Search This Blog

Sunday, November 15, 2020

Штрајфните на Нане ...

 Да не починеше Нане пред десет години денеска ке и слвевме 85 роденден. Вообичаено на овој ден се собиравме сите кај Нане оние кои бевме во Скопје и и одевме на торта за да чести за роденденот. Всушност ние и носевме торта и слатки. Таа сакаше многу да се шали и да се смее. Не се сеќавам заради што се насмеја и се загрцна. Одеднаш од носот почна да и тече крв како една река и не преплаши сите. Утредента ни појаснија лекарите дека ако не и истекла крвта преку носот ке доживеела излив на крвта во мозокот што ке било фатално за нејзиниот живот. За да го залечат сето тоа лекарите и напикале завој во носот во синусните канали толку многу завој што Нане врискала од болка. Како и да е по штрајфните на Нане го паметам овој ден.

Пандемија на стравот ...

Од распадот на старата држава Југославија во која сите кои живеевме - како најголема придобивка ја осеќавме слободата на движењето, слободата на одлучувањето како и со кого ке живееме, слободата на избор на професијата, слободата на избор со кого и каде ке живееме - некој не тера на перманентна ПАНДЕМИЈА НА СТРАВ за нашето овоземно опстојување. Ни се наметнуваа разни национализми преку кои се збогатување поединецот а се губеа колективните права на поединецот. Се гаи страв дека еден ден ке нема доволно храна да се прехрани популацијата, дека сме многу и дека мора да се најде начин како да се смалува популацијата на многудетните семејства, кои со своето многудетство демек ке придонесат до таму да еден ден ке нема ресурси за нас рајата и така  сите ке поумреме.

Со овој вирус Ковид 19 всушност се проектира хистерија на страв дека сите ке се испозаразиме и ке испоумреме во тешки маки и страдања. Не тераат сите да носиме маски кои по тумачењето на еднокринолозите всушност придонесуваат да не дишеме слободно и да го вдишуваме сопствениот јаглен моноксид кој го враќаме во плуќата и поради недостаток од кислород организмот произведува хормон кој допринесува да се стресираме и да осеќаме вртоглавица.

Со овој вирус на пандемија на стравот, каде секојдневно се бројат само заразените и мртвите а нашиот нервние систем се храни со тој страв и сите доаѓаме до една психоз на стравот. Каде неприродните процеси и нечовечкиот нашин на живеење преку наметнување на хомосехсуализам кој е само една болест и девијантно однесување на поединецот ни се наметнува она што не е нормално да го прифаќаме како нормално. Преку ситуациите да ги заштитиме старите и болните лицца - старите и болните се затвараат и не им се дозволува никој да ги посетува, дури ни нивните најблиски демек за да не ги зарази со овој толку страшен вирус ковид 19. Сето тоа е отуѓување на човекот од нормалата и стварање на сејачи на страв која прерасна во пандемија на стравот.

Демек новата нормалност се состои од самоизолација и наметнувње на некави вакцини кои се обавезни за сите ако сакаат луѓето да се шетаат неможе да го прават тоа бидејки новата нормалност/ненормалност не ја дозволува слободата на избор како и каде и со кого ке живееме.

Секојднево не стресираат со бројот на новозаразени и со бројот на мртвите за да само тоа ни е во паметот и така стресирани да се самоизолираме во некоја пандемија на општиот страв. Ке испадне дека од година на година бројот на починати лица е се помал а ние само мртвите ги броиме.

Sunday, November 01, 2020

Старо купујем, старо купујем ...




1957 година кога како мало дете од две години се доселивме во Скопје во стан близу Универзална - “старо купујем“ беше професија која се одржа до ден денешен. Вака одеше тогаш рекламата - “Старо купујем, старо купујем, ново продајем ,,, поправљам чадори, оштрам ножеви, калаисујем ...“. Нас како деца не плашеа со тоа ако не сте добри ке ве продадеме на старо купујем и бегавме од нив како деца ...

Ништо не е сменето ни денеска - низ населбите се слуша сеуште: “Старо, купујем, старо купујем ...“. Овие луѓе уствари се единствени кои од отпадот кој го имаме по дома го рециклираат ... собираат стари железа и истрошени предмети од домаќинствата и ги даваат во отпадите кои за ситна пара после ги продаваат на железара ако се имаат метал во нив, пластичните флаши ги рециклираат дробејки ги а картоните се преработуваат во комуна - каде од старите картони се прават нови кутии ...

Овие денови го чистам подкровјето каде десетина години се што не ни требаше го носевме на поткровјето .. Дојде време да го чистам и тој простор и искрајно ме спасува старо купјуем, бидејки ако треба самиот да го носам по отпади ми е прескапо, транспортот кошта повеќе од тоа што ке ти дадат во отпад .. тука се и старите алишта од луѓето кои починале ... старо купујем ги собира и таквите партали ... ги прашувам што ке ви се такви стари работи ... ми велат тоа го носиме, немаме пари да купиме нови работи ...

Како е по светот незнам - слушам дека во некои западни земји постојат денови каде на одредени места го носиш крупниот отпад и намештај. Таму стојат работите и луѓе најпрвин одат и се што им треб го носат дома ... Она што ке остане го собира општината и го носи во места каде отпадот се рециклира ...

Blog Archive

Site Meter