефаксот ...

  

За потребите на мојата фирма со која тогаш работев морав да купам телефакс. Беше како и повеќето од тоа време модел Panasonic. Кога го купив дадов поголема свота на кешовина - комшијата за тие пари го откупи станот. Потоа истиот комшија често го користеше. Во дуќанот каде што тогаш работев го користеше и еден висок службеник на МК безбедносната служба. Тогаш беше во некаков напредок спорот за името. Го користеа и други муштерии за да пратат список на членови што ке гласаат за ВМРО.
Како на се што доаѓа крајот така вчера чистејки го подрумот и телефаксот отиде во историја. Телефаксот изгуби од техничко значење кога скоро сите отворија имеил адреси и кога почнаа СМС пораките на мобилните телефони. Ерата на интернет започна.


Tuesday, December 22, 2020

SPALDING - отиде во историја ...

 

Во времето кога Дивац, Раѓа, Кукоч и некои други кошаркарски легенди поминаа да играат во НБА, мојот син (кој тогаш имаше околу осум години) и јас не спиевме во ноќите кога имаше НБА кошарка. Ја гледавме и навивавме за нашите. Тогаш најголема светска звезди беа легендарниот Џордан, Пипен и некои други. Е во тоа време синот силно сакаше да игра кошарка. Во летото како поклон од Ива синот доби нов SPALDING (оригинална топка со која се играше професионална кошарка во САД). Иако беше мал, со денови се трудеше да игра во малото кошаркарско игралиште пред зграда. Го носев и на тренинг во бискиот кошаркарски клуб. 
Како и да е оваа кошаркарска топка ја најдов чистејки го подрумот и се чини дека и таа ке заврши во историја како и многу други спомени од минатото.

Wednesday, December 16, 2020

Кучково ... Кучколенд (креативен сон) ...

Во скопскто село Кучково се врати една Македонка која во сплет на околности во една западноевропска земја се беше обогатила, Љубовта кон својата земја и родното село Кучково беа многу јаки и таа реши да се врати во родното село Кучково и од него да направи своевиден Кучколенд. На поседот кој го наследи од својот дедо кој беше запуштен изгради пркрасна куќа со голем двор на кој имаше место да ја спроведе својата идеја за Кучколенд. Куќата ја изгради во богат македонски стил со неколку поврзани езерца. Спроведе селекција на неколку сорти кучиња на кои не штедеше. По ивесен број години објави во сите македонски медиуми дека организира ревија на своите кучиња и нивните научени вештини кои беа придружувани од избрани манекенки. На закажаниот ден за чудо се огласија повеќето медиуми кои земаа учество во презентацијата каде во богатиот имот кој беше приспособен за одгледување на кучиња се организира закажаната ревија на одбраните кучиња и нивните вештини. По изминатиот ревијален дел каде се снимија многу приказни жената објави дека ова место очекува да се нарече Кучколенд и дека бара да се прифати нејзината идеја вљубениците на кучешкиот род и нивните благородни вештини да се населуваат масовно. Година по година во Кучково привлечени од убавите ревии се доселија многу странски вљубеници на кучешкиот род и на избрниот ден Кучковден се множеа ревиите на разните раси кучиња и преубавите девојки. Така Кучково прерасна во Кучколенд.

 

Tuesday, December 15, 2020

Сенки/Сеќавање/Расчистување од/на/со минатото ...

Во последно време се бавам со расчистување на минатото. Се што е видно непотребно околу просторот каде живеам го фрлам за да ослободам простор за иднината. Дали  грешам? Мислам дека не, бидејки ако за мене нешто што е околу мене и ме подсеќа на минатото - за моите деца тоа е само непотребно трошење на простор во кој они треба да настават да живеат. Пример работи кои потекнуваат од времето на мојот дедо, баба, татко, мајка кои веќе ги нема - за нив немаат никакво значење бидејки повеќето од нив ги знаат само како имиња од семејната историја. Постарие членови од фамилијата бидејки ги нема нивните предмети на младите ништо не им значат. Ним им треба простор кое е чист од такви спомени, Веројатно затоа повеќето од младите сакаат да живеат издвоено за да не ги оптеретува минатото. За да остане сеќавање од минатото можеби треба секој да се обиде ако за тоа го бива да напише книга, расказ, сеќавајки се на минатото ...

Sunday, December 13, 2020

И лего коцките отидоа во историја ...

Чистејки го подрумот полн со железо и други непотребни работи, се отиде кај старо купујем заедно со две машини за перење и три електрични шпорети. Дојде ред во историја да отидат и лего коцките, оние со кои ми порастнаа двете деца па и некои повозрасни деца од кои сега едниот е професор во САД и ги учи тамошните деца. За среќа отидоа кај Рамче (старо купујем) кој има четири деца.

Сеќавање , историја ...

Многумина живеат со своите сеќавања. Дали е добро да се живее со сеќавањето и историјата. Ако така се живее тогаш нема место за сегашноата и иднината. Ако историјата те обземе не ти остава место за сегашноста и иднината.

Saturday, December 12, 2020

Две третини

Една третина ја поминуваме во зима. Мразам зима и студови. Една третина ја поминуваме во сон. Останува само една третина светлост во нашите овоземни животи. Сакам сонце (индиректно, по можност во дебела сенка) и светлост (дифузна).

Wednesday, December 09, 2020

Европски сон - Македонска стварност

Сонував дека сите Мк политичари и парламентарци се качија на новиот воз (набавен од Кина) кој тргна по новоизградената пруга кон Бугарија. Требаше да се слави на влезот во Бугарија за успешниот влез на Македонија во Европската унија. Во возот се беа качиле и сите амбасадори и европски представници кои нешто направија за влез на Македонија во Европската заедница. Но се случи нестреќа - во новоизградениот тунел на границата на Македонија и Бугарија откажаа кочниците на возот и сите патници ги изгубија животите. ...

За наша (на сите МК граѓани) несреќа ова беше само сон. Реалноста е дека ке чекаме наредни 30 години за влез на Македонија во европската заедница. ...

Sunday, November 15, 2020

Штрајфните на Нане ...

 Да не починеше Нане пред десет години денеска ке и слвевме 85 роденден. Вообичаено на овој ден се собиравме сите кај Нане оние кои бевме во Скопје и и одевме на торта за да чести за роденденот. Всушност ние и носевме торта и слатки. Таа сакаше многу да се шали и да се смее. Не се сеќавам заради што се насмеја и се загрцна. Одеднаш од носот почна да и тече крв како една река и не преплаши сите. Утредента ни појаснија лекарите дека ако не и истекла крвта преку носот ке доживеела излив на крвта во мозокот што ке било фатално за нејзиниот живот. За да го залечат сето тоа лекарите и напикале завој во носот во синусните канали толку многу завој што Нане врискала од болка. Како и да е по штрајфните на Нане го паметам овој ден.

Пандемија на стравот ...

Од распадот на старата држава Југославија во која сите кои живеевме - како најголема придобивка ја осеќавме слободата на движењето, слободата на одлучувањето како и со кого ке живееме, слободата на избор на професијата, слободата на избор со кого и каде ке живееме - некој не тера на перманентна ПАНДЕМИЈА НА СТРАВ за нашето овоземно опстојување. Ни се наметнуваа разни национализми преку кои се збогатување поединецот а се губеа колективните права на поединецот. Се гаи страв дека еден ден ке нема доволно храна да се прехрани популацијата, дека сме многу и дека мора да се најде начин како да се смалува популацијата на многудетните семејства, кои со своето многудетство демек ке придонесат до таму да еден ден ке нема ресурси за нас рајата и така  сите ке поумреме.

Со овој вирус Ковид 19 всушност се проектира хистерија на страв дека сите ке се испозаразиме и ке испоумреме во тешки маки и страдања. Не тераат сите да носиме маски кои по тумачењето на еднокринолозите всушност придонесуваат да не дишеме слободно и да го вдишуваме сопствениот јаглен моноксид кој го враќаме во плуќата и поради недостаток од кислород организмот произведува хормон кој допринесува да се стресираме и да осеќаме вртоглавица.

Со овој вирус на пандемија на стравот, каде секојдневно се бројат само заразените и мртвите а нашиот нервние систем се храни со тој страв и сите доаѓаме до една психоз на стравот. Каде неприродните процеси и нечовечкиот нашин на живеење преку наметнување на хомосехсуализам кој е само една болест и девијантно однесување на поединецот ни се наметнува она што не е нормално да го прифаќаме како нормално. Преку ситуациите да ги заштитиме старите и болните лицца - старите и болните се затвараат и не им се дозволува никој да ги посетува, дури ни нивните најблиски демек за да не ги зарази со овој толку страшен вирус ковид 19. Сето тоа е отуѓување на човекот од нормалата и стварање на сејачи на страв која прерасна во пандемија на стравот.

Демек новата нормалност се состои од самоизолација и наметнувње на некави вакцини кои се обавезни за сите ако сакаат луѓето да се шетаат неможе да го прават тоа бидејки новата нормалност/ненормалност не ја дозволува слободата на избор како и каде и со кого ке живееме.

Секојднево не стресираат со бројот на новозаразени и со бројот на мртвите за да само тоа ни е во паметот и така стресирани да се самоизолираме во некоја пандемија на општиот страв. Ке испадне дека од година на година бројот на починати лица е се помал а ние само мртвите ги броиме.

Sunday, November 01, 2020

Старо купујем, старо купујем ...




1957 година кога како мало дете од две години се доселивме во Скопје во стан близу Универзална - “старо купујем“ беше професија која се одржа до ден денешен. Вака одеше тогаш рекламата - “Старо купујем, старо купујем, ново продајем ,,, поправљам чадори, оштрам ножеви, калаисујем ...“. Нас како деца не плашеа со тоа ако не сте добри ке ве продадеме на старо купујем и бегавме од нив како деца ...

Ништо не е сменето ни денеска - низ населбите се слуша сеуште: “Старо, купујем, старо купујем ...“. Овие луѓе уствари се единствени кои од отпадот кој го имаме по дома го рециклираат ... собираат стари железа и истрошени предмети од домаќинствата и ги даваат во отпадите кои за ситна пара после ги продаваат на железара ако се имаат метал во нив, пластичните флаши ги рециклираат дробејки ги а картоните се преработуваат во комуна - каде од старите картони се прават нови кутии ...

Овие денови го чистам подкровјето каде десетина години се што не ни требаше го носевме на поткровјето .. Дојде време да го чистам и тој простор и искрајно ме спасува старо купјуем, бидејки ако треба самиот да го носам по отпади ми е прескапо, транспортот кошта повеќе од тоа што ке ти дадат во отпад .. тука се и старите алишта од луѓето кои починале ... старо купујем ги собира и таквите партали ... ги прашувам што ке ви се такви стари работи ... ми велат тоа го носиме, немаме пари да купиме нови работи ...

Како е по светот незнам - слушам дека во некои западни земји постојат денови каде на одредени места го носиш крупниот отпад и намештај. Таму стојат работите и луѓе најпрвин одат и се што им треб го носат дома ... Она што ке остане го собира општината и го носи во места каде отпадот се рециклира ...

Wednesday, October 28, 2020

386

 

Мојот прв компјутер кој го купив последната година пред да се распадне Југославија за потребите  на мојата ново основана фирма Волан Скопје беше еден ваков компјутер модел  386 Интел. Со него во комплет купив и принтер ХП. Во тоа време компјутерот го купив некои 3800 германски марки. За потребите на фирмата на него правев фактури и испратници. На него првпат во фирмата работеше мојата внука која сега е програмер и работи во САД, На него имаше само неколку игри се разбира и тетрис. Мојот син кој беше предшколска возраст играше осем тетрис една игрица со едно човече не ми текнува како се викаше играта.
Овој компјутер го чував до денеска како реликвија но на таван. 
Бидејки дојде ред да го чистам таванот тој денеска заврши во контерјнер.


Tuesday, June 23, 2020

Методите на Груевски.

Методите на Груевски.
Груевски додека не владееше тие десетина години постави стандарди за влијание над гласачите. Методите на Груевски. Во тие десетина години беше неприкосновен - победуваше во сите избори. Методите воглавном беа огромно влијание врз медиумскиот простор особено во дневните, неделните весници и нарочно во телевизиите со национална фрекфенција. Секако со огромно влијание на социјалните мрежи каде поставуваше ботови. Тивок поткуп преку стмулација во земјоделието и малото и големото стопанство. Претварње на државниот апарат во активен елемент во време на изборни. Заплашување и казни за “несоодветните“ стопански субјекти. Изборната кампања не престануваше во ниеден момент додека владееше. Груевски излегуваше и од фрижидерите кога дома ке ги отворевме. Огромно влијание во судството и неговите одлуки каде пресудите беа режирани и маркетиншки користени. Значително додворување на сиромашните слоеви во време на избори. Правење на списоци како административците да носат свои десетици лица на гласачко место. Сето тоа не се казни во судски одлуки. Заеми и презадолжување - така да ни внуците нема да ги отплатат неразумните трошења во забеганите проекти каде немаме ни за леб а јадеме чоколадо. Истакнување на национализмот во двете средини Македонската во одбрана на името и националните симболи и Амбанскиот национализам во однос на нивните права на јазик и рамномеренприста во општеството.Дури ни специјалното обвинителство не помогна - туку напротив и тоа подлегна на моќта на парите.
Последните три години новата власт која едвај со помош на меѓународната дојде на власт, не се истакна со она што го ветуваше. Туку напротив ги користеше методите на Груевски како да остане на власт.
Се чини ништо не се смени во нашата политичка практика.
Изборите во ова пандемиска криза се вистинска непознаница и оваа власт ги поткупува луѓето со државни средства. Човек нема за кого да гласа се е испомешана десницата се обидува со левичарски идеи а левицата со десничарски методи и идеологија. Кај албанските гласачи ништо ново гола осем борба за власт со стари методи.
Изборите се сосема неизвесни и нивниот исход.
Во Србија минатата недела на изборите остана се по старо. Ке остане ли така и кај нас. Малите партии се виде дека немаат шанса во борбата на поголемите партии каде моделот на избори ги форсира големите.

Monday, June 15, 2020

По три дена и помитати по три нови круга кокошките се договорија...

По три дена и помитати по три нови круга кокошките се договорија...

Friday, June 12, 2020

Monday, June 08, 2020

Корона страв

Корона страв.
Овие три месеци ние постарите/повозрасните го изедовме стравот. Под притисок на медиумите се исплашивме дури и од најмалато закашлување или течење на нос. Медиумите нашите и светските здравствени работници кои се стручни за епидемии/пандемии не преплашија и не напикаа во нашите домови - демек ептен многу се загрижени за нашето здравја. Ваков пропаганден страв светот го чини во пад на економијата и промена на начинот на нашето живеење. Ни се сервира дека треба да ги избегнуваме нашите најмили нашите наследници кои демек се тајна закана по нашето здравје.

Saturday, April 11, 2020

Креатиивен филмски сон. Автобус.

Креатиивен филмски сон. Автобус.
Се наоѓам во моето родно село кај дедо и баба. Дојдов на кратко да ги видам. Требаше да си одам назад во Скопје со автобус. Ја прашувам бабами во колку сат е последниот автобус за Куманово. Таа гледајки во прозорот кој гледа према црквата и патот за накај чесмата ми вели дека последниот автобус тргнува во 6 саат поручек. Гледам на стариот часовник на зидот дека имам само уште три минути да се спремам за да стигнам за авотбусот кој ке дојде тука за неколку минути. Во тој момент неможам да ги најдам моите обувки кои ги носев, како некој да ги сокрил. Бркам во џебот гледам дека имам едвај пари за автобуска карта. Во последен момент ги наоѓам обувките и се стрчувам на малата капија каде автобусот само што не пристигна.
Автобусот пристигна. Тоа е еден автобус како оној од филмот “Ко то тамо пева“... Стар преправен автобус од некогашен камион Се качувам по скалите накај шоферот кој е еден постар чикица. Гледам долу некакви пари и му велам дека веројатно му испаднале пари и му ги подавам. Тој застана и погледна и почна да собира се што му испаднало тука на скалите. Примиетив на крајот дека имаше и некаков чај од некоја тревка. Го прашувам зошто ти е чајот. Ми вели дека попат застанува да се напие чај. Му велам дека кај една баба тука во селото има многу видови чај. Да застане кај неа и да побараме чај. Ме послуша и јас се стрчав кај бабичката и и велам да ми подаде од чајот од липа кој јас и го набрав пред некој ден. Таа се симна во подрумот да ми даде од чајот, но се задржа долго. Шоферот бееше нестрплив. Појдов да видам што прави. Гледам дека во едни бисаги наполнила чај од десетина различни тревки и ми го подава. Се качувам во автобусот со новите чаеви и подавајки му ги на шферот му велам - кога ке отидеш сега во пензија за да не бидеш сам побарај ја бабичката за жена, таа е многу добра особа. Ке живеете среќно со твојата пензија и со нејзината ведрина. Гледам дека шоферот е во некаков грч како да го боли стомакот и му велам - би било добро да ставиш нешто на стомакот, некаква крпа. Едно дете од позади се снајде на брзина и му даде крпа на шоферот која тој ја стави на стомакот. Веднаш му беше подобро и тој тргна да вози.

Friday, April 03, 2020

Мадона корона

Окулистот МАДОНА во својата песна презентирана на последната евровизија го предскажа Corona (круна) вирусот. Погледнете ја како е Мадона маскирана - носи круна (Corona) и костим кој е окулистички. Народот околу Мадона е маскиран во маски какви што сега сите ги носиме. Мај19, 2019. Па сега речете дека ова што ни се случува не е теорија на завера.
https://www.youtube.com/watch?v=VG3WkiL0d_U

Sunday, March 29, 2020

Бројки и статистика

Бројки и статистика.
Неоспорно е дека треба да го почитуваме мислењетона науката и струката, во случајот на оваа корона/пандемија на инфектолозите и виролозите. Се чини дека се` се работи за тоа колку е можно да се забави процесот додека не дојдат потопли денови над 25-30 степени кога вирусите ги убива сонцето.
Секојдневно сите ја следиме дневната статистиката на новозаболени, оние кои се на лечење и умрени како поседици на вирусната ифекција. Тука се додадени оние кои се во изолација и самоизолација. Она што можеби малку би расветливло во сите овие анализи е - да се даваат споредбени дневни статистики на умрените како последица од вирусната инфекција и просечниот дневен број на умрените во секоја држава, град. На пример се појави податок дека просечно во Италија на пример дневно умирале 1870 луѓе од било која причина. Сегашните бројки од овие денови говорат дека во Италија просечно дневно од корона вирусот умираат меѓу 600 до 1000 луѓе. Фали бројката на останатите смртни случаји во Италија за да се склопи мозаикот.
Според Државниот завод за статистика, во Македонија во 2019 год. умреле вкупно 20.446 нејзини граѓани.

Во просек, 56 граѓани дневно!

Thursday, March 26, 2020

Корона - болест на побогатите ...

Корона - болест на побогатите.
Од она што до сега го видовме во МК корона одисеја, први кои се разболеа од оваа пошаст се побогатите, оние кои беа на скијање во Италија и Франција и оние кои беа во кризните подрачја заради бизнис.
На крај цехот ке го платат сепак посиромашните - оние кои немаат пристап до јавното и особено приватното здравство.

Tuesday, March 24, 2020

Кој ке преживее ке раскажува.

Кој ке преживее ке раскажува.
Кој ке преживее ке раскажува. Ова е моменталната дефиниција за состојбата со корона вирусот во нашата земја. Од она што денеска се спроведува како методологија за начин на справување со корона вирусот се гледа дека здравствениот систем попушта пред налетот на вирусот. Тестирањето полека крахира. Немаме капацитет да спроведеме тестирање на сите случаеви кои се појавуваат низ земјата. Вирусот влезе во болниците во Дебар, Куманово, Охрид, Кавадарци, Скопје. Полека влегува и во другите институции, фабрики , банки, полиција, војска.
Стануваме виртуелна држава. Системот за тестирање кој е заразен е осуден на неуспех. За да некој те тестира имаш или немаш корона вирус мора телефонски да се јавиш кај матичниот лекар а тој преку Мој термин да ти закаже земање брис за потоа да чекаш некој да ти јави дали си позитивен или негативен. Филишче денеска на прес изјави дека веќе се пополнети термините за тестирање за наредните три дена. Баба Перса од Муртино сигурно има телефон и го знае бројот на својот матичен лекар.
Кој ке преживее ке раскажува. Ова важи не само за нашата држава тоа важи за сите држави. Некој јави дека во Италија вирусот е влезен во над 20 проценти од лекарите.

Економска чума и човекови права

Економска чума и човекови права.
Концепти и теории колку сакаш. Капиталистички и социјалистички концепт. Цврста рака или либерален модел на начин на живот. Сето ова се спротивности кои неможат да се спојат. Дали подеднакво и рамноправно сите мораме да го поднесеме теретот. Во борбата на овие два концепта во досегашната кратка историја на оваа чума сите гледаме дека подобри резултати има таму каде има цврста рака во однос на либералните концепти на живеење.
Цврста рака и дисциплина има во државите каде имаме централистички систем на управување со државата како Кина и Русија да речеме во однос на либералните држави како што се сите западноевропски држави во кои предначат, Англија, САД, Холандија ...
Да се вратам на ситуцијата кај нас. До сега, додека сеуште системот некако фунционира во овој прв месец на владеењето на чумата кај нас се користи некој мешан модел и пристам на двата модела. Цврста рака се гледа во концептот на спроведување на централни владини мерки и од друга страна обидот да имаме концепт на достапност на сите информации и јавност.
Политичките партии оние кои се поголеми и кои и до сега ги управуваа нашите животи водат битка како да го сочуваат своето сигурно гласачко тело а теретот на кризата да го фрлат врс својот политички противник. Предложениот економски концепт на подеднакво распределување на економскиот терет на сите - се чини е нешто кое набрзо ке го чуеме. Калкулираат париите што за нив е попаметно каде се мнозинството на гласовите кои излегуваат на сите предходни и наредни избори. Дали се мнозинство оние кои ствараат нов произвот или оние кои трошат од буџетот.
Кредити се тражат на сите страни и слушаме цифри до една милијарда евра. Тој концепт на задолжување без никаква мерка ќе доведе само до финасиски колапс. Парите ке немаат никаква вредност а сето тоа ке предизвика огромна инфлација и обезвреднување на парите.
Кога светот ке се вразуми и дали ке се вразуми никој неможе да предвиди.
Дали е вистина теоријата дека премногу сме се размножиле и нашава планета неможе да го издржи тој терет.
Периодот на рушење на државните граници како да заврши. Нови зидови и бариери повторно се во мода.

Monday, March 23, 2020

Галактички сон во утрото кога снегот забелеа во Скопје.

Галактички сон во утрото кога снегот забелеа во Скопје.
Познат сум по креативни сонови кои ако ги запишам веднаш кога ке станам се цела една приказна.
Животот на нашата планета земја стана толку неподнослив бидејки со него владее група на луѓе кои го претворија животот во невозможна мисија.
Некои луѓе ме земаат и мене и заедно одиме во нова планета која е скоро сосема иста на нашата и на која има гостопримливи тамошни жители кои не прифатија нас новодојденците таму. Еден од нив кој е со надприродни својства ги воедначи и нивните постоечки жители и нас новодојденците во истородни луѓе по нашиот терк. Во такви услови ние сосема добро комуницираме заеднички во новата планета. Управувачкиот совет на новата заедница има јавен собир на сите највлијателкни луѓе од новата планета и на нас новодојдените. Незнам заради што и јас се наоѓам во тој собир каде сите имаат исто право на глас и право на одлука во една невидена рамноправност. Се договараме како ке живееме тука во новата потполна рамноправност. Ме зачуди дека некаде има таков систем на вредности во едно општество но истовремено и ме зарадува што имам можност да живеам во него.
Утринскиот аларм зазвони и јас се разбудив во нашата реалност.

Friday, March 20, 2020

Заштитни маски

Заштитните маски и хируршките ракавици во последниве денови се носат како знак за престиж. Колку навистина тие помагаат да се заштитиме? Веројатно помагаат но тие се за еднократна употреба и се чини дека повеќе се носат како знак за престиж, дури и како моден детал. Хируршките маски и хируршките ракавици се наменети за докторите.
Македонија нема технологија да произведе висока технологија, ама за заштитни маски има доволно текстилни погони да произведува за себе но и за извоз. Прочитав некаде дека во Вухан една од поголемите фабрики за производство на автомобили преку ноќ се преорентирала за производство на заштитни маски. Ако можат тие зошто не би можеле и ние.
А и самите можеме да си помогнеме. Сите дома имаме памучни мајци кои од долга употреба стојат на местото каде ги земаме за да бришеме прашина. Но тие се одлични и за претварање во заштитни маски и тоа за повеќекратна употреба. Дојдеш дома и ги переш на кување. Од кога ке се исушат спремни се одново да послужат.
Се појавија веќе вести дека многу текстилни фабрики во Прилеп и Штип веќе произведувааат заштитни маски за повеќекратна употреба.
Нашите баби и во лето и во зима користеа шамии. Ние сите останати користевме шалови.

Thursday, March 19, 2020

Test, test, test... Корона ...

Test, test, test... Корона ...


Ова е најважната порака на СЗО (Светска здравствена организација) од вчера кон сите земји како главен елемент на борбата на секоја држава против Корона вирусот. Една вакцина кошта 25 долара (према изјавата на Др  Пановски). Дознавме и тоа дека е ограничена доставата за држави како  нашата големина на 500 неделно. Ние до сега имаме тестирано 500 индивидуи се на државен трошок. На залиха сега имаме 1500.
Првото на што помислив после пораката на СЗО “Testing, testing, testing“ беше - ова какао да е “бизнис“ порака, но од кого - веројатно од светските моќни фирми кои се бават со пронаоѓање и производство на вируси, лекови и нивни вакцини. Сите знаеме кој стои позади нив. За некоја недела ке чуеме дека се пронајдени лекови против корона вирусот. Веројатно има и вакцини но несмејат да ги обзнанат - така би признале дека се и творци на корона вирусот. Ова е теорија на заговор.
Чудно е што корона вирусот се појави во Вухан, градот каде е сместена најголемата кинеска лабараторија за вирусна технологија. Сите се прашуваме да не се заиграл некој таму. Да имаше таков случај ке слушневме до сега за големо стрелање во Вухан. Таму стрелаат и за обични кражби. Можно е и да имало стрелање но овојпат било тајно, бидејки така би признале дека некоја кинеска државна компанија е одговорна за овој вирус - така сите држави ке ја тужеа Кина за штетата.
Го слушнавме Трамп како на неколку пати ги собра главните лабаратории за производство на вируси и анти вируси и им вети огромна финасиска помош од буџетските пари на САД - десетици милијарди долари. Дури проба да ја откупи најавента технологија за вакцина од некоја германска лабараторија.
Да подсетам пред десетиниа години кога сите држави купува “Тamiflu“, лекот за свинскиот грип - на нас ни остана сета колишина непотрошена, не се потроши ниту едно пакетче. Сето беше уништено.
Се се ова теории на заговор но во случјот се премногу видливи.
Кој е веројатниот организатор на сето ова?
 Се разбира главните мултинационални банкарски организации кои веќе тријат раце. Она што единствено работи кога сите стравуваме од вирусот се тие банкарски организации кои имаат право да штампаат пари и да кредитираат. Дури и нашиот предходен Премиер кога го образложуваше барањето за вонредна состојба, главе адут му беше дека оној што ке биде меѓу првите кои ке побараат пари од меѓународните банкитреба да бидеме и ние за поефтино да ги добиеме. Рече дека тоа ке биде тешко бидејки дури и најмоќните држави сега се прерачунаваат колку пари треба да се зајмат.

Wednesday, March 18, 2020

Како да се победи корона стравот?

Како да се победи корона стравот?
Најголем страв кај секој хуманоид е стравот од смрта. Секој човек е свестен дека со самиот момент на раѓање со сигурност се знае дека еден ден ке умре. Сите го потиснувме тој страв бидејки никој не знае кога ке дојде моментот на смрта.
Кога престанува стравот од смрта?
Оној момент кога ке отрпнеш престанува и стравот. Имав среќа или несреќа да живеам во Бадад во времето кога во војната со Иран секојденвно паѓаа по неколку ракети. Таму каде што тие ке паднеа правеа кратер како една зграда. По првите ракети стравот беше огромен. Многумина кои не можеа да го совладаат стравот се враќаа дома. Ние кои останавме отрпнавме по некое време.
Да го преведам тоа на случајот на стравот од корона смрта. Додека умираа луѓето во Кина кај сите нас стравот беше мал. Секој си велеше Кина е далеку веројатно нема тоа да дојде кај нас. Како се доближуваше короната поблиску до нас стравот се зголемува и поради новите медиуми стравот кај сите нас прераснува полека во хистерија. Во моментите на хистерија разумот се губи и се прават неразумни дејствија. Кога ке се надмине пикот и како ке се намалува бројот на жртвите стравот ке биде се помал.
Со ова не велам дека треба да бидеме неразумни и да не се придржуваме на препораките на медицината како да се намали веројатноста дека ке заболиме од корона вирус.

Tuesday, March 17, 2020

Колку ке не кошта корона кризава.

Колку ке не кошта корона кризава? Од наеминентни лица кои се на врвот на нашите институции прва прогноза е дека само до сега кај меѓународните банки ке мора да се задолжиме за нови 500 милиони евра.
Кој е нарачател на корона кризава? Оние кои штампаат пари или можеби пензиските фондови, кои се заинтересирани да има што помалку пензионери.

Monday, March 16, 2020

Корона СВОЗ

Корона “СВОЗ„ - Сите во одбрана и заштита. Сите се смеевме на минатиот систем, но тој го практикуваше “СВОЗ„. Е по тој систем ке живееме во наредните два ипол месеца - бидејки веќе пола месец трае гужвата. Сите вируси од почекот до нивниот пик и смирување трајат приближно три месеца. На крај пак сето ова ке го пплаќаме со десетици години кај банките кои на светско ниво само штампаат пари колку што ке им побарате. Во меѓувреме и сонцето ке помогне.

Saturday, February 01, 2020

Ке ме огрее ли сонце...

Овие денови на менување на времето, кога има голема вируза во воздухот - еден таков ме фати и мене. Седум денови со лекови 10, дена без лекови мора да се поминат. Денеска на ова убаво сонце на некои 15 степени седнав на сонце и се препуштив н неговото милување. Тогаш ја сватив старата изрека “ке ме огрее ли сонце“ ...

Blog Archive

Site Meter