Човек има особена потреба на почетокот и на крајот на својот живот. Постот ке се занимава со потребата од организирана помош на крајот на животот, особено на лица кои се заболени со дијагнози од тешки болести (карциноми, леукемии и сл.), каде медицината утврдила дека остануваат денови или месеци од остатокот на животот. Тогаш е потребна помош како на лицето кое има таква дијагноза, за да му се олеснат болките, така и на фамилијата која треба да се спреми за судниот момент и достоинствено да го испрати од овоземниот живот својот член на фамилијата. Повеќе ».....
Занимација за народот е дека кафеаните се празни поради забраната за пушење. А што треба да се очекува по празнењето на фабриките од работниците, по тенчењето и смрзнувањето на домашните буџети, по зголемување на цените за енергенсите ??
Нормално е дека ке се штеди на луксузот, во кој секако спаѓа и посетата на кафеаните. Без леб на празен стомак не се оди на кафе муабет.

