Инвестицијата од 150 милиона евра во Слободнота економска зона Бунарџик - е веста што ми го разубави денот ... и тоа Гринфилд инвестиција ...
Ке се гради фабрика за катализатори ... ке се вработат 500 луѓе ...
Инвестицијата од 150 милиона евра во Слободнота економска зона Бунарџик - е веста што ми го разубави денот ... и тоа Гринфилд инвестиција ...
Ке се гради фабрика за катализатори ... ке се вработат 500 луѓе ...
Утрово имав пишано краток пост “Договорот за продажба на ЕСМ-достапен за јавноста“ ... Бидејки неможев да најдам линк - до договорот, иако Боцевски тоа го вети на вчерашниот прес ... во коментар замолив ако некој го знае линкот да ми го прати ...
Пред малку на мојот меил пристигна меил - со линк до Договорот за продажба на ЕСМ ... Колку гледам договорот е “дебел“ 149 страни ... ке треба време да се проучи и да се видат наводите кои Боцевски ги изнесе на прес:
• Дали и кој однапред знаел дека ревизорскиот извештај ќе покаже разлика помеѓу меѓународните и домашните стандари за проценка на вредноста на имотот на ЕСМ?
• Дали е ова сторено за да се исфрлат другите потенцијални инвеститори од игра со претходен договор на купувачот (во случајот ЕВН) и продавачот (Владата на СДСМ, ДУИ и ЛДП)?
• Дали е ова меѓународен стандард и утврдена практика при потпишување на вакви договори дека по продажбата, купувачот ќе биде принуден да враќа пари и тоа дури 10% од платената цена?
Би сакал вакви линкови да има и за договорите за продажба на Телеком и ОКТА ... Редно е јавноста да дознае и за овие купопродажни договори ...
Ке ми треба долго време да го прочитам овој “дебел“ договор за да донесам свој суд ... Досега мислев дека не треба да се продаваат златните МК кокошки ... туку дека треба да се носат Гринфилд инвестиции ... Вака имавме само трансформација од државен во приватен монопол ...
Бирајки под која рублика да го ставам постов - се одлучив да го ставам под рубликата “пари“ ... колку пари ке се соберат со ова од граѓаните ?? ... Најлесно се собираат пари од МК граѓани кога сите треба да платат ...
Според некои непотврдени информации, нивната цена ќе биде 4.000 денари.
Динамиката на замена на старите со нови таблички ќе се утврди исто така со фирмата што ќе го добие тендерот. Се разгледуваат повеќе варијанти, од тоа сопствениците да се повикуваат кога нивните таблички ќе бидат готови, до тоа табличките да се менуваат кога возилата ќе дојдат на ред за регистрација.
Навистина разочарувачки делуваше интервјуто на менаџерката на Тоше Проески - која синоќа во емисијата на Кучишки А1- ТВ ... ја отвори душата пред МК новинари ... им дозвлоли да ја прашаат за се што ги интересираше. МК таблоидни новинари без никаков респект ја нападнаа менаџерката (на која видно се гледаа трагите од жалоста - не верувам дека некој може да глуми жалост). Наместо настанот да го искористат за дознавање на детали околу Проески, кои ке ја дообјаснуват неговата мисија ... тие се нафрлија на менаџерката како гладни кучиња врз коската за ... (“неплатениот данок“ ... и други афери кои ги интересираа ...)
Заборавија дека во МК па и во целиот балкан на Проевски се гледа како на светец ... и му се одаваат признанија ... и црквата и државниот врв се поклонија на делото и ликот на Проески ... Настанот беше мизерија и огромна негативна реклама за МК новинарство (чест на исклучоците кои во мал број беа присутни и синоќа ...).
Фокус и Вечер (и воопшто МК новинарство ...) сношти многу изгубија - дозволувајки да ги представуваат такви новинари ...
Блогери за настанот ...
