Search This Blog

Thursday, November 23, 2006

ЕЛИТИЗАМ во НВО секторот

По мене формирањето на здруженија на НВО-а во Македонија, е дефакто појава на елитизам во НВО секторот - како ова што се заговара со НВО-Куќа за човекови права - во кое оснивачи се:

-Првата детска амбасада во светот "Меѓаши",
-Хелсиншкиот комитет,
-Македонскиот центар за женски права,
-"Полио плус" и
-Асоцијацијата за демократски иницијативи

** Тие од државните институции очекуваат поддршка за реализирање на нивната мисија за здружено делување и подобро сервисирање на граѓаните.

** Петте невладини организации ќе ги префрлат своите седишта во Куќата, за која се' уште не е одредена локацијата, а допрва ќе се утврдува и со чии пари ќе биде градена.

** Основачите очекуваат поддршка од Фондацијата Куќа за човекови права од Норвешка, но ако таа изостане, велат Куќата ќе ја градат со домашна поддршка.

Извор Вечер - 23.11.2006 :: Бр. 13356
Ќе се гради Куќа за човекови права

Меѓаши - Новогодишни честитки

Arwena пиша пост Меѓаши - Новогодишни честитки од детската фантазија со кој ја подржиа Првата детска амбасада Меѓаши - со промоција на нивните новогодишни честитки - со мотиви од детската фантазија ....

** Мотивите се оригинални и единствени и се производ на детската фантазија со минимална доработка. Цената на секоја поединечна честитка со коверт е 25 денари. Приходите од продажбата на новогодишните честитки ќе бидат наменети за бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22, детските работилници и останатите активности на амбасадата Меѓаши. Честитките може да се нарачаат со пополнување на формата за порачка и истата да се испрати по факс на телефонскиот број 2463-900, или по пошта на улица Коста Новаковиќ број 22. Достапна е и електронската адреса и тоа инфоЖцхилдренембассѕ.орг.мк.
Со купувањето новогодишни честитки од СОС Детското село им се помага на децата без родители и родителска грижа да ја почувствуваат топлината на домот и на сопственото семејство.


Еве и јас се придржувам на инизијативата на Arwena - која ја подржаа и неколку други блогери:

Рибаро - Меѓународен ден на детето
Дуле - ARWENA предлага, вие прифатете
Кими - ПОМОШ за НАЈМИЛИТЕ
kicevcanec
-Меѓаши - Новогодишни честитки од детската фантазија
MastermindMK
- Меѓаши - Новогодишни честитки од детската фантазија!
Утрински-Новогодишни честитки за помош на СОС-телефонот
Нова Македонија -Новогодишни честитки со мотиви од детската фантазија

Сликата “http://bloger.com.mk/uploads/m/milozvu4na/1243.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

СО БЛОКАДА ДО СТРУЈА

Лани полани имавме блокада во Кондово чинам и Рашче кога Водовод реши да ја исклучи водата на оние кои не плаќаат ...

Како се заврши ова платија ли луѓето или само проблемот се стави под черга, незнам знаат од “Водовод“ кој нели лани пријави загуба од неколку стотина иљади евра - кој тренд продолжува и во оваа година ...

Лани кога се продаваше Дистрибуција на странци една од причините за продажба беше што - бившото претпријатие - кое наплатуваше струја - не можеше да најде начин како да ја наплати струјата од пооделни перманентни неплаќачи ...

Странците почнаа со засилена наплата најпрвин во градските средини кај населението ... потоа продолжија со Јавните претпријатија и установи (министерства - школи, болници ....), за на крај еве да почне да исклучува цели населби по руралните средини кои со години не плаќаат струја ...

Па така нели пред некое време слушнавме за прекин на испорака на струја кај селата во околината на Говрлево ... и во некои други рурални средини во источна Македонија .... за сега да почне да се сопира испораката на струја и во “проблематичната“ за наплата на струја западна Македонија ...

Еве селата Чифлик, Барово и Света Петка останаа веќе десетица дена без струја ... Но “борците за човекови права“ се активираа и извршија блокада на јавен пат - Мештаните со блокади ја запреа изградбата на "Света Петка" ....

Демек со исклулувањето на струјата мештаните трпеле штета - па сега и државата нека трпи штета со стопирање на изградбата на браната "Света Петка" ....

** Во овој регон живеат околу 1.800 жители. Најголем број од нив живеат од социјална помош и немаат пари да си ги платат сметките. Не плаќале струја со години оти немаат пари. Некои семејства не платиле струја 40 години откако се населени. Долговите се големи и достигнуваат и по неколку илјади евра - вели Илми Бислими - претседателот на месната заедница при општина Сопиште ...

** Неофицијално во земјава околу триесетина села воопшто не плаќаат струја.

Wednesday, November 22, 2006

СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ

Одкако државата најави дека ке ги обновува трите стари симболи на Скопје (стариот театар, официрскиот дом и старата зграда на официрскиот дом) - со конкретно одвојување на пари во државниот буџет за идната година ... се појавија многу душегрижници кои се насекираа дека државата ке фрлела многу пари - на стари спомени ...

Лично јас како постар Скопанец се согласувам дека Скопје треба да има континуитет на архитектонските градби и трите објекти заедно со Ристиќева палата - камениот мост и Скопското кале ке му импутираат патина и душа на центарот на Скопје ...



Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад (тогашен Трг Краља Петра). 1920-титеСкопската тврдина (Кале)





Сликата “http://www.blesok.com.mk/Images%5CGallery%5C33%5C31.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.




 Св. Константин и Елена..слики 1.jpg Св. Константин и Елена..слики 2.jpg Св. Константин и Елена..слики 3.jpg Св. Константин и Елена..слики 4.jpg на Скопје, 1950-тите.jpg дом, изграден 1926-1929 -kar[i teatarot.jpgMonorafija Arhiv na RM slika na staro skopje centar.jpg

Tuesday, November 21, 2006

ОТШТЕТА од 5,7 милиони евра

Оваа година се намножија отштетите шта ги плаќа државата по судски одлуки ....

Еве и последнава кратка вест на Дневник - Државата му исплати отштета од околу 348 милиони денари (5,7 милиони евра) на „Макпетрол“.

Спорот помеѓу „Макпетрол“ и Министерство за финансии, односно Царинската управа почна во 2001 година. Компанијата се жалеше на тоа што Царината не и' дозволи редовен увоз на нафтени деривати во јуни, јули и во август 2001 година. Дистрибутерот имал штета поради плаќање дополнителни трошоци за лежарина на цистерните и изгубена добивка. Во отштетата се пресметани и камата и судски трошоци.

Monday, November 20, 2006

ЈАНЕЗ ДРНОВШЕК

Од секојпат го сметав Јанез Дрновшек за чуден и невообичаен човек ... Уште како член на Председателството на СФРЈ (15.5.1988. - 15.5.1989) го обвинуваа дека е педераст тип - во една прилика и го натепаа во Београд ...

Кариерата успешно ја продолжи и во независна Словенија - каде беше и Премиер (22. april 1992 - 7. junij 2000) и Председател (2002. - 2007.). Словенците го сметаат за еден од заслужните луѓе кои ја внесоа Словенија во ЕУ ...

Неговото чудно однесување продолува и деновиве - кога заради духовната трансформација што го доживеал откако се ослободил од претседателскиот протокол - се преселил да живее од Председателската палата во планинска колиба во селото Заплана - kаде што друштво му прави само кучето, станал строг вегетаријанец, сам меси леб и понекогаш се покрива со листови за да биде поблиску со природата ...

Извор Дневник - Светот ќе исчезне за 20 години.

Saturday, November 18, 2006

ЈАПОНСКО vs МАКЕДОНСКО ЈАБОЛКО

Во една прилика пред 18 години во мојата посета на Канада - Торонто .... братучетми кој е таму познат забар за да ме угости мене и сестрами пошол на пазар и купил секаков вид на зарзават и овошје .... Меѓу другите тогаш првпат пробав “суит пататос“ и “Јапонско јаболко“.

Пробувајки го Јапонското јаболко кое не беше онака изгниено - кога е најдобро - туку сеуште беше свежо во устата ми правеше горчина и онака ми ја собираше устата ... искоментирав “.... е Бате па овај Јапонска јабука може ципеле да чисти на нашу Јабуку ...“ (кумановски) ...

Сите прснаа во смеење и Бате до крајот на посетата не купи Јапонски јаболка :) ... Но ми остана секојпат во сеќавање оваа случка кога ке се спомне Јапонска јаболка ...

Инаку Јапонското јаболко успева и во нашите краишта - во Гевгелиско и Валандовско .... и еве вест има добар напис Јапонското јаболко се спрема за Европа
Стандарднен „Јонатан“Јаболка „Јонаголд“
Apple orchardAdam and EveA classic depiction of the biblical tale showcasing the apple as a symbol of sin.Albrecht Dürer, 1507; Oil on panel; 209 x 81 cm (per panel); Museo Nacional del Prado, Madrid.[1].

Blog Archive

Site Meter