Search This Blog

Wednesday, September 30, 2009

Странски Инвестиции ... како стоиме во регионот ...

 
Една од темите која најредовна ја пратам одкога пишувам во мојот блог е темата на “Странски Инвестиции“. За изминатиот период од 4 години напишав безмалку седумдесетини написи. Темата ја пратам како економист кој верува дека една од мерките која може да не извлече од економската кал во која заглави транзициона Македонија се директните странски инвестиции. Не оние каде се продаваат златните економски МК кокошки кои ги градеа минатите генерации (во енергетиката пред се ...), туку странските гринфилд инвестиции.          Повеќе ».....

Економска транзициона лустрација ... економски транзициони профитери ...


Сите говорат за политичката лустрација, се донесе и закон на политичка лустрација кој практички сеуште не се спроведува - се кочи од сите структури. Се чини дека досјеата на кодошите се скоро неупотребливи бидејки во транзициона Македонија се изменија неколку леви и десни влади кои најпрвен завладуваа со полициските структури и архивите на кодошите (разни ДБК, УБК, КОС структури - вклучувајки ги истите и во воените структури ...). Неможам да тврдам но можам да шпекулирам дека најинтересните досјеа одавна се одстранети од рафтовите на тајните служби. Во сета оваа своевидна трговија со досјеата на кодошите дознавме дека копија од досјеата има во архивите на некогашната СФРЈ - сегашна Србија. Овој податок посебно исплаши некои од оние кои се секираат дали и тие се на списокот за политичка лустрација ...             Повеќе ».....

Tuesday, September 29, 2009

Коце и Роска Вуци - Старо Нагоричане


сл.1  Кум Коце Вук и кума Роска денес се едни од најстарите жители во селото. Никојпат не сум прескочил да дојдам во селото а да не  ги видам. Живеаат веднаш до селската чешма која им го одбележа нивниот живот ... Мене ме врзуваат иљадници спомени врзани за нив. Кума Роска секојпат насмејана и доброќудна - кум Коце со својата звезда, некогаш добај шнајдер ...

Monday, September 28, 2009

За енциклопедијата ... времето на печатени енциклопедии заврши ...

 
Несакав да пишувам пост за непрочитана книга, која веројатно никојпат нема ни да ја прочитам ... не за друго, зарем не им е јасно на сите дека времето на печатени енциклопедии зарши. На кого му служи таа (енциклопедијата) осем на групата Академици и други научни работници (250) кои добро ке се нафатираат од неа, некои повеќе некои помалку ...        Повеќе ».....

Sunday, September 27, 2009

Стара Чаршија Скопје - нова фото прошетка ...


сл.1 и 2  Уште една прошетка по скопската стара чаршија ...         Повеќе ».....

Saturday, September 26, 2009

Точкови - СтароНагорички фраери од крајот на 50-ти,почеток на 60-ти ...

сл.1 Братучет до мајками Цане ...
Крајот на 50-тите меѓу младите во тогаш бројното село Старо Нагоричане (над двеиполиљади жители) се створа потреба и мода младите да имаат точкови. Со нив се патувало до Куманово и Скопје за потреби на одење на школо и работа. Со нив се одело до блиските собори за одредени слави. На нив се качувале и првите девојки. Престижот и потребата биле големи.          Повеќе ».....

Thursday, September 24, 2009

Јаја Пашина Џамија - Скопје ... фото и видео

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/6-01.jpg?t=1253798357
сл.1   Јаја Пашина Џамија - Скопје
Џамија со највисоко минаре во Скопје 50 метри ... Оваа џамија ја изградил Јаја паша, зет на султанот Бајазит во 1503 година. Минарето на Јаја пашината џамија наликувало на она на црквата Света Софија во Цариград. Јаја пашината џамија заедно со Мустафа пашината и Муратовата џамија се издвојуваат по својата импозантна градба, големината и уметничките вредности, не само во Скопје, туку и на Балканот.                   Повеќе ».....

Збунет и луд ... пола пола ... “Луд ј*бе збуњеног“ ...

 
Во услови кога новата власт три години не успева да најде концесионер за ниеден нов патен правец (еден од ветените сто чекора), власта како да се спрема уште една златна кокошка да одстапи во приватни раце ... издаден е јавен повик за прибирање на понуди за концесионерство на веќе изградени автопати и тоа на најфрекфентните.                  Повеќе ».....

Wednesday, September 23, 2009

Тиквата некаде мора да пукне ... Не ја научивме лекцијата од османлиите ...

Позицијата има реален проблем. Има се помали легитимни мети врз кои ке го насочи гневот на народот за лошите состојби. Позицијата веќе трета година е на власт и тоа апсолутна. Осем директорите и главните места по административната скала (првиот ешалон на власта) сега почнува да ги менува луѓето во вториот и третиот ешалон (сетите се на наставниците на пример). Трошењето за плата за хонорарците е скоро колку и за редовно вработените. Редовното осем рамковното вработување е сведено скоро на нула.

Tuesday, September 22, 2009

Охрид - фото запис



сл.1  Веројатно најпознатиот мотив од староградската архитектура на Охрид (куќата на Робевци), каде е сместена археолошката поставка на Охрид
Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter