Search This Blog

Saturday, February 13, 2021

Чипирање - чипиани идиоти ...


Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, кредитна картичка, мобилен телефон ... чепирани се сите фиксни телефони, чепирани се сите телевизори, чепирани се сите компјутери... Сето ова е подкрепено со закон и тука нема бегање. Не постои држава која ова го нема. Се чипираат со разни огрлици затворениците, кои потоа се пуштаат во домашен притвор. Има закон за чипирање на сите домашни миленичиња со вметнување поткожно на соодветен чип. Слушам дека многу развиени држави имаат процес на вакво слично подкожно чипирање на луѓето, демек за да се олесни протокот на луѓето. Сите ние значи сме чепирани идиоти кои државите ги имаат под свое. Тајното чипирање со некои нано чипови сигурно дека е возможно но колку знам законски не е одобрено никаде. Сега сите слушаме дека со вакцините ни вметнуваат тајни нано чипови ...

Tuesday, December 29, 2020

Отиде во историја и машината за производство на гумени производи - Преса која тежеше преку 400 килограми и стоеше во подрумот 25 години ...

Последната година на владеењето на Анте Марковиќ почнаа да се распаѓаат големите системи во ЈУ кои вработуваа огромен број на вработени. Осеќајки го тој талас искочив од работа од една таква голема компанија и оформив своја фирма. Идејата беше тоа да биде застапништво на странски фирми бидејки имав такви искуства. Но тоа не се оствари - сите странски фирми бараа мој капитал (кој го немав) за да бидат партнери со мене. Фирмата случајно почна со трговија на резервни делови увезени од Застава и нивни кооперанти. Почна фуриозно. Сето тоа убаво траеше до распадот на Ју. Тогаш почнаа да се отвараат нови граници и не беше во можност да се врши набавка на роба од новоформираните Ју републики. Во тоа време пробувајки да направам нова трансформација заглавив во кредити кај банкари кои даваа пари на месечна камата. Бидејки бизнисот потклекнување решив да соберам сили и да ги вратам парите на приватниците од кои имав земено пари на камата. Морав да ја продавам залихата дури и на фирми кои беа слаби платиши. Така заглавив кај некилку фирми од МК, кои неможеа или не сакаа да ми ја платат робата која им ја имав испорачано. Кај една фирма имав многу големо побарување и за да извадам од калта прифатив да заемам од кај нив било што за да го намирам долгот. Така заглавив со две машини за производство на гумени производи. Тие машини никојпат не проработеа иако мене финансиски ме исцрпеа. 

Решив деновиве да се ослободам од нив. Едната ми стоеше во подрумот кој почнав да го расчистувам. Бидејки беше многу тешка машината одлучив ка ја расклопам и да ја дадам на стро купујем. Вчера некако со мака сето тоа излезе од мојот подрум и отиде кај старо купујем. Мене ми падна голем терет со тоа што така ми се отвори простор за нова активност во подрумот.

Friday, December 25, 2020

Новогодишна елка, украси, поклони ...

 

За секоја нова година петнаесетина дена пред нова година организиравме обавезно китење на елка со многу лампиони. Во новиот стан кога децата највеќе ни се радуваа на новогодишната атмосфера организираве уште поголеми елки. Под влијание на западните обичаи почнавме секоја година секој посебно да купувавме поклони за сите домашни. Ги пакувавме во посебни кутии а се отвараа ноќта пред да дојде нова година. Децата секојдневно ги подигнуваа пакетите и пробуваа да погодат што има во нив. Да не спомнувам дека под елката имаше десетици пакети со разни слаткиши. Слаткишите “страдаа“ секојдневно. Кога децата подпораснаа овој обичај и китење им стана неинтересен и за да се настави традицијата со новогодишното украсување жената купи едно мало елкиче. Сето тоа на крај заврши во подрум заедно се сите спомени од минатото. Во подрум стоеа елките, украсите, многуте лампиони и светлосни направи десетина години се до овие  денови кога одлучив да раскрстам со минатото и кога почнав да го чистам подрумот. Во сето тоа многу ми помогна старо купујем. 
Сите елки, сите лампиони и разни светилки ги дадов на Рамче старо куује кој ми рече дека има четири деца. Така и новогодишните елки кои беа пластични отидоа во историја ...

Thursday, December 24, 2020

CD дискови ...


Во историја отиде и колекцијата од иљадници ЦД-а. На времето коштаа поединечно од евро ипол до две. Многу брзо интернетот ја замени гладта за информации и музика. Сега се има на интернет и ЦД колекциите одамна станаа бесмислени и непотребни.

Wednesday, December 23, 2020

Во историја отиде и телефаксот ...

