Политичарите многу често прават грешки носејки одлуки а притоа трошејки буџетски – не нивни лични пари, туку наши заеднички пари кои треба паметно да се искориста за да ни ги решат нашите проблеми. Честопати велам/пишувам дека за таквото криминално трошење на пари, без да се има сенс за моментот и потребите на народот , никој не одговара ЛИЧНО. Се трошат пари кои се далеку од приоритетите – често и противзаконски, иако е тоа лесен разрешлив проблем, тие едноставно прво си носат адекватен по нивна мерка закон. Таква привилегија докажано имаат во гласачката машина во собранието. Систем е тоа.