Search This Blog

Sunday, March 29, 2015

Стравот “лозјето“ го чува ...

Стравот “лозјето“ го чува. Пред извесно време се плашеа/ме сите. И зависните и независните. Независните полека го совлададуваат/аа стравот. Сега дури и сеир/театар прават. Останаа само зависните да го совладаат стравот. Зависните, оние кои добиваат трошки ... Мрсната клиентела ке побегне на време. На крај секојпат страшилото останува само, очерупано и исплукано ...

Saturday, March 28, 2015

Музикалноста на Македонецот ...

Читам дека некое крило од ВМРО-ДПМНЕ се залага да се утврди веродостојноста на гласовите од аудио снимките на телефонските разговори кои ни се презентираат во сериалот “Вистина за Македонија“.

Ни ја врѓаат интелегенцијата и музикалноста. На сите ни е познато дека ние од сите Ју народи сме прогласени за скоро најмузикални во бившите Ју простори. Поради бројноста на настапите на нашите популарни МК политичари кои се актелни “глумци“ во серијалот на бомбите од “Вистина за Македонија“ - сите јасно ги препознаваме нашите “омилени“ глумци ... На нас на народот Македонски не ни е потребно друго средство да ја препознаеме веродостојноста на разговорите - доволно е нашата музикалност ...

Кај кого е вистината (во чија приказна) ... сон

Утрово ме разбуди многу интензивен сон во кој живо учествувам. Толку беше јак и реалистичен што еве успевам да Ви го раскажам.

Незнам од кои причини се најдов во центарот на случувањето во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот Центар за комуникации имаше вистинско славје во една осредно голема сала и објавуваат дека победата е близу. Сите беа озарени и среќни, радосно подскокнуваа и ракоплескаа во такт, сите беа облечени во жолта боја накај портокалова. Се беше во знакот на таа нијанса на жолта боја. Мавтаа со свои знаменциња и му отпоздравуваа на говорникок кој им објаснуваше дека победата е НИВНА и СИГУРНА. Ликот и гласот на оние двајца кои говорееа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ми заличеа на Мартин Протоѓер и Илија Димовски кој беше озарен од среќната вест на првоговорникот.

Говорникот објави дека победата е блиска и брза затоа што направиле успешен договор со најјакиот телефонски и мобилен оператор t-mobile - кој им гарантирал дека е најдобар и најбрз и со најголем опфат кај Македонскиот народ. По објавата во општата еуфорична атмосфера некако се јавив за збор и им реков: Вистина е дека имате огромни шанси да победите ако сте го ангажирале најакиот оператор во земјата - но има само два проблема а тоа се 1. Дали сте сопственици на вистината т.е. дали вашата приказна е вистината. Бидејки е општо-познато дека на крајот секојпат победува вистината - “таа е како шило ...“ и под 2. Чив е t-mobile. Ги подсетив сите дека t-mobile е сопственост на германска компанија и е зависен (под влијание) на германската политика и политичари. Подсетив дека грешката ја направил оној кој го продаде t-mobile (нашата златна кокошка која не смеееше да се продаде). При крајот на сонот им кажав дека веројатно не слушнале дека сопствениците на t-mobile веќе покренале истрага - како и кој ја користел опремата во големата мега афера на прислушкивање во Македонија. При крајот на сонот успеав само да го видам стишеното сомничавото комешање на присутните во салата во која се` беше обоено со жолто. Сите почнаа меѓусебно значително да се погледнуваат/запрашуваат дали нивната приказна е “Вистината за Македонија“ ...

Толку од сонот бидејки ме пробуди врата од купатилото која некој ја тресна да ја затвори. Како ке заврши овој сон и кој ке победи во “Вистината за Македонија“ т.е. кој е сопственик на вистината во приказната за прислукувањето ке мора да ја дознаеме во реалноста.

За крај мало појаснување - ке морате да ми верувата на мојот збор дека ова беше вистина само сон, кој успеав да го запишам ... а сонот е само реакција на телото и мозокот на многуте пропаганди кои ги слушаме деновиве. Признавам ги слушам и двата центра на пропагандната војна, демек за да бидам во тек - за да пресудам кој е во право. Им дадов шанса на двете страни да ми ја раскажуваат нивната вистина...

Wednesday, March 25, 2015

Пирамидално месечно државно задолжување ... Каде одат/отидоа парите?

За пирамидалното месечно државно задолжување првпат поинтензивно почнав да пишувам во Ноември 2008 година, кога беше актуелен предлогот на буџетот за 2009-та година. Се виде дека МК Влада станува зависна од месечно задложување кај домашните и светските банки и тоа секој месец за зголемен процент од предходниот. Во 2008-ма месечното задолжување кај домашните банки беше на ниво од 30 до 40 милиона евра, за да овој месец истото задолжување достигне 209 милиона евра (само кај домашните кредитори/банки).

Кај домашните банки сега должиме како држава над милијарда евра а вкупниот долг оној кој го прикажува владата сега надминува четири милијарди евра. Сите се сомневаат дека овој долг е многу, многу поголем. Сето ова неминовно води кон државен банкрот - што во превод значи престанок на исплаќање на плати, пензии и социјални помошти, блокирање на сите системи и институции. Тогаш река на народ ке искочи на улици и ке крши се. Банките ке бидат затворени а продавниците празни.

Како владата овие последни години ова го менаџира. Го зголемува вештачки од година во година државните буџети со проектирани дефицити, кои се затвараат со кредити од странски и домашни кредитни извори а гарант е државата т.е. ние граѓаните.

Каде одат парите, толку многу пари? Во непродуктивни трошења и дубиози. Голем дел во нивните џепови испрани преку финасиските зони кои деновиве се се` поприсутни од аферата со прислушувањето. Се шпекулира дека досега во последните години има над 4 милијарди евра трансфер во дубиозни финасиски зони каде овие пари се одлеале на приватни сметки на финасиските махери и актуелните политички елети. Створена е нова буржоазија, која сега заедно со црвената буржоазија и олигархијата од транзицијата, се спрема да загосподари со сите нас останати 99 проценти население. Колачите и чоколадата (Ставревски ...) што ги јадевме овие неколку години ке ни се згадуваат во многу десетици наредни години.

Парите од буџетите ги трошат политичките елити кои сами си ги биравме - но рачунот ке го плаќаме ние, нашите деца и нашите внуци.


Saturday, March 21, 2015

Сон ... Драмолетка

Често сонувам чудни соништа. И овој беше таков од оние кратките пред да се разбудиш, затоа и го запаметив. Вообичаено оние длабоките соништа не ги паметам.

Сонував дека го фатив жив “филмаџијата/режисерот“ кој ни ја режира нашата сегашна драмолетка. Му реков, те фатив не само јас туку и ногумина други. Ти си кривецот што ни ја извртуваш стварноста и го живееме животов сегашен по твоето мрачно сценарио и режија, каде сите не направи несреќни и бедни. Го молев да ми го каже крајот на нашиот “филм“.

Ми рече за крајот ке морам да почекам уште малку и да го “догледам“ филмот. Само рече дека е стандарден крај. И тој самиот се изненадил дека ние сме едни од ретките кои сме откриле дека сето ова е само лоша реижја. На крај ми се извини, ми рече дека мора да оди бидејки веќе има спремно нова нарачка во нов филм во некоја друга држава и народ ...

Во што да веруваме?

Да веруваме во вредностите. Во кои вредности?

Кога си дете највеќе веруваш на родителите, тие те створиле, нивно чедо си и осеќаш дека највеќе те сакаат - повеќе дури и од нивниот живот. Како што растеш гледаш дека има различни родители, оние кои “успеале“ (се уновчиле) и оние кои “не успеале“ (останале на маргините на општеството). Вербата во твоите родители како што растеш и созреваш (особено кога и самиот ке доживееш да си родител) е се` поголема и поисконска. Родителите се вистинска вредност.

Како што растеш преку образовниот систем почнуваш да веруваш во твоите омилени учители, наставници и професори. Одпосле ке увидиш дека тие твоите учители всушност работеле со тебе заради својата плата која им е неопходна за да преживеат во својот живот. Но сепак некаде длабоко во твојата подсвест издвојуваш некои од твоите учители, наставници и професори кои успеале да усадат во дел од твојата свест/подсвест некои вредности кои станале дел од твојот реален живот.

Како што созреваш почнуваш да ја напаѓаш судбината дека таа ти е крива. Стануваш сомничав, го напаѓаш Бога (во кој што веруваш) бидејки и тој и покрај твојата верба во него -осознаваш дека не е најправичен ... Особено почнуваш да се сомневаш во оние кои се посредници помеѓу тебе и бога, кога тие(посредниците) не се на вистинскиот пат и не го живеат божјиот пат кој го проповедаат, кога и тие самите паѓаат во искушенија кои ги носи реалниот живот ...

Можеме ли да веруваме во среќата која на себе и на сите кои  ги сакаме си ја/им ја посакуваме. Како што ке созреваш ке увидиш дека не е добро да веруваш во среќата без ти самиот да се потрудиш да ја пронајдеш среќата, да поработиш на твојата среќа. Нели, за да добиеш бинго треба да купиш прво лоз, па после да се надеваш на среќа. Сите што верувале во својата среќа (дека се родени под среќна звезда и играат само на картата на својата среќа ...) најчесто животот го завршуваат несреќни. Најзадоволен/најсреќен си кога ке си речеш и увидиш дека сам си ковач на твојата среќа.

Во текот на твојот живот бидејки сме социјални суштества имаме потреба да веруваме во своите другари и пријатели. Како ке осозреваш сваќаш дека во твојот живот на прсти се бројат твоите вистински пријатели и другари. Повеќето од твоите другари и пријатели биле најчесто со тебе пријатели и другари заради некаков интерес.

Природата всадила во тебе потреба/код во текот на твоето зреење да стекнуваш интимни пријатели со кои делиш посебни моменти на среќа во твојт интимен живот. Најчесто на крај таа среќа прераснува во брачна заедница. Чести се случаевите кога во бирањето на интимните пријатели кои ти стануваат брачни партнери поради различни причини не се доаѓа до најсреќен исход. Затоа не смеат да се осудат оние кои кога ке увидат дека не се среќни во изборот ке го сменат патнерот за некој кој е посоодветен. Кога со некои од твоите интимни партнери доживееш среќа да добиеш дете/деца тогаш таквиот партнер ти станува многу важен бидејки само заедно (со здружени напори) можете да одгледате среќни деца.

За да живееш самоетојно потребно е да избереш одредена професија, каде преку својата работа ке остваруваш реални приходи(пари) за да го одржуваш твојот живот и животот на твојата фамилија. Ако при изборот на твојата професија додека работиш се осеќаш среќен при тој избор тогаш си сигурен дека си ја одбрал вистинската професија. Се додека не се осетиш среќен од твојата работа секојпат треба да бараш нова работа и професија.

Човекот(zoon politikon) во својата зрелост има потреба да верува во одредена политика и се` што од тоа произлегува. Политиката треба да се остави на политичарите, ние треба да сме вклучени само во нивниот правилен избор. Во политиката и политичарите никојпат не треба слепо да веруваме, секјпат треба да ја проверуваме нивната чесност. Секој мора да биде внимателен при изборот. Никојпат не е добро да оставаш некој друг да го прави твојот избор на политичарот/политиката. Политиката всушност е најнечесната професија и секојпат треба да биде проверувана.

Кога вистински ке осозрееш ке сватиш дека најлесно е да и веруваш на природата и нејзините закони, онаа која е искоснска, недопрена. За наша несреќа чиста недопрена природа има се` помалку.

Кога ке осозрееш сваќаш дека најдобар избор си правел кога си верувал во самиот себе, во твоите родители и во чистата природа. Најсреќен си само во моментите кога ке ја видиш и осетиш среќата во лицето на твоите деца и оние кои ги осеќаш како да се твои деца ... Од се` можеш да се откажеш, но од твојата судбина, твојот реален живот, родителите и децата никојпат не е добро/не можеш да се откажеш.

Tuesday, March 17, 2015

Руски азиланти ...

По објавувањето дека САД спрема укинување на визи и замрзнување на сметки во нивните банки и во банките низ ЕУ (во светло на нашата сегашна политичка криза), се прашувам дали во моментот се случува итно префрлување на кешовината на некои наши моќници во руски Офшор дестинации. Ова нашево комбе да не шета сега низ околината на Москва барајки атрактивни плацеви ...

По паѓањето на режимот на Милошевиќ, фамилијата на Милошевиќ се исели во Русија заедно со сета кешовина до која дошол Милошевиќ додека тој ги “бранеше“ србите од агресијата на западот. Со него заминаа и некои други фамилии, пример фамилиите на браќата Кариќ. Се прашувам само дали нашиве “спасители“ имаат доволно кеш за да бидат прифатени за азиланти во Русија.

Палми по Скопје

Палми по Скопје се стара вест. Ги посадија на Вардар покрај плажите на кејот. Првите се исушија. Овие сегашниве зиме се грејат со три киловати по палма. Малку беа тие покрај Вардар сега има тендер за палми во паркот “Жена Борец“, се разбира сосе бароктни канделабри и греење од по 3 киловати за секоја. Сега сите се запрашуваат зошто палми во Скопје. На некого му се може - зошто “тој така сака“. Можеби е и носталгија во прашање по далечното Белизе.

Ване Цветанов

Во светло на најновите афери со плацевите на Водно каде како сопственици се јавуваат разни Офшор копании од Белизе и Швајцарија, кои притоа се испреплетени во многу атрактивни бизниси низ Македонија и се сопственици и на други разни атрактивни плацеви во РМ, ми станува појасно зошто и на кого му сметаше Ване Цветанов како директор на Управата против перење пари. Ване Цветанов не само што беше разрешен од местото директор на Управата против перење пари, туку беше обвинет во случајот Шпион, притворен девет месеци, потоа ослободен од обвинение за шпионажа, но не знам дали куртули од делото злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна.

Колку се транспаретнтни судските процеси (... ветувањето на Груевски за транспарентност и јавност на судските процеси поврзани со аферата “Пуч“), се виде во многу судски случаеви. Се виде и во случајот на Ване Цветанов, кога неговото сведочење пред судот се затвори за јавноста иако самиот вети дека нема да говори за тајните акти ... Милосрдието кон него се покажа кога не му беше дозволено ни да се лечи ... Како се постапува кон оние кои се неблагодарни кон некој кој ти дава доверие и место во институциите на системот се покажа и во овој случај на Ване Цветанов.

Monday, March 16, 2015

Што се тоа “креирани разговори“ ...

Телефонските разговори кои СДСМ ги презентира на прес конференции, најавувани како “бомба“ еден до десет (досега) - каде опозицијата презентира прислушувани телефонски разговори меѓу актуелни политичари, притоа наведувајки не да од содржинта на тоа што го слушаме подразбереме дејствија кои не се во согласност со законските прописи на РМ. Позицијата унисоно ги оспорува со исказ дека се тоа “креирани разговори“. Сите се запрашуваме што подразбира позицијата под поимот “креирани разговори“ ...

Новинарите истражуваат кај аналитичарите што се тоа “креирани разговори“ и има разни толкувања.

На некого му текнало да го праша Хорхе - што се тоа “креирани разговори“. Хорхе веднаш спремно одговорил. Креирани разговори се креирани разговори.

Blog Archive

Site Meter