Search This Blog

Tuesday, February 14, 2006

Секое дете треба да ја учи само својата религија

Воопшто не се слагам со тоа во едно мултинационално општество децата да учат само за една религија.... А незнам колку е оправдано толку рано во основно школо да се подучуваат децата за религиозните прашања...?

Дилемата ја постави дебарско-кичевскиот митрополит господин Тимотеј.

повеќе види тука.

Monday, February 13, 2006

Како да го казниме МТ



На блогот р-Еволуција одамна се води дебата како да го казниме МТ - за нечесните постапки кон нас кои сме лојални корисници на МТ.

Има секакви предлози на тримесечното постоење на блогот Р-Еволуција и на форумот на р-еволуција.
Пошто моите предлози се многу револуционерни :), ке си дозволам да ги изнесам тука, и така никој не го чита мојот блог....

1.-Да направиме од стиропор и карон нешто како божем "ликовен израз Инсталација" една бесилка на која би го обесиле МТ-нет, пошто се криви и револуционерниот суд на р-Еволуција ги осуди на смрт со бесење - т.е. исклучубанје на врската - Сликата со секирчето кое го сече кабелот(Ова е по углед на бесењето на Карош под мостот во Скопје)
2.-А до бесилката да поставиме стиропор гилјотина онаа која ја предлага Бојан да ја увеземе од Париз :):)
3.-Или кинеската слика - на плоштад - па пиштол у врат
4.-Или решението на Тито - да ги пратиме кривците на остров да кршат камења е сеа кои остров - па имаме само еден - на преспа и така на него има само камења и змии...
5.-Или по предлогот на сталјин - Сибир - Кој е нашиот сибир па се знае Битола!!!
6.-За малку ке го заборавев самурајот на Бојан - е сега ке морам да го прашам Бојан да ја надополни идејата - веројатно не мислел на харикири - или недај боже сежење на нечии глави - туку мислел на сечење на кабелот на врската со МТ со оштриот самурајски меч..

Па сега народот нека одлучи како да го казниме МТ нет - тоа би било некоја инсталација - бужет не поголем од 2000 денари - стропор и малку боја - а доброволци од ликовните уметници ке најдеме.

7. До ова инсталација би додал друга инсталација на “Данајскиот коњ“ види слика










8. До ова би ги додал и неколкуте постери што ги предложи Спенки види слики
















На многумина не им се допадна кампањата на р-Еволуција со организираниот поменн за АДСЛ т.е. за тоа “Кој го уби АДСЛ-от“ Линк 1, Линк 2, Линк 3,

Мене напротив јас мислам дека таквите акции се подобри, во однос на блокадите на Гласота на светлината да речеме. Погрешно да не ме разберете. Не сум да се протестира против продажбата на ЕСМ - напротив - ама сум против начин на кој тие протести се организираа - со блокада на раскрсниците кои се општо добро....

Само на тогашните луцидни протести им требаше малку повеќе соработка и наклоност на медиумите....а што да не фалеше подршката и од блогерската заедница....со чест на исклучоците.

На тогашните р-Еволуционери им требаше НВО....

Saturday, February 11, 2006

Лека во улога на смирувач


Даут Реџепи, алијас командант Лека, за кого полицијата се уште чека соодветни услови за апсење поради неколку кривични дела, вчера беше во Скопје.

повеќе тука

Кога Лека, Тачи и Красниќи станаа миротворци тоа значи дека нешто чудно се случува - пак некој нов дил...

Friday, February 10, 2006

Тепачка во украинскиот парламент

Пратениците од Комунистичката партија вчера во украинскиот Парламент се степаа со членовите на фракцијата на претседателот Виктор Јушченко, откако се обиделе да го закачат транспарентот пред говорницата во моментот на говорот на Јушченко, а со кој го критикуваат претседателот за неисполнети ветувања.

повеќе тука

Ова ти се вика “борба“ за демократски права - Штета што нашите парламентарци не се угледаат на браќата Украинци... И така се скапи картите за театар и циркус а на пензионерите им здосади дома собранискиот канал - нема акција, само некој музика од моцарт..

Никола Младенов хонораец во својот весник

Во Основниот суд Скопје 1 ново продолжение на процесот за аферата "Швајцарски сметки"
Адвокатски надмудрувања со навредувања меѓу Тортевски и Павлески

повеќе тука
и тука

Никојпат посладтко не сум се насмејал на туѓ рачун - пародија !?

Прочитана демагогија на газда Велија

Трудот на земјоделците, колку што повеќе се обезвреднува во домашното пазарно стопанство, толку повеќе станува се поконкурентна стока меѓу политичарите и политичките партии од сите провиниенции. Тоа се покажа и деновиве кога на протестите на тутунарите од нивната мака се обидоа да се офајдат многумина. Се појавија политичари што се обидуваат да манипулираат со нивната мака, собирајќи предизборни поени.

Повеќе тука

Почна “легитимната“ борба за секој гласач.
Биполарните партии СДС и ВМРО-ДПМНЕ (таканаречениот дуопол во политиката ни) ја почнаа старата својата сратегија на омаловажуванје на сите останати политилки субјекти, кои се појавуваат на политичката сцена.

На мета им се сите нови партии кои евентуално имаат можност да ги привлечат неопределеното гласачко тело во МК....кое е најбројно и во овој случај ке одлучи така како што ке одлучи....

Тоа до сега редовно им успеваше, осем како одстапка од правилото во случајот на Алтернативата на Циле - кој пак не успеа да се одржи долго на сцената - не само за тоа сто лажеше како и впрочем сите политичари - туку највеќе заради тоа што за најтесни соработници избра неспособни лица од кругот на неговите блиски пријатели - кои потоа му забија нож во грб...

Дали и сега “Дуополот-СДС/ВМРО“ ке продожи успешно со својата тактика - ке видиме набрзо...
Сепак се надевам дека овој пат ке испливаат неколку нови политички субјекти кои ке допринесат за поместување на клатното на демократијата во позитивен правец...

Нема веќе протести на патишта

УСВОЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ СОБИРИ

Повеќе види тука

Владејачкото мнозинство вчера ги усвои измените на Законот за јавни собири со кои веќе не ќе смее да се протестира до болници, училишта, градинки, на автопат и на магистрални патишта.

Иако навистина сум против продавањето на било кој објект од општ интерес - бидејки продавање на веќе готови бизниси кои носат профит за мене не е странска инвертиција - туку само подјармување на граѓанинот наместо према државата, сега према некоја станска компанија или држава.
Вака продавајки се и сесто сто е изградено со потта на минатите генерации - навистина го губиме идентитетот.
Поготово не се слагам со досегашните начини на продажба каде парите не се употребија во развој туку завршија во корумциски афери и проекти кои не донесоа развој....

Но навистина начинот на кој что протестираа сите до сега - представуваше грубо кршење на правата на другите луѓе, меѓу кои најважно беше правото на слободно движење.....

Но вака како што се донесе законот - ќе испадне сосема нешто трето..
Во законот се вика:
“...
не ќе смее да се протестира до болници, училишта, градинки, ...“

Сега ова кој ке го тумачи - се разбира власта преку владата и веројатно Министерството за внатрешни т.е. полицијата.
Бидејки не е дефинирано што значи тоа“ близу до....“, ке испадне дека во Скопје скоро да ке нема место каде да се протестира - секаде ке се најде некој близок објект во облик наболници, училишта, градинки,.....


Бучковски и Штрауб се договориле за ребрендирање на Мобимак и Телеком

Првиот човек на Маџар телеком, Елек Штрауб, во блиц посета на Скопје. Се ближи поделбата на дивидендата, но двете страни тврдат, не го отвориле прашањето за делба на профитот, туку само за ребрендирање на Мобимак и Телеком.
Повеќе тука
и тука
и тука

Се прават повторно дворски игри на линија влада на СДСМ - Маџар Тлелеком. Во овие дворски игри повторно ке страда корисникот на услугите на МТ - т.е. нашиот осиромашен граѓанин. А Владата т.е. Бучковски ке се вади дека не можат ништо повеќе да стори, бидејки таков бил договорот што минатата влада на ВМРО го има потпишано со Маѓар телеком.

Се разбира долго очекуваното поефтинување на услугите на МТ во блиска иднина нема да се случи. Напротив се очекува повторно зголемување на цените, што впрочем беше и најавено пред некое време. Види тука.

И што сега се разбира ке ќутиме ке трпиме и ке траеме, како и до сега бидејки нашиот менталитет е миролјубив и болуваме од синдромот на Мирче, Трпче и Трајче....

Ќе увезуваме компјутерџии!















Ќе одам во Србија и Индија да барам информатичари оти тука не можам да најдам, велат во неколку македонски фирми што во последнава година интензивно бараат програмери за работа.


Тие барале информатичари по факултетите, огласите и по агенциите. На Природно-математичкиот и Електротехничкиот факултет им рекле дека информатичари и инженери едноставно нема, бидејќи тие наоѓаат работа уште пред да го завршат факултетот. На универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје две години не се јавил ниту еден заинтересиран кандидат да работи како информатичар.

Преземено од напис во денешно ВРЕМЕ

Blog Archive

Site Meter