Search This Blog

Saturday, January 31, 2009

МК “УДБА“ ... Колку луѓе брои - Управата за безбедност и контраразузнавање “УБК“ ...

Не очекувам дека некој ке ми ги каже бројките или ке ги прочитам на нечив сајт ... но за мене во мојата глава досега си велев ... не се повеќе од 200 луѓе ... но изгледа сум во заблуда бројката е многу поголема и секојдневно расте ... кого тоа “чпиунира“ нашата УДБА ...

читај повеќе »

Ке кажете е како знаеш бе - кога тоа е тајна ... бројката може да се шпекулира прибирајки ситни информации какона пример - од информацијата која ја прочитав во денешен Утрински дека при распределбата на возилата:

Ако на сето ова го додадеме сознанието за огромниот раст на буџетот на Управата за безбедност и контраразузнавање ... ке дојдеме до сознание дека во Македонија - одавна е на сцена “Орвеловската приказна и доктрина“ ... Македонија е се` повеќе полициска држава и поради фактот на зголемите овластувања и спуштање на прагот за дозволеното прислушкување и тоа за дела кои се во обид ... т.е. за дела за кои полицијата само се сомнева дека може КЕ ги правиш ... со што со право се поставуваат прашања за загрозените слобои и права на граѓаните и можните злоупотреби на таквите овластувања ...

Некоја нова наредна власт - пак ке носи нов Закон за лустрација ... толкава бројка на луѓе и толку голем буџет на Управата за безбедност и контраразузнавање - неможат да работат без “чпиуни“ ...

  • “ГОЛЕМИТЕ УШИ“ - СЕ` ПОГОЛЕМИ ... ... Зголемувањата на правата за прислушување и нивното проширување представува лесна можност за манипулација ... особено према политичкиот противник ... со што драстично паѓаат човековите права и правото на приватност ... “Големиот брат„ - се повеќе гледа ... особено слуша ...
  • “Големите уши“ - легализирани ... Големиот брат, гледа и слуша, снима - овојпат легално ... ... Во групата на закони кои се изгласани без опозицијата, под итна постапка, без расправа во надлежните собраниски комисии кои не се формирани - изгласан е и ЗКП т.е. измени во ЗКП со кој се предвидуваат проширување на делата за кои може да се водат специјални мерки и методи (измените се објавени во „Службен весник“ број 83 од 10 јули, а 8 дена подоцна стапија во сила):
  • „Орвеловска Македонија“ ... ... Со зајакнувањето на буџетот на тајната полиција на Македонија за цели 60 пати (со ребалансот на буџетот ...) - како да ни се дава порака дека е реалност „Орвеловска Македонија“ ...
  • ОРВЕЛОВАТА СЕНКА НАД МАКЕДОНИЈА ...
    - Онака како што делата на Жил Верн се сметаат за пророчки и визионерски во полето на развојот на науката и техниката, така Орвеловата „1984“ ги исполнува сите претпоставки од дистопиjа да се претвори во реалистичен опис на денешната политичка стварност.
    -
    Во контекст на голбалната војна против фантомскиот непријател, тероризмот, и во најразвиените демократии дојде до опасно зголемување на ингеренциите на безбедносните служби, кои во име на националната безбедност можат да вршат упад во приватноста на своите и/или на странските граѓани.

Спомен домот на Мајка Тереза е отворен ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/6Large-6.jpg?t=1230678064

Една од малкуте големи луѓе кои се родени скопјани доби спомен дом ... грандиозен онака како заслужува нејзиното дело ... Мајка Тереза доби спомен дом - кој е изграден на местото на кое таа првпат ја примила својата вера , на местото каде некогаш пред земјотресот беше Католичката Црква “Срце Исусово“ ...

читај повеќе »

http://img330.imageshack.us/img330/3050/35asl89kh.jpg

Старата Католичка Црква “Срце Исусово“ ...

http://img330.imageshack.us/img330/3932/40asl93do.jpg

http://www.blesok.com.mk/Images/Gallery/33/23.jpg

http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/31_6.jpg

На тој начин скопјани барем малку се одолжуваат на Мајка Тереза - на родената скопјанка ... жената чија хуманост е препознаена во целиот свет ... единствената скопјанка со Нобелова награда ... со спомен домот се прави пиетет кон ликот и делото на Мајка Терза ...

Но во се` и од се` се прави политика на рамковен принцип ... слушам дел од албанците не сакале да влезат во спомен домот на Мајка Тереза - бидејк

и на ников начин не било спомнато ниту одбележано дека таа е од Албанска националност ...

  • Oтворени вратите на Спомен-домот на Мајка Тереза ... Утрински ...
    -
    Спомен- домот на Мајка Тереза од вчера официјално е промовиран и осветен како вечен паметник на најпозната скопјанка и нејзината мисија. По двочасовна свеченост, премиерот Никола Груевски и бискупот скопски Киро Стојанов ја пресекоа црвената лента и симоблично ги отвори портите на, како што беше речено, храмот на универзалните пораки на блажената мајка.
    - http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DC9A1951F396364BB6494B258B2C8830.jpg
    - Меморијалната куќа нека биде знак и потсетување на она ‘ние сме создадени за големи работи, да сакаме и да бидеме сакани‘, како што нашата благословена Мајка Тереза често не' потсетуваше“ ...
    - куќата има подрум, приземје и два ката, а во внатрешноста, покрај изложбениот дел, има и мултимедијален простор за камерни претстави, како и дел наменет за изведување миси и духовни чествувања. Веднаш до куќата се наоѓа амфитеатар со капацитет за 400 луѓе, кој ќе се користи за одржување претстави или разни дискусии. Спомен-домот зафаќа површина од 1.000 квадратни метри, а неговата изградба го чинеше Министерството за култура околу два милиона евра. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Гранит“, а се работеше според проект на Вангел Божиновски.
    - Објектот, иако беше свечено промовиран вчера, се' уште нема да биде отворен за посетителите. Од Министерството за култура допрва ќе информираат кога ќе бидат отворени вратите на спомен-домот за заинтересираните и дали посетите ќе се наплаќаат
    .
  • Осветен Спомен-домот на Мајка Тереза ... Дневник ...
    -
    За овој настан специјално беа донесени дел од моштите на Гонџа Бојаџиу, единствената нобеловка родена во Скопје, која светот ќе ја памети по хуманата мисија ..
    - Свои говори имаа и заменик-претседателот на Владата, Абдилаќим Адеми, духовниот татко на Мајка Тереза, д-р Лео Маасбург, потоа Анџело Молфета, како и Стојан Тренчевски, претседател на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, иницијаторот за изградбата на објектот. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, монсињор Киро Стојанов, го освети објектот.Настанот беше збогатен со настапот на хорот „Света Злата Мегленска“ и на маестро Борис Трајанов и беше дел од активностите за одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Мајка Тереза.
    - http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/397595067B6411409B2065CAF8AC8F8C.jpg
    - Спомен-куќата содржи повеќе простори - музички, личен молитвен на Мајка Тереза, мултимедијален за камерни дела, амфитеатар за поголеми претстави, продавница за сувенири, соба од сестринскиот Ред на милосрдието. Објектот претставува трансформација на родната куќа на Гонџа Бојаџиу, во која преку архитектонски изразени средства е претставено нејзиното детство, заминувањето од Скопје, животот и враќањето на нејзиниот дух во родниот град.
    - Градежните работи ги изведе „Гранит“. Градбата зафаќа површина од 500 квадратни метри и уште толку се двор и мини-плоштад, во кој ќе биде вклопена скулптурата на Мајка Тереза, што пред неколку години ја изваја академик Томе Серафимовски.
    - Мајка Тереза е родена во Скопје во 1910 година. На неполни 18 години заминала во Калкута каде што го основала редот Мисионери на љубовта и милосрдието и до упокојувањето во 1997 година им помагала на болните и сиромашните, оставајќи го својот аманет дека светот е страден за љубов. За својата хумана работа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2003 папата Јован Павле Втори ја беатифицира, т.е. ја прогласи за блажена, што е чекор до прогласување за светица
    .
  • Дел од моштите на Блажената се вратија во нејзиниот роден град ... Вечер ...
    -
    http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/3B51E4C05AB9204993E549C60A77C5B5.jpg
    - Никола Груевски рече дека е горд што Владата го реализира проектот којшто го ветила пред изборите. ... ... Ова спомен-обележје за многу години од сега ќе говори за нејзината божја и хуманитарна мисија да им помогне на гладните бедните, болните, осамените, истакна премиерот Груевски, кој пред присутните ја откри и големата радосна вест дека во спомен-домот ќе бидат и дел од моштите на Блажената, кои во Скопје се донесени со помош на Католичката црква.
    - Новата градба се наоѓа на платото пред Домот на АРМ, има интересен спој на неколку архитектонски правци од едноставна куќа од традиционалната македонска архитектура со приземје, кат и потпокрив, која по вертикала се престорува во духовен елемент. Највисоката точка на куќата е капелата на Мајка Тереза. Другиот дел е како обична куќа, со двор од нејзиното време, со мала градина, бунар, патеки, порта. Куќата има мултифункционален карактер со делови наменети за одржување на разни културни манифестации, со галериски простор, место за духовни обреди
    .

Програма за избор на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... Што би направил кога би бил ...

Кога би се кандидирал за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... мојата програма би била следната:

читај повеќе »

  1. Со пари на Општината - би извршил најпрецизно сателитско снимање на мојата општина во правец на проектантски подлоги за:
    - изградба на нови локални патишта ...
    - изградба на водовод и канализација ...
    - одредување на најпогодна локација за збир и преработка на смет ...
  2. Сите овие “подлоги за проекти“ беспари би им ги предал на сите заинтересирани проектански организации и проектанти, за да ми дадат идејни проекти за развој на општината во правец на:
    - правилно искористување на водните ресурси ...
    - заштита на водните ресурси ...
    - изградба на водоводни и канализациони мрежи ...
    - изградба на пречистителни станици и станици за хлорирање ... станици за мерење на квалитетот на воздухот и водата ...
    - зафаќање на водата во високите делови со мини брани - во правец на нејзино искористување за туризам и наводнување во трите жешки месеци кога господ не ја распоредува водата во доволни количини на земјоделските производи - кои без вода умираат ...
    - изградба на локални патни правци - кои би биле усмерени во правец на економски развој и туристичка промоција на мојата општина ...
  3. Со пари на Општината - би направил прецизен план за водените ресурси на мојата општина ...
    - реките,
    - потоците
    - езерата ако ги има ...
    - подводните водотеци ...
    се` со цел да се имаат проектантски подлоги за правилно економско и еколошко искористување на водените ресурси ... бидејки без вода нема живот ... секако и еколошка заштита на водените ресурси ... економско зафаќање на водите за пиење и наводнување ...
  4. Со пари на Општината - би купил неколку Бушилици за дупчење и пронаоѓање на вода ...
    - со цел на заинтересираните граѓани на одредени локации (по претходни проектантски сознанија, дека долу има природни водотеци ...) да им се избушат бушотини за вода/бунари ... предаде водениот извор/бунарот на користење на “лизинг принцип“ ... особено во места кои немаат блиски природни водотеци и можност за зафаќање на горни водотеци ... каде би можело да се изградат мини брани ... кои нели ке служат за туристичка и економска промоција на општината ...
    - до бушотините би финасирал како општина носење на електрична енергија - и сето тоа би го предал на заинтересираниот субјект на исплата на принцип на лизинг ... се разбира со грејс период ...
    - воколку има заитересирани граѓани и самите бушилици би ги предавал на Лизинг користење на заинтересирани граѓани и правни субјекти ... истотака се разбира со одреден грејс период ...
  5. Со пари на општината би - направил подлоги за “Геолошка карта“ на мојата општина ...
    - во правец ако има можни рудни богатства (метали и особено неметали ...) да се искористат ... тендерираат ...
    - во правец да се дефинира точниот карактер и квалитет на земјоделското земјиште ... за да се дефинира што е најпогодно да се одгледува на земјоделските површини ... кои култури - кои традиционално се одгледуваат во тој крај се погодни за одгледување а кои воопшто не се економски исплатливи а се одгледуваат ...
  6. Специјален проект би тендерирал за тоа што и која земјоделска култура е погодна да се одгледува во мојата оптина ... кои култури кои се одгледуваат не се исплатат ... а кои нови култури би биле погодни за одгледување ...
  7. Ке ветам дека со пари на општината - сите овие проекти ке се подигнат на специјален сајт за локален разввој на оптината и тоа двојазично т.е. тројазично (македонски, англиски и локален јазик на етничка заедница која доминира со одреден зголемен број на учество ...)
    - целта на овој сајт е сите проектански органицации од Македонија и целиот свет да може да преземаат бесплатни подлоги и да ми даваат идејни решенија - корисни за локалниот живот на граѓаните на мојата општина ...
  8. Специјален проект со пари на општината би направил за заштитата на животната средина ... воздух, вода, почва ...
  9. Со професиноален фотограф и снимател би ја рашетал целата општина за да ги согледам видливите проблеми на граѓаните:
    - каде има дупки во локалните и регионалните патишта специјално би ги снимал ... за да ветам дека додека сум јас “Локален шериф“ ... Градоначелник де -сето тоа ке биде само тажно минато на моите претходници ...
    - каде фали парк, сврталиште за децата и постарите луѓе ... игралиште за мал фудбал, кошарка ...
    - каде е могу, многу прљаво ...
    - каде парковите не се одржуваат а клупите и играчките се искршени и оштетени ...
    - каде фалат корпи за отпадоци ...
    - стази низ парковите ... осветлување ...
  10. Убаво би ја проучил проблематиката на заштита на природните реткости и ендемски видови во мојата општина ... шумите и ливиадите ... со цел да ветам дека додека сум јас“Локален шериф“ ... градоначелник де - тие ке бидат заштитени ... да остане нешто и по нашата генерација ...
  11. Специјално би ги рашетал планините и ливадите во мојата општина - со цел да ја видам самиот таа природна убавина што ректко кој ја гледа ... за да согледам што и треба на планината за таа да ни враќа и понатака ... дали има доволно шуми ... дали пасиштата се искористени ... каде може да се направи мал зафат на водите ... како планините туристички и економски да се искористуваат но секако да се запази биодиверзитетот на видовите кои се застабени во природната средина ...
  12. Специјално би се задржал на Црквите Манастирите, Џамиите ... особено оние постарите ... секако тука би ги додал сите архео локалитети во мојата општина ... со програма за нивна туристичка промоција и понатамошна заштита и конзервација - се разбира во соработка со надлежните државни институции ...
  13. За секој културно историски споменик, црква, манастир џамија од мојата општина со пари на општината би направил специјална професионална фото сесија ... би го истражил историјатот и значењето ... и во сајтот на општината би го претставил дво или тројазично ... секако еден од јазиците да е Англиски ...
  14. Би ја проучил локалната историја на мојата општина за да ветам дека на заслужните гаѓани и дејци од мојата оптина ке им изградам пригодни споменици ... а во општината ке бидат закачени нивните портрети ... за поважните би организирал годишни пригодни представувања и споменувања ... со цел да се покаже дека не се заборавени минатите генерации кои живееле во мојата општина ... и дека светот и векот не почнал од нас ... дека тие наши сограѓани се заслужни за ова што сега го наследуваме ... некои локални улици и квартови би именовал по нивните имиња ... а во близина на тие квартови би направил и мали пригодни споменици облагородени со додатна содржина фонтана, парк ... клупа ...
  15. Би направил попис на сите хотелски и сместувачки капацитети, рекреативни центри ако ги има, одмаралишта, планински куќи ... особено на малите приватни сместувчки капацитети од селските средини, кои со по помош на туристичките агенции од општината за кои истотака би следувал попис - би направил специјална презентација на сајтот на општината ... се со цел економско искористување на тие капацитети и нивен развој ...
  16. Би извршил претходна посета на поголемите стопански објекти во општината и на дел од помалите ... за да се запознам со кои проблеми се среќаваат тие а кои се од локален карактер ... за да може во програмата да им ветам дека тие додека сум јас“Локален шериф“ ... Градоначелник де - ке бидат решени ...
  17. Би извршил интервју со многу постари граѓани на општината - во правец да ми кажат што ги тишти а што е локален карактер ... секако за да вметнам паметни предлози во мојата програма ...
  18. Би направил список што ветил сегашниот “Локален шериф“ ... Градоначелник де - а не исполнил во својот мандат ... кои се неговите слабости во неговата досегашна работа ... за да можам аргументирано да го напаѓам ...
  19. Ке ветам дека на секој 1000 жители во општината со пари на општината ке купам дигитални фото апарати - за да ги поделам на умни пензионери и младинци кои редовно би ме информирале за проблемите од локален карактер кои се во нивна близина ... би биле мои “чпиуни“ ... би ги наградувал со тоа што ке ветам дека тие проблеми ке бидат решавани а фатените виновници кои се снимени ке бидат најпрво опомената и потао казнети ако го повторат истото дело ...
  20. Би ги посетил сите места за вечна почивка (гробиштата де ...) на мојата општина - би ги евидентирал проблемите ... за да можам да ветам кои проблеми ке бидат решени во мојот мандат на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ...
  21. Особено би ги посетил Школите и Градинките - за да ги согледам сегашните проблеми ... со цел да дел од тие проблеми кои се решливи да се решат во мојот мандат ...
  22. Ке ветам дека кога ке станам “Локален шериф“ ... градоначелник де - ке направам анализа на финасиското работење на претходникот и сите дубиози (воколку ги има ..) ке ги пријавам на надлежните органи ...
  23. Ке ветам дека ке направам анализа на кадарот со кој досега располага општината ... на квалитетниот кадар ке му предложам да остане во мојот тим ... за останатиот особено ако има вишок - би направил програма за постепено активирање во некоја друга дејност која не е во општината ... ни еден не би отпуштил затоа што не е член на мојата партија - туку само заради тоа што ги нема потребните квалитети и нема резултати во својата досегашна работа ... како и нема визија како да се усоврши неговата работа ...
  24. За сите овие проекти би направил презентации и компјутерски анимиации ...
    - би купил добар проектор и големо платно за презентација ...
    - би го презентирал проектот локално на секоја улица, на секое маало, во секоја поголема зграда ... со мала пригодна журка на крајот ...
    - секао претходно би ангажирал професионален фотограф и снимател да ми направи фотосесија на целата општина и специјално на пооделни локалитети кои имаат имаат специјален карактер за општината ... културно историски споменици и цркви ...

Јас секако нема да се кандидирам за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... но идејата им ја оставам на бесплатно користење на секој кандидат за градоначелник од било која политичка партија или било кој независен кандидат ... се разбира идејата треба да им се допадне ...

Досегашни написи поврзани со темата на Локалните избори:

  1. Давам Пратеничко за Градоначалничко место ... ?!... 27 Јануари, 2009 - 19:41
  2. Љу(б)(п)чо Георгиевски кандидат за Градоначелник на Скопје ... ??! ... 24 Јануари, 2009 - 14:22
  3. Дали задолжувањето за 50 милиони евра за локални патишта е намерно темпирано во предизборието ... 25 Декември, 2008 - 17:12
  4. Демократско “чистилиште“ за малите партии ... 16 Декември, 2008 - 12:18
  5. Лопати со панделки - повторно ке станат трендовски артикли ... 13 Декември, 2008 - 12:56

Книгите на метро испечатени во огромен тираж - од 1000 примероци ??! ... 3.9 метри - “книги на метро“... 65 кг “книги на метро“

http://www.cs.odu.edu/images/clipart/books/books08.gif http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B3275A157FD9B344AE8DB480ED202E18.jpg

Многу фалениот проект на владата од 130 тома МК книжевност, испечатени се само во 1000 примероци/комплети, од кои 800 ке подели владата ... а само 200 комплета ке се продаваат ...

читај повеќе »

Вредеше ли пари ваков проект во културата ... наместо тоа можеа по мојот предлог да ги откупат правата на сите автори и да ги подигнат на НЕТ и тоа на Македонснки и на Англиски јазик ... а да отпечатеа книги само на младите и надежни автори кои ги нема по библиотеките ... оние кои го сакаат мирисот на книга кога читаат, можеа да ги испечатат на своите принтери ... успат ке се уштедеше и некое дрво - ке речат “зелените“ ...

Вака остана само неколкупатното сликање со културните дејци и можност за себе-промоција ...

Сеирџиите прашуваат колку метра се 130-те тома, за да видат дали имаат толку место во библиотеката ... и дали ке се продаваат само корици ... кои се покажаа како практични, бидејки и така никој нема да ги чита овие мамутски едиции издадени во само 1000 примероци ... (130 х 3 см = 390 см) ... значи пресметката вели 3.9 метри книги на метро ... т.е. 130 х 0,5 кг = 65 кг - “книги на метро“ ...

  1. Што добива МК со новите 3м. книги ... печатената книга најчесто собира прашина ... онаа што се “издава“ на интернет ЖИВЕЕ ВЕЧНО ... 3 Јануари, 2009 - 12:20
  2. КНИГИ НА МЕТРО - март 15, 2007
  3. “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МК КНИЖЕВНОСТ“ ... ... Печатената книга најчесто собира прашина на некоја полица ... А она што се “издава“ на интернет ЖИВЕЕ ВЕЧНО. ... ... Шеташ во природа или се возиш во автобус и наместо музика “СЛУШАШ КНИГА“ ...
  4. По метро ипол МК книжевност - за сите наши амбасади ... февруари 11, 2008 ... ... пари фрлени за “книги на метро“ ... едновремено прашувајки “Господине Премиер каде се младите автори ??!“ ... ... ...
  5. Груевски - говореше пред МК книжевна “иднина“ ... 7 Февруари, 2008
  6. МК Култура & Интернет

Friday, January 30, 2009

Самојед ... Градски парк Скопје ... убав зимски ден 2009-та ...

Самојед ... Градски парк Скопје ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1Large-39.jpg?t=1233336137

Сибирски Самојед е една од најубавите сорти на кучиња што сум ги видел ... весело, крупно и убаво куче ... малку го сликав малку се поиграв со него ... сличен примерок малку понизок по раст имам видено/сликано и во Ново Лисиче ...

читај повеќе »

Овој пес кој е случајно сликан во Градскиот парк - Скопје ... примерок кој стално учествува на изложби во Македонија ... има и некои награди ... “Домино“ му е името ... за почеток ке одат само мои фотки а подоцна ке ги едитирам фотките што ке ми ги пратат сопствениците/чките ... Чест гостин е на Ски-центарот Кожуф ... Очито е дека ова куче има добри домаќини/ки кои се гржат за него ... видете му ја белината на влакното и убаво негуваната надворешност ... осем што јас сакав да се поиграм со “Домино“ - посакаа и сите дечиња кои се најдоа во блиската околина ... “Домино“ е свесен за својата убавина и уживаше во играта со сите ...

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/2Large-39.jpg?t=1233336750

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/3Large-35.jpg?t=1233336778

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/4Large-35.jpg?t=1233336804

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/5Large-33.jpg?t=1233336831

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/6Large-31.jpg?t=1233336856

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/7Large-27.jpg?t=1233336886

8.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/8Large-27.jpg?t=1233336910

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/9Large-25.jpg?t=1233336942

Подолу ке ви дадам линково од мои предходни фото сесии од Градскиот Парк Скопје ...

  1. Скопје - Градски парк ... рана есен ... Skopje Gradski park - rana esen ... 19 Октомври, 2008 - 22:26
  2. Уживање ... Градки парк Скопје ... 21 Октомври, 2008 - 22:17
  3. Татко и син ... Градски парк Скопје ... Ден на мaкедонската револуционерна борба ... 23 Октомври, 2008 - 14:04
  4. Интермецо ... Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 13:30
  5. Шатки - Градски парк рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 16:11
  6. Музичка школка - Градски парк ... рана есен 2008 ... 24 Октомври, 2008 - 19:52
  7. Реконструкција на градскиот парк ... 2 Ноември, 2008 - 12:42
  8. Еден, два, три - ко се лепше намести ... Градски парк ... зима 2009-та ... 18 Јануари, 2009 - 21:51
  9. Градски Парк - Скопје ... Лизгачка патека ... Пируетки во Градски парк Скопје ... 19 Јануари, 2009 - 19:06
  10. Од кого се оградува Градскиот парк - Скопје ... секоја ограда само ограничува ... оградите не носат слободи ... 20 Јануари, 2009 - 18:10
  11. Гуски ... Градски парк зима 2008/9-та ... 21 Јануари, 2009 - 21:02
  12. Градски парк - Скопје ... по снегот - зима 2008/9 ... 25 Јануари, 2009 - 18:29

Од “дрвата“ на плоштад - дали ке го видиме човекот ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/EA93A4CB490FA846B6B3750B9B6CE06A.jpg

Поставена е уште една статуа од редот на оние кои конкурисаа кај Министерството за Култура:

читај повеќе »

  • На плоштадот „Македонија“ вчера беше промовирана уште една скулптура од планираните 35, со кои Министерството за култура планира да го разубави централното градско подрачје.
  • „Дрво“ е насловот на делото на младиот скулптор Дамјан Ѓуров, кој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Беди Ибрахим.
  • Скулптурата е висока шест метри, изработена е од бронза и мермер, а според авторот ја симболизира отвореноста на човекот кон природата, неговата поврзаност со неа.
  • Лоцирана е непосредно до скулптурата „Заљубени“ на Димитар Филиповски.
Се плашам дека од премногуте “дрвја“ по нашите плоштади и скверови - нема да се види човекот/граѓанинот ...

На Ѓорѓе Иванов му отворија блог ... или си отвори блог ...

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/ivanov-chekredzi.jpg

Гледам дека од вчера навака изборниот штаб на Ѓорѓе Иванов му отвори блог на својот председателски кандидат ...

читај повеќе »

Досега има неколку написи на блогот:

  • ПОЧИТУВАНИ ... 29 Јануари, 2009 - 06:01 ... ... Ова е официјалниот блог на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Ѓорѓе Иванов. Добредојдени сте. Информирајте се тука за најновите активности. Содржините ќе бидат навреме ажурирани, информациите ќе ги добивате навремено. Во иднина ќе следат мали измени во концептот на блогот. ... ... во постот е подигната биографијата на Ѓорѓе Иванов ...
  • БЛАГОДАРНОСТ ... 29 Јануари, 2009 - 06:47 ... 29 Јануари, 2009 - 06:47 ... ... Сакаме да изразиме огормна благодарност до сите граѓани на Република Македонија кој што се одзваа на нашиот повик за собирање на граѓански потписи за подршка на кандидатурата за претседател на Република Македонија, г-динот Горѓе Иванов. ... ...
  • СПМ го поддржа Ѓорѓе Иванов ... ... 29 Јануари, 2009 - 20:15 ... ...
  • Ѓорге Иванов на средба со Сојузот на стопански комори ... ... 29 Јануари, 2009 - 21:53 ... ...
Блогот е технички одлично подготвен, има меил за комуникација ... ПП порака не е дозволена ... се пратат и YouTub вести за Иванов ... се на се фали само личното присаство на Иванов и неговата комуникација со читателите кои коментираат и поставуваат прашања ... Блог кој нема личен печат на сопственикот и негови лични постови и коментари - не е блог, туку само збир на агенциски вести за името на Иванов ... и тоа избор на само позитивни агенциски вести ...

Од мене многу здравје и среќа во изборот кој однапред е со добитна комбинација, но сепак ке мора и да се одработи ... бидејки против себе има сериозни играчи ... Професијата на Иванов кога ке го изберат, нема да биде да пишува - каде очито покажува дека добро се снаоѓа .. професијата ке му биде да ЗБОРУВА И ДА ДАВА ИЗЈАВИ ... на сите поставени прашања ...

  1. Фрчковски - „Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам!“ ... Портрет - Гордана Дувњак ...други написи... 30 Јануари, 2009 - 07:18
  2. Ѓорѓе Иванов, се однесува како веќе избран Претседател ... 29 Јануари, 2009 - 09:39
  3. Словенските VS Aнтичките корени ... 28 Јануари, 2009 - 17:47
  4. Гужва на стартот на трката за претседателското место ... 28 Јануари, 2009 - 00:34
  5. Фрче - го извади оделото од нафталин ... Иванов - треба да оди кај стилист/логопед/комуниколог и да пазари нова гардероба ... 27 Јануари, 2009 - 11:27
  6. „Изборниот циркус“ - за претседател на РМ започа ... 26 Јануари, 2009 - 17:47
  7. Ѓорѓе Иванов ... за што се залагал во минатото ... што зборувал и пишувал ... 26 Јануари, 2009 - 12:39
  8. Кој е тој Иванов ... ??! ... Тачи, бившиот “Војвода“, контра Иванов ... 22 Јануари, 2009 - 16:40
  9. ВмроДпмне во лов на неопределените гласачи ... 20 Јануари, 2009 - 16:02
  10. Има ли договор Груевски - Бошковски ... 18 Јануари, 2009 - 11:18
  11. Ѓорѓе Ѓорѓи Иванов - новата звезда на МК политичкото небо ... 15 Јануари, 2009 - 19:37
  12. Специјална војна за компромитирање на претседателски кандидати ... ВМРО-ДПМНЕ ке истрча со жена кандидат за Претседател на РМ ... 13 Јануари, 2009 - 18:25
  13. Денеска цел ден нешто ми фали ... Аман, вратете ги рекламните кампањи ... 13 Јануари, 2009 - 18:00
  14. Ке имаме ли србско сценарио за претседателските избори ... ке имаме ли полит.дестабилизација пред/за/после пролетните избори ... 3 Јануари, 2009 - 14:14
  15. ВМРО-ДПМНЕ бара примирје со новинарите ... ги повлекува сите тужби за клевета во кои се инволвирани новинарите ... 29 Декември, 2008 - 17:28
  16. Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко ... 23 Декември, 2008 - 00:43
  17. Кога ке цркне нашето магаре ... Неизлегувајки на избори, народот порачува дека нема за кого да гласа ... 11 Декември, 2008 - 11:28

Фрчковски - „Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам!“ ... Портрет - Гордана Дувњак ...други написи...

http://www.dw-world.de/image/0,,3421735_4,00.jpg

Сите се прашуваме зошто Фрчковски ја прифати понудата за кандидатура на овие претседателски избори, кога за противкандидат има колега со кој блиско соработувал, кој е во добитна комбинација во трката ... Дел од дилемите ни ги открива Гордана Дувњак ... во денешен Утрински - Фален и напаѓан, професорот Фрчкоски верува во победа ...

читај повеќе »

Дувњак најнапред поставува неколку интересни тези низ прашања:

  1. Дали поддршката на непартиски кандидат, кој важи за една од најконтроверзните личности на македонската политичка сцена, треба да се разбере како кадровска криза на левицата, која ги живее своите најтешки денови?
  2. Станува ли збор за предвремено признание на опозицијата дека е на прагот на уште еден тежок пораз?
  3. Или, пак, за чист прагматизам и потиснување на сопственото партиско его и застанува зад човек кој знае да ризикува и не се плаши од предизвикот?
  4. Образложението на СДСМ е дека им бил потребен човек кој има сила да води политички битки во овие тешки времиња, кога Македонија се соочува со изолација и авторитарна власт.
  5. Фрчкоски инаку не е член на СДСМ ... чинам дека никојпат не ни бил ...
Извадоци од изјави на Фрчковски во кој појаснува зошто влегол во изборната трка
  • Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам
  • основен мотив за прифаќање на кандидатурата бил предизвикот.
  • Оскар Вајлд. „Кога имаш некакво искушение, му се препушташ и - го решаваш!
  • силно го мотивира тоа што против себе има авторитарна власт. „Тоа е еден мрачен центар, каков што Македонија досега никогаш немала, кој нема интелектуални способности, кои би биле за респект, туку е празна дупка. Затоа, сметам дека мора да се порази концептот на изолација. Претседателските избори мора да бидат пресвртница да го означат почетокот на поразот на оваа власт
  • Педесет и едногодишниот скопјанец, кој потекнува од стара преродбеничка мијачка фамилија, на која е посебно горд ...
  • Ставовите на професорот Љубомир Фрчкоски искажани во јавноста ретко кого оставаат рамнодушен. Успева да предизвика полемика, но и свесно да провоцира, да вади луѓе од кожа, но и да направи длабоки анализи. Можеби нема да се согласите со него, но факт е дека македонската демократска сцена без него би била посиромашна и неинтересна.
  • Противниците го доживуваат како голем позер кој постојано прави нешто за да биде во центарот на вниманието. Го квалификуваат како неодмерен сезнајко кој сака во секоја чорба да биде мирудија.
  • „Имам вроден инстинкт, така сум воспитуван и образуван, да ги мразам луѓето кои се плашат“. За себе вели дека е прагматичен човек и не е лузер.
  • Неговите колумнистички пишувања ги оценуваат како „интелектуална онанија“ со која создал бројни непријатели, бидејќи ретко кој му останал надвор од нишан.
  • На минусното салдо му се неколку случаја: „Бит-пазар“, Радолишта, атентат врз претседател, перцепции за парадржавниот тетовски универзитет како „ роденденската забава“ и „издишан балон“... екстравагантноста со уметничките слики, рејбан очилата, коњите, влијанието во медиумските кругови, па дури и џезот, скапите часовници и пурите.
  • Се' уште кружат приказните дека по промената на власта во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, од затвор го спасила тогашната прва полицајка Доста Димовска, која подоцна стана негова блиска пријателка.
  • забавни се пикантериите од неговиот приватен живот, во кои имаше еден мачен развод, нов брак со млада адвокатка, тепачка на паркинг...
  • Приврзаниците, пак, го глорифицираат како човек со став, закон, неоспорен интелект, кој со својот луциден и специфичен стил знае да ги погоди работите право во центар.
  • Со колумните во Дневник - Макар што понекогаш знаеше и да претера со својот вокабулар. Некои од нив личат на вистински политички есеи, кои знаат да насмеат, да се прераскажуваат, а некого богами и да заболат.
  • .... ќе остане запаметен е неговата вклученост во донесувањето на речиси сите најважни акти на македонската држава - од Уставот до Охридскиот договор.
  • ... роден 1957 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во 1981 година, а во 1986 година станал магистер по право. Во 1989 година докторирал на Универзитетот „Едвард Кардељ“- Факултет за социологија, новинарство и меѓународни односи во Љубљана. Во 1984 година се вработува на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ по меѓународно право и меѓународни односи. Зад себе има импозантна листа на објавени книги и стручни трудови.
  • Во политиката влезе во 1990 година како министер без ресор во првата експертската влада на Никола Кљусев. Беше министер со најдолг стаж во полицијата, каде што остана цели четири години, а една година и шеф на дипломатијата.
  • За време на мандатот на трагично загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, беше негов советник за уставни прашања и за прашањата од областа на човековите права.
  • ... за време на воениот конфликт, отворено се залагаше за остар одговор на државата. Фрчкоски се' уште мисли дека војната во 2001 била непотребна и можела да се избегне.
  • „Ако немавме таков договор и таков конфликт на едно место и во еден концентриран облик, практично суштински истите решенија на Македонија ќе и' беа наметнати низ процесот на европска интеграција“, напиша Фрчкоски.
  • Честа тема на негова опсервација е начинот на кој се води државата, па во една од своите последни колумни ќе напише дека „аутистичката политика што ја води Македонија има систем на итање кон никаде... апсолутна акција која треба да го замени мислењето“.
  • Со неговите критични ставови околу решавањето на проблемите околу името со Грција, заработи етикета на „предавник“ и „грчки платеник“, само затоа што повикуваше на компромисно решение, кое ќе не' донесе поблиску до НАТО и до ЕУ.
  • „Дотеравме далеку со ’меѓународната‘ околу компромисен предлог, сега повлекување ќе има многу висока цена, цена што Македонија нема да може да ја плати, а тоа е изолација и долгогодишно стагнирање и скапување однатре. А Македонија не е нивна дедовина, туку наша татковина. Тој компромис има горчина, што воопшто мора да го правиме, но има баланс и некаква добивка на крајот на краиштата, што не е за потценување“
  • Претседателскиот кандидат на опозицијата е свесен дека во кампањата ќе биде изложен на жестоки напади, како од политичките противници, така и од медиумите блиски до власта. Вели дека тоа уште отсега може лесно да прочита, кои ќе бидат главните пунктови на медиумска канонада, но тоа воопшто не го загрижува, дури и го забавува.
  • „Секоја од тие теми, на кои ќе ме напаѓаат е најмалку четири-пет пати експлоатирана. Прв пат околу целата оваа приказна ми е задоволство, зашто гледам дека зад тоа се крие страв. Тоа не е само обид за компримитација на интелектуалец кој мисли различно, туку од сите шевови им излегува страв. Но, апсолутно сум сигурен дека таквиот начин ќе им биде контрапродуктивен и ќе им се врати како бумеранг“.
  • ... ќе води позитивна кампања, во која ќе ги убедува граѓаните дека има концепт и се залага за сериозни вредности, што не значи дека лесно ќе се предаде без борба. Подготвен е да одговори на се'.
  • За односот кон Албанците ке рече - „Чесен однос, но без пардон кога се работи за принципите на правната држава. Никогаш персонално, никогаш со говор на омраза. Па, и самиот бев оженет со Албанка“ ... ... очекува поддршка од Албанците, кои се надвор од „партиските пакети“.
  • „Подготвен сум да одам и во највмровските средини и да полемизирам околу концептот што го нудам’’.
Гордана Дувљак ја сметам за едно од подобрите новинарски пера ...

Подолу уште неколку интересни линкови за написи кои се однесуваат на Љубомир Данаилов Фрчковски:

  1. д-р Љубомир Данаилов-Фрчковски ... ... пф.уким.еду.мк ...
    - Проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски е роден на 02.12.1957 во Скопје, Република Македонија.
    - Правен факултет завршил во 1981 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на Правниот факултет.
    - Магистрирал на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на Правниот факултет , во 1986 г.
    - Докторирал на Универзитетот “Едвард Кардељ” во Љубљана на Факултетот за социологија, новинарство и политички науки во 1989 година и се здобил со звањето доктор по политички науки.

    - Вработување: Од 1984 до 1990 на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на Правниот факултет како асистент, доцент и професор по предметите: меѓународно право и теорија на меѓународните односи. Од 1990 до 1997 г. е во Владата на Република Македонија;од 1990-1992 - министер без портфолио, од 1992 до 1996 г. - министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 г. - министер за надворешни работи. Од 1997 г. до денес- на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на Правниот факултет, како професор по меѓународно право и меѓународни односи.

    Конференции,семинари, научна и стручна работа:

    - 1984 - Салзбург Семинар - член
    - 1994 - 21ст Центурѕ Труст ,Лондон - член
    - 1994 - ИФРИ, од 1994 член на Францускиот Институт за Меѓународни Односи
    - Асоцијација за Меѓународно право, Скопје
    - Форум за човекови права, Скопје (екс- ген. секретар)
    - Член на ЕЦРИ, Совет на Европа,2002
    - Член на Научниот Комитет на ИСИГ (Институт по Меѓународна Социологија, Гориција
    - Визитинг -професор на И.У.И.Е.С. (Меѓународен Универзитетски Институт за Европски Студии) - Италија
    - Извршен Директор на Фондацијата за стратегиски истражувања “Киро Глигоров” (2000-2001)
    - Советник на Претседателот на РМ за уставни прашања и прашања од областа на човековите права, 2000 -2004 ;
    - Еден од експертите што го подготвија новиот Устав на Р.Македонија од 17.11.1991, како и Уставните Амандмани од 2001

    Селектирана библиографија на објавените трудови и трудови во печат:

    - Мировни движења, социјалдемократијата и Балканот во осумдесетите, Погледи, 3-4, Скопје,1984
    - Дискретниот шарм на идеологијата, Годишник, Правен факултет, Скопје, 32, 1987
    - Новите општествени движења и алтернативната сцена, Комунист, Скопје; и делумно Студентски Збор-1026 , 1987-1988
    - Есеи за социјалдемократијата (монографија) Магазин 21, Скопје, 1989
    - Правна држава и проблемот на социјализмот, РТС, Трета програма, публикувано 1989
    - Пост-модерна состојба и социјалдемократскиот програм, Годишник, Правен факултет-Скопје, 1988-1989
    - Идеологијата на човековите права, Млад Борец-1675, 1990
    - Меѓународно јавно право (учебник, монографија), Фитко, Скопје, 1991
    - Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи,1, 1990 , Скопје
    - Теории за демократијата, (монографија), Македонско радио, Трета програма, публикувано 1992, Скопје
    - Случајот Македонија - предавање за семинарот “Што е нација, граници на самоопределувањето”, 21ст Центурѕ Труст, Клингентал, Франција
    - Предавања за Византија, скрипта за студенти по политички науки по предметот Политички теории И, Правен факултет - Скопје, 1994
    - Меѓународно јавно право (учебник, монографија), Табернакул, Скопје, 1994
    - Предговор на Демократијата во плуралните општества од Арент Липхарт, Македонско радио, Трета програма, Скопје, 1994
    - Меѓународно-правна реакција на организираниот криминал Безбедност, 1995 и Плус 208/209/210, 1995
    - Малцинствата и самоопределувањето, Балкан форум,1996 (Плус, 1996)
    - Моделот на меѓу-етничките односи во Република Македонија (1990-1997), Круг 1999
    - Како да се приспособи Мултикултурното општество на Демократијата, Остеуропа – Институт, Минхен - Берлин,2000
    - Македонија и Регионот, Институт за безбедносни истражувања, ЊЕУ-Париз, Цхаиллот Паперс 46, 2001
    - Меѓународно право за правата на човекот (учебник, монографија), Фондација Институт Отворено Општество Македонија, 2001
    - Македонија: стабилен модел на меѓуетнички односи?, ЕЛИАМЕП, Атина, 2001
    - ЕУ политика: помеѓу принципите и Балканската пракса, Венетиан Цоммиссион (УНИДЕМ), Совет на Европа, 2001
    - Византиската глобализација вис-à-вис денешната глобализација (Меѓународен семинар “ Јустинијановата кодификација и современото право”, Охрид 2003)
    - Современи политички теории (учебник), Форум, Скопје, 2003
    - Меѓународно право за правата на човекот (учебник, монографија), второ дополнето издане, Магор, Скопје, 2005
    - Трендови во признавањето на државите во меѓународното право и случајот на Македонија , Зборник, македонско-Француски денови на правото , Скопје , Просветно дело , 2004
    - Стекнувањето на независноста на Република Македонија: политика и процедура, Зборник од Научниот собир по повод шеестгодишнината од АСНОМ, Скопје, 2005
    - Преговарање на конфликти на идентитети (во печат, 2006)
    - Охридскиот Договор: историска и меѓународна анализа (во печат, 2006-07)

  2. Љубомир Фрчковски: „Влезот во ЕУ зависи од реформите“ ... А1 Биљана Секуловска ... 06.11.2004
    - Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси ...
    -
    Нашата дипломатија, по мое мислење, треба да направи озбилен напор, не да се бави со тоа, дали Грците ќе стават вето или не. Тоа е многу далеку, таква опасност не постои.
    - Зошто сте толку самоуверен дека нема шанси за вето? ... ... Па, прво, тоа не е прашање на денот. Има време за тоа, колку, 10 години? Второ, тоа нема да се случи, бидејќи влезот на Македонија во ЕУ зависи, навистина, од реформите. Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси и ние со таа мамка сега, со таа емотивна замка, не треба да се бавиме.
    - ние прво треба да се обидеме, на еден дискретен начин, нашите пријатели во ЕУ, да ги убедиме дека сега треба да тргне билатерално признавање од нивна страна на нашето име и нивна акција во Советот на Европа и во ЕУ. Да се обидеме во првиот турнус, да го решиме проблемот и во ЕУ.
    - ЕУ треба еднаш засекогаш да престане да биде заложник на Грција, на нејзиниот каприц, всушност, не на нејзиниот интерес и сега постои еден период, во кој нашата дипломатија треба да се обиде да избутка во неколку земји таква иницијатива, од внатре да се јави.
    - Преговорите мораме да ги завршиме. Не знам технички како тоа ќе го изведат. Тоа не значи прекин, станување од стол, одење, туку има извесна процедура, но ние не смееме суштински да преговараме понатака, бидејќи што е пораката од преговорите? Тоа значи дека ние, ова што не признаваат САД е темпорално, преку преговорите можеме и да се договориме со Грците нешто и тогаш да им речеме на Американците: Ние се зафркававме, всушност, еве ние се договориме со Грците за друго име. Тоа е пораката од сериозното преговарање. Таа порака, ние не смееме да ја пратиме и нормално, треба да ги угасиме преговорите и да тргнеме со притисок на ЕУ.
    - Како ќе ги угасиме, господине Фрчковски? - Па, можеме со барање до Нимиц, да направи извештај дека преговорите натака не можат да вродат со плод и тој извештај да му го врачи на Генералниот секретар и формално да ја затвори резолуцијата.
    - Како ја доловувате целата ситуација од историјата околу името, разликите околу името во Македонија, во политичкиот врв, елитата? - Нас не спасија Американците, всушност, од нас самите. Ако направиме анализа, што се нашите имаат кажано околу името, еден премиер предлагаше промена, двајца министри за надворешни работи предлагаа да ја прифатиме реалноста и да се подготвиме за промена, дел од новинарите, кои учествуваа во палење на американската амбасада, сега даваат анализи, како знаеле што ќе се случи и како тоа е многу добро. Знаете, ние внатре поминавме многу тешки години. Американците не спасија со оваа голема вода и го истуркаа проблемот.
    - Многу го анулиравме и антиамериканизмот. - Па, мислам да. Антиамериканизмот во Македонија никогаш не постоел реално, но постоеле забуни во врска со нивното стратешко партнерство со нас
    .
  3. Љубомир Фрчкоски: Битанга што напаѓа жени ... мацедониум.орг ... - Неговата сопруга Алида Муча, во неделникот Фокус, го обвини дека ја тепал, често и пред децата.
    - Истиот тој сега се јавува во случај тепање девојка на паркинг која се скарала се неговата сегашна сопруга.
    - Причина за кавгата е што неговата сопруга блокирала туѓо возило, па не дозволила тоа ни да и се префрли. Ја влечела за коса Катерина Велјановска, а потоа на помош и дошол и битангата Љубомир, кој во тепањето жени има претходно искуство ...
    - Поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски и СДСМ, Љубомир Фрчковски, заработи прекршочна пријава за физички напад, а неговата сопруга, адвокатката Ирена Фрчковска, пријава за нарушување на јавниот ред и мир. МВР поднела пријава и против 24-годишната Катерина Велјановска, која заедно со Љубимир и Ирена Фрчкоски, во средата вечерта, учествувала во инцидент во центарот на Скопје, пред Тинекс, блиску до зградата на Сојузот на Синдикати.
    - Според исказите кои во полициската станица Скопје Центар подоцна ги дале Велјановска и нејзиниот дечко, 28-годишниот Александар Блажевски, чие возило било блокирано од непрописно паркираното возило на Фрчковска, тие биле нападнати. Неговата девојка била нападната од сопругата на Фрчкоски и била влечена за коса, а потоа на нападот врз девојката се придружил и Љубомир Фрчкоски.
    - Нејзиниот дечко Блажевски вели дека за неполни 10 минути дошол Фрчковски. Без никакво образложение ми удри две тупаници и почна да ја влече Катерина за коса.
    - Професорот Фрчковски пак има друга верзија за настанот. Признава дека два пати го удрил Блажевски, но негира дека ја нападнал девојката. Вели дека неговата сопруга била нападната од Велјановска и Блажевски, најпрвин со навреди, а потоа и физички.
    - ШТО, ЗА ТЕПАЊЕТО ЖЕНИ, ПИШУВА СИЛЕЏИЈАТА (Од колумна на Фрчкоски објавена во Дневник, Наслов: Давител против давителот) ... ...
    Шефот на главната коалициска партија (Мендух Тачи, ДПА) во Владата, како во филмот "Давител против давителот" - дави жени низ парламентот! Што би рекол Лека Дукаѓини на ваков потег на соплеменикот? Премиерот се оградил и го осудил овој инцидент? Ма не е можно! Каков "предивен" гест! Се изредија сите можни коментари и скандализирања од оваа "ѓурултија" и јас нема да долевам масло на нашата рана. Сакам само да Ви обрнам внимание кога веќе почна долгоочекуваната забава, на креаторот на климата на лошоменаџирани меѓуетнички односи, што го нарекувам: садење тикви со ѓаволот. ... ...
  4. http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8BD749A26233CE40A9C9DB96B581F7AA.jpg
  5. Љубомир Фрчковски не се појави во суд - ПО ПРИВАТНАТА ТУЖБА НА ЕКСМИНИСТЕРОТ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ... Вечер - 05.12.2007 :: Бр. 13667 ... ...
    - Тужителот Павле Трајанов по рочиштето изјави дека доколку Фрчковски не се појави на наредниот претрес, ќе бара тужениот стражарно да биде приведен. Трајанов вели дека Фрчкоски е достапен да пишува колумни и изнесува невистини, а од друга страна не е достапен за судот.
    - Пред осум години додека бев министер за Внатрешни работи, против Љубомир Фрчковски, биле поднесени четири кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овалстување. По завршувањето на мандатот, вели Трајанов, Фрчковски константно пишувал невистини против него.
    - Во неколку колумни Фрчковски пишувал дека Трајанов бил криминогена фигура, дека бил преговарач за договорот со ОКТА и дека Трајанов сакал да биде заштитен сведок. Токму поради ова, рече Трајанов, се одлучив против него да поднесам тужба со цел пишувањата да бидат докажани на суд.
    - Тужениот подолго време го злоупотребува дневниот весник, со цел да дискредитира голем број граѓани и носители на функции, да плука, навредува, девалвира и дисредитира - вели Трајанов
    .
  6. ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ: ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС! ... ... 19.05.2005 извор: Вечер
    - За името нема место за компромис.
    - Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е.
    - Едно име имаме.
    - Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.
    - Проблем е што во Министерството нема кој да направи стратегија за името ...
    - Циркусот околу името, започнал пред точно 14 години.
    - Се провлекувал во Европската унија и Обединетите нации, кои на два пати направиле вистински преседан во меѓународното право преку поставување дополнителни услови за признавање на државата.
    - Како да се реши проблемот? - Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите.
    - Значи ние само треба да кажеме дека нема резултат од нив, и да го симнеме прашањето на техничко ниво.
    - Да се нотифицира генералниот секретар на ОН дека нашето уставно име е Република Македонија и ако се нафатиме и да предложиме Резолуција во Советот за безбедност.
    - Политички, потоа, треба да извршиме притисок за признавање на уставното име во Советот на Европа и во Европската унија,
    - проблем во Македонија е што земјава е "премногу толерантна со луѓето, кои работат за туѓи интереси”
    .
  7. Преговорите за спорот со Грција: Демистификација и излезни опции
    (Хотел Бест Вестерн 25. 05. 2008) ... ...
    - Љубомир Фрчковски
    - Македонија се наоѓа на крстопат помеѓу разрешница и изолација
    - Поимот компромис (кој се појави непосредно пред Букурешт) е
    нападнат и окарактеризиран како предавство, што е всушност една
    многу опасна стратегија
    - 3 фази на преговори:
    о фаза на големо одречување (91-95)
    о фаза на консолидирано одречување и заземање позиции (95-
    Букурешт)
    о фаза пред ѕидот на разрешница (по Букурешт)
    - црвената линија и трите точки:
    о слободата на користење на поимот македонски
    о неменување на уставот
    о име за меѓународна употреба кое не го загрозува идентитетот
    под точка 1
    - Постмодерните држави одат до кризирање на нацијата-држава
    - Што ние направивме со Рамковниот ќе го направат и европските
    држави, прво Британија
    - Името не е идентитетот, туку само географска одредница.
    - Идентитетот со Бугарите ќе го расправаме
    - Во 93та Роберт О’Нил го предложи името Република Македонија
    (Скопје), кое Грците го одбија
    - Им беше понудено на Глигоров и Малески како трајно решение во
    ОН, но под каузата “едно име не го даваме” завршивме со ФИРОМ
    - Преговорите би течеле кога од четири предлози ние заокружуваме
    два, а Американците тргуваат со Грците со еден, Грците потпишуваат
    и на нас ни се соопштува договорот
    ... ...
  8. Од „прва рака“: поранешните македонски шефови на дипломатијата за спорот околу името ... ...
    - Професорот Љубомир Фрчковски вели дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц нуди основа да се најде конечно решение за спорот, како и дека дошло време за негово решавање:
    -
    Треба да ја извршиме нашата работа во овој период. Таа зависи од тоа што времето сега не работи и за двете страни, а посебно за нас. Ова е време на решавање. Како што се вели во Библијата - има време за живеачка и за смрт, за сеење и за жнеење. Е, ова е време за решавање. Затоа ние (досега) не сме можеле нешто посебно да направиме, или нашите постапки би биле маргинални во нашите мандати. Доаѓа време за решавање.
    -
    Има и тешки работи да се носат – тоа е работа на претседател и на премиер, тешки одлуки. Во таа смисла, мора да ја одработиме работата со Американците колку што можеме – максимум. Ние од нив имаме јасен политички став – има македонска нација, јасно - и македонски јазик. Не велат – прифатете го грчкиот став. Правете компромис, велат.
  9. Фрчковски осуден за клевета ... ббц.цо.ук ...
    - Судијата Зоран Димитриевски го прогласи Љубомир Фрчкоски за виновен за три точки на обвинението кое против него го покрена премиерот Никола Груевски, и тоа клевета, навреда и омаловажување со набедување на сторено кривично дело.
    - Фрчкоски се осуден да плати отштета од околу 30.000 евра, главно за надомест на нематеријалната штетата која му ја предизвикал на Груевски.
    - Премиерот бараше отштета од 100.000 евра поради нарушениот углед. Фрчкоски е осуден и да плати за објавување на пресудата во дневниот весник „Дневник“.
    - Груевски ги отфрли обвинувањата на Фрчкоски дека со тужбата сака да спречи критика врз неговата работа. ... ... -„Се работеше за тужба проади клевета, што е прилично различна работа од критика. Второ, средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.“
    - Судењето почна откако Фрчкоски, во колумна објавена во септември минатата година во „Дневник“, го посочи Груевски дека при продажбата на рафинеријата „Окта“ во 2000 година, тој потпишал анекс на договорот. ... ... Според Фрчкоски, овој анекс предизвикал штета за Македонија. ... ...
    - Државата во 2007 година беше осудена да плати отштета за подоцнежното прекршување на договорот со „Окта“, која на крајот беше прецизирана на околу 40 милиони долари.
    - На барање на адвокатот на Груевски да го покаже анексот, Фрчкоски доставил писмо потпишано од Груевски како поранешен министер за трговија.
    - За ова писмо, Фрчкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго тврдеа дека, иако не е дел од договорот за Окта, фактички има правна сила на анекс, но судот одби да го прифати писмото како доказ.
    - Фрчковски ... ... „Ова е една длабоко компромитирачка одлука на македонското судство и судии, како го свиткаа ’рбетот под притисокот на политичката власт. Судството станува последно место на кое може да барате правда. Немавме никаква шанса од почетокот се гледаше за фер постапка.“
    - Според Фрчкоски, тоа што договорот за продажба на Окта не бил објавен јавно, му дава за право да изнесува непроверени информации, во поширок интерес на јавноста.
    - Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, пак, изјави дека судот во Стразбур дозволува критика на политичарите, но не и клевета.
    - Инаку на судењето, се спореше околу тоа дали тврдењето на Фрчкоски било дадено како факт што тој го изнесува или во прашална форма.
    - ... судијата го упати Груевски дека може да бара дополнителна отштета преку граѓански процес против Фрчкоски
    .
  10. ПРОФ.ДР.ФРЧКОВСКИ: ВО НАТО МАЗНО ИЛИ ОДЛОЖЕНО ... канал77.цом ... 24 Децембер 2007...
    - Македонија во НАТО мора да влезе под уставното име, иако не се исклучуваат можни пролонгирања ако Грција го употреби своето право на вето.
    - Не сум комплетно сигурен, но со голема веројатност нема да се ставиме во таква позиција да ну биде понудена трампа. Во секој случај јас мислам дека ќе биде само НАТО, но НАТО може мазно и НАТО одложено. Одложено поради една отворена блокада на Грција да бидеме де факто примени со покана, но да не можеме да станеме формално членови поради употребата на вето.,,
    - Фрчковски не се согласува дека Македонија без НАТО нема да опстои. ,,Гледам во медиумите апокалиптични тези дека без НАТО Македонската држава не може да опстои. Апсолутно е неточно. Точно е дека НАТО е најдобра опција, без алтернатива, но таа опција не е катастрофична дека македонската држава без НАТО ќе пропадне, не до таа граница.
    - Посочува дека во поглед на ова прашање мора да има доверба меѓу Владата, Претседателот, Парламентот и партиските лидерства. Мора да се развие висок степен на доверба и меѓусебно потпирање во правец на постигнување на заедничката цел
    .
  11. Студентите бараат оставка од професорот Фрчковски ... ... .кирилица.цом.мк
  12. Сите жаби на шлеперот Црвенковски ... ... Мирка Велиновска ... ... .новамакедонија.цом.мк ...
  13. Еднооки - Љубомир Фрчковски кај Рок Про Рок ... ...
  14. Еднооки - Платформа ... ...
  15. Еднооки - Фрчкополис ... ...
  16. Фрчковски: Немаме перспектива ако останеме во изолација ... 24 Оцтобер 2008 ...
  17. Љубомир Фрчоски ја доби наградата „Борјан Таневски“ за колумните со визија ... Утрински ... 08 февруари 2007... Гневот го негувам, не го избегнувам и не го делам. Тој ме одржува остар и ме мотивира да мислам ...
  18. Црна дупка во предлогот на Нимиц ... ИНТЕРВЈУ: ПРОФЕСОР ЉУБОМИР Д.ФРЧКОСКИ- Црна дупка во предлогот на Нимиц ... ... преминпортал.цом.мк ...
  19. Топ 50 највлијателни шупаци во МК ... ... .марифет.цом.мк ...
  20. Реакции по најавената тужба од Македонија ... ...
    - „Легална основа за тужбата постои, нема тука спор за тоа. Индиректното вето во Букурешт може да се подведе во нормални судски консидерации во кршење на спогодбата. Од мој аспект, Владата очекува разговорите за името да пропаднат, независно од нејзините декларативни стремежи и се обидува со оваа операција да го подготви теренот после пропаѓањето на разговорите и да се занимава јавноста со тоа како ние сме ја тужеле Грција, сме покажале кураж, како еве сега од тужбата ќе извлечеме ваков или онаков резултат.“
    - Нашиве ќе треба да докажат дека било вето и блокада. Тоа може да се случи во период од 2-3 години. Се’ што е битно нам ќе ни се случува следната година. Независно што има легална основа за постапување, мислам дека е тоа потез кој треба да стави сенка на политичката ситуација на изолација во која Македонија ќе почне да завлегува.
    - Дали тоа значи дека преговорите се мртви? -„Мислам дека им е зададен удар бидејќи пораката е јасна, дека не се очекува решение околу тоа и затоа се отвора една вкава правна процедура. Оваа процедура веројатно ќе биде следена, ако немаме како очајници друга работа, со некоја правна процедура во Обединетите нации, обид да се корегира решението за прием. Тоа е постапка на очајници кои немаат друга политичка опција да го решат тоа. Тоа се долготрајни постапки, бараат големо лобирање и имање големо влијание, да гласаат во тие тела, гласачките машини да ги придобиете на своја страна. Неизвесни се, иако правдата може целосно да стои на ваша страна. Влегуваме во една операција на очајници во изолација
    ...
  21. Љубчо го нуди Фрчко, СДСМ ќе размисли ... Почнаа партиските консултации за промена на Уставот ... стар.вецер.цом.мк