- Браво Љиља Петровиќ ... 28 Ноември, 2007 - 23:18
- ШТО ТОШЕ БИ РЕКОЛ? ... 28 Ноември, 2007 - 23:19
- АНЕТА КОЧИШКИ и СТРАШНИОТ СУД ... 30 Ноември, 2007 - 11:18
- БИСЕРИ... ЦРНИ БИСЕРИ БЕА НОВИНАРИТЕ... 29 Ноември, 2007 - 00:00
- БИСЕРИ ... 29 Ноември, 2007 - 00:12
- Ууууаааааа БИСЕРИ !!! ... 29 Ноември, 2007 - 00:19
- Бисерите се усраа ... 29 Ноември, 2007 - 00:29
- Љиља повели на blog.com.mk,ти си добредојдена за македонските блогери ... 29 Ноември, 2007 - 01:42
- Љиља Петровиќ во Јади Бурек ... 30 Ноември, 2007 - 11:24
- Бисери сервираше храна за мршојадци ... 29 Ноември, 2007 - 02:25
- Зошто А1 не даде реприза на Бисери? ... 29 Ноември, 2007 - 03:50
- Грди, тупи и огледало ... 29 Ноември, 2007 - 08:58
- ДО НОВИНАРИТЕ ... 29 Ноември, 2007 - 09:22
- Фалш бисери ... 29 Ноември, 2007 - 10:45
- Џиш!! Страмота бе луѓе ... 29 Ноември, 2007 - 11:11
- МК НОВИНАРИ? Што беше тоа? ... http://cookbook.blog.com.mk/node/120152
- mizerija od novinari!!!!!!!! ... 30 Ноември, 2007 - 11:33
- БИ-СЕРИ ... 29 Ноември, 2007 - 13:38
- Бојкот за медиумите за кои работат новинарите - лажговци ...29 Ноември, 2007 - 14:23
- кој го креира јавното мислење ... 29 Ноември, 2007 - 14:23
- Бисери со Лилјана Петровиќ ... 29 Ноември, 2007 - 14:24
- Критика на критичкиот ум ... 29 Ноември, 2007 - 15:15
- Љиља и таканаречени новинари ... 29 Ноември, 2007 - 15:44
- Македонските новинари ... 29 Ноември, 2007 - 19:44 часот
- НОВИНАРСКИ РЕАКЦИИ ... 30 Ноември, 2007 - 00:19
ТВ-дебатата „Бисери“ ја огорчи јавноста
Дебатата (видео)
Вчерашен осврт на дебата
На пресот за Тоше новинарите се изрезилија
Хуманоста најважен сегмент од животот на Тоше
Човек со топ де ла топ вокал
еве се придружувам кон иницијативата на повеќе од 13000 блогери од целиот свет кои денес пишуваат постови за заштита на околината.
Еве како МАНУ - нашата Академија за науките и уметностите се грижи за животната околина. Ова ѓубре е позади МАНУ. Во случајов проблематично е уште нешто. На зумиранава слика епруветите се всушност употребени вакутанери за земање крв. Значи ова е потенцијално инфективен отпад. Сите знаеме дека во МАНУ се прават тестови за хепатит, проверка на ДНК итн , па јасно е од каде потекнуваат истите. Е сега на вакутанериве се напишани и имињата и презимињата на лицата кои дале крв па дури и видот на тестот т.е зашто е тестиран. Класично кршење на неколку човекови права.
само колку за информација фотографиите се направени пред 7 месеци.
Академија ејј..
Оф топик МАНУ има нов сајт ама само на англиски !!! Ману не се обраќа на нас Македонсците ... не не врти што би се рекло народски ...
Постов е дел од иницијативата: Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...
Комуналните проблеми кои ги имаме сите во градот ... не болат ... на сите ни сметаат ... Сите ги гледаме но одминуваме и си велиме има кој да се секира за тоа ... има кој е платен ... Во последните месеци секојпат шетам со фотоапаратот во раката. Фотографирам убави нешта кои ме опкружуваат но и разни детали кои се однесуваат на проблемите на урбаното живеење во Скопје.
Ги фотографирам скопските дупки на асгфалтот кои ужасно ми сметаат ... ги кршиме нашите коли а никој не одговара за тоа ... Отворените шахти ... Ги фотографирам секојдневните нови прокопи по улиците, кои предолго стојат незакрпени ... Ги фотографирам полните, преполните канти за смет ... Фотографирам запуштени локации во централното градско подрачје ... Руини кои го нарушуваат ликот на метрополата. Фотографирам и убави нешта кои попат ги среќавам ...
Што ми е идејата. Одавна приметив дека има и други блогери кои го прават истото. Со овој напис покренувам незванично движење кое јас во мојата глава го крстив “Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...“ (називот може и да го смениме). Ова движење би се занимавало со фото документирање на комуналните проблеми на градот ... Објавувајки го на пост, секој на својот блог, би се обраќале на јавноста а воедно на надлежните дека проблемот постои. Сите блогери кои би се вклучиле во оваа акција би го реобјавувале на своите блогови (секако линкајки го изворниот блог). Вака умрежени тврдам дека ке успееме да решиме многу од комуналните проблеми, кои ни бодат очи секојдневно.
Оној кој нема фото апарат а сака да се вклучи во движењето - нека напише пост каде ке го појасни проблемот и ке ја наведе локацијата ... а ние останатите кои сме расположени и имаме фотоапарати би го фото документирале проблемот ...
Па повелете вклучите се. За оваа идеја муабетев со Зомбификација - кој ова прилично успешно го прави на својот блог. Се сложи со идејата и рече да седнеме на кафе муабет да ја развиеме идејата. Но еве јас го прекршив договорот и одлучив вака преку постов да ја промовирам идејата ...
Прв напис од ваков карактер е предходниот пост каде ја опишувам чекалната во Владата ни ... За таков напис го сметам и постот на Герсанина плакат - абортус ...Денеска бев во Владата на РМ. Поканет на кафе кај пријателот кој работи во Владата на РМ. Чекав како и сите други во просторијата за чекање десно во влезната врата. Со мене во истата просторија чекаа дваесетина кандидати кои биле повикани за интервју за работа во владата на разни места.
Осем што се осеќаше мирис од многу луѓе во една таква мала просторија ... бидејки чекав повеќе од 20 минути имав време убаво да ги погледам луѓето кои очекувајки го интервјуто различно раагираат ... некои беа нервозни ... на некои им се гледаше страшна трема ... трети нервозно цупкаа ... Им посакав на сите “да скршат нога“ ... Сите некако како да потекнуваа од онаа изгубена средна класа во РМ ... облечени во сосема вообичаена облека ... немаше наконтени ... со скапи мобилни ...
Владата со скоро 2 милијарди евра буџет е најголемиот работодавател во РМ ... Банките ги форсираат вработените во државната администрација ... за нив не е проблем да обезбедат кредит .... единствено тие се прифаќаат како жиранти ... Големото стопанство притиснато од транзицијата ... приватизацијата и неколкуте фази на ликвидациа на големите загубари се изгубија ги снема ... Нема веќе фирма со 10.000 вработени ... На времето ги имаше дваесетина ... Нема ни со 5000 ... Големите фирми кои бројат над иљада вработени се бројат на прсти од двете раце ... добро може претерувам ... но до бескрај е намален нивниот број ...
На малото стопанство никако да му тргне - во смсла да прераснува во големо и да биде покренувч на економските процеси ... (забегав...). Сега најчесто успешни се оние кои соработуваат во проектите на Владата.
Чекајки така во просторијата во која често чекаат и новинарите и фоторепортерите - ја забележав штедливоста на оваа Влада ... Излитен тепих ... искинати вариолајт завеси ... спуштениот плафон видно оштетен по краевите од водата која на некој начин влегнала внатре ...
И уште нешто - гледав како луѓето влегуваат и како ги поминуваат безбедносните мерки ... Иако има терминал како за пред влез на ајродром ... сепак чинам дека од општата гужва која се ствара во влезот од многу голем промет на луѓе - можни се евентуални пропусти (недај боже ...)
Почнав со врабортување а завршив со штедливоста и безбедноста ... Но што да правам чекајки - несакајки го анализирав настанот што се случуваше околу мене ...
