Search This Blog

Tuesday, September 23, 2008

Дали на Македонија и недостасуваат Информатичари и Програмери ... зошто си одат најквалитетните информатичарски кадри ...

Евидентно е дека на Македонија и недостасуваат информатичари особено оние квалитетните ... Ако се сеќавате неколку скопски фирми кои се бават со аутсорсинг увезоа програмери и информатичари од Индија ... неколку фирми кои дојдоа да инвестираат во мМакедонија рекоа дека на пазарот на трудот во МК нема информатичари (Сименс да речеме го изјави тоа ...) ...

читај повеќе »

Вистинско прашање не е дали и недостасуваат на Македонија Информатичари и Програмери ... туку зошто си одат најквалитетните информатичарски кадри ... зошто факултетите не можат да задржат квалитетен асистент од информатичките струки ... професори кои водат оро на информатичките факултети се од математичка струка ...

Одговорот е едноставен, во целиот свет недостасуваат кадри од информатичка струка ... нашите плати се мали за квалитетните кадри ... ако сакаме да ги задржиме дури и да привлеќеме квалитетен информатички кадар во оваа професија мора драстично да се покачат платите ... во спротивно само зголемуваки го бројот на факултети и студенти од информатичката струка финасираме индивидуален развој на луѓе кои со време ке си најдат работа во друга земја каде платите се нормални ... барем десетпати повисоки од нашите ... каде информатичарот не само што ке може да го одржава личниот стандард, ке вози добар автомобил, ке живее во убава куќа ... вистинската насока како треба да се запре одливот на информатичарите и воопшто на сите млади и стручни луѓе е да се покачат платите и тоа драстично ...

Додуше, пазарот на работната сила тоа сам ке го спроведе ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter