Search This Blog

Tuesday, March 07, 2006

За дивидендата на Телеком II дел


Веќе еднаш пишував за дивидендата на Телеком во својот напис за
“Како од добар да се стане одличен“ - сабота, февруари 18, 2006

Линк види тука.

И тогаш изразив сомнеж во потребата на државата да преговара за големината на дивидендата. Таа е толкава колкава што е, и не гледам за што да се преговара !! Реков дека државата треба да се сконцентрира на контрола трошоците кои ги правел телекомот во изминатата година. Со набилдани трошоци се доаѓа до помал профит и дивиденда. За жал не ме послуша никој.

Но нагласив дека АЕК е доста сумјив во својот заштитнички однос кон Телекомот и дека тука има работа за Антикорупциската комисија, што навистина пред некој ден се случи. Сигурно антикорупциска не го прочита мојот напис и изразената сумја – но ете ја погодив предпоставката дека тука има реално простор за испитување на Антикорупциска...

Да подсетам тогаш се објави дека Телекомот има вкупен приход од цели 240 милиони евра.
Денеска А1 објавува дека
Профитот на Македонски телекомуникации за минатата година изнесува повеќе од 140 милиони евра. Оваа бројка ја објави унгарскиот Телеком, сопственик на Мактел.

Линк види тука

Резултатот на вака големата добивка Маџар телеком го образложува со “големото штедење на компанијата и големот работење на ваботените“. Нормално никаде ни збор за сеуште монополската позиција на Македонскиот пазар овозможена во тајно преговарање со Владата ни и посебно со заштитничкиот однос на АЕК – кој заради тоа заработи пријава кај антикорупциска комисија – која поведе постапка за оценување на ....

Што да кажеме ние обичните граѓани на Македонија.

На кратко. Уа лопови !!

Повеќе во коментарите подолу.

Monday, March 06, 2006

Сите нешто копаат по градот

Градот и населбите ни се лом од безброј прекопи:
- за водовод
- за струја
- за телефон
- за канализација
- за парно
- и еве најново копање на кабелските оператори

Еднаш пред повеќе од 20 години, кога го посетив Торонто, со сестрами која е иначе Архитехт - посетивме меѓу другите работи и едно градилиште на скроз нова населба, големина колку Ново Лисиче.

Она што ми остави впечаток е тоа дека, нема шанса да се почне да се гради во населбата додека не се завршат припремните работи и стварање на Инфраструктура на населбата. А како !

Па најпрвин мора да се изгради пристапен пат, а заедно со него до локацијата да се довлечкаат сите инфраструктурни кабли и цевки за вода, одвор, струја телефон, кабелска и незнам што уште не...Да не заборавам дека патот се трасира така да секојпат куќата биде на едно пола метро повисока кота од патот, заради сливање на атмосферските води...И некој други детали кои сега за ова што сакам да го кажам не ми се битни...

Па дури потоа инвеститорот добива право на градба на објектот - населбата.

А кај нас се е наопачки.

Се даваат дозволи за градба, се гради објектот а отпосле му се мисли за приклучоците. И сега имаме ситуација на нонстоп прекопи по улици кои вчера се асфалтирани.
Сиромавиот и глупиот плаќаат повеќе пати.
А ние граѓаните ке си газиме нонстоп по кал, ке си ги кршиме колите по прекопите, кои стојат со месеци и никој не одговар а за тоа.

Има и бетер случаи кога ке се направи гланц нова улица, а по една година ке се прекопа истата за да се изгради одвод од атмосферската вода. Какво трошење на народните пари. За ова пример е Бутелска улица и улицата према Шутка. Веројатно има и други.

Инспирација за ова ми беше написот во денешниот Вест
ГРАДЕЖНАТА КОМИСИЈА ВО АЕРОДРОМ ТВРДИ
Кабелски оператори копаат без дозвола

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=113233&idg=6&idb=1709&rubrika=Skopje



е-Книги - Дигитализација на библиотеките низ Македонија


Со Петре, Творецот на “Најди“ пред некој ден се сретнавме и го повторивме муабетот за дигитализацијата на Библиотеките.

Тој има идеја да побара од сите библиотеки и поготово издавачки куќи кои имаат е-Книги, да преку некој сличен пребарувач, како за блоговите во Македонија, створи место каде ке се пребаруваат е-Книгите од Македонија. Ми кажа дека кај повеќето издавачи има разбирање за ова, но со библиотеките тешко му оди. Па беше закажал прес за овие проблеми.