Во контекст на вработувањето во моментов на крајот на увото слушам на ТВ - Владата вработува 200 помлади советници или асистенти ... не дослушнав добро ...
Познато е дека новинарството е една од најризичните професии ... Често врз слободните новинари се вршат разни притисоци ... да пишуваат или да престанат да пишуваат за нешто ... Се прашувам дали е можно тоа да се стори и со блогерите ?? ... Друго прашање е колку во наша МК има слободни новинари и слободни медиуми ?? ...
Но ова што се случи со еден новинар во Багдад ... е грозоморно ... имено убиени му се 11 члена од неговото семејство ... На што се‘ се спремни болните умови е стравично ...
“...четворица вооружени мажи ја нападнале семејната куќа на новинарот Диа ал Кауаз во Багдад и ги убила сите кои биле во неа - двете мои сестри, нивните мажи и седумте деца од пет до 10 години...“
Од Багдад имам убави спомени ... живеев повеќе од три години во него ... едното дете ми е зачнато на жешкото багдатско сонце ... Имам преку 200 авионски летови до Багдад ... Имам извозено преку 300.000 километри низ Ирак ... Жалам за сите страдалници од тоа подрачје - чија главна несреќа испаднаа богатите нафтени извори ...
Кругот на омразата меѓу различните нации и вери кои живеат во Ирак е толку голем што се друго осем воена управа во период од десетина години е апсурд ... Се злоупотребува демократијата ... Во Ирак царува олигархијата и странските мултинационални компании ... Во Ирак царува анархијата и омразата ... кругот никако да се затвори ...
Во зголемувањето на полнење на државната каса ... буџетот де ... има еден данок (персонален данок ...) кој незнам дали некој води евиденција дали се наплатува од граѓаните кои поседуваат деловни простории или станови за издавање ...
Во Скопје има огромен број на станови и дуќани кои се издаваат ... Контолира ли некој дали се наплатува персоналец за нив ??!
Погрешно да не ме разберете не се работи за данок за имот кој граѓаните го плаќаат на почеток на годината ... оној данок од кој граѓаните се пожалија дека оваа година енормно се зголемил - заради методологијата на пресметување на данокот ... т.е. сега се гледа пазарната вредност на станот која може да расте или опаѓа ...Можно ли е позади Мечето Ушко да стои Алекс Букарски ??...
Дел од оваа дилема изворно е присатна на блогот Историја во постот “Мечето Ушко си легна да спие“ ... пост кој го пратат само оние кои го имаат на РСС блогот Иаторија (кој не излегува во рубликата нови коментари ...)
Се разбира сето ова е шпекулација ... Со Мечето Ушко никако да се видам да испијам кафе или пиво - иако неколку пати се договараме за тоа ... го снемува ... А и многумина кои му го читаат блогот велат дека не го познаваат ... Можно ли е во наша МК да се сокрие еден блогер ?? Јас велам не ...
Втора шекулација ... дали е на повидок книга на Мечето Ушко ... Би се радувал ако е така. И овој блогер е зрел за книга.
Многумина велат дека блогерите не треба да издаваат книги. Со дел од нивните ставови и образложенија се сложувам - но во услови кога има мала читаност на блоговите (заради слабата интернет пенетрација ...), книгата е поприфатлива за излегување од анонимноста ... попат и нешто да се заработи.
Познато е на сите дека во МК од блог неможе никој да заработува.
Таканаречениот од некои луѓе Б.Ц. - изгледа ке мора да си ја научи песничкава од Златно Славејче (чинам ...). НАТО, НАТО мое ... баш би сакал јас ...
Владата не го уврстила во списокот на делегатите за НАТО самитот ... Дали е во прашање нов круг на итрина и тивка војна на две институции во МК ...