  

За потребите на мојата фирма со која тогаш работев морав да купам телефакс. Беше како и повеќето од тоа време модел Panasonic. Кога го купив дадов поголема свота на кешовина - комшијата за тие пари го откупи станот. Потоа истиот комшија често го користеше. Во дуќанот каде што тогаш работев го користеше и еден висок службеник на МК безбедносната служба. Тогаш беше во некаков напредок спорот за името. Го користеа и други муштерии за да пратат список на членови што ке гласаат за ВМРО.
Како на се што доаѓа крајот така вчера чистејки го подрумот и телефаксот отиде во историја. Телефаксот изгуби од техничко значење кога скоро сите отворија имеил адреси и кога почнаа СМС пораките на мобилните телефони. Ерата на интернет започна.


Tuesday, December 22, 2020

SPALDING - отиде во историја ...

 

Во времето кога Дивац, Раѓа, Кукоч и некои други кошаркарски легенди поминаа да играат во НБА, мојот син (кој тогаш имаше околу осум години) и јас не спиевме во ноќите кога имаше НБА кошарка. Ја гледавме и навивавме за нашите. Тогаш најголема светска звезди беа легендарниот Џордан, Пипен и некои други. Е во тоа време синот силно сакаше да игра кошарка. Во летото како поклон од Ива синот доби нов SPALDING (оригинална топка со која се играше професионална кошарка во САД). Иако беше мал, со денови се трудеше да игра во малото кошаркарско игралиште пред зграда. Го носев и на тренинг во бискиот кошаркарски клуб. 
Како и да е оваа кошаркарска топка ја најдов чистејки го подрумот и се чини дека и таа ке заврши во историја како и многу други спомени од минатото.

Wednesday, December 16, 2020

Кучково ... Кучколенд (креативен сон) ...

Во скопскто село Кучково се врати една Македонка која во сплет на околности во една западноевропска земја се беше обогатила, Љубовта кон својата земја и родното село Кучково беа многу јаки и таа реши да се врати во родното село Кучково и од него да направи своевиден Кучколенд. На поседот кој го наследи од својот дедо кој беше запуштен изгради пркрасна куќа со голем двор на кој имаше место да ја спроведе својата идеја за Кучколенд. Куќата ја изгради во богат македонски стил со неколку поврзани езерца. Спроведе селекција на неколку сорти кучиња на кои не штедеше. По ивесен број години објави во сите македонски медиуми дека организира ревија на своите кучиња и нивните научени вештини кои беа придружувани од избрани манекенки. На закажаниот ден за чудо се огласија повеќето медиуми кои земаа учество во презентацијата каде во богатиот имот кој беше приспособен за одгледување на кучиња се организира закажаната ревија на одбраните кучиња и нивните вештини. По изминатиот ревијален дел каде се снимија многу приказни жената објави дека ова место очекува да се нарече Кучколенд и дека бара да се прифати нејзината идеја вљубениците на кучешкиот род и нивните благородни вештини да се населуваат масовно. Година по година во Кучково привлечени од убавите ревии се доселија многу странски вљубеници на кучешкиот род и на избрниот ден Кучковден се множеа ревиите на разните раси кучиња и преубавите девојки. Така Кучково прерасна во Кучколенд.

 

Tuesday, December 15, 2020

Сенки/Сеќавање/Расчистување од/на/со минатото ...

Во последно време се бавам со расчистување на минатото. Се што е видно непотребно околу просторот каде живеам го фрлам за да ослободам простор за иднината. Дали  грешам? Мислам дека не, бидејки ако за мене нешто што е околу мене и ме подсеќа на минатото - за моите деца тоа е само непотребно трошење на простор во кој они треба да настават да живеат. Пример работи кои потекнуваат од времето на мојот дедо, баба, татко, мајка кои веќе ги нема - за нив немаат никакво значење бидејки повеќето од нив ги знаат само како имиња од семејната историја. Постарие членови од фамилијата бидејки ги нема нивните предмети на младите ништо не им значат. Ним им треба простор кое е чист од такви спомени, Веројатно затоа повеќето од младите сакаат да живеат издвоено за да не ги оптеретува минатото. За да остане сеќавање од минатото можеби треба секој да се обиде ако за тоа го бива да напише книга, расказ, сеќавајки се на минатото ...

Sunday, December 13, 2020

И лего коцките отидоа во историја ...

Чистејки го подрумот полн со железо и други непотребни работи, се отиде кај старо купујем заедно со две машини за перење и три електрични шпорети. Дојде ред во историја да отидат и лего коцките, оние со кои ми порастнаа двете деца па и некои повозрасни деца од кои сега едниот е професор во САД и ги учи тамошните деца. За среќа отидоа кај Рамче (старо купујем) кој има четири деца.

Сеќавање , историја ...

Многумина живеат со своите сеќавања. Дали е добро да се живее со сеќавањето и историјата. Ако така се живее тогаш нема место за сегашноата и иднината. Ако историјата те обземе не ти остава место за сегашноста и иднината.

Blog Archive

Site Meter