Search This Blog

Sunday, July 05, 2009

Стара скопска чаршија ... Old Bazaar/Carsija - Skopje ... фото сторија - втор дел

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/7-4Small.jpg?t=1246783237
Повеќе »
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/7-5Small.jpg?t=1246783459

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/7-6Small.jpg?t=1246783482

Friday, July 03, 2009

На гладната МК кокошка Грција и фрла просо ...

Се погласни се шпекулациите дека Грција повторно фрла со просо - кон гладната МК кокошка:

Повеќе »

  • Далеку на почетокот на спорот преку еден австријски државник на МК и беше понудено неколку стотици мииони долори економска помош - за да попуштиме во спорот со името ...
  • На времето преку посредници на Претседателот Глигоров Грција му нудеше милион долари (шпекулирам) - тогаш извесни луѓе околу Глигоров се офајдија со скапи часовници ...
  • Пред година две, се шпекулираше за истите стотини милиони евра помош во изградба на дел од патна ифраструктура ...
  • Најновиот предлог од Грција се 500 милиони евра во преработки од нафта за да попуштиме во спорот со името и го прифатиме грчкиот ергаомнес предлог „Република Северна Македонија“ ...
Со последниот срамен предлог кој Грција се поготвува да го фрли на гладната МК кокошка која сонува просо - Македонија и Македонецот се понижени и навредени ... Како беше онаа песната “... името со пари не се купува ...“...

Хрватско сценарио и во Македонија ...Влада на Национално единство (Т.Петковски) ... МК брод плови по немирни води ...

Ни се насмевнува ли и на нас хрватското сценарио за реазрешавање на галопирачката економска криза и скоро празниот буџет на хрватската држава ... Санадер поднесе оставка на премиерската и лидерската партијска функција - со што реши да биде обичен човек кој ке се занимава со секојдневниот живот за него и неговата фамилија. Веќе испливуваат вестите/сознанијата дека во Хрватска достасуваат 11 милијарди долари за плаќање - пари кои не може да ги створи хрватската држава/економија ... има повици да му се одземе пасошот на Санадер ... се погласно се слуша дека ке има огромен аранжман со ММФ за спас на хрватската економија и држава ...
Повеќе »
Познато е дека ВмроДпмне од секојпат ги копирала потезите на хрватските власти и владеачката ХДЗ. Од оноа што го гледаме во нашата економија, каде месечно се зголемува трговскиот дефицит, се зголемува невработеноста, паѓаат платите, опаѓа индустриското производство - има голема веројатнотност за шест месеци, до година дена да не задеси хрватското сценарио и кај нас ... Околу можни вакви сценарија има шпекулации веќе година дена ... најнов е официјалниот предлог на Тито Петковски - за избор на Влада на Национално единство (предлогот е отфрлен и од власта и од опозицијата ...

МК брод плови по немирни води, бури има на сите страни ... чамецот со кој пловиме ни е многу мал и несигурен ...

Ноќ над Ново Лисиче - Скопје

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/52Large-3.jpg?t=1246627324
Клик на сликата за поголема

Thursday, July 02, 2009

Стара скопска чаршија ... Old Bazaar/Carsija - Skopje ... фото сторија

Скопје - градски трговски центар ГТЦ ... Skopje - gradski trgovski centar GTC

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/7-1copyLarge.jpg?t=1246543516
Клик на сликата за поголема

Скопје - панорама према Скопска Црна Гора ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/94Large-3.jpg?t=1246523954
Клик на сликите за поголеми ...
Повеќе »
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/95Large-3.jpg?t=1246524155

Wednesday, July 01, 2009

Скопје - панораи према Аеродром и Кисела вода ... SKOPJE - panorami prema Aerodrom i Kisela Voda

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/93Large-3.jpg?t=1246456523
Kлик на сликите за поголеми ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/92Large-3.jpg?t=1246456638

Македонија е преплавена со бизнис осека и плима на подржавување на бизнисите ...

Во неколку последни текста поврзани со економската ситуација во Македонија иронично напишав дека сме во период на товарење на своето магаре за сметка на туѓото/народното ... дека имаме период кога десничарска влада применува мерки на левата идеологија во процес на енормно зголемување на буџет, каде одумира приватниот сектор, претприемништвото и бизнисот.
Повеќе »
На иста релација е и денешниот напис на Ден Дончев во Утрински „ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ“ ... каде и Ден Дончев констатира неколку факти:
  • денеска сите плаќаме повеќе данок за цели 40 проценти во однос пред три години ...
  • буџетот енормно се зголемува
  • се влошува бизнис климата - сите сакаат да бидат политичари наместо предприемачи
  • се уништуваат туѓи бизниси - за да се доделат истите бизниси на блиските луѓе од владеачката гарнитура ...
  • се распаѓаат малите бизниси - блокирани се скоро 40.000 мали фирми, кои се пред ликвидација ...
Толку од правењето а поволна бизнис клима во Македонија, толку од огромните ветени странски инвестиции кои се ближат кон нулата, толку од либералната економија на десничарските партии и божемските ниски даноци (најниски во Европа). Да живее левата идеологија на десничарската ВмроДпмне. Во период сме кога Македонија е преплавена со бизнис осека и плима на подржавување на бизнисите, придружен со процес на товарење на своето магаре ...

Blog Archive

Site Meter