Линкови од мои предходни написи во врска со темата Претседателски избори 2009-та ...

  1. Ѓорѓе Иванов, се однесува како веќе избран Претседател ... 29 Јануари, 2009 - 09:39
  2. Словенските ВС Античките корени ... 28 Јануари, 2009 - 17:47
  3. Гужва на стартот на трката за претседателското место ... 28 Јануари, 2009 - 00:34
  4. Фрче - го извади оделото од нафталин ... Иванов - треба да оди кај стилист/логопед/комуниколог и да пазари нова гардероба ... 27 Јануари, 2009 - 11:27
  5. „Изборниот циркус“ - за претседател на РМ започа ... 26 Јануари, 2009 - 17:47
  6. Ѓорѓе Иванов ... за што се залагал во минатото ... што зборувал и пишувал ... 26 Јануари, 2009 - 12:39
  7. Кој е тој Иванов ... ??! ... Тачи, бившиот “Војвода“, контра Иванов ... 22 Јануари, 2009 - 16:40
  8. ВмроДпмне во лов на неопределените гласачи ... 20 Јануари, 2009 - 16:02
  9. Има ли договор Груевски - Бошковски ... 18 Јануари, 2009 - 11:18
  10. Ѓорѓе Ѓорѓи Иванов - новата звезда на МК политичкото небо ... 15 Јануари, 2009 - 19:37
  11. Специјална војна за компромитирање на претседателски кандидати ... ВМРО-ДПМНЕ ке истрча со жена кандидат за Претседател на РМ ... 13 Јануари, 2009 - 18:25
  12. Денеска цел ден нешто ми фали ... Аман, вратете ги рекламните кампањи ... 13 Јануари, 2009 - 18:00
  13. Ке имаме ли србско сценарио за претседателските избори ... ке имаме ли полит.дестабилизација пред/за/после пролетните избори ... 3 Јануари, 2009 - 14:14
  14. ВМРО-ДПМНЕ бара примирје со новинарите ... ги повлекува сите тужби за клевета во кои се инволвирани новинарите ... 29 Декември, 2008 - 17:28
  15. Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко ... 23 Декември, 2008 - 00:43
  16. Кога ке цркне нашето магаре ... Неизлегувајки на избори, народот порачува дека нема за кого да гласа ... 11 Декември, 2008 - 11:28
  17. Атина го слушна Фрчкоски ... Утрински - четврток, 12 јуни 2008 ... ... Грција покани македонски професор да одржи предавање во Атина за спорот околу името ...
  18. ГЛОБАЛИЗМОТ НАСПРОТИ НОВИОТ ПАРТИКУЛАРИЗАМ ВО КОНТЕКСТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И МАКЕДОНИЈА ... ... македонскосонце.цом
  19. МАКЕДОНИЈА ПО БОРИС ... ... македонскосонце.цом
  20. На овој линк можете да ги прочитате стручните дела на Фрчковски - оние кои се подигнати на интернет а ги има многу ...
  21. И на овој линк ке најдете повеќе написи на Фрчковски наменети за стручната јавност ... некои линкови имате и тука ...

Blog Archive

Site Meter