Во Мк е опасно да земеш пари од лихвар ... Тие те врзуваат со “валидни папири“ (хипотеки ...) вешто срочени од правници ... Или невалидни закани по безбедноста на твојот живот и животот на твоите најмили ... Неколку пати имам слушнато кај Нотар прашање ... “Каков договор да направам за заемот кој го дадов ?“ ... “Може ли колата на заемопримателот - да ја земам како гаранција за заемот?“ ... Само да речеш дека сакаш пари на заем - парите пристигнуват ... но враќањето е тешко. И тогаш најпрвин добиваш ситни закани од лихварите ... па ќотек ... па заплажување по твојот живот ... за твоите блиски ... На крај често луѓето спасот го бараат во полицијата ... но некои посегнуваат по својот живот (самоубиство ...) а други на убиство на Лихварот ...
Досега во просек имаше повеќе самоубвиства заради земање на заем (вклучувајки и коцкарски долгови ...) и неможност истиот да се врати ... но во последно време се почест е случајот на убисво на Лихварот ... Се сеќавате на случајот од пред неколку месеци на убиството на Лихварот кој беше најден во гепек на една кола, на паркингот пред Александар Палас ...
Деновиве имаме слично такво убиство на дваица лихвари ... Стана опасно и Лихвар да бидеш ... Има една мудрост која вели ... кој со оружје се игра (со сабја де ...) од оружје (сабја ...) умира ... Така и лихварите ...Блогот Рефлексии е зрел да доживее објавување во печатена форма ... Тоа би бил МК бесцелер ... а мислам ако се преведе и пошироко ... Одавна ја убедувам Герсанина да се осмели - да издаде книга ... Би помогнале повеќе блогери ... Со оваа книга би се започнал еден низ на објавување на книги од МК блогери - по издавањето на книгата на Никола Костески - Машко писмо ...
Дека сум во право денеска потврди и сопственикот на книгоиздавачката куќа Ѓурѓа Никола Костески - кој како коментар, како да ја наговестува оваа книга ...
Драга блог-пријателке GERSANINA, ти благодарам што се јави. Многу сум радосен што ми дојде на промоцијата. Со нетрпение ќе ја очекувам приликата на ист начин да ти возвратам. Се надевам - наскоро!?
Срдечно!
Во услови на заострена економска клима од скоро е воведена пракса на приватни Судски извршители ... Тие се луѓето кои сега го спроведуваат Фалиментото ... (банкрот де ...). Затоа памет у глава кога земате кредити а давате под залог станови, куќи, земјиште и друга некретнина ... Да, вакви извршни решенија за “фалименто“ - судски извршители можат да ни дојдат на врата, на сите што не плаќаме одредена глоба према државата ... пример казни за сообраќајни прекршоци ... предплата за радио и телевизија ...
Е вакво “Фалименто“ му се спрема на Велија Рамковски ... имено зградата во која работи А1 телевизија е дадена во постапка за судско извршување на долг према Комерцијална банка ... долг од цирка 400.000 евра невратен кредит од 2002 година ...
За фалименто пишував и порано:
ЛИЧНА ПОКАНА
Драг блог-пријателе, задоволство ми е да те поканам на промоцијата на книгата МАШКО ПИСМО, инспирирана од мојот блог www.prodavnica natajni.blog.mк. Ќе бидам радосен ако ме почестиш со своето присуство, особено што во книгата си застапен со свои коментари кои си ги оставил под моите текстови. Со тоа си, на извесен начин, коавтор на МАШКО ПИСМО.
Книгата ќе ја промовира доајенот на македонската блог-сцена, Ивица Боцевски.
Промоцијата ќе се одржи на 22 ноември 2007 година (четврток), во Книжарницата ИЛИ-ИЛИ, во МАЛА СТАНИЦА, во 19 часот.
Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.
Срдечно!
Никола Костески
Авторот преку својот блог имасше упатено и отворена покана до поширока МК блог сцена ...
Голем дел од повиканите беа сношти на промоцијата ... се надевам убаво си поминаа во промоција на книгата воопшто и посебно на МК блог ... кој е се повеќе присатен во МК јавност и си го завзема местото како медиум во подем ...
Ветив дека де дојдам заедно со мојот фотоапарат и дека ке направам мала фото сторија од промоција на книгата.
Културниот центар Мала станица и книжарницата Или Или прераснаа во вистински мал храм на промоција на културни случувања во Скопје. Добро осмислен простор за вакви презентации каде се слави пишаниот збор ... Не пречека љубезниот домаќин ... се подсетивме како изгледа промоција на книга во било кој дел на светот ... Го замоливме авторот одкако си ги купивме книгите да не почести со лична посвета ... Самата книга ја купивме веројатно по промотивна цена од 100 денари. Книга е со одлично и професионално изработен омот. Соодветна ангажирана фотографија за насловната страница и уште повкусно специјално изработена кесичка за книгата ...
Блогерајот е новиот бран. Бранот што бучи.
Него го сочинува најдоброто од Македонија.
И кога сите рекламни агенции од Македонија би се собрале на едно место, не би се досетиле на толку убави слогани какви што се прекарите на блогерите и имињата на нивните блогови.
Најголемите книжевни таленти во Македонија се блогери на блогерајов (не проверувај, тоа е аксиома!).
Од него ќе се изнедрат и првите новинарски пера на македонските весници.
Кој не бил блогер, нема да биде ни новинар!
За десет години Македонија ќе ја раководат бивши блогери. Сегашниве.
Овој напис го пишувам по вторпат ... при крај на написот при ставање на линк записот отиде во непознат правец ... Уф, колку се нервирав ... Еднаш пишана мисла никојпат неможеш да ја пофториш ... Но, ај од почеток во скратена верзија се разбира:
Поради зголемената конкуренција ни се случува пад на цените на интернет пристапот со едновремено зголемување на квалитетот ... барем теоретски ... Одкако МТ сфати дека до поголем број на корисници мора да дојде преку намалена цена на интернет пристапот ... има резултати на зглоемување на бројот на интернет корисниците кај самиот МТ и кај сите останати кои се во перманентна трка за што поголем колач од интернет корисници ...
МТ по повеќе од година ипол ги послуша скоро сите наши совети (од Интернет Македонија - кои беспари му ги дававме во нашите средби и написи ... Но тогаш Атила не попушти ...) МТ конечно го подигна квалитетот на интернетот во однос на брзината а ги намали и цените ... Сето тоа го пратат и кабелските провајдери кои се всушност најзаслужни за паѓање на цените и подигање на квалитетот. Третиот играч Он.Нет истотака даде сериозно подобрени понуди (останатите провајдери се изгубија во трката ... МОЛ и УНЕТ...)...
Новите корисници мора да внимаваат што подпишуваат при вклучувањето на договорите за интернет пристапот ... особено на она што пишува со мнооооогу мали букви ... На така наречената клаузула за верност ... околу две години најчесто ... на цената која најчесто неоправдано се изразува без ДДВ (што е и противзаконски ...) ... и на други ситни детали ... Договориве кои ги прават Интернет провајдерите не се во целост усогласени со Законот за електронски комуникации и со другите наши закони ... но АЕК како по обичај не реагира ...
Внимавајте што Ви се дешава по надминување на лимитот од два, четири или десет гига ... Во услови на огромна понуда на Интернет гигабајтите се трошат брзо ... а потоа цените на провајдерите се солени ... и да не се деси децата повторно да си ги тепаме како некојпат поради долгите разговори на телефон ...
Вистински интернет е само делумно неограничениот интернет (тотално неограничен е илузија ...) и се разбира бродбенд интернет ... Треба дефинитивно да се исфрли од употреба дајл-ап конекцијата ... Одамна и ВиФи конекцијата е само теорија ... не задоволува потребите де ...
Кај сите провајдери имаме нестабилна конекција ... веројатно што сите користат иста цевка за интернет ... цевката стана тесна ... особено кога некој од провајдерите ке доживува напад на ДНС серверите (а тоа често ни се случува ....)... Секако имаме и несериозно слаба техничка подршка кај сите интернт провајдери ... Државата треба да интервенира во носење на појака надворешна врска на итернет (да го изгради костурот ...)... а внатрешно да остави интернетот да го регулира пазарот ...
Од Вајмаксот не очекувам ништо ... закаснивме со стартот ... повторно благодарејки на АЕК ...
Замислите некој да го забрани трачот во МК ... Закон за забана на трач !! :) ... особено забранет во медиумите ... Така би се забранила најомилената забава на “домаќинките“ а и на “домаќините“ (мушки алапачи) де ...
Е таква забрана имено имало во Италија ... забрана за трачарење во медиумите ...
Gossip consists of casual or idle talk between friends. While ostensibly value neutral, the term often specifically refers to talk of scandal, slander, or schadenfreude relating to known associates of the participants, and discussed in an underhand or clandestine manner. Compare backbiting.
Деновиве спикерот на Парламентот има проблем да ги собере на седница пратениците кои се од внатрешноца ... Тие тивко бојкотираат бидејки не им се исплатуваат дневниците кои им следуваат по закон ...
Во време кога е од огромна важност Парламентот да работи со полна пареа ова е недозволиво ...
Најдобар моментален читач на електронски книги е десктоп копјутерот со добра резолуција на екран ... Но Има луѓе кои сакаат да читаат додека се во кревет ... онака пред спиење ... А има и такви кои сакаат да читаат електронски книги додека долго се возат во метро ... Ке се сложите дека тука дури на Лаптоп на помага ... мада по америчките филмови се повеќе гледаме девојки како пред спиење онака со крс нога седат пред лаптоп раскомотени во кревет ... и демек читаат ...
Секако најдоброто до сега за електронско читање на книги е специјален геџет за читање на книги ... кој е мал ... влегува во дименција на една книга ... Тука пак има проблеми ако има јако светло тешко се чита ... Значи книгата и весникот уште долго ке бидат во игра ...
Како и да е ке ви преставам два најпопуларни геџета за читање на електронски книги ...
На прв поглед поелегантен е Sony Reader-от ... но мана му е нема интернет конекција ... се треба да оди преку некој друг компјутер - таму да се презема книгата ... па да се пребаци на Sony Reader-от ... Не сум го имал во рака за да Ви кажам како е да се чита од Sony Reader-от.
The Sony PRS-500 Reader is an e-book reader for the U.S. market. It uses an electronic paper display developed by E Ink Corporation, that has 166 dpi resolution, four levels of grayscale, is viewable in direct sunlight, requires no power to maintain the image, and is usable in portrait or landscape orientation. Due to its lack of backlighting, it may be difficult to read in low ambient light. The reader uses an iTunes Store-like interface to purchase books from Sony's Connect eBook store. It also can display Adobe PDFs, personal documents, blogs, RSS newsfeeds, JPEGs, and Sony's proprietary BBeB ("BroadBand eBook") format.
Амазон избацува “Amazon Kindle“ со подобрување ... со можност за интернет пристап ...
The Amazon Kindle is an electronic book (e-book) service launched by Amazon.com in November 2007. It uses an electronic paper display, reads the proprietary Kindle (AZW) format, and downloads content over Amazon Whispernet, which uses the Sprint EVDO network. Whispernet is accessible through Kindle without fee.
Kindle features a 6-inch (15 cm), 4-level grayscale electrophoretic display (E Ink material) with a resolution of 600×800 pixels (167 ppi). It measures 7.5″ × 5.3″ × 0.7″ (19.1 cm × 13.5 cm × 1.8 cm) and weighs 10.3 oz (292 g). The Kindle's internal storage capacity is 256 MB, shipping with 180 MB free, though it supports expansion through SD cards. The battery lasts two days with wireless on, one week with wireless off, and charges in two hours. A computer is not required, but a USB 2.0 port (mini-B connector) is available for connecting to a computer (where it acts as a USB flash drive). The Kindle features a headphone jack and one-year warranty. The software runs on a modified version of Linux using the 2.6.10 kernel.
Како еден од постарите блогери на блог сцената во МК - свесен сум дека највеќе читатели имам од помладата популација (возраст на моите деца или помлада ...). Обично кога пишувам нешто - проблемот или нештото го гледам онака како јас го перцепирам сега, со овие години и искуство ... Свесен сум дека младите имаат подруг пристап на гледање на работите ... Младите се енергични, полни со самодоверба и брзи ... Букарски во предходниот пост ме искритикува дека сум премногу мек ...
Пробав во коментар да му пишам една кратка филозофија, на еден средновековен маж - кој некојпат беше млад ...
“ Се обидувам да бидам внимателен кои изрази употребувам ... до годините е верувај ...
Записот вечно останува на интернет ... Секој период на животот - носи свој начин на изразување ... и да сакам неможам да се сменам ... Уф, колку бев оштар (пис...) како млад ... Секако не ме познаваш од тогаш ... дури и самиот од себе се плашам сега - ако дејствувам со иста енергија, жар и средства како кога бев млад ...
Кога ке оформиш фамилија, ке дојдат деца ... имаш сосема друга одговорност ... Ок, само уметниците, па ајде и Вие писателите - останувате цело време со ист жар ... ако воопшто и го имаат (оние кои го имаат де ...)...
Добро треба да имаш и амбиција ... особено кога си млад ... Ние постарите се вадиме на стратегија и тактика ... а амбициите ни се да се протнеме што полесно ... Затоа и се вели - што ке направиш во животот го правиш до 45 години ... Натака се сменува типот на животот ... доаѓа есен и се спремаш за зима ...
Ова погоре е кратка филозофија на животот - онака како јас сум ја перцепирал, а се однсува на амбициосноста и желбата за промени ... “
Сакајки на оваа кратка филозофска расправа да и дадам акцент, решив коментарот да прерасне во пост. Па повелете со ваши гледања на темата ... се разбира оние кои ме читаат.
Поделбата на надлежности меѓу пооделните општини во Скопје и Градот Скопје катастрофално се одразува на фунционирање на природните целини во градот Скопје ... пред се на патиштата ...
Кога ке има некое интервју на некој медиум (гостува сеедно кој Градоначелник ...) се јавуваат граѓаните да прашаат за некоја незакрпена дупка или некое неосветлено коше ... или сеедно некој неодстранет шут од реновирање на некоја зграда ... Најчест одговор на било кој градоначелник е “... знаете тоа не е во наша надлежност ... Патот е на Градот ... тротоарот е на општината ... а незнам одстранувањето на шутот чиво ли е ...
Ваква рашомонијада на ненадлежности се дешава на недовршениот дел на улица Македонија оној пред Градскиот Музеј или подобро речено пред стара железничка ... на делот од патот на кој се случи атентатот на Председателот Глигоров ... Веќе подолго време тој дел е преполн со шут ... со гнасни канти за ѓубре ... со огромни дупки на патот ... И замислите за се криви “ненадлежноста“ ...
Фоткиве се правени пред едно месец дена ... но многу не е подобрена ситуацијата ...
Сите знаеме дека по патарините имаме корумпирани вработени - кои за да го добијат работното место плаќале дури и по 15.000 евра ... Парите брзо ги враќале со познатиот договор со шоферите “пола-пола“ ... пола за шоферот пола за вработениот на наплатната рампа. Дел од парите потоа оделе за шефовите кои им гледале низ прсти ... Владата во невидена акција до сега неколку месеца ги следела сите инвлвирани и од неделата навака почна да ги апси осумничените ... По некои информации инволвирани се над стотина луѓе ...
Сега е битно да се обезбедат валидни докази на суд и да се спроведе правилна судска постапка која ке заврши со соодветна пресуда ... Во спротивно ке имаме нешто што го видовме со обвинувањата за цариниците ... каде немаме судски разрешници ... и се ке се сведе на популистички потег на Владата - како што обвинува опозицијата за спектакуларните апсења пред камери ... Додуше и сега во овој случај имаме сликање ... Маскирани полицајци - како за терористички случаи ... Дали е тоа соодветно на случајов ... незнам ...
Сигурен сум дека е ова еден од советите на Маковеј ... Удирање по корумпираните вработени по патарините е прав чекор ... Некојпат беше најактуелно да работиш на бензинска пумпа (пумпаш...) а сега најдобро работно место е наплатувач на патарина ... барем беше ...