Search This Blog

Thursday, January 31, 2008

Стечајна голгота & Стечајна фарса ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/82040FD3080F9A49A8F6C748F6D09B2E.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Фотката е позајмена од Утрински ...

Македонија во транзицијата доживеа “Стечајна голгота & Стечајна фарса“ ... на улица останаа повеќе од 50.000 стечајни работници (бројката е шпекулација ... веројатно е поголема ..) ... А стечајните капацитети се предадоа во времена управа на Стечајните Управители - кои заедно со Судот и Одборот на доверители ... требаше да ги трансформираат големите загубари ... каде најчесто доминантен сопственик е државата ...

Државата донесе Закон за Стечајни Управници ... еднаш драстично го менува - во правец на скратување на предметите (но и ова не вроди со плод ...) ... Сега одлучи да се пресметува со поголемите стечајни управници ... Тамбурковски, а еве читам вчера е приведен и Зоран Стојанкиќ, поранешен заменик-министер за правда и до скоро стечаен управник на АД „Центро“ во стечај.

- Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за предизвикување штета на АД „Центро“ во висина од 33,5 милиони денари.
- Приведувањето на ексзаменикот министер е извршено поради сомневање дека Стојанкиќ, меѓу 30 октомври 2002 и 22 мај 2006 година, ја злоупотребил функцијата стечаен управник на „Центро“ и дека покрај направената штета, парите од фирмата ги подигал во готово, без притоа да ги намирува доверителите, со што долгот на „Центро“, по основа на камати. достигнал 10 милиони евра.
- ... покрај што бил стечаен управник на „Центро“, Стојанкиќ ги водел стечајните постапки и во скопска „Техника“ и во кумановските „Житомел“ и „Искра“, но дали и во овие компании се работело спротивно на прописите, допрва ќе се истражува.
- Пред истражниот судија вчера не беа спроведени и трите стечајни судијки
...

Чинам дека со Законот на стечајни управители им е даден преголем простор за можност за злоупотреба и услови за предолго завршување на случаевите кои ги водат ... премногу корумптивни афери се врзуваат за Стечајните Управители ...

Во суштина што е улогата на Стечајниот Управник ... Тој задачата ја добива од стечајниот судија - да влезе во стечајната фирма и да направи попис на активата и пасивата ... да направи јасна листа на структурата на имотот на фирмата која е во стечај и да ги дефинира големината на стечајната маса од која ке се намируваат доверителите ...

Чинам дека е преголема улогата на “Одборот на доверители“ - кои можат да не се сложат со продажбата на деловите на фирмата во стечај и така агонијата на фирмата се одолжува ... Чинам дека за новиве потези Владата примила совети од Макавеј ...

Јапонците не‘ даруваат ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4DDC57E4DC969342AC5C159D94162151.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
На 17 здравствени дома во Македонија вчера им беа доделени 19 возила за итна медицинска помош, како донација на јапонската влада за македонското здравство.
- ... донацијата е во вредност од над шест милиони долари и, покрај возила, содржи медицинска опрема, 17 рендген-апарати, ЕКГ-апарати, пет компјутерски томографи.
- Ова е седми грант едноподруго на јапонската влада наменет за македонското здравство. Вкупните инвестиции од 1995 година досега се околу 40 милиони евра.
Благодарност на јапонските граѓани - кои знаат што е најнеопходно во нашето здравство ... брза и навремена посета на тешко болните - вомисија на спасување на животи ...

Пресвета Богородица - Скопје


сл.1  Црквата   „Пресвета Богородица“  - Скопје

На 31.Јаноари 2008 свечено се освети Црковниот Храм   „Пресвета Богородица“  - Скопје. Црквата ја осветли неговото превасходство Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан - во суслужение на повече владици на МПЦ ... беше поставена и куполата и крстот ...             Повеќе ».....

Поглед кон “Шара“ од Скопје

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CA2CAE02A9DC1647847012E9221C9B56.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Фотката е позајмена од Утрински ... (фото: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ)

Во Скопје деновиве дуваше силен ветер и ја одува маглата ... се покажа Шара во вистинско светло во ова време ... Ги сакам ваквите бисти денови кога воздухот реже ... а погледот е бистар ... чиниш Шара е онде ... на дофат ...

Wednesday, January 30, 2008

Интернет пенетрација - табела 99-2007

internet penetracija 99-2007 (Large).jpg

За поголема кликни на сликата и одбери ја првата опција ...

Минатиот пат имавме слично истражување на бројките на Интернет Пенетрацијата во истите земји тогаш беше за период до 2006-та. Сега ги преземавме новите бројки од internetworldstats.com ... каде Македонија за жал е представена со бројки од 2004 година ... но за бродбенд бројката - бројката и кај Македонија е од Септември 2007 година ...

За жал Македонските институции никако да сватат дека треба да ги загрижува податокот што на така важни интернет страни се бројки од пред пет години ... имаме ли ние институции (Статистички завод и АЕК ...) кои треба да дадат податоци од сегашноста - за да инвеститорите имаат права слика кога сакаат да инвестираат во Македонија ... Сериозните инвеститори осем што бараат податоци директно од државните органи - знаат да не им веруваат и проверуваат во статистиките кои се закачени на интернет ...

Како и да е загрижувачки е дека Македонија е под два процента на бродбенд интернет корисници ... оваа бројка во иднина ке биде важна сите други бројки за интернет пенетрација ке станат небитни ...

А ние за бродбенд топрва стратегија ке готвиме и тоа во втората половина на оваа година ... уште една од непотребните купишта стратегии и хартии ...

Broadband in data communications can refer to Broadband Networks or Broadband internet and may have the same meaning as above, so that data transmission over a fiber optic cable would be referred to as broadband as compared to a telephone modem operating at 600 bits per second.

Tuesday, January 29, 2008

MRTube

JumpTV
МRT blog

Македонската радио и телевизија на својата интернет страна го рекламира новиот проект - MRTube ... значи луѓето се во тренд ... По отварањето на Блогот на МРТ ... и сериозно добриот сајт ... за што ги исфалив во мојт пост БЛОГ и САЈТ на МРТ ... сега еве ни приредиа уште еден добар проект MRTube .

Со ова луѓето во МРТ покажуваат - дека и покрај тешкотиите го разбираат новото време и потребите и предизвиците на имплементирање на трендовите на присутност на медиумите на Интернет ...

За проектот дознав преку постот на Струмјан за Најстариот Македонски блогер ... На прво гледање на прикажаните кратки видео записи - имам дојам дека политиката и политичарите се преприсутни ... особено оние од позицијата ... што е и нормално за медиум кој се финасира од буџет ...

Желба ... би сакал на ова место да видам кратки записи од богатата фоно, фото и видео библиотека на МРТ - во однос на културното наследство и историјата на Македонија ... тие се навистина бесценети ... би било добро да се двојазични на МК и на Англиски за да допринесат за сочувувањето и промовирањето на МК национален идентитет ...

Која е агендата “условите“ - за датум за преговори ...

Стап и Морков политиката на ЕУ према МК продолжува ... На последната сердба на Груевски во ЕУ му беше дадена листата на исполниви задачи - кои ако се исполнат ке се одреди датум за преговори (во четвртиот квартал од оваа година ...). Тогаш беше речено дека овие “услови“ ке се обелоденат во Март ... Но новинарите на "Гардијан" имаат свои извори ...

Македонија веќе ги доби од Брисел домашните задачи што треба да ги реши до октомври за да си ја отвори вратата за преговори за зачленување во ЕУ. Списокот ќе биде прецизиран во март, кога во Словенија ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи од ЕУ и од Балканот.

- Освен одржување стабилен политички дијалог, се бара и
- имплементација на Законот за полицијата,
- да се спроведат реформите во обвинителството и
- да се комплетира Судскиот совет,
- примена на антикорупциската легислатива,
- да се обезбеди вработување и напредување во кариерата на јавните службеници без политичко влијание,
- да се отстранат пречките за вработување млади и
- да ја подобри бизнис-климата со владеење на правото, со независни регулаторни агенции, со забрзување на судските процедури при регистрирање сопственост
.

Подземен трамвајски коридор ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/89D25B8913FA6448A71DB7C4BB9535CE.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Фотката е позајмена од Утрински ...

Проектот на Градоначалникот Трифун Костовски за Трамвај во Скопје е сериозен ... има проект кој на дел од трасата оди подземја ... и градот не дава дозвола на таа траса да се градат градби кои би го нарушиле овој проект ... единствено градбата на Тифани (познатиот спорен објект на крај на Партизанска - некако се протна ..) ...

За овој проект за Катна гаража дознав од напис на Утринаски - До шесткатницата на плоштад ќе се гради катна гаража ...

Сега како гледам низ центар има две траси на подземен трамвај - или метро ... еден кој оди близу десната страна на Вардар и еден крак кој оди низ средината на центарот ... Како гледам на таа траса Владата предлага маркичка за спорната Црква ... а градот како да се изјасни дека нема ништо против тоа да се вметне маркичката за Црквата која ја предложи Премиерот ...

Инаку во истиот коридор кој е спорен поради изградба на Катната гаража - се предвидува и изградба Градската куќа ... на местото на некогашниот Официрски ... т.е. сега актуелната Бурманли Џамија ...

ВРАБОТУВАЊЕ - Бродови, Платформи, Странски војски ... Хотелиерство ... (втор дел)

Сликата “http://www.e-work.com.mk/images/alaska%20(136)_jpg.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://www.dt.ua/img/st_img/2006/615/foto-54580-13437.jpg

Неколку пати во рок од неколку последни месеци ми се обраќаат со приватни мејлови млади македонски деца - кои молат да им дадам меил или совет како да се вработат во некој од егзотичните бродови, платформи или странски војски ...

Ова веројатно се должи на неколкуте мои написи на оваа тема и гоогле на пребарување ги исфрла високо моите постови:

- ВРАБОТУВАЊЕ - Бродови, Платформи, Странски војски ... Хотелиерство ...
- РАБОТА – Македонски синдром ...
- Вработување ...
- Работа за млади и здрави ...
- ЗА ГРСТ ДОЛАРИ ... Браун и Рут ...

Целта на моите написи за ваквите вработувбања не беше - да ги препорачам ваквите вработувања ... секој сам треба да си направи одлука за така важно прашање во животот ... Ме молат да дадам телефон до некоја од агенциите или барем меил ... Заради многуте лоши искуства со некои Агенции кои прават измами во ваквите вработувања - и да знам не би давал такви контакт информации ...

Повторно јавно ја молам Агенцијата за вработување, која ја имаме како држава - да направи оддел за вработување во страство ... да им дава совети и препораки на ваквите заинтересирани ... секако тука треба да си најдат свое место и приватните агенции за вработување ...

Интренет адреси (линкови) за МК историја ...

Овие денови добив и еден друг интересен меил од наш студент кој студира во Софија:

Zdravo Volan!Jas sum student vo Sofija!Iskreno kazano...bugarskata propaganda e golema...i ti pishuvam so edna cel:
Dali mozesh da mi kazesh nekoj sajt ili linkovi za nashi istoriski emisii po televizija ili slichno...zoshto koga i da pobaram neshto na net iskachaat milioni i toa samo bugarski koj zborat vo nivniot interes.Imam golema zelba da im pokazam na moj kolegi od fakultet!Moze i film...shto i da bilo...sekako,dokolku imash vreme i zelba :)
Fala za vremeto i pozdrav
!

Зошто баш мене одбрал да ми се обрати кога јас прво не сум историчар, а второ имам многу малку пишано за историски теми не ми е јасно ... но сепак му одговорив на почитуваниот мој читател ... и следеше веднаш мојот одговор ...

- Вака ти ја разбирам маката ... но немам време сега јас да барам наместо тебе ... Има и наши сајтови ... вистина дваесет пати помалку од бугарските ... Бидејки си во Бугарија пробај да го ограничиш пребарувањето на сајтови по теирторија ... Гоогле го дозволува тоа ... одбери само сајтови од Македонија и ке допреш до нашите сајтови ...
- Македонска википедија ти е втор извор ... на повеќето од блоговите од МК - кои се бават со историски теми - имаш линкови ...
- Понатака пробај да пребаруваш со Најди - кој е пребарувач на МК содржини ... и Погодок е сличен пребарувач
...

Ми се виде темава интересна за пост и велам ај со помош на другите блогери да пронајдеме интернет адреси - линкови на релевантни луѓе и институции кои пиштуваат или треба да ја пишуваат нашата историја ...

Велам ај ке одам да истражувам по начинот како му предложив на почитуваниот студент ... Отворив Гоогле и стиснав Advanced Search ... понатака ја ограничив локацијата да пребарува само во Македонија ... пишав Историја Македонија - и еве што излезе ... а еве што излегува ако не ограничиш линкови ...

- Историја на Република Македонија - Википедија ... а внатре дојдов до линкот
- Историја на македонскиот народ ... понатака ако ги следиш линковите ке најдеш море линкови ... зачудува што многу малку има прилог на други линкови на темата ...

- Istorija na Makedonskata Pravoslavna Crkva

Се разочарав и јас како студентот од Бугарија - не налетав на ниеден посериозен сајт за историја пишан од МК автор ... Пробав и со Најди и со Погодок и повторно ништо значајно не се промени ... Значи на нашиот студент и не сум му помогнал многу ... Некако најдебел со стати од историски теми е блогот Македонска Историја ... а има и неколку други Блогови со тематика Историја ...

Можам само да жалам што Македонските институции кои се бават со научно истражување на нашата историја живеат без интернет ... имено никаде нема нивни сајтови за она за што примаат пари ... Да ги набројувам ли ... МК Академија, Факултетите за историја ... Институтот за Национална историја ... срамота и беда ...

Би сакал да не сум во праово и да ме демантирате ... во коментарите да ми пратите линкови со добри сајтови и интернет адреси - каде Македонец пишува за Македонска историја ... Па после велиме Бугарите ни биле криви што ни наметнуваат наша историја со нивно тумачење за “еден народ и две држави“ ... ај тука да престанам бидејки се изнервисав ...

Благодарение на Pεrsεy кој се јави во првиот коментар еве ги едитирам линковите кој тој ги посочи ...

Адреса: www.macedonium.org

  • Macedonian History Portals:
Macedonia History Archive.JPG

Macedonia.jpg

mk wikipedia.PNG

Other macedonian history blogs and portals:

Rosetta Stone language
Македонска Историја
Археолошки Блог
Аминта
Македониум
Macedonia

Кибицерм, мојот драг пријател кибицер во коментар поради недостаток на домашни предложи неколку странски страниски:
1. Центарот за дигитализација на националното наследство(македонски и англиски)
2. Македоника (македонски и англиски)
3. статии за македонска историја

Lavot го додаде - Македонска Историја ...
А anaveno nelo… го препорача Македонска Цивилизација ...

Monday, January 28, 2008

Тепање на сопственик на медиум ... што е на ред ??

Во Штип на прагот на родната куќа е истепан сопственик на медиум (канал 77)... брутално со метални шипки дваица “храбри“ мажи - маскирани ... пред очите на фамилијата ...

Не е првпат да се тепа сопственик на медиум ... Колку се сеќавам истепан беше и Младенов - истоката сопственик на МК медиум ... Шекеринска добива смртни закани ... што е на ред ?? На времето имаше шпекулации дека и Премиерот примал закани ... Имам информации дека и некои блогери добивале слични закани како и Шекеринска ...

Каде води покажувањето на мускули на некои моќници - сеедно дали се по потекло од подземјето, Мафијата, Политиката или Олигархијата ... молчи или ке бидеш тепан, убиен, запален ... коклку само фрлање на бомби по дворови имаше ... Каква е успешноста на откривање на ваков вид на криминал ... знае некој ... можеби Најчевска заради природата на својата работа има сознанија за темава ... кој се‘ е заплашуван, напаѓан и какви се резултатите на полциските истраги ... Ја молам Најчевска ако има сознанија за темава да ги отвори на својот блог или во коментар тука ...

Ване Шиндовски ... колекционер на старини ... приватен музеј

Сликата “http://www.spic.com.mk/images/Editions/491%2032/reportaza.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Пред десетина годни случајно се запознав со Ване Шиндовски, кој во Сопиште покрај патот има направено со свои средства вистински мал музеј ... Имав и порано запознаено луѓе кои собираат старини - но волку голем колекционер и вљубеник во сето та не бев сретнал до тогаш ... Веќе неколку години се спремам да појдам со фото апаратот и микрофонот да направам фото сторија за него ... Пролетва т.е. летово најверојатно тоа и ке го остварам. Тогаш во неговата колекција на книги ми западна едан книга со наслов “За Македонија и Македонците“ ... така некако, навистина стара книга и ретка ... која ми ја даде и ја фотокопирав ... Ване таа книга ја пронашол во купот на книги кои Владата на РМ се спремала да ги фрли како непотребни ... Пред некој месец истата книга ја дадов да ја фотокопира еден Магистрант по историски науки, кој никако неможел да ја најде за да ја користи како извор за својот докторат ... почитуваниот пријател е асистент на една од катедрите за историските науки на Факултетот за Историја при Филозофскиот факултет Скопје ...

На Ване Шиндовски ме подсети написот на Шпиц - Индијана Џонс од Сопиште ...

Песок од Сахара, француски коњак од времето на Балканските војни, каубојски револвер, џебен часовник што го носел непознат комита, борбен авион и глинени и бронзени садови се само дел од бројните сувенири и археолошки пронајдоци, кои може да се најдат во дворот и во приватниот музеј на колекционерот Ване Шиндовски од скопската населбата Сопиште.

Значи ветувам дека ке следи фото сторија за Ване Шиндовски а ова тука е само подсетување за моето ветување кое си го дадов самиот на себе ... Изразувам благодарност на новинарот на Шпиц Дејан РИСТОВСКИ кој ме подсети на Ване ... Ване инаку со еден од своите мотори стално учествува на изложбите на одтајмери кои се организираат еднаш годишно на скопскиот плоштад ...

Во овој правец имам уште неколку фото стории во најава ... за еден од најголемите колекционери во Македонија за стари автомобили Проф. д-р. Пижевски Стојко ... истотака мој пријател и професор од Економскиот Факултет ... За истотака еден друг колекционер и реставратор на една специфична марка на стар италијански автомобил ... Сликите се тука но записот ми исчезна ... Уф што убави две стории ... и за еден колекционер на Окарини - кој сега е реставратор ... а да, и за најмалиот приватен музеј во Македонија (Тетовско ...)...

Навистина ке бидат одлични стории ... но за такви добри стории треба многу работа и ке почекаме на нив ...

Космофон ја доби трката за “3Г“ ... нов монопол ... од умот си патиме ...

http://www.fujitsu.com/img/TELCOM/archive/cdmamsc/cp10_01.gif

И Македонија ке добие конечно можност да корити таканаречена “3Г“ технологија ... Што е тоа на нас обичните смртници не ни е баш најасно ... Касни ли МК со оваа технологија (како впрочем и со повеќето технологии ... како е во комшиските земји ...

Ај да пробам истражувајки на интернет за што се работи да си јазјаснам себеси а бидејки ке го пишам ова на блог - можеби ке му разнаснам и на некој друг ...

“3Г“ - е израз кој се употребува за таканаречени трета генерација на мобилни телефони ...

3G is the generation of mobile phone standards and technology, after 2G. It is based on the International Telecommunication Union (ITU) family of standards under the International Mobile Telecommunications programme, "IMT-2000". 3G technologies enable network operators to offer users a wider range of more advanced services while achieving greater network capacity through improved spectral efficiency. Services include wide-area wireless voice telephony and broadband wireless data, all in a mobile environment. Typically, they provide service at 5-10 Mb per second.

Значи да упростиме за на сите да им е јасно се работи за безжичен брз (бродбенд ... ) пренос на:
- глас (телефон со одличен квалитет ..)
- видео (телевизија со исто одличен квалитет - значи и телефон со пренос на глас и видео со одличен квалитет ...) и
- дата податоци со пренос на големи брзини ...
и тоа сето со одлична брзина и квалитет ...

Во Европа “3Г“ се развива од Март 2003 година во Англија и Италија ... а другите земи во истата 2005 година имаа покриеност од 80 % со “3Г“ . Во јуни 2007 година има 200 милиони “3Г“ корисници.

Државата од оваа лиценца ке ќари 10 милиона евра за концесија ... но повторно создава монопол - правото го дава само на еден корисник. Видовме што добивме со продажбата на телекомот (МТ...) да пари ама и монопол во наредните 20 години икој крваво го плаќаме и не кочи во економските процеси ...

Испаѓа дека требаше да се доделат минимум три концесии за да има конкуренција т.е. колку мобилни оператори толку “3Г“ провајдери ... Зошто се одлучи државата за само еден концесионер кој сега е претворен во монопол ... аманте од тоа монополите ... не ни доаѓа памет ... од умот си патиме ...

Беше ова уште една можност да се намали монополот на МТ - но наместо тоа добиваме уште еден монопол ... што ке добие МК со овие десет милиони евра концесија ... изградба на уште две цркви ?? ... Кој ме познава, знае дека сум длабок почитувач на традицијата и религијата ... но страшен противник на монополи ...

Blog Archive

Site Meter