Search This Blog

Saturday, May 16, 2009

Постизборно отрезнување ... Пари може ке има само за сатот на железничка да пропее патриотски песни.

http://217.16.70.245/izdanija/1897/30486.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/f/f1/Macedonian_id.jpg
Заврши тригодишниот изборен период во Македонија. Два парламентарни, едни претседателски и едени локални избори. Три години главен „бизнис“ беше штампање на изборни ветувања и фрлање пари во ветерот т.е. етерот од новинарските мегафони на власта.

Повеќе »

Сите устоличени новоизбрани народни представници седнаа во своите фотељи, одбраа советници, ги добија билансите што наследиле. Се славеше, некои вртеа вол на ражењ, некои правеа велелепни инагурации, некои пиеа само церемонијално кафе на примопредавањето на функциите. Опијанети од славењето на изборната победа, пиејки од киселата јува - дојде време на остварување на ветувањата. Дојде време на освестувањето/отрезнувањето и кај политичарите и кај народот. Политичарите гледајки ги билансите кои ги наследиле сватиа дека неможат да ги остварат силните ветувања. Почнаа да се бараат причини за да објасни на електоратот зошто нема да може да ги остварат ветувањата.

Ги држам пред мене двата документа за лична идентификација, лична карта и пасош . Во нив осем името на државата стои: личното име со презимето, местото и датумот на раѓање, живеалиште и адреса, пол, матичниот број, државјанството, време и место на издавање, важи до. Никаде нема графа за идентитет. Таква графа за идентитет не стои во ниеден документ за идентификација на ниеден граѓанин на светот. Се разбира дека нема бидејки тој (идентитетот) е во кодот на мојата душа и во моите чувства. За мојот личен идентитет нема потреба на никого да му се правдам/исповедам. Никој нема право ниту да ме прашува за мојот личен идентитет. На тоа прашање немора на никого да му одговорам. Идетитетот кој ни се “напаѓа од соседите“ не го пишува ниту во Изводот од матичната книга на родените. Останува уверувањето дека тој т.е. одбраната на идентитетот беше употребен/злоупотребен за внатрепартиска борба за власт и фотељите.

Слично е и кај локалните “влади“. Се бројат долговите кои се наследени од предходниците. Се одложуваат големите проекти од скапите изборни програми. Ке се чекаат подобри години. До тогаш мора да преживее администрацијата. Пари има само за нивните мали плати. Ке се закрпи само по некоја дупка колку да се рече дека нешто се работи. Дури ни со ветената помош од централната власт ветените проекти нема ни да започнат. Ке се сече лента на некоје автобуско свртувалиште кое веќе три години се гради. Пари може ке има само за сатот на железничка да пропее патриотски песни.

No comments:

Blog Archive

Site Meter