За жал ако се одржа пресот јас го пропуштив ...

Тогаш му кажав дека во врска со тоа имам два слични предлога,кои ми изгледаат значајни, и на кои некој треба да поработи.

Првиот е да под хитно се дигитализираат сите картотеки од сите библиотеки во Македонија, со податоците од насловите за книгите - авторите и др.податоци кои вообичаено ги има во картотеките. Тоа би билоо од огромен допринос за ширење на научната мисла и би бил прв чекор во тотална дигитализација на Библиотеките - поготово значајните....

Вториот да се отвори проект за дигитализација на старите изданија на весниците, кои се издавани на просторите на Македонија. И по можност дел од тие написи поготово оние кои ја третираат историјата на Македонија да се преведуваат на Англиски. Сето ова страшно би допринело да се зацврстат историските вистини за Македонија...

Инспирација од денешниот напис во Дневник
Националната библиотека далеку од Европската

повеќе во првите коментари

Sunday, March 05, 2006

Уште едно здружение против монополот на Телекомот

ЗДРУЖЕНИЕ "ИМПУЛС"

Протест против монополот на Телеком

Владата да обезбеди услови за либерализација на телекомуникацискиот пазар, да издејствува намалување на цените во фиксната телефонија и да не ги продава на нетранспарентен начин државните акции во "Македонски телекомуникации", бара Здружението на граѓани за заштита од монополот на "Македонски телекомуникации" ИМПУЛС .

Ова го објави Вечер
3/4/2006 Бр. 13136

Saturday, March 04, 2006

"Маџар телеком" со интернет телевизија

Со ваков наслов излезе Вечер од 3/4/2006 Бр. 13136
"Маџар телеком" со интернет телевизија

Интересен напис само не е јасно за која држава се однесува, према бројките не би рекол дека се однесува за Македонија.

Знае некој повеќе ?!

е-Влада


Еве и тоа се случи, бидна е-Влада. Вчера ги видевме министрите и Премиорок како се сликаа во Гевгелија со лаптопите пред нив. Нови купени од зелено пазарче :)

Еве Јован едно е-ова Бидна. Стратегијата се остварува. Сега ко ке рипне пенетрацијата!! .

Добри беа лаптопите Црни на црвена маса. И сега што ако е е-Влада. Јован дајми линк каде ке можам да слушнам за што расправаше владата и кој што кажа... Јас тоа очекувам од е-Влада транспарентност. Ако неможам јавно да истражувам што тоа рекоа на влада, ова ке го сметам само шминка и трошење на пари залудно. И така пола од министрите незнаат ни што е тоа маус.....

Инспирација за ова ми беше написот во Дневнник Е-влада, еее...
Утрински Владата потрошила за сендвичи, а заштедила на дневници
МИА ЧОЛАКОВСКИ: СО Е-ВЛАДА ПОЕВТИНИ И ПОБРЗИ ВЛАДИНИ СЕДНИЦИ -

Продолжение во првиот коментар

Да се укине или трансформира агенцијата за “вработување“

Ваква како што е сега Агенцијата за вработување не врши работа за што собира пари од вработените. 1,6 насто од бруто плата (во СФРЈ процентот бил 0,6 насто)

Агенцијата треба да биде најпрвин место каде ке се евидентираат вработените, а невработени се сите останати кои се жители во Македонија. Доста се малтретираат луѓето секој месец еден ден од животот да дремат пред шалтерите на Агенцијата...

Агенцијата може да излегува само со точна бројка на вработени, и да го следи порастот на вработувањето или неговиот пад - и за тоа преку заводот за статистика да не информира.

Сите останати бројки за „евидентирани невработени“ се манипулација и партиска задача на директорите на Агенциите..


Понатака парите што екстра ги плаќаат вработените - треба да се трошат за прва помош кога ке остане некој без работа, до наредно вработување (некаков солидарен фонд - кој всушност може да биде и некакво осигурување).

А процентот да се смали на половина т.е. да се врати некогашниот процент од СФРЈ. Вака ке има повеќе пари за акумулација по фирмите и тие сами ке можат да ствараат нови работни места.


Бранкови закони се глупости кои служат да се испере некоја пара....


Инспирација за написов ми е студијата во денешен Дневник
Едно ново работно место граѓаните ги чини 17.500 евра

Продолжение на постот ке направам во првиот коментар

Friday, March 03, 2006

Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство


Никој ништо не сака да учи од туѓи примери - тоа ме боли мене и го кошта македонскиот џеб.
Сите измислуваат топла вода.

Пред некоја година Бугарија кога ги почна разговорите со ЕУ и се закани на ЕУ дека доколку не се осободат Бугарските граѓани од визниот режим со ЕУ - сега и веднаш (се мисли сега=тогаш) ке ги прекинат преговорите со ЕУ и ке ја повлечат кандидатурата, бидејки граѓаните на Бугарија се осеќаат со навредени национални чувства дека само заради тоа што се Бугари, наметнато им е да омаловажено чекаат во ред и ја молат ЕУ да им даде виза за да ги посети.

Мојот предлог до Владата е да го направат истиот чекор - Да пратат уценувачки демарш до ЕУ дека ке ја напуштиме кандидатурата сега и веднаш, ако не го укинат визниот режим. Од истите причини како и Бугарите што ги кажаа.

Техничките детали за визниот режим.

Под хитно да се поапсат сите луѓе кои не си ја завршиле работата (пасош, гранични премини, реадмисија) или најмалку да се отпуштат од работа. И да им се забрани со судска одлука идно запослување на државни јасли. Ако почнеме со апсење (заради вакви и слични причини) ке ни треба уште десет Шуткини затвори. Но казни мора да има. А не само да се казнуваат сиротите луѓе по пазарите кои од немајкаде искочиле со нешто во рака и продаваат за да купат леб за воите деца.

Повод за овој напис ми беше написот во денешен Дневник,
“За визи арчиме 10 милиони евра“

„..
Барањето виза за некоја од земјите од ЕУ или за САД некогаш се претвора во малтретирање и понижување какво што никој не би сакал да доживее..“

„..
Дури и еврокомесарот за проширување Оли Рен признава дека е "срамен" начинот на кој се третираат младите што бараат визи за во европските земји...“

„..
ЕУ на крајот на месецов ќе побара олеснување на визниот режим за одредени категории граѓани, почнувајќи од студентите, научните работници, бизнисмените, но и за камионџиите..“

Не ни треба вакви бесплатни визи - овие категории на граѓани и до сега добиваа лесно визи.

Ни треба укинување на визниот режим, веднаш и сега инаку гласам за повлекување од натамошните преговори за членство вбо ЕУ, поради моето омаволаважување да барам виза само заради тоа што сум Македонец.

Граѓани на Македонија за ова вреди и да се организираме и да направиме еден симпатичен протес пред зградата на ЕУ во Скопје и пред седиштето на ЕУ во Брислел.

Ејде невладини организации истакните се.!!

Ајде студенска и ученичка младина на македонија разбудете се сега е моментот за овој притисок до ЕУ!!


Ајде блогери помагајте!!

Thursday, March 02, 2006

Зошто никој во Македонија не си дава оставка!?

Во написот на Дневник известени сме за најновите најголеми загубари во Македонија. Се ред до ред Јавни претпријатија
- ЈП Македонски железници - загуба достигна 140 милиони долари
- ЈП "Стрежево" - долгови од 4,3 милиони евра.
-
"Македонски шуми" - 1,2 милион евра
-
Македонски пошти со 1,2 милион евра
-
Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти - 1,1 милион евра
-
ЈП "Македонијапат"

Тотал сто пеесет милиони евра. Па што спие владата - сите у ќорка. Или има натиго-дајмиго, или потренди кажано КОРУПЦИЈА. Па волку пари да земеме за да ги покриеме загубите на загубарите, ке се окозиме кај кредиторите. Колку лесно си поминуваат тие сто не си ја заработуваат својата плата тоа е чудо.

Повеќе линк тука.

Коста Трпковки и АЕК на одстрел !?

Коста Трпковски и АЕК одамна беша на нишан на мојот блог, но морам да признам дека Антикорупциска ме претркаа :):)

Ова постапка на Антикорупциска се очекуваше и можеше да се намириса во воздухот.
АЕК заштитен со нечинењето на владините институции - придонесе за успорување на Интернет процесите во Македонија

повеќе линк тука

Blog Archive

Site Meter