
На блогот р-Еволуција одамна се води дебата како да го казниме МТ - за нечесните постапки кон нас кои сме лојални корисници на МТ.
Има секакви предлози на тримесечното постоење на блогот Р-Еволуција и на форумот на р-еволуција.
Пошто моите предлози се многу револуционерни :), ке си дозволам да ги изнесам тука, и така никој не го чита мојот блог....
1.-Да направиме од стиропор и карон нешто како божем "ликовен израз Инсталација" една бесилка на која би го обесиле МТ-нет, пошто се криви и револуционерниот суд на р-Еволуција ги осуди на смрт со бесење - т.е. исклучубанје на врската - Сликата со секирчето кое го сече кабелот(Ова е по углед на бесењето на Карош под мостот во Скопје)
2.-А до бесилката да поставиме стиропор гилјотина онаа која ја предлага Бојан да ја увеземе од Париз :):)
3.-Или кинеската слика - на плоштад - па пиштол у врат
4.-Или решението на Тито - да ги пратиме кривците на остров да кршат камења е сеа кои остров - па имаме само еден - на преспа и така на него има само камења и змии...
5.-Или по предлогот на сталјин - Сибир - Кој е нашиот сибир па се знае Битола!!!
6.-За малку ке го заборавев самурајот на Бојан - е сега ке морам да го прашам Бојан да ја надополни идејата - веројатно не мислел на харикири - или недај боже сежење на нечии глави - туку мислел на сечење на кабелот на врската со МТ со оштриот самурајски меч..
Па сега народот нека одлучи како да го казниме МТ нет - тоа би било некоја инсталација - бужет не поголем од 2000 денари - стропор и малку боја - а доброволци од ликовните уметници ке најдеме.

8. До ова би ги додал и неколкуте постери што ги предложи Спенки види слики


На многумина не им се допадна кампањата на р-Еволуција со организираниот поменн за АДСЛ т.е. за тоа “Кој го уби АДСЛ-от“ Линк 1, Линк 2, Линк 3,

Само на тогашните луцидни протести им требаше малку повеќе соработка и наклоност на медиумите....а што да не фалеше подршката и од блогерската заедница....со чест на исклучоците.
На тогашните р-Еволуционери им требаше НВО....
No comments:
Post a Comment