Search This Blog

Tuesday, January 12, 2010

Рејтинг битка - секој му верува само на своето огледало

Битката за рејтингување се разгорува како да сме во предизборно време. Блискиот до СДСМ Институт Прогрес за кратко време објави теренски анкети дека паѓа рејтингот на ВмроДпмне а расте рејтингот на СДСМ. Односот е отприлика 2:1 ВмроДпмне/СДСМ, со тенденција на пад кај ВмроДпмне и раст на СДСМ. Власта и Груевски одговорија дека не коментираат рејтинзи кои ги прават партијски институти по нарачка на опозицијата - иако нивниот Павел Шатев не издржа и објави (еден ден по првата анкета на Прогрес) теренска анкета каде односот беше 3:1 во корист на ВмроДпмне. Институтот павел Шатев е основан од ВмроДпмне.            Повеќе ».....

Уставна срамота


Државата го менува уставот толку често што испаѓа дека еден наш Устав не може да ни издржи ни додека трае едно наше рало на патики. Ако го земеме фактот дека во повеќето реномирани држави уставите не се менуваат одкако ке се донесат – оваа наша практика представува наша устана срамота. За се нешто одговорот на проблемот го бараме во „лошиот“ Устав. Ако на ова се додаде воспоставената практика наши највисоки политички авторитети, Премиер, Претседател да критикуваат одлуки на заштитникоит на Уставот (Уставниот суд) уставната срамота станува уште поголема.         Повеќе ».....

До лични карти по две години

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Најновите термини за вадење на лична карта се закажуваат по две години од денеска !? Тоа значи дека граѓаните ке шетаат по улици и ке одат кај институциите каде им бараат лични карти, банките особено - без важечки документ. Со малиот капацитет за вадење на лични карти (особено во Скопје) државата направи грев пред своите граѓани. За личниот галиматиус и искуство со мајками 77 годишна жена пишував во постот – До Министерката за Полиција, Госпоѓа Јанкуловска … Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ. … Галиматиусот и танталовите маки на граѓаните во потрага за лични карти, пасоши и возачки дозволи за скопјани продолжува и оваа година.          Повеќе ».....

Monday, January 11, 2010

Да му умере козата на земјоделецот - даночна социјална правда

По затварањето на малите бизниси, како последица на “добрата“ економска клима во државата - се чини Владата се труди огранизирано со даночни мерки да го уништи и бестоа сиромашното земјоделие. Да подсетам дека пред нова година капитулираа скоро над 40 иљади мали и средни фирми - Владата ги блокиташе нивните сметки, заради неплатени придонеси кон државните фондови. С е сеќавате на бројните мои написи каде упозорував дека со перманентното зголемување на давачките кон малите фирми тие ке крахираат, иако по сите мерила тие се најдобар лек за големата невработеност и се најефтин лек за зголемување на вработеноста.                 Повеќе ».....

Државен социјализам или транзициска беда

Се чини дека десничарската влада на Груевски онака како ја води економијата неминовно навлегува во водите на Државниот социјализам од транзициски тип. Државното задолжување станува правило а парите се користат во рекламирање на 24/7, во споменици и себепромоција. Мерките кои тогаш во раниот Социјализам се носеа се скоро исти со сегашните мерки на оваа власт. Се` се центализира и се прилагодуваат сите бизни како што одговара на централната власт. Погледнете само една снимка од јавните владини седници, пиле несмее да пролета ако Владата не даде дозвола. Кај централната власт се клучевите на сите бизниси, се се лиценцира по мерките на сегашната власт, а врвот е во тендерирањето – кое е само начин како да се спрведе партијската програм за бркање бизнис на НАШИТЕ.    Повеќе ».....

Sunday, January 10, 2010

Сетинзите на blog.mk

На новата платформа имаме многу повеќе можности преку сетинзите на одредената тема (изглед на блогот и функции). Преку многуте виџети и плагини имаме можност да унапредуваме многу работи во однос на старата платформа. Но има неколку работи од кои не сум задоволен како функционираат во оваа платформа вака како што се поставени во овој момент. Еве неколку работи кои можеби можат и да се поправат:          Повеќе ».....

Saturday, January 09, 2010

Плаошник „Св.Климент и Св.Пантелејмон“

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/7-1Small-1.jpg?t=1263061471
1. Плаошник „Св.Климент и Св.Пантелејмон“
Локалитетот Плаошник во изминатите неколку години повторно го сврти вниманите врз себе поради својата словеита историја и важност за Охридското, Македонското но и светското културно и духовно наследство. На локалитетот повторно никна Свети Климентовата Црква. Заштитникот на Охрид Свети Климет т.е. неговите мошти се селеа од тука во Мал Свети Климент, за да преку Света Богородица Перивлсептос повторно се вратат на старото свето место. За некоја годнина тука повторно ке никне најстариот Универзитет во Европа СветиКлиментовиот, за што веќе неколку години предтходно се вршат обемни архееолошки истражувања врз сите културни слоеви на овој локалитет.              Повеќе ».....

Friday, January 08, 2010

Анонимни коментари на blog.mk

http://i579.photobucket.com/albums/ss238/pipomkd/komentari.jpg
Клик тука или на сликата за да видите подобро како треба да сетирате воколку сакате на blog.mk да имате “анонимни“ коментари. Анонимни е во наводници бидејки сепак во платформата го имате неговото АјПи.Една од главните „недостатоци“ на старата платформа на blog.com.mk беше неможноста секој да модерира со коментарите на својот блог. Така се чини десетина до дваесет блогери ја узурпираа можноста на нелогирано коментирње и плукаа по одредени блогови и блогери, труеја би се рекло:             Повеќе ».....

Како да го модифицирам изгледот на мојот блог? - на blog.mk

Блогмастерот од утринава ни дава појаснување во врска со начинот како и што се можеме да модифицираме во изгледите на нашите блогови. Темата е опишана во пост со наслов: Како да го модифицирам изгледот на мојот блог?. Во постот се вели:        Повеќе ».....

Thursday, January 07, 2010

Каде ке вози мојата 55-ка?

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-1Small-1.jpg?t=1261142423 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-4Small-1.jpg?t=1261143525 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-8Small-1.jpg?t=1261143673
Таму каде лани возеше мојата 54-ка сега веројатно ке вози и 55-ката.
Веќе четири години на мојот блог/ови возам на линија на критика на актуелната власт и јавно укажување на грешките кои ги прави во своето владеење, никојпат не штедејки ја ни опозицијата. Се трудам да прикажам што повеќе блог фото записи од убавините на нашите свети и стари места и бројните архео локалитети.           Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter