Search This Blog

Monday, February 05, 2007

БУГАРСКО - МАКЕДОНСКА хакерска војна

По интернет војната на Блогерајот за која неодамна пишував на мојот пост “ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА“ - 29 Јануари, 2007 ...

“... На Блогерајов се поведе вистинска војна меѓу блогери од Македонија и Бугарија ... За ова пишував неколку пати - видете линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, ... За ова пишуваа и многу други блогери пред и после мојот пост БУГАРСКО МАКЕДОНСКИ (односи-релации) - но на него дадов линкови на кои постови на блогерајот кој што пишувал ... Имам осеќај дека бугарските блогери на Блогерај настапуваат “оркестрирано“ ...“

Некако брзо после тоа се случи напаѓањето на сајтот на Председателот на РМ ... “...Бугарскиот државен грб и националното мото „Заедништвото ја прави силата“ со куса порака осамнаа вчера на официјалната интернет-страница на шефот на државата Бранко Црвенковски по упадот од непознат хакер од Бугарија ...“

За Хакерите на Блогерајот имав свој пост ... на 23 Октомври, 2006

Најновата вест гласи во своевидната интернет војна гласи: МАКЕДОНСКИ ХАКЕРИ ИМ ВРАТИЈА НА БУГАРСКИТЕ - Црвенковски и Прванов војуваат на Интернет ... “...
Македонски хакери го нападнаа официјалниот веб-сајт на бугарскиот претседател Георги Прванов, како одмазда за хакерите што на 21 јануари поставија текст на бугарски јазик на страницата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
„Имаме силни докази дека нападот врз македонскиот претседател беше план, нарачан и платен од бугарската влада, а го изведе хакерската група ТИМ ЛЗО. Трансферот на парите е направен преку „Прва карипска банка“, а крајната дестинација на парите е во Лос Анџелес“, пишува во текстот објавен на сајтот на бугарскиот претседател под кој е потпишана групата Македонски обединети сили...“

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Зошто Бугарија не го признава Македонскиот јазик ... во што е проблемот ... таа мисла ме водеше во ова истражување ...

За разлика од многу други теми - за Македонскиот јазик на интернет има многу македонски содржини од кои предначат оние на Македонската википедија ...

Па така на страницата наречена Македонски Јазик ке прочитаме:

Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужните словенски јазици и е официјален јазик во Република Македонија. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија и Црна Гора, Турција и во некои земји членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2 до 2.5 милиони луѓе. Македонскиот јазик е исто така официјален во реонот на Корча во Република Албанија кадешто живее бројно македонско население.

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик.

Современата македонска азбука (како и секоја друга словенска кирилична азбука) се заснова на кирилицата на Св. Кирил и Методиј; таа е адаптација на фонетската азбука на Вук Караџиќ.

Кирилица е азбука што се користи за пишување кај шест природни словенски јазици: (белоруски, бугарски, македонски, руски, српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз, Азија и Источна Европа.

Почетоците за Словените да имаат своја азбука биле од причината словените да можат да имаат богослужба на својот словенски јазик. Составувачи на првата словенска азбука - Глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји.

Денешната Кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски кои ја модифицирале тогашната глаголица и во чест на Свети Кирил и го дале името КИРИЛИЦА.

Македонската кирилична азбука е составена во 1945 година под налог на АСНОМ. Има 31 буква и е најслична со српската кирилична азбука со исклучок на буквите Ѕ, Ќ и Ѓ.

Историја на македонскиот јазик

Кодификација на Македонскиот стандарден јазик

Кодификацијата е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична форма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ.

Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.

Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани: со решението на Првото заседание на АСНОМ (2 Август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава; со официјалното усвојување на македонската азбука; со офоцојалното усвојување на македонскиот правопис.

Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година. Таа е усвоена на 5 мај 1945 година од Народната влада на федерална Македонија.

Правописот на македонскиот јазик е озаконет на 7 јуни 1945 година.

На Бугарската википедија ке прочитаме следното кое се однесува за македонскиот јазик ...

Македонският език е южнославянски език, официален в Република Македония. Ползва се от около 2 млн. души. Числи се към източната група на южнославянските езици. В България македонските диалекти се смятат за част от българския език,...

Кодифицираният вариант на македонските диалекти, така нареченият македонски литературен език в България се смята за втора книжовна норма на българския език, успоредна на българския книжовен език.

Различни гледни точки по въпроса за македонския език

Един често повдиган въпрос във връзка с македонския език е това, дали той е вариант на българския език или не. Въпросът има две страни - от една страна той е политически въпрос, т.е. въпрос на международно признание на македонския език, а от друга - лингвистичен въпрос, който отразява езиковедската гледна точка.

Няма ясна и всеобщо призната процедура по международно политическо признаване на даден език. Политическият спор по този въпрос още се нарича езиков спор, какъвто доскоро съществуваше между България и Македония. От друга страна, това е чисто лингвистичен въпрос, който по силата на обективни критерии се опитва да установи съществуват ли безспорни аргументи, които могат да отговорят еднозначно - македонският и българският различни езици ли са, или са варианти на един и същи език.

На Србската Википедија за Македонскиот јазик ке прочитаме:

Македонски књижевни језик је јужнословенски језик са једном од најстаријих књижевнојезичких традиција и службени језик Македонији. Истовремено, македонски је један од најмлађих словенских књижевних језика у савременом смислу тог појма.

Судбина македонског језика углавном је слична судбини бугарског, са том главном разликом да се савремени македонски језик оформио као књижевни језик тек 1945 године, превасходно на основи централних македонских говора, и да у процесу његовог формирања као савременог језика није био у толикој мери изложен руском, а посредно и црквенословенском утицају, као што је то карактеристично за бугарски књижевни језик.

Према данашњих македонских научника у другој половини прошлога века код Македонаца је већ веома изразито формирана свест о томе да су они посебан словенски народ и да је македонски језик посебан словенски језик (Ђорђи Пулевски, Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и др.), па су шездесетих и седамдесетих година почеле међу македонским интелектуалцима дискусије о томе какав треба да буде македонски књижевни језик, посебно с обзиром на однос према различитим македонским и бугарским дијалектима с једне, и стару словенску књижевнојезичку традицију, с друге стране.

Интересен е погледот на Хрватската википедија за Македонскиот јазик ...

Makedonski jezik je jedan od slavenskih jezika. Makedonsko je pismo ćirilica.

Slaveni su naseljavali Balkan, jedan dio je zaposjeo i najjužniji dio Balkana, pokoravajući starosjedioce, nametnuli su svoje običaje i jezik, no pri tome su prihvatili razvijenije proizvodne djelatnosti, zemljoradnju i uzgoj stoke. Naseljavajući prostor koji se naziva Makedonija slavenska plemena naseljena na tom prostoru u 9-10 veku dobili su i ime Bugari. ...

Во Англиската википедија за Македонскиот јазик се вели:

The Macedonian language (Macedonian: Македонски јазик, Latinic: Makedonski jazik) is a language in the Eastern group of South Slavic languages and is the official language of the Republic of Macedonia. It is also referred to by several alternative names, many formed with the word Slavic. Macedonian is closely related to and mutually intelligible with Standard Bulgarian. It also has some similarities with standard Serbian and is closest to the intermediate Torlakian and Shop dialects spoken mostly in southern Serbia and in western Bulgaria (and by speakers in the north and east of Macedonia itself).

Читајки ги сите горни написи на Википедија – доаѓаме до сознание за Македонскиот јазик – како јазик на денешна современа Република Македонија ... јазик кој го признаваат сите кои го признаа и фактот за самостојана Република Македонија .... сите осем Бугарија ...

КРАЈ НА РАСПАДОТ НА СФРЈ

Министерот ни за Надворешни работи Антонио Милошевски - по повод разрешницата на случајот КОСОВО - неодамна изјави дека кризата на распадот на СФРЈ почна со случајот КОСОВО и сега кога Косово добива самостојност - тоа представува крај на домино ефектот на распадот на СФРЈ ...

Дали е баш така ... Македонија го посматра процесот на осамостојување на Косово од страна со“ неутрални наочари“ ...

Македонија иако е меѓународено признаена со правен субјективитет во ОН - од своите комшии е нападната по повеќе основи:

- Бугарија не ни го признава Јазикот и Нацијата ...
- Со Грција имаме спор за Името ...
- Со србија имаме таканаречен Црковен спор ...
- Со Албанија и со Македонските Албанци имаме проблеми во процес ... Албанија отворено ги подржува процесите започната со Призренската лига ... кои водат кон обединување на сите територии во кои живеаат Албанци ... Нашиве пак Албанци под закрила на борба за човекови права спроведуваат федерализација на Македонија ... Се сеќавате дека и нашиве Албанци имаа референдум за одцепување на Албанските териториии во Македонија во таканаречената Илирида .... Албанците кога тоа им одговара не нарекуваат Славомакедонци ... не гласаа за референдумот за осамостојување и не гласаа за Уставот на Македонија ... Секогаш се во коалиција албанските партиии кога ги спроведуваат нивните заложби (имаат внатрепартиски договор за единствен настап за важни прашања од областа на албанизација на делови од Македонија) .... без разлика која партија е во власт а која во опозиција .... Со тоа што играат валкана игра оние кои се на власт цицаат од власта и као се кооперативни ... а оние кои се во опозиција се рдикализираат по потреба и се на тврдото крило на Албанизација до одцепување на делови од Македонија сосе Скопје во него ....

Saturday, February 03, 2007

СЕКС - за рабптно место

Многупати слушаме приказни како “згодните“ и “паметните жени“ си ги решаваат проблемите во животот ...

Најнова потврда на тезата како се решават социјалните проблеми на “згодните“ и “паметните жени“ - е во болницата во Сараево ...

Во сараевската болница Кошево се случи секс скандал откако медицинска сестра од болницата на директорот му предаде список со имиња на 20 доктори меѓу кои се наоѓа таткото на нејзиното новороденче,..

Медицинската сестра Мерима Ф. која роди машко дете минатиот месец побара од Управата на болницата да го разгледа случајот и да утврди кој е татко на нејзиното дете, наведува списанието.

Списанието ја цитира Мерима, според која, големиот список потенцијални татковци се должи на фактот дека "сите тие и ветиле дека ќе го решат нејзиниот социјален статус".

18-1087, Hot Nurse Costume

ГЕОРГИЕВСКИ v.s. Латас и Ефтов


Георгиевски од само него познати причини од Бугарија порача дека радо би искочил на ТВ дуел со новинарите Латас и Ефтов на тема - сите прашања од историски контекст за кои двајцата новинари имаат интерес.

“.. Еве во една емисија под услов да оди во живо и да трае најмалку еден час, нека му постават прашања овие двајца еминентни новинари кои постојано се обидуваат да расветлат моменти од историјата. Во таа емисија Георгиевски би бил гостин, а Латас и Ефтов ќе поставуваат прашања. Нека донесат ако сакаат и стручна помош од редот на нивните пријатели академици и историчари..“

ПЕЧАТНИЦА ЗА ЕВРА

Кога ке ме праша некој кој бизнис би бил добар ... онака на шала на прва - му велев ... а да отвориш печатница на пари на евра да речеме ... Се разбира ова беше само шала ...

Но одвреме навреме ке слушнам дека пари се печатат ваму - таму ... Едно време Бугарија важеше за центар за печатење на евра ... па се слушаше за некакви бродови печатници ...

Но најголема печатница за евра од организиран тип била пронајдена деновиве во близината на Бања Лука ...

“..Печатницата работела две години и со организираната мрежа, лажните 500.000 евра се дистрибуирале низ Европа, а особено во земјите на ЕУ..“

Friday, February 02, 2007

ДИКТАТУРА НА ММФ

На делови од нашиот суверенитет доброволно се откажуваме со склучување на рзноразни аранжмани со ММФ и Сведска банка ...

Ова не сакаат да го признае до крај ниеден политичар и партија кога имаме избори ... Сите велат ке направиме ова ... она ... а кога ке дојдат на власт легнуваат на брашно ... или едвај успеваат “да пртнат“ дел од своите ветувања од предизборието ...

За ова пишував и порано:
- Македонија е дефакто протекторат -
- ММФ не отпишува
-
- Против продажбата на “златните кокошки“
-
- Сиромаштија и ММФ -
- ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА - како светски процес ... Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација
-
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ - ...

Во денешниот напис на Вечер - ТИТО ПЕТКОВСКИ КОНТРА ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ И ММФ - Петковски ке рече:

“..деновиве од присутните претставници на ММФ во Македонија бил предупреден оти ако предложените измени во Законот за здравственото осигурување се прифатат во Собранието, а со кои НСДП предлага сите лица кои по ниедна основа не се осигурени, а имаат 65 години, да добијат бесплатно осигурување, ќе се доведе под прашалник аранжманот со Фондот...

..Петковски соопшти дека партијата ќе оди докрај со измените, а апелираше и претставниците на ММФ да имаат разбирање и за стечајците кои бараат симболична помош од државата до старосната пензија. "Тоа се наши предизборни ветувања и ние како левоориентирана партија ќе се држиме до принципите"
...

ЛАТАС - акција и реакција

АКЦИЈА

На 22.01.2007 Лтас во Вечер во написот Рајхстаг ке напише:

“..Зошто Доста Димовска, чиј идол е Мара Бунева, не го испружи среде Софија Каракачанов, и така да придонесе и Пиринска да биде слободна како Вардарска Македонија?!..“

“Пред пет-шест години Доста Димовска постави, без дозвола, спомен-плоча на Мара Бунева, која за себе мислела дека е Бугарка. Ладно го убила цивилот, државниот службеник на тогашното Кралство Југославија, извесен Прелиќ. Тоа, за Доста Димовска, бил херојски отпор против српската окупација. Патем, кажа дека и себеси се смета за современа Мара Бунева...“

“Бугарите велат нивни сме, и не ни признаваат ни јазик ни народ... ако Вардарска Македонија е ослободена, во содејство на македонските и српски партизани - Пиринска е се уште под бугарска окупација, нели.
Па, како и Мара Бунева, нека земе и Доста Димовска оружје, и нека го испружи со него Каракачанов среде Софија. Алтернативно, може и некој градоначалник на Благоевград, Ќустендил... или друго место во Пиринска Македонија, и нека придонесе до ослободување на Пиринска со свој чин и жртва.“

РЕАКЦИЈА

Каракачанов - реагираше: Да не му се издава бугарска виза на Латас!
“..Во однос на неговите закани на моја адреса - му советувам, ако некој ден случајно добие бугарска виза, или, пак, јас случајно отидам во Македонија, подобро за него да избегне средба со мене, вели уште лидерот на ВМРО-БНД.....“

ВМРО-БНД ќе бара забрана за влез во Бугарија на македонски новинари
“..Меѓу нив се Виктор Цветановски, поранешниот дописник на „Нова Македонија“ од Софија, а сега новинар во „Утрински весник“, Драган Павловиќ Латас од весникот „Вечер“, Бранко Ѓорѓевски од весникот „Дневник“,..“ - потоа списокот и се прошири ..

Предаването с интервютата ... ТВ емисија на БТВ .... (25 минутен прилог) - Кој со наслов “Македонизмот е во криза“ е вистински памфлет ...

КОЈ И КАКО ОД БУГАРИЈА МЕНАЏИРА КРИЗА НА ОДНОСИ?!

“..
од бугарска страна не се работи само за индивидуални националистички ставови, покажува и денешната информација пренесена од бугарската агенција Фокус, дека Главното обвинителство во Софија покренува истрага против уредникот на Вечер Драган Павловиќ Латас, за закана врз ултранационалистот Красимир Каракачанов со пишувањето за случајот Мара Бунева. Во коментарот Рајхстаг, уредникот на Вечер и предложил на Доста Димова, промотор на Мара Бунева, да го направи самата тоа што го пропагира. Да оди во Софија и да го испружи Каракачанов, жртвувајќи се какао Мара Бунева со сосптвен пример за ослободување на Пиринска Македонија..“

Thursday, February 01, 2007

ПЛАТА

Најновите извештаи за просечната МК плата покажуваат во споредба со платите во бившите ЈУ републики - дека во Македонија имаме најниска просечна плата:

- Македонија 221 евро,
- Босна и Херцеговина и Црна Гора со по 250 евра,
- Србија со 358
- Хрватска со 664
- Словенија со 750 евра.

Како прежувува македонецот со вакви плати ... кои комбинирани со огромната бројака на невработеност - покажуваат дека сме банкрот држава ...

Дефинитивно во Македонија никој не живее од плата ... затоа имаме огромен процент на мито и корупција ... 15 години од самостојноста наместо да ги решаваме економските и социјалните проблеми и наместо на гласачот да му е важно што досегашната власт направи за да ми биде подобро ... во економска смисла ... Ние секојпат гласаме за да казниме некого ... и веруваме на убавите зборови и прикаски ...

Мислам дека не постои друга нација на светот на која и е поважна историјата да речеме ... одколку решавањето на економските проблеми ... Па луѓе мои историјата е навистина многу важна ... но од историја не се живее ...

КОНКУРС

Институцијата конкурс одамна го изгуби своето значение. И во минатиот систем беше отрцана институција ... и во овој систем на “Демократска/Демагогија“ истото продолжува ...

Видете само по изборите и смената на власта колку бргу се сменуваат функционерите ... преку ноќ би рекле ... најважно од се е да си член на оредена партија и близок до лидерот на партијата во власта ...

Предлагам да се легализира ситуацијата и да се укинат конкурсите ... да не се губи време и пари ... и така нели се е наместено ...

Имав еден пост кој не предизвика големо внимание “ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА“ - бидејки е краток а е со поврзана тема од топикот - тука ке му направам рефреш:

Партизацијата на државата - создаде и таканаречени “партиски вработувања“ ... По доаѓање на власт осем неопходнат смена на водечките места во државната администрација се вршеше “тоталка“ до портир и кафекуварка ... Ова подеднако “добро го правеа“ сите партии кои до сега беа на власт ... и така се створи наместо мала и стручна администрација - да имаме ... огромен бирократски патиски државен апарат ... кој се претвори во спора и неефикасна државна администрација ...

ЕУ се замори во укажувањето на овој проблем ... ова е сигурно и една од кочниците на нашето интегирање во ЕУ.

Blog Archive

Site Meter