Search This Blog

Wednesday, September 10, 2008

Вработените имаат само за храна и пијалоци ...

Често на мојот блог пратам колкава е просечната МК плата на оние кои имаат среќа да се вработени ... што можат да купат за тие пари ... Она што најчесто испаѓа како резултат е дека за парите кои се примаат како плата - се полмалку може да се купи и дека се тие едвај доволни само за храна и пијалоци ... а сите знаеме дека за комуналии треба уште една просечна плата ... камо облека и останати потребштини ... за одмор да не муабетиме ...

читај повеќе »

Е таква анализа гледам денеска во весникот Вечер - Околу 80 проценти од платата за храна и пијалаци ...

  • Македонските граѓани околу 80 проценти од нето-платите што ги добиле во периодот од април до јуни годинава ги трошеле за купување на храна и на пијалаци, а само 20 отсто за преостанати потреби - струја, вода, огрев и облека, покажува анализата на Државниот завод за стататистика.
  • Најдобар барометар може да биде првата продавница во која ќе видите колку продукти минатата година можевте да купите за 1000 денари, а колку годинава. Така, цената на лебот во јуни годинава е повисока за 17,8 проценти во однос на лани, млекото е поскапо за 35,4 отсто, слично како и кашкавалот, цената на сирењето порасна за 24,5 проценти, на зејтинот за 64, а на оризот за околу 34 проценти. Со оглед на тоа што се зголемија и цените на услугите - парното за над 60 проценти, комуналните услуги за над 100 проценти и со најавеното поскапување на електричната енергија е доволен доказ дека просечниот граѓанин во Македонија живее се потешко
  • Просечната нето-плата во јуни изнесувала 15.759 денари, при што за исхрана и пијалаци едно семејство требало да издвои 12.333 денари.
  • ССМ излезе со податок дека дури 422.532 или 79 проценти од вработените работници во земјава примаат плата блиску до просечната. А околу 10 отсто од вработените не примаат редовно личен доход.

No comments:

Blog Archive

Site Meter