Можете ли да си замислите судот кај нас да го обвини Груевски и неговата партија дека затаиле данок, со тоа што не го платиле данокот за неколкуте претходни избори. Имено јавно е признено дека Груевски т.е. ВМРО/ДПМНЕ од сите приватни телевизии добивал попуст во цената на рекламирањето. Таков попуст добиле и СДСМ (Значи и Курто и Мурто). Со тоа се намалил и износот на данокот кој требало да го плати ВМРО-ДПМНЕ или сеедно СДСМ. Газдата на Канал 5 јавно рече дека е негово право да се пазари за цената со партиите ... Газдата на А1 пак призна дека во четири очи се договарал не само за попуст во цената туку таа да биде платена со јавните огласи на Владата ... или пак на друг недозволен начин ...
Search This Blog
Saturday, March 05, 2011
Friday, March 04, 2011
Платите и потрошувачката кошница
Често на моите блогови биле третирани и следени платите во Македонија и нивото на потрошувачката кошница. Одсекојпат велев дека ние со чаробно стапче и со снаодливост однемакјкаде успевавме некако да составиме крај со крај на платите и трошоците за живот. Но тоа станува секоја година се потешко. Во транзицијата стана уште потешко - работниците ги губеја своите работни места, од големи системи кои отидоа во пропаст поминавме на мало стопанство. Сега и тоа се урниса. Животарат само оние кои работат во администрацијата и неколку стотината компании кои или имаат монопол на пазарот или способни менаџери. Наметот на државата стана се потежок, Фирмите се затвараат а ветените нови работни места не се отвараат.
Thursday, March 03, 2011
ИЗБОРИ НА ПОЧЕТОКОТ НА ЈУНИ ИМ ОДГОВАРА И НА КУРТО И НА МУРТО ... останатото е фемкање
Иако двете главни и најголеми партии кои до сега се сменуваа на власт во транзициона Македонија (затоа и се транзициони партии) се фемкаат дека едни ко божем сакаат избори веднаш а на на други каобајаги им одговара во Јуни со плус други услови - се чини дека и за двете поголеми партии почетокот на Јуни е оптимален период.
НАРОДНИ ТВ емисии или партијски ОПИНИОН МЕЈКЕРИ
Поврзаноста на новинарството (новинарите) и партиите од власта и опозицијата е евидентно во сите општества, вклучувајки го и нашето. Партиите оние главните кои имаат моќ на избори да се легитимираат и да победат во долг временски период преку таканареченото „шурување“ со газдите на медиумите, особено со ТВ медиумите прават непринципиелна коалиција. Неприципиелна коалиција е заради тоа што во овој дил жшурување не важат правилата на новинарството, туку важат правилата на дилот - пара за рака до пара под рака. Еден дел од парите медиумите/газдите го добиваат веднаш. Непринципиелната коалиција се договара во четири очи за одпосле кога партијата што се рекламира на медиумут ке дојде на власт. Тогаш таа партија ако го почитува дилот во четири очи кој никогаш не е во пишана форма - преку влијанието на државата добива дебел колач од рекламирањето на владата. Некогаш во минатите системи новинарите се купуваа со тефтери, пенкалца, мобилни, годишни одмори и покани за прошетки таму каде шетаат владините представници (не дека и денеска не се користи сето ова) - за да денеска имаме непринципиелен дил на партиите со газдите на медиумот а тие си имаат работа со новинарите кои под притисок и закана со отказ пишуваат како ке им каже газдата, Некои новинари оние поквалитетните се намамуваат да работат за дилот со високи плати и премии.
Wednesday, March 02, 2011
ЛИБИЈА - втурната во сценарио за контролирана криза ...
Либија петтиот производител на најважниот берзански производ НАФТА-та е втурната во витлото на контролирана криза. Под превезот за демократија и поголема слобода за локалното население последните неколку недели сме сведоци на нова жешка контролирана криза. Меѓународната заедница веќе ги користи механизмите кои и стојат на располагање и преку медиумска кампања (и преку друг начин на финасирање на опозиционите сили ...) силно ја подржуваат опозицијата во Либија, која веќе води граѓанска војна во Либија во борба за превлст на нафтените полиња во Либија. Жртвите се бројат веќе во неколку десетина иљади луѓе.
Што ни носи новиот ЕУ Амбасадор Peter Ingemann Moesgaard SORENSEN
Соренсен е типичен представник на дипломат од кариера кој скоро целата своја кариера ја гради во поранешна Југославија. Четириесет и четиригодишниот Данец, магистер по правни науки, Петер Соренсен :
Sunday, February 27, 2011
"Убиј го гласникот" ...
"Убиј го гласникот", рече Груевски, и цела Влада и пратениците на
Собранието решија да го бојкотираат евроамбасадорот Ерван Фуере.
...
Е па Фуере излезе од фрижидерот. Ама Македонија ќе влезе во
фрижидер. Оти, ова што го направија со Фуере не е лошо испраќање на
...стариот амбасадор, во чие време добивме и кандидатски статус и безвизен
режим. Тоа е лошо пречекување на нов амбасадор.
Собранието решија да го бојкотираат евроамбасадорот Ерван Фуере.
...
Е па Фуере излезе од фрижидерот. Ама Македонија ќе влезе во
фрижидер. Оти, ова што го направија со Фуере не е лошо испраќање на
...стариот амбасадор, во чие време добивме и кандидатски статус и безвизен
режим. Тоа е лошо пречекување на нов амбасадор.
Saturday, February 26, 2011
Груевски каобајаги сака избори ... Црвенковски каобајаги несака избори ...
Се до одењето на Груевски во САД од каде срамно без заедничка прес конференција беше испратен, со различни соопштенија на Груевски и САД админстрацијата - за што се разговарало на двете средби, Груевски до средбата во САД не сакаше избори: Се сеќавате во Декември рече дека не е време за избори, туку време на реформи. Сега по средбите во САД одеднаш сака избори и тоа брзи, по можност утре.
Friday, February 25, 2011
ФЕЈСБУК СОЦИЈАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ЗАГРЕВ ...
Subscribe to:
Posts (Atom)