Search This Blog
Monday, June 11, 2012
Sunday, June 10, 2012
Мачење на душата
Колку може душата да издржи кога нешто сака. Тоа секој треба сам да го провери. За да не си ја мачи душата ако нешто што го сака не го бидува, треба да престане да си ја мачи душата. Треба да се сврти кон цели/желби кои се остварливи. Онаа цел која ја сака а не му е дотапна треба да ја напушти. Во клоку неможе така лесно да ја напушти неостварената желба/цел, желбата ке му пукне душата. Душата ни треба онаква здрава и треба разумно да ја чуваме.
Манастир Трескавец - Прилепско
сл.1 Секој кој не бил треба да појде, да ги доживее фигурите од камен попат каде карпите само што не проговориле, да ја доживее светоста на местото, да дознаа зошто Трескавец го носи баш тоа име, да ги одмори очите во бескрајните панорами на сите страни и да провери зошто планината се вика Злата а врвот Златоврв со Златното јаболко токму на врвот ...
Saturday, June 09, 2012
Изворите на Црн Дрим - Свети Наум, место каде најубаво се слуша тишината
Трошки
Сеќавање од детството во време пред земјотресот. Живеевме кај Универзална а имав тетка која живееше во Автокоманда. Ги паметам автобусите тогаш оние вистинските двоспратни од Leyland. Последна автобуска на тогашна двојка беше кај сегашната слаткарница Апче на кривината кај Градежен факултет а последна на двојка во Автокоманда беше кај оној споменикот од бетон кај Автокоманда. Автобуките билети за работничката класа беа скапи и најчесто на гости одевме пешки. Ке дојдевме до кејот на Вардар и по левата страна на кејот на Вардар одевме покрај дрворедот од багреми (чинам дека беше) по крупната коцка и обична калдрма која имаше и тротоар. Ке пресечевме кај саем, тогаш старата зграда на Воена Болница, па ке поминевме низ дворот на црквата во Автокоманда „Храм славе“ и потоа кај тетками на ручек.
Thursday, June 07, 2012
Wednesday, June 06, 2012
Омилени патики - Патика кондура
Дваесетина години веќе сакам да сум во спортска гардероба. Во неа најдобро се чувствувам, најкомотно, најубаво - одговара на моето тело и на моите потреби. Имав личен пријател и сопатник кој викаше: Види га у обуќу па га пусти у куќу. Имам пробано скоро сите попознати марки. Со моделот од горната фотка сум најзадоволен. Ем е патика ем е кондура, ем е лесна за пешачење, ем може да се носи и во лето и во зима, по дожд, по снег, на плаина или прошетка. Одговара и за моите омилени прошетки со велосипед.
Monday, June 04, 2012
Тајната на животот ...
Често се запрашваме во што се состои тајната на животот, која е неговата смисла. Тоа особено се запрашуваме кога сме млади, кога ни следува проширување на видиците и случување на некои нешта кои следуваат за тој период од животот. Кога се вљубуваме, кога ја очекуваме првата работа, првиот бакнеж, првото дете ...
Thursday, February 23, 2012
Интернет промоција на убавините на Македонија ...
Subscribe to:
Posts (Atom)

.jpg)

.jpg)
.jpg)