Search This Blog

Monday, February 20, 2006

Блогерска средба – Блогерите се срамежливи !?

Блогерска средба – Блогерите се срамежливи !?

Во организација на Метаморфозис и во нивниот простор-канцеларии, се сретна гупа од дваесетина македонски блогери на покана на Стојановски Филип и Дарко Булдиоски.

Кој беше се присатен веројатно ке каже организаторот.

Средбата беше најавена како спонтана, а со цел да се промуабети лице во лице за блогирањето како медиум и да се разгледаат можностите за организирање јавни активности на темата, како на пример “Трибина за блогирањето како медиум“, публикации, упатства,насоки....разно и зезанции....

Најголем број од блогерите беа од Blogger групацијата, беше присатен и одговорниот од blog.com.mk, додека од медиумите беше присатен само Геро – веројатно и само тој бил поканет.

Најпрвин уствари почнавме со последната точка зезанции.... Падна предлог да направиме “БлогПартија“. За председател одма го предложивме .анти и така има појава ко Ленин па ке биде влијателен – а за Министер за блогерај Букарски-младата докажена надеж на блогерството во Македонија. Нели избори се ближат-па не лошо малку од власта да чепнеме. Тогаш се пребројувавме колкаво ни е членството. Но бројката ке ја оставиме во тајност, па ниедна партија јавно не кажува колку членови има...Некој предложи дај да интервенираме во Избирачкиот список (модерно било тоа сега) и така повеќето блогери се добри стручњаци за НЕТ партизански акции....:):):)

При преставувањето всушност се виде дека блогерите се срамежливи и се представуваа како америчка група за подршка на откажување од алкохолот. Во стил име и јас сум алкохолик...:):):)

После пробавме да фатиме некоја тема, од горе посочеите но најпрвин паднавме во опасност за забегаме на темата на слабата Интернет пенетрација во Македонија и кој е крив за тоа, па откако се освестиме дека така ке ни треба симпозиум од три дена и пак ништо претерано ново нема да кажеме – од веќе кажаното на темата....

Геро ни даде негово видување за блогерството како медиум кој надоаѓа, и појасни зошто соработува со поедини блогери....

Е сега што се договоривме – веројатно за тоа повеќе ке напишат Филип и Дарко.

No comments:

Blog Archive

Site Meter