Search This Blog
Friday, December 25, 2020
Новогодишна елка, украси, поклони ...
Thursday, December 24, 2020
CD дискови ...
Во историја отиде и колекцијата од иљадници ЦД-а. На времето коштаа поединечно од евро ипол до две. Многу брзо интернетот ја замени гладта за информации и музика. Сега се има на интернет и ЦД колекциите одамна станаа бесмислени и непотребни.
Wednesday, December 23, 2020
Во историја отиде и телефаксот ...
Tuesday, December 22, 2020
SPALDING - отиде во историја ...
Wednesday, December 16, 2020
Кучково ... Кучколенд (креативен сон) ...
Tuesday, December 15, 