И минатата Влада и особено оваа Влада многу напор и пари посветија на компјутеризацијата и присатноста на интернетот. Но и покрај тоа владините институции и локалните самоуправи премалку се присатни со свои содржини на интернет. Повеќе пати пишував дека Македонската Академија на науки скоро да нема интернет представување. Институциите од областа на културата каскаат и недоволно добро се представени со интернет содржини особено ги нема на англиски јазик и особено не се освежуваат, надоплнуваат.
Недопустиво е Влада што сака да направи од Македонија земја на информатичари и земја кад интернетот надпросечно се користи не наоѓа начин како МК институции да имаат квалитетни интернет страници кои редовно ке се надополнуваат и ке бидат алатка за граѓаните кои имаат потреба од тие институции.
Со темава се бави денешен Дневник во написот:
Институциите изгубени во интернет-просторот Повеќе ».....