Search This Blog

Monday, March 02, 2015

Капацит на режисери, сценаристи и аудио миксеристи во редовите на СДСМ ... Холивуд ...

#‎бомба6‬

После секоја петерда, бомба или што ли е - позицијата излегува со образложение дека нема да ги коментира бомбите, дека тоа ке биде разрешено во судската процедура која ја најави Премиерот со пресот каде го обзнани актуелниот Пуч, каде војската е во касарните а имаме само троица притворени и еден осуден и тоа со казна како да ограбил бакалница.

Позиционите мегафони на почетокот објавија дека правење на миксиран разговор е да простите на изрозот пичкин дим - дека доколку некој долго време е следен/прислушуван (има доволно голема аудио база) може да му се конструира било која реченица т.е. текст по сценарија и режија на некој нарачател. Латас на почетокот (пред дваесетина дена) рече еве јас вечер ке седнам позади миксета и ке продуцирам разговор на дваица од опозицијата - каков што сакам. Но до денеска не слушнавме таков миксиран разговор.

Од она што до сега ни беше презентирано на сите ни се соопшти дека во државата немаме мериторна институција која ке потврди дали некоја аудио снемка на разговор е веродостојна или не е. Добро опозицијата измонтира неколку шаливи видеа со актуелните ликови од разговорите кои до сега беа објавени, но никаде не се користеше оригинален глас на “глумците“ ...

За обичен воаер/и какви што сите сме направени овие дваесетина дена досега, објавените 50-сетина телефонски разговори (а се оперира дека такви разговори се со бројка изразена во неколку иљади) беа реални и во одреден контекст искажани - така да ако ова се режирани, исценирани и измиксани разговори морам да кажам дека Холивуд ке им позавиди на режисерите, сценаристите и аудио миксеристите во редовите на СДСМ. Или пак Холивуд се пресели кај нас.

Убиј го гласникот што носи лоши вести ...

#бомба6

Паститор на власт се одржувваше главно со узурпирана медиумска подршка ... од власт ке падне повторно заради медиумската вистина која сега бруи во нашите уши ... Убиј го гласникот што носи лоши вести - не е за џабе аксиома ...

Ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб ...

Sunday, March 01, 2015

Романтичарска идеја за промена на политичкиот систем во РМ ...

Девета година имаме стабилна влада/владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Владеачката партија направи систем каде не се гледа разлика меѓу државата и партијата на власт. Го запоседна и судството, барем врвовите на судството. Го освои и медиумскиот простор. Позната е премисата дека апсолутна власт апсолутно корумпира т.е. ја расипува власта во разни правци. Опозицијата како коректив на власта со секој нареден избор во овие девет години е се` послаба.

Ако се сложиме дека за да имаме добар политички систем потреба ни е стабилна влада - но и стабилна опозиција. Како тоа да се постигне?

Партиите ни се неопходност во алката на политичкиот систем, особено тоа важи за големите партии. Вообичаено е во секоја држава да има две или три поголеми политики партии кои се менуваат на власт во зависност од изборната воља на граѓанинот.

За да опстане некоја политичка партија треба да има стабилно финансирање на партијата кое мора да биде јавно и транспарентно - дозволено со закон. Во тој правец државата веќе издвојува значајни суми на политичките партии по одреден клуч во зависност од резултатите на изборите.

За да се зацврсти овој модел мојата романтичарска идеја е следната. Оној кој е во парламентарното мнозинство на централната власт, да неможе да биде мнозинство во локлната власт. Имено на сите ни е јасно дека партиите се финасираат и од локалните самоуправи. Така едните со другите взаемно ке се контролираат од позиции на власт, едните во централната власт а другите во локалната самоуправа - партиите би имале стабилно финасирање.

За судството мора да се најде модел преку независно финасирање тие самите самостално да функционираат во духот на својата професија. Академија на влијателни и познати судии по узор на академија на науките е неккво можно решение ... На Академија на влијателни и познати судии би можело да се најде влијателно место како карика за избор на врвовите на судскиот систем ... Лекарска комора е веќе нешто што е познато во професијата на лекарите.

Како да се финасираат медиумите а тоа да не биде вака како до сега - централната власт да ја има доминацијата на сите мејстрим медиуми, затоа што всушност е главен финсиер на медиумот. Ова е многу незгодно за дефинирање бидејки медиумите се профитабилни организации по дефиниција. Можеби би можло да се дефинираат само јавните медиуми. Власта и опозицијата да имаат удел во некакви проценти (во програмската шема) на медиумите кои имаат лиценца да емитираат во целата држава. Можеби и тука би можело да се оснива некаква академија на влијтелни и познати новинари, на која би и се дало удел во бирањето на воствата на јавните медиуми. Секако мора да се одстранат пипците на државата да со пари од буџетот финасира медиуми и така ја има доминацијата во некој медиум.

