Search This Blog

Friday, March 11, 2011

“Фабрика од медиуми“ ... Курбан - 50 вработени од „Утрински“, 10 од „Дневник“ и двајца од „Вест“

Неколку години наназад се шушка дека во голема криза се весниците од изданијата од МПМ. Вчера сето тоа кулминира во соопштението на Керим дека курбан мора да одат 50 вработени од „Утрински“, 10 од „Дневник“ и двајца од „Вест“. Побарал тоа да го сторат самите уредници, што тие го одбиле. Планот е да се затвори „Утрински“, кој во иднина би дејствувал само на интернет како Портал,  „Дневник“ да стане провладин медиум за да ги привлече рекламите од владините кампањи.


Се чини дека е ова голема победа на Владината политика за правење на своја „Фабрика“ во медиумскиот простор преку „легалното“ рекламирање во медиумите во Македонија, со што ке ги подјармат за свои владино/партијски цели.

Главното прашање испаѓа дека е: дали е легално рекламирањето на Владата и изборот на местото каде таа ке се рекламира. Со ова се покажува дека не е случајно барањето на опозицијата за подеднакво рекламирање на владините рекламни кампањи во сите медиуми - што Владата го отфрла. Сето ова ке предизвика голема прашина во ЕУ која е осетлива на медиумските слободи. Владата го криеше писмото од Филе во кое се говори за загриженост за слободите на медиумите. На ова предупредија и САД при последната посета на Премиерот во САД.

Власта молчи и си ја тера водата во својата “Фабрика од медиуми“. Се чини дека покрај Владата ке никнат уште неколку шатори на загрозените медиуми. Правењето на медиумите на МПМ во провладини Фабрики започнало со бришењето од импресариумот на оснивачите на Дневник и Утрински. Причината е дека тие новинарски пера не се по воља на оваа власт. Да, секако некои од колумнистите во Дневник како Фрчковски сметаат во новата концепција на МПМ и се очекува наскоро Дневник да се заблагодари на соработката ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter