Search This Blog

Sunday, March 15, 2015

Обраќање на Председателот на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на Владата на РМ ... No Pasarán! ... Bella Ciao


Како да ја одвоиме државата од политичките партии. Во најавата на завршниот говор на денешното случување во спортската сала Борис Трајковски Груевски беше представен најпрвин како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ а потоа и како Претседател на Владата на Република Македонија.

Како ке ме убеди некој дека луѓето кои се собраа во Спортската сала Борис Трајковски и оние надвор од неа - не беа повикани по список од Кол Центрите на ВМРО-МВРО ...

Во делата е вистината, често повторуваше Груевски од напишаниот говор. Не сум го видел Груевски ниеднаш да не чита кога говори, осем кога е гостин кај Миленко и Јанко ... Во кои дела се запрашувам, во оние официјалните на неговата политика (подржана со бројки кои ги издаваат институциите на системот...) или оние паралелните дела и случувања кога се вози во комбе и одлучува како и каде ке биде добро да се промени ГУП и ДУП. Каде да се направи пат во чив посед а каде да се подигне зид да не се гледа што се прави ... Што значи да се бориш за Македонија? На какви бомби ние го трошиме нашето време, запраша Груевски? Ке водиме политика и ке се грижме за народот или ке поработиме малку и за себе - ке се возиме со комбе и ке планираме каде лично ке инвестираме и манипулираме со ГУП-от и ДУП-от, а за не не гледаат што градиме ке подигнеме зид ... е да, улицата ке ја ставиме кај нив ... А некаде по потреба во туѓ имот ке правиме паркови и фонтани, а за побрзо остварување на ДУП и ГУП ке употребуваме динамит, за да не се зае*аваме ...

Клиентите на Груевски беа тука - позади него, до него лево и десно. Може би ми промакна - но не го видов само братучедот ... неговото место е веројатно во некое тајно комбе, од каде тајно командува со институциите на системот. Се` гледа а особено се` слуша ...

Таблет со тастатура. Тоа ке го ветиме за народот. Навистина тој кошта ако се набави на крупно 20 до 30 евра а за да го добиеш ке потрошиш толку пари во вадење на документи за да докажеш дека си во групата која заслужува да го добие ...

Странските инвестиции, за нив честопати говори Груевски и се гордее со нив. Се` тоа би било добро под два услова: секојпат да објавуваат колку такви инвестиции има кај нас а колку во исто време по глава на жител да речеме во соседството. Секако она кое никојпат нема да ни го каже на нас, на народот се специјални одстапки (кои се и колкави се), до странските инвеститори финансирани со буџетски пари. Таквите одстапки и привилегии се неуставен принцип на инвестирање, бидејки давање одстапки само на странски инвеститори е неуставно заради нерамноправноста на пазарот, нарушување на принципот на рамноправност во трката. Ова честопати ни го замераат и пријателите од ЕУ особено Германија.

Како ке заврши сето ова, запраша Груевски? Со правна постапка, ко од пушка одговори Груевски. Со одлука на Кадијата кој го постави Валијата.

No Pasarán! извка Љубиша Георгиевски. Требаше да ја пушти со извикот и познатата песна на италијанските партизани и комунисти Bella Ciao. Сето ова уште еднаш потврди дека Груевски како десна партија, владее со идеи блиски до изворната левица.

Saturday, March 14, 2015

Koл центри ... МВРО

Од бомбите видовме дека главните “Кол центри“ на партијата на власт биле во министерствата. По омасовувањето на трибината на СДСМ во Унверзална - скоро можев да се кладам дека брзо ке се одговори со масовна трибина на владеачката партији. За да се органзира сето ова особено во неработен ден пак во игра мора да се воведат стандарните списоци - проверувани и ажурирни од Кол центрите на владеачката партија.

Се прашувам дали локациите им се сеуште во главните министерства. Не верувам дека бомбите нешто тука промениле. Business as usual.

Friday, March 13, 2015

Надеж ... Никола Димитров


Дали Никола Димитров е новата надеж на МК политичка стварност. Човек кој потекнува од професорско семејство, самиот оформи целосно образование, притоа се реализира и со свое семејство, имаше свевиден раст во неговата дипломатска кариера - одеднаш везе во жижа на МК политичка јавност.

Често пати сум велел дека во нашиот политички живот ни требаат нови ликови, доволно нови но и доволно спремни да се охрабрат нешто да направат во нашето сивило. Носот и осетот ми велат дека звездите во случајот со Никола Димитров му се наклонети, особено затоа што кучињата на двете појаки партии веќе почнаа да лајат по неговиот лик и дело.

Wednesday, March 11, 2015

Multi-level гласачки систем ...

Multi-level гласачки систем ...

Од последните две бомби на Заев, ја согледовме тајната на успехот на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, која може да се сведе на иновативен Multi-level гласачки систем. 

Во сигурните списоци за број на гласови, најпрвин се запишувало редовното членство на ВМРО-ДПМНЕ кое традиционално си гласа за своите. Редовно челенство на ВМРО-ДПМНЕ по многу проценки во повеќе изборни циклуси се движи од 200 до 250 илјади гласачи. Кога последниот пат пред девет години ја осволиле власта, на некого од ВМРО-ДПМНЕ му текнало да прави изборен инжињеринг од традиционално неопределените гласачи во РМ (цирка 30 проценти од изборното тело во РМ) и така почнала потребата да се прават специјални списоци за гласање на база на Multi-level гласачки систем. 

Секаде каде на раководно место има раководен кадар поставен од ВМРО-ДПМНЕ се правел посебен Multi-level гласачки систем. Се запишувале сигурните гласови, но секој од шефовите во структурата морал да достави одреден број, пет, десет дваесет нови гласачи од редот на неопределените. За сите се обезбедувале податоци и телефонски броеви на кои ке може некој од кол центрите да им се јавува за проверка на нивната определеност како ке гласаат.

Нововработените во старт мора да достават подршка во Multi-level гласачки систем, пет, десет или незнам колку нови гласачи. Новите гласачи се проверувале дали се унисони, ако некој пријавил гласач кој веќе го има во списокот морал да достави нов Multi-level гласач.

Имаш проблем да оствариш пензија тогаш си податен да обезбедиш нов број на Multi-level гласачи.

Сакаш редовно да примаш социјална помош или да не ја изгубиш - правиш додатен Multi-level список на гласачи.

Се` се проверувало на денот на гласање. Одиш гласаш, потоа одиш во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријавиш дека си гласал. Оние кои не излегле се повикуваат од кол центрите и те подсетуваат дека си ветил глас. Ако пак не излезеш зависно дали си ром или албанец ке те фатат за уши или врат и ке излезеш да гласаш ...

Време на митинзи започна иако избори не се распишани ...

По тетовското осмомартовско шетање на опозицијата по улиците во Тетово и митингот сношти во Универзална, одговорот на позицијата веројатно ке биде голем митинг во да речеме спортскиот центар Трајковски.

Време на митинзи започна иако избори не се распишани.

Tuesday, March 10, 2015

Злосторничко партиско здружување - околу еден султан ...

Зошто ние како држава не можеме да спроведуваме/споделуваме демократија во нашето општество? Коренот на одговорот е во недемократскиот карактер на големите партии во МК плурализам. Во сите поголеми па и помали партии владее еден систем на злосторниско партијско здружување - околу еден султан. Султанот е тој кој пали и гаси - сите околу се само главоклимачи у вовлекувачи ...

Поради не одвоеноста на партијата од државата во нашето општествено уредување оваа слика на злосторниско партијско здружување - околу еден султан, се пресликува на целосниот државен апарат/уредување. Парламентот е само послушник на политиките на султанот. Судството/судијата суди како ке му каже валијата. Медиумите се поробени/закупени и служат на султанот.

Ако сакаме вистински демократски систем во државата, најпрвин мора да се промени недемократското владение со поголемите партии. Еден од главните чекори во демократизацијата на општеството е потполно одвојување на фунциите во партијата и државата. Оној кој е номиниран во висока функција во извршната власт, мора истовремено да ги напушти сите партијските функции и фотељи ...

Кога ке се распишат нови избори, целокупната влада/власт да биде во оставка во одреден период од неколку месеци - за да се воспостави принципот на немешање на партијата со државата.

Тотална спротивност од ова води кон монархија без номиниран монарх. Фамилијарно пренесување на функциите во партијата и владата. Систем кој е познат во Северна Кореја.


Saturday, March 07, 2015

Изборен инжињеринг ... изборно лудило ... “изборен пресинг/тотален фудбал“... Мулти левел ...

Од вчерашната таканаречена бомба 7 го видовме изборниот инжињеринг на ВМРО-ДПМНЕ. До најситни детали ништо не се пропуштало на случајност. Се се бележело во изборните тефтери на ВМРО-ДПМНЕ. Сите кои морале да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се грижливо прибележани во изборните тефтери. Кол центрите на ВМРО-ДПМНЕ за кои до сега незнаев која им била улогата, грижливо проверувале дали се најпрво сите прибележани што ветиле дека ке гласаат, дали излегле да гласаат и по потреба дури и во текот на изборниот ден ако се оцени за потребно морале да обезбедат додатен глас, некојпат дури и неважечки да биде оти тоа е многу важно, да се поништи изборниот процес на некое изборно место.

Притисок, како што во кошарката го има пресингот тоа е главното мото на изборниот инжињеринг. Тотален изборен инжињеринг како тотален фудбал на пример.

Прецизни списоци , со матични броеви, адреси на граѓаните и посебни телефони за контакт во таканаречените изборни тефтери по кои се јавувале од кол центрите, А тие пак кол центрите да ти биле сместени во врвните државни институции, како на пример цел спрат во министерството за полиција на Гоца (МВР, ВМРО МВРО), каде таа шефувала, проверувала и следела во меѓувреме симнувајки се на долниот спрат за да ги поздрави амбасадорите и оние кои го следеле изборнот процес, ОБСЕ, ОДИХР, меѓународните акредитирани набљудувачи на пример. Секое изборно место се следело со години, колку излегуваат на гласање, од тоа колку се на листите кои ветиле да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, колкумина излегуваат, колку се наши колку се нивни ...

Како се составувале листите кои кол центрите ажурно ги проверувале. Најпрвин се запишувале редовното членство на ВМРО-ДПМНЕ кое традиционално си гласа за своите. Посебен список мора да има за секоја организациона единица, за секое школо, са секој правен субјект. Редовно челенство на ВМРО-ДПМНЕ по многу проценка во повеќе изборни циклуси се движи од 200 до 250 илјади гласачи. И кога губеле избори ВМРО-ДПМНЕ тој број е минимумот под кој не паѓале. Кога последниот пат пред девет години ја осволиле власта, на некого од ВМРО-ДПМНЕ му текнало да прави изборен инжињеринг од традиционално неопределените гласачи во РМ (цирка 30 проценти од изборното тело во РМ) и така почнала потребата да се прават специјални списоци за гласање. Оној кој бил раководител на некој сектор на пример, зависно од “сложеноста“ морал да достави список од да речеме пет, десет, дваесет нови гласачи кои не се во списокот на ВМРО-ДПМНЕ. Ново вработениот имал слична обврска. Кол центарот ги проверувал луѓето дали се стварни и дали постојат и секако за кого ке гласаат. Опстанокот во администрацијата, секое ново вработување или напредување веднаш носело обврска во број на нови гласачи, “Мулти левел“ систем. Страшен “ изборен пресинг/тотален фудбал“. Замисли да не излезат твоите гласачи, леташ од работа ... ЈСП ви пуштивме, Градски паркинг е комплет, Водовод, Универзална сала ви е комплет пуштена, ДКЦ ви е комплет, Музеј на Град скопје комплет, средни училишта, Владо Тасевски, Браќа Миладоновци, Осми септември, Никола Карев, АСУД, Марија Кири Склодовска, Панче Арсовски ... - проблем само во Паркови и Зеленило ...

Не било доволно да ти се јави некој од кол центарот и да те провери, се праверувало и директно од врата на врата и тие проверки ги видовме во бомбата седум.

Мотивирање за гласање специјално за ромската популација - фаќање за врат и тенење за уши за сите кои добиле пакет брашно за да гласаат. Мора да се појават на гласачкото место.

Договарање со коалициониот партнер меѓу албанците да излезат и да гласаат, таму каде тие самите немаат практични шанси - шифра “беса е бес“ ... Вакво подобно гласање имаме во гласањето за таканаречената “подобна опозиција“, каде многу одбележани во оделни списоци гласале за подобната опозиција ...

Додавање на нови “легални гласачи“ на изборните списоци, како оние од Пустец или славните од Преспа (Преспанска група ... дали случајно оние пасоши кои беа фотографирани во некоја домашна штампарија дека беа спаковани во кутии од Ресана ... а оној кој говореше во славното пасошко видео го користеше преспанскиот дијалект ...), кои се чуваат како стратешка изборна резерва. Колку луѓе можат да живееат во еден стан/куќа мерката е различна ако “не е апла“ да се десетина до 15 а за “апла„ се рачунаат само оние од над 40 ... Изборниот процес со Пустец гласовите тајно се нарекува “циркус Медрано“ - “движење во колона на човечиња фатени за раце и со устите зипирани“ (патент на уста) ...

Забрана за комуникација од некои броеви од кои противничкиот табор агитира. “070 306 775“ ...

Следење на комуникациите (шпионирање), телефонски и интернет на противничкиот табор во текот на изборниот процес за да им се види стратегијата и тактиката на противникот, секогаш да си чекор пред противникот. Колку ли “наши луѓе“ запослени во адмистрацијата, посебно во полицијата ова го работеле во текот на изборниот процес ? Како ли само контролирале кој што сонува ? ...

Изборниот список бил посебно анализиран и “генетички модифициран“. Гласале често и мртвите, оние кои се одселиле. Особено се важни и многубројни одселените. Само полицајата може да прати кој кога излегува во земјата и кога се враќа. Во време на компјутери со соодветен програм кој лесно ги наоѓа таквите потенцијални “специјални гласачи“ - наречени како Преспанска група или незнам која група се прават нови биометриски документи во домашни печатници, како онаа од славното видео. За точните податоци за таквите специјални документи се грижат АФИС системите, од кои два завршуваат некаде ... Така имаме стратешка резерва на специјални мултиплекс гласачи, спреми со нови гланц нови биометриски исправи за специјалните изборни војници, кои во текот на денот гласале низ цела држава, по неколку пати. Која прецизност мора да биде да не се поглреши адресата и да се оди со соодветна биометриска исправа на секое ново изборно место. Каков “инжињеринг“. Им симнувам капа.

Во текот на изборниот процес, во текот на изборната кампања на секој митинг се носат и по неколку илјади професионални митингаши кои ракоплескаат или свиркаат - секако со автобуси. Своите се пропуштаат на патарините а туѓите се кочат. “Нашите“ полицајци се служат со популарниот “вонреден технички преглед“.

Како и кои медиуми ке известуваат особено во текот на изборниот процес тоа веќе ни стана јасно и во предходните бомби, но нови варијанти имаше во оваа бомба, како на некоја емисија да и се пушти “слика без тон, со многу шум, па ако треба и струја да снема“ ...

Видовме и како лесно се губи изборна лиценца за такси превоз ако возиш несоодветни избирачи во изборен ден.

Управата за приходи се истакнува со “јаки казни“ за одбележаните правни субјекти кои се демек од противничкиот табор, се до најмалото гранапче во “циганското маало“... “Пиштење вриштење и лудило“ ...

Посебно честење со навремена исплата на субвенции по сите основи, некој обележан да добие, некој обележан со црвено да не добие, да се задоволни “нашите“ гласачи, па нели им ветивме. Лиценца за откуп на тутун се става во прашање кај оној кој не исполнува што ветил ...

Пензии и социјално (“нега мега,“) за нашите мора да се уврстат пред изборниот ден - каква ажурност и грижа за тазе  (“стоте“)  пензионери и социјални случаеви ...

Како се формира цена на откупни пунктови за зелка на пример (особено во текот на изборниот процес) - го видовме и тоа ...

Детално се гледа кој кај кого лајка на фејзбук, оној кој е на позитивниот список несмее да лајка кај противникот ... дватроица учители биле обележани и за такво несоодветно лајкање и колку ли други ... казтана била во поблага форма “чистење на улици - тепање втора фаза а шеф да им биде Сашо“ ...

Со тријаголниче ке гласате, ке ти го провериме ливчето, да гласаат за нас и да дадат потврда дека гласале за нас, ке ти го провериме ливчето ако не си гласал за нас ке те избркаме од работа ...

Најнов изборен инжињеринг од оваа последна седма бомба е “завршување во ендек“ на оние кои не се послушни и не помагаат во изборниот инжињеринг ...

Што ли ново и појако ке ни се соопшти за изборниот инжињеринг во најавената осма бомба од Универзална сала најавена за вторник ... Ме загрижува тоа дека со одење во Универзална сала ке се случат процеси на “спонтано“ масовно групирање на двата спротивставени табора, што ке биде сценарио за почеток на улични немири и спротивставување на двете групи - меѓу нив специјалци од полицијата со новите средства за присила (гумени куршуми и шок бомби ...). Важни се и “невидливите“ на високите кровови ... Сето тоа е блиску до сценариото за Мајдан - кое сега може да се прекрсти во “Универзална“ особено ако секоја наредна бомба оди од Универзална, па потоа спонтано се движи кон владата ...

Wednesday, March 04, 2015

Две стратегии - божемски тивки води ... Ненормална нормалност

Стратегијата на Заев со проектот “Вистината за Македонија“ е да се даде акцент на содржините на телефонските разговори каде се откриваат криминални дејанија на врвовите на актуелната власт. Ваквите објави наизглед се не поштени/не дозволени/не легални, заради нарушувањето на приватноста и не легално прибавените снимки на телефонските разговори. Но заради поширокиот интерес на јавноста за содржината каде се откриваат криминални дејанија, ова е единствена можност/начин тоа да и се соопшти на јавноста (поради “киднапираниот судски систем“). Тактика е - “бомбите“ да одат во размак од неколку дена за да се даде време тие да предизвикаат ефект врз јавноста, како домашна така и странска а и да стигнат до народот поради скученоста на малиот број на медиуми кои се одважуваат ова/бомбите да го објават. Сето ова веројатно ке биде своевиден експеримент (кој вероватно подоцна и теоретски ке се проучува) дали може во демократско општество да функционира ваков иновативен систем на “ненормална нормалност“ ...

Стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е преку медиумите кои и се наклонети да ги амортизира бомбите на Заев и правно да ги напаѓа во постојниот правосуден систем заради нелегално стекнатиот материјал и нелегалната објава. Да се однесува како тоа што го слушаат, не ги допира и не предизвикува ефект ... По првиот шок ВМРО-ДПМНЕ сега се обидува да продолжи понатака демек да ја остварува изборната програма. Тие да можеа до сега ке го завршеа судскиот процес кој го најеви Груевски во првио прес за пуч-от.

Како ке трае оваа политичка битка - така ке се зголемува штетата и за позицијата и за опозицијата. Оној момент кога ке проценат дека загубите им се големи/преголеми и дека горат во оваа битка, ке седнат на маса и ке се договорат. Аболиција во РМ ... кадар три ...

Било кој би се обиде да во сето ова внесе насилие, ке биде политички мртовец за кратко време. Странците - од нив можеме да бидеме задовлни ако се прифатат да бидат гарантори на договорот меѓу двете страни.

Многу ке зависи и од економската одржлиот на економскиот систем во Македонија, дали ке паѓаат приходите во буџетот на РМ и дали ке можат да се задолжуваат со нови кредити во име на сите нас на пазарот на пари. Плати и пензии кога не ке можат да се финасираат со додатно кредитно задолжување а без нов релен импут - ке настане распад на економскиот систем а со тоа ке се распане политичкото владеење на актуеланата влада. Неизбалансираниот буџет кога тогаш ке експлодира како вистинска боба. До бескрај неможе да се оди со пумпање на буџетските приходи од нереалните извори. Тоа што го отплатија долгот кон ММФ само им дава можност да не дозволуваат меѓународни институции да роварат по трезорот (во една од бомбите видовме колку власта е осетлива на мониторирање на трезорот). Зголемениот буџет ке мораат да го покријат со ново задолжување кај белосветските банки каде има доволно слобони пари за кредитирање. Белосветските банкарски лихвари еднашка ке речат - неможе веќе додека не го платиш стариот долг. Ова го знаат и разбираат сите коцкари кога ке загубат преголема сума на коцка. Сето тоа на крај ке го зголемува долгот на државата. Колкав е вкупниот долг знае само економскиот тим на владата. Ако кријат нешто во тој поглед ке мораат да бидат свесни дека тоа неможе да го кријат вечно. Некој некогаш дебело за тоа ке одговара. Никој не може да ги спаси тогаш кога ке се случи хаварија на буџетот. Трагата на парите никој не може да ја скрие.

Tuesday, March 03, 2015

Допрен глас ... до Обвинителот на РМ

‪#‎бомба6‬

Од демек вешто измонтираните петарди и бомби до нас допре/а глас/ови за многу криминални дејанија кои ги правела нашата ни власт. Овојпат се јавува со обвиненија совеста на властодржците. Допира ли гласот и до Обвинителот на РМ. Можеби во последно време се шета со тампони во ушите (најнова мода - прави се наудрен - која ја користи барем 25 проценти од народот ни) и ги шета новите наочари (секако не оние на Горде) - кои се невидливи толку многу што и не догледува  ... Нит слушам нит гледам “нисам из ту“.

Гумени куршуми и куртон вести ...


Не ми се верува со колкава леснотија сето ова се случува околу нас, изгласано со леснотија од народните пратеници. Гумени куршуми и куртон вести се идното двојство на орудија на власта да се одбрани од нас, од народот ...


Blog Archive

Site Meter