Search This Blog
Monday, May 17, 2010
Пчиња повторно се излеа
Saturday, May 15, 2010
Гранд Хотел Македонија Скопје повторно на старата локација ...
Гранд Хотел Македонија Скопје пред Јули 1963 та ...
Повеќе ».....
Friday, May 14, 2010
Сликање … Трпе, Трајче, Мирче …
Двете Влади на Груевски досега ги остваруваат највеќе оние ветувања пред кои можат неколкупати да се сликаат. Неколку пати додека најавуват дека нешто ке изградат, неколку пати додека нештото се гради и се разбира гранде сликање кога нешто ке се пушти во употреба. Се едно дали е тоа селска/маалска чешм, локален пат, „слободна економска зона“, реконструкција или изградба на некое школо, набавка на … Сликањето се разбира е наменето за потребите на рејтингувањето. Неколку пати во изјавите на видните водечки личности на владеачката партија на прашањето зошто се гради некој објект да речеме оние во центарот на Скопје – одговорот гласи, за да можат граѓаните и особено странците да се сликаат пред објектите кои се планираат за градба. Имаше дури тврдења дека таквите објекти ке бидат профитабилни, ке го зголемат туристичкиот прилив и така натаму. Не е важно што слични такви објекти има низ Скопје а истите се запуштени и руинирани, полни со смет, со ударни дупки во околните патишта … Повеќе ».....
Wednesday, May 12, 2010
Како понатака ?!
Кога животот ке се поигра со судбината, кога ке прекине еден среќен од - се прашуваме: како понатака, како да продолжиме ?! Во една таква животна раскрсница се најдов и самиот. Верувам дека знам како, ветувањата мора да се исполнат.
Monday, May 03, 2010
ЗБОГУМ НАЈСАКАНА, СЛАВИЦА (ЦАЦИ) ДИМИТРИЈЕВИЌ 1954 – 2010
Вчера по долго и тешко болување почина најсаканата жена во мојот живот. Мајка на моите две деца Ана и Воислав, мојот најдобар другар
Цаци беше сакана сопруга, добра мајка и одличен другар. Обожавана меѓу пријателите и роднините. Дете на хорското пеење:
- Член на хорот Развигорче од неговото оснивање,
- Член на академскиот хор Мирче Ацев,
- Член на Радио хорот при МРТВ,
- Професионален член на Хорот при Македонската опера и балет,
- Член на професионалниот Црковнен хор, при Соборниот Храм на МПЦ од неговото оснивање,
- Дете на Македонското хорско пеење.
Погребот ке биде на 04.Мај.2010 год. (вторник)
Во капелата во 10,30 часот а на гробиштата во Бутел во 11,30 часот.
Wednesday, April 21, 2010
Жени – Ви признавам
Заради икс, ипсилон причини последните два месеци осознав што е вообичаена работа на секоја една жена – која е:
- домаќинка,
- мајка,
- жена,
- љубовница,
- вработена …. Повеќе ».....
Wednesday, April 14, 2010
Ало Груевски - купи инвалидски колички за болниците во клинички центар !!!
Од последните десетина постови а и од порано веќе свативте дека искинав неколку рала чевли “шетајки“ од клиника до клинида во придружба на болни. Во повеќето случаи болните се лечат во повеќе клиники и има потреба од интерен транспорт. За жал но и за срам на Владата и особено на Министерството т.е. Фондот за здравство во главните клиники каде што се најтешките болни не се проблем само лебарките и бубашвабите (а ги има во сите клиники), не се проблем само недостатокот на средства за лекови и поправка на дотраената опрема и санитарни јазли. Еден од најжалосните проблеми е недостаток на инвалидски колички за транспорт на болниците од клиника до клиника, од кревет до тоалет. Повеќе ».....
Sunday, April 11, 2010
Леукемии, канцери, тумори … Една петина од Македонците/ките затруени … Како некој тивко да го чисти прекрасниот балкански простор од „катил“ луѓето кои живеат тука
Повторно почнав да ги шетам болничките ходници. Сега за друг близок член на фамилијата. Веројатен канцер. Имам чувство како една петина од Македонците/ките да се затруени од овие подмукли и злиќудни болести. Се чини дека се тие мутирани форми на некави експерименти излезени од епрувета и во форма на контролирано неконтролирани количини се експериментира на одредени делови од светот – за да се види колку може да издржи човечкиот организам а и да се прочисти малку територија, особено ако е стратешки значајна за војно политичко економски интереси на големите сили и особено на мултинационалните комапании кои ги контролираат дури и големите сили. Повеќе ».....
Tuesday, March 30, 2010
Ке ни тргне ли ?? ... Кога ке ни тргне ?! ... Ни треба некој наш Лех Валенса
Како ке се присетам на едни предизборни пораки на Груевски, кој сакајки да ја симне од власт СДСМ-овата администрација со право се смееше на изјавите на многуте СДСМ-овски влади дека еве само што не ни тргнало, дека не треба да се споредуваме со соседните балкански држави (демек во тоа време бевме лидери на балканот) туку треба да го имаме во предвид напредниот свет. Време е некој да го подсети Груевски со истите пораки, дека еве само што не ни тргнало, со таа разлика што сега станавме фенерџии и меѓу балканските држави. За жал на СДСМ и Црвенковски тоа никако неможе да биде тој - тој е ПОТРОШЕН ПОЛИТИЧАР, ги имаше сите шанси да му тргне кога беше на власт.
Повеќе ».....
Monday, March 29, 2010
Блогерска иницијатива - Обновениот стар театар во Скопје да го носи името МНТ “Петре Прличко“
Блогерска иницијатива - Обновениот стар театар во Скопје да го носи името Македонски Народен Театар „Петре Прличко“, заради: Повеќе ».....
Subscribe to:
Posts (Atom)