Пипците на државата мора да се сведат на минимум на интернет просторот и таканареченото граѓанско новинарство.

Тоне ли бродот на водството на ВМРО-ДПМНЕ ... Глувците на ВМРО-ДПМНЕ

Позната е премисата дека кога тоне бродот први бродот го напуштаат глувците. Не ги знам повеќето од фигуративните глувци на водството на ВМРО-ДПМНЕ, но од искажаните ставови во последно време тоа се секако Миленко Неделковски и Тони Михајлоски. Имено тие овие денови објавија дека некој им ги хакирал профилите на фејзбук, каде искажуваа свои ставови.

Се сомневам дека некој баш сега и на дваицата им го хакирал профилот, поверојатно ми е дека сами си го згаснале профилот од само на себе познати причини. Можеби се плашат дека некој во новото време ке ги тужи за некои ставови таму искажани. Вакви тужби имавме во нашата правосудна практика.

Има една работа која сите мора да ја знаеме. Еднаш што е нешто запишано на интернет никојпат неможе да исчезне. Имено по закон имателот на датотоеките мора да ги чува сите записи во одреден перод на време. Од тие записи овластени представници на државните институции секојпат можат да побараат извод.

Saturday, February 28, 2015

Аболиција во РМ ... кадар три ...

‪#‎НоваДебата‬


Постои ли веројатност во нашата понова историја да ни се случи по третпат аболиција на висок представник од политиката во РМ и тоа по вторпат за исто кривично дело прислушкување.

Аболицијата е правно регулирана со ЗАКОН ЗА ПОМИЛУВАЊЕ донесен во март 1993 година, а дополнет во јануари 2009 година со ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ. Главна разлика меѓу основниот закон и дополнувањето цо 2009-та дека Претседателот на државата неможе сам да донесе аболиција, туку предлог за аболиција дава Министерот за правда.

Терминот аболиција доаѓа од латинскиот збор abolere – уништува, и претставува ослободување од кривично гонење на лица за кои постои основано сомневање дека се сторители на кривични дела. Лицето кое е опфатено со аболирање нема да се гони, дури и доколку постои основано сомневање. Овој институт не е само наша „посебност“, туку се користи и во светски рамки. Еден од најпознатите примери на аболиција е со американскиот претседател Ричард Никсон, кој на 9 август 1974 година поднесе оставка поради мегааферата „Вотергејт“. Неговиот наследник Џералд Форд, по доаѓањето во Белата куќа, потпиша указ со кој го аболира Никсон за евентуални кривични дела направени во текот на афера.

Прв што ја употреби аболицијата како правен инструмент беше претседателот Борис Трајковски во случајот „Прислушување“. Непосредно по комплетирањето на обвинителниот предлог против поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, како и против началникот на Петтата управа на МВР, Александар Цветков, Трајковски во почетокот на април 2003 година реши да го спречи доаѓањето на овој случај во судска постапка. Предметот беше ставен ад акта во моментот кога кривичниот судија го проучуваше предметот и чекаше да дојде датумот за првото судско рочиште. Димовска и Цветков беа главните осомничени за мегааферата од јануари 2001 година, наречена „Големо уво“.

Во август 2008 година, истото го стори и тогашниот шеф на државата и поранешен лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, кој го стави својот параф под одлуката за аболиција на струмичкиот градоначалник и сегашен актуелен опозициски лидер на СДСМ, Зоран Заев. Аболицијата е искористена уште во текот на истражната постапка, додека струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петмина негови соработници се' уште се наоѓаа во притвор поради инволвираноста во изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Со тоа е ставен крај и на овој случај без да се дознае дали ќе финишира со обвинение и евентуален судски процес. И во двата случаја, стануваше збор за високи партиски функционери, а мотивите беа политички. Во аргументацијата и на Трајковски и на Црвенковски беше споменато дека станува збор за монтирани судски процеси и изразија сомневање во капацитетите на судскиот систем.

Што ми е муабетот пренесен на сегашниот актуелен миг во РМ. Оној момент кога ке се исцрпат сите можности на сегашнаста власт во сегашната мегафера со прислушкувањето и власта (читај Груевски) ке биде/ат дотеран/и до тараби/плот/зид (дотерати цара до дувара) веројатноста дека ке се случи третото аболирање во РМ и тоа уште во предистражна постапка е голема и веројатна. Така ке се добие можност за свеж старт (нови избори) на МК демократија. Тука за ВМРО/ДПМНЕ има голем проблем во тоа што во Министерството за правда Министер е кадар на ДУИ Аднан Јашари имено Министерот за правда предлага аболиција до Претседателот на РМ. Да го реконструира Министерот за правда со свој човек ВМРО/ДПМНЕ неможе лесно да го стори бидејки сам нема 61 пратеник. Останува ова на маса да го договорат власта и опозицијата притиснати со надворешниот фктор. Сега на сите ни е јасно зошто моментално имаме Претседател на РМ каков што имаме - има слика нема тон и која е неговата главна задача ,,.

За кадрите на ВМРО/ДПМНЕ има и друг голем проблем, никој незнае во колку мегаафери поврзани со финасиски криминал ке настрадаат вториот и третиот ешалон на ВМРО/ДПМНЕ. Тука веројатно ке настрадат и братучедите и многу од сегашните министри, осем ако на зелената маса не се договорат и за ова.

Не верувам дека Заев по се` на што се излага сега ке прифати да братучедите и могуте министри не го осетат мирисот на Шутка како што тој веќе го осети.

Граѓанско новинарство ... Заев интернет интервју на НОВА

‪#‎НоваДебата‬

Уште од времето кога бев многу активен блогер - еден од повеќе читаните, бев пресреќен дека преку блогот и блогирањето развиваме еден вид на граѓанско новинарство. Така по мое тогашно сознание (Април 2007) во МК блогосфера беа вклучени на Блогерај (кој сега не постои) 14026 блогери. На Блогер МК беа вклучени 780 блогери а на  Blogspot ... Blogger ... имаше по моја тогашна проценка 2000 блогери.  Блогерај и Блогер МК гледам дека веќе не се активни но останаа блогерите на  Blogspot ... Blogger ... и на другите светски блог платформи. Повеќето од блог заедницата премина на www.facebook.com и на twitter.com/twitter. Двете интернет платформи кои станаа многу популарни ги собраа скоро сите интернет корисници кај себе и во еден дел од нивната активност се створи огромна сила на граѓанско новинарство.

Да се вратам на денешната тема Граѓанско новинарство ... Заев интервју на НОВА ... Вистинска револуција на граѓанско новинарство направи СДСМ кога преку страниците на www.youtube.com  овозможи live stream и ги вклучи сите оние кои имаат добра конекција на интернет да се вклучат директно во живо на пресовите на СДСМ каде тие говорат за Вистината за Македонија. Интернет порталот НОВА ТВ - со вчерашната НОВА Дебата со социјалните мрежи: Зоран Заев во живо, направи чекор од седум миљи во развојот на граѓанско новинарство во Македонија. Сите кои го гледале овој live stream ке потврдт каква револуција во граѓанско новинарство донесе овој настан. Беа поставени и одговориени стотина прашања од различна групција на граѓани, од кои многу незгодни за одговарање и Заев беше на вистинска мака веднаш да одговори на поствените прашања од квалететен новинар и евентуални подпрашања (инаку Билјана Секуловска не ми е омилена новинарка но секако е квалитетен новинар - таа и во ова интервју постави многу незгодни прашања на Заев). Верувам дека оваа интернет дебата ке се настави, имено беше прекината на средина затоа што “снемало струја“ во седиштето на НОВА.

Monday, February 23, 2015

Прочистување ... чист понеделник ...

Кога по дома ке приметиме дека има насобрано големо ѓубре и труе наоколу, домаќинот се фаќа за метлата и ја прочистува/проветрува куќата. Никој не може да живее долго во неисчистено и засмрдено.

Кога во државата нешто многу е запрљано и труе од нечистотијата, редно е како домаќинот во својот дом граѓанинот да ја фати политичката метла и да зачисти од усмрдените политичари и мафијашките структури кои во содејство со власта направиле злосторничко здружување и ја затруле нашата животна средина во заедничката ни држава во сите правци. Така да за се` се покриени со закон, демек се е легално и легитимно ...

Прашањето е: кај кого ке биде метлата а кој ке биде исчистен. По дефниција во демократските опшетества метлата е кај граѓанинот но само кога се избори. Во периодот меѓу изборите имаме нели делегатски систем. Граѓанинот делегира пратеници во Парламентот а Парламентот бира извршни институции кои се задолжени да метат додека не дојдат следни избори. Судската власт е демек независна трета власт. А пак медиумите (четвртата власт во демократските општества) се тие кои не информираат како оди со чистењето/метењето.

Арно ама нели уште од турско (пусто турско) кадијате те тужи - кадија те суди, не успеавме да најдеме друга вистинска мерка за тоа кој ке мете во државата ни - па сега јавно ни се презентираат докази (кои нели се сумњиви бидејки се нелегално стекнати) како/кој суди кадијата или валијата.

Редовните избори се далеку за да граѓанинот измете, но бидејки во државата ужасно смрди тие веројатно бргу (релативно) ке се случат. Прашањето е кој ке ги организира изборите и кој ке ги брои гласовите ... тоа е главното прашање. Вистински Пуч со некои пуковници нема да се случи, немаме таков менталитет. Од најодговорно место ни беше соопштено дека војската си е во касарните.

Едните викаат ние имаме избрни легално и легитимно институции и на нив ке им ја препуштиме постапката и демек ке чекаме пресуда. Другите со своите докази/бомби не уверуваат кој е кадија а кој е валија во институциите и како тоа демек функционира кај нас во нашиот двор.

Се заговараат преодни решенија, технички или експертски влади, со специјални судови само за овој случај. Можно, имало во други држави а имаше во една прилика по 2001-ва и кај нас. Но сега ситуацијата кај главните политички играчи е толку изоштрена и дојдена до коска што во ова сценарио не верувам.

Заблуда е дека некој друг ке дојде да ни смете по нашиот дом. Во засмрден дом никој не влегува додека не се прочисти и проветрее... Не, тоа ние граѓаните самите мораме да го сториме.

Загрижен сум од можните сценарија за дестабилизација. Етничкото сценарио го видовме во 2001-авта но сега некако поверојатно ми мириса на Украинското сценарио на Мајдан ... Не се исклучува дури ни Румунското сценарио ... На оние кои ги прават ваквите сценариа (надворешните сценаристи - ние сме секако само статисти) битни им се две цели, едната е да дојде до промени а не им е важно колкав ке биде бројот на колатералните жртви. За нив одавна сме само мала територија (која секако ја посакуваат) а како луѓе воопшто не се заинтересирани за нас, најсреќни би биле кога што повеќе од нас би нестанале ... Ни еден изгубен живот на нашите граѓани не е вреден да се потроши на оваа наша банана држава. Тоа го видеа/го гледаат сите оние кои егзистенцијата си ја бараат некаде надвор. Свесни се дека и таму ке бидат експлоатирани но барем за платата која ке ја добиваат ке можат да преживеат. Тука со нашите плати/просечни примања сите сме само робови на банките, олигарсите (сеедно дали се домашни или странски) и технократите кои собираат трошки по метењето ...

Како ке биде кај нас, иако не сум баш вистински верник ке кажам само еден Господ знае.

Некако случајно се случува за прочистувањето да зборувам/пишувам на чист понеделник ...

Saturday, February 21, 2015

Како Заев би станал вистински херој ? ... или пак ке биде - Мурто кој го соборил Курто ...

Ако по сите бомби кои Заев сега ги пука би успеал да ја сруши власта, притоа да нема ни еден мртов Македонец - си даде оставка од партијските функции и изјави дека нема да се кандидира за ниедна државна функција заедно со старата своја булумента околу себе ... и тогаш да предложи некој друг/нов (досега неискварен) кој би требало да ја поведе Македонија во правец на демократизација ...

Само таков Заев - ке успе да бидее херој запамтен во историјата на РМ. Во спротивно ке биде само Мурто кој го соборил Курто ...

Monday, February 09, 2015

Време за нови партии, луѓе и идеи ... Привршува ли Султанократијата во РМ ...


Во Европа а и во опкружуванјето во изминатите неколку години се случуваа нови партии и нови идеи да влезат на голема врата во политичкиот живот. Се случи голема промена на распоредот на политичките сили низ цела Европа (Европски Парламент). Се случи нешто што никој не го очекуваше. Левицата стана екстреман левица а десицата екстерна десница. Клатното на политичките идеи и понуди се заоштри во нивниот изворен облик. Навистина во Советот на Европа сепак со релативно мало мнозинство победија досегашните главни десни и леви партии но во Советот на Европа влегоа и екстремната левица и екстремната десница.

Вистински политички земјотрес предизвика победата на екстремно левата партија на Сириза во соседната Грција. Таа во сојуз со екстремно десна политичка партија на Грција Независни Грци формира нова владеачка коалиција со микс на програмите на екстремната левица и десница во Грција. Вакви слични процеси се навестуваат и во могу други ЕУ држави, особено во оние кои се со слични кризни ситуации.

Во Македонија во досегашното практикување на политичката демократија имавме менување на Владини коалиции предводени од СДСМ, демек лева идеја и ВМРО-ДПМНЕ демек десна идеја. Но во суштина во нивното вистинско остварување имаме мешање на идеите. СДСМ всушност спроведуваше десни идеии а ВМРО-ДПМНЕ лев идеи. Најголемиот наш проблем е всушност што ние немаме поделеност на левица, десница и центар во политичките партии ... кај нас партиите се сеуште поделени по етничко/национален принцип ... определбата на леви и десни е само формална - за да им биде прифатена програмата од судовите ... Имаме партии кои се декларираат за десница (ВмроДпмне ...) но спроведуваат стратегии и програма на класична левица ... а СДСМ како декларирана левица владеше со остварување на програми и идеи на класична десница ...

Во последните девет години во Македонија доминира ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски. Тој паметно советуван од своите советници го усоврши владеењето во РМ наследено од начините на владеење на Црвековски. Ја смени и ја освои целата власт сосе судската и стана апсолутен владетел. Сето ова доведе до познатата изрека дека кога некој владее апсолутно всушност во државата апсолутно царува корупцијата и криминалот се до ситуација да криминалците/мафијата си имаат своја држава полиција и судство.

СДСМ не доживеа реална реорганизација со нови сили, бидејки не се придржуваше на главното правило оној кој губи на политичките избори дека мора да си оди од власта во матичната партија, Напротив го менувше статутот во правец на зацврстување на власта на лидерот (Султанот во својата партија).

Султан партиите всушност владеат султански во Македонија. Груевски султанократски владееше во сите мандати во последните девет години потпомогнат од Султан Ахмети, кој секојпат порачува вие колете се бесете се но една третина сега засега е негова. За повеќе ке чека кога по десетина години ке се смени политичката слика во Македонија, кога во РМ ке има повеќе гласачи Албанци од Македнонци.
Нови политички снаги кои ке донесат нови идеи и нова надеж се неопходни за да се пробуди заспаното неутрално гласачко тело во Македонија. На последниот конглес на ЛДП всушност тоа и се случи на чело на ЛДП дојде потполно нов човек Горан Милевски. Здраво е за политичкат демократија во МК вакви промени да се случат и кај главните политички ривали во МК. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ во периодот кој следи ако не се реформираат со нови снаги/луѓе и нови идеји ке ја доживеат истата судбина на главните политички партиии во Грција ПАСОК и Нова Демократија. ПАСОК веќе го нема ни во грчкиот парламент а Нова Демократија е во опозиција со релативно мал број на пратеници. На некои следни избори и таа може да нестане од политичката сцена.

Досега во Македонија имаше неколку обиди да се створи партија на екстремна десница но не успеја ни еден обид. Слично како што не успеа ни екстремно лева партија да изникне на политичкта сцена. Не дека нема идеии особно во екстремната левица која има сериозен настап во здружението ЛЕНКА и Солидарност. Дека има нови идеи и нови луѓе на политичкат сцена се уверивме во одлично организираниот отпор на Студентскиот пленум каде се појавија неколку нови лица кои уште утре можат да бидат лидери на некоја нова партија. Тие млади луѓе течно зборуваат без да читаат ...

Ке им дојде ли крај на Курто и Мурто?



Thursday, January 08, 2015

60-есет

60-есет е округла цифра. 60-есет години живот.

Да бев сега во оној лошиот социјализам од денеска ке бев во заслужена пензија. Ке ми дадеа четири плати отпремнина, за да ми се најдат во првите денови на “мировината“ како тогаш се нарекуваше. Ке ми приредеа проштална забава, ке добиев златен часовник од фирмата со гравурена посвета. Дома ке ми нагрнеа повеќето роднини и пријатели за да ме гушнат и честитаат. Семејството ке се собереше да ја прослави округлата бројка.

На времето кога бев млад и ке слушнев дека некој има 60-есет ке речев еве го и овој е готов, мириса на земја.

Но како ми е мене лично? Искрајно годините ги осеќам само како физички терет. Потешко се движам поспоро стигнувам, но духот ми е сеуште млад. Сеуште замислувам дека можам се` што ке намислам. Да стигнам секаде, да направам што сум замислил.

Blog Archive

Site Meter