Search This Blog

Wednesday, May 06, 2009

Св. великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден ... Св.Ѓорѓи ... Св. Ђорђe - Ђурђевдан ... Đurđevdan ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c8/Orthodox_Bulgarian_icon_of_St._George_fighting_the_dragon.jpg/220px-Orthodox_Bulgarian_icon_of_St._George_fighting_the_dragon.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/Convallaria_majalis_l.jpg/250px-Convallaria_majalis_l.jpg

Св. великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден ... Св.Ѓорѓи ... Св. Ђорђe - Ђурђевдан ... Đurđevdan ...

Повеќе »

Со Ѓурѓовден 6-ти Мај се празнува  времето кога човекот излегува во природа - на сонце што би се рекло ... Со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден ... започнува период кога оживува/зазеленува природата а на луѓето им претстои многу работа ... „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На Ѓуѓоведен се ангажираат момоци, овчари, козари, говедари, селски одборници, полјаци, протуѓери и сл. Исплатата на сите нив е вообичаено на Митровден 8-ми Ноември - затоа и се вели „чекај си Митровден“ ...

Ѓурѓовден е празник со многу  народни обичаи врзани за магичната моќ на природата која е во процут и плодност ... по верување на луѓето денот се користи за штитење на здравјето и плодноста ...  ден кога младите немажени моми посебно се припремаат и бележат ... ден кога се слави плодноста и на добитокот како и насадите ... Ден пред Ѓуѓовден се кинат млади фиданки од зазелените дрвја, врби разни полски цвеќиња и се закитува вратите и прозорците на куќата ... се плетат венци од цвеќиња и билки кои се по ливадите - тие стојат цела година ... се врши миење со таквите набрани билки/цвеќиња ... некаде истово ова се прави рано наутро пред да зазори ... На многу места од тревките и цвеќињата им се додава вода во која има присаство и на дрен, даб, леска, здравец, кукурек, црвено јајце - со водата се мие со верување дека ке “бидеш здрав како дрен“ (за децата) ... (за девојките) “момците да се грабаат за нив“ ... На многу места обичајот на берење на ѓурѓевакот се врши во близината на реката - каде обавезно се врши и бањане/миење за здравје ...

Сето празнување е поврзано со традиционални песни кои специјално се пеат на Ѓурѓовден ...

 Кинисал ми Свети Ѓорѓија, кинисал ми Свети Ѓорѓија,
кинисал ми на ден Ѓурѓовден, кинисал ми на потка да одит,
да запотнит нивје и ливаѓе. ...

 Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле, јунаку в рака.
Викум викаше фидан Јован, Ѓурѓе ле ...

 Ни прела гора ни ткала, са зима болна лежала,
како ми дојде Ѓурѓовден, сама се гора облекла,
се во зелена долама, се во зелено кадифе.

Ѓурѓовден е празник кој е можеби најпразнуван од ромите ... тие го празнуваат три дена ... Штедат за празникот за да има јагне ... три дена дотерани го слават празникот со богати трпези, со многу пеење и играње ... овие денови кај ромите се традиционални денови кога младите се армасуваат ... Во Скопје традицијата вели дека пикник се прави кај Француски гробишта - на ширинката на која сега се изгради америчката амбасада ...


Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население. Секојпат се празнува на 6 Мај т.е. по стариот календар на 23 Април. Црквата на овој ден го посветува на Светиот великомаченик Георгиј ... на овој ден 303 година е погубен светиот великомаченик Георгиј ...

  1. св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђе Старо Нагоричино ... sv. Djorde Staro Nagoricino ...
  2. Манастирски комплекс Св. Ѓорѓи с. Дељадровце ...
  3. Св. Ѓорѓи Куманово ... релативно нова црква близу кумановските гробишта ...
  4. Храм Св. Великомаченик Ѓорѓи - Чаир Скопје ... Hram Sv. Velikomačenik Đorđi - Čair Skopje ... фото и видео сторија ...
  5. Виргинскиот Манастир св. Ѓорѓи сеуште мистерија ...
  6. Митровден ... Митровдан ... Димитровден ... Св.Великомаченик Димитриј ...
  7. Цркви и манастири и други верски објекти во МК ... верски празници ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/27Large-1.jpg?t=1223234343 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/63Large-1.jpg?t=1223239201

 

No comments:

Blog Archive

Site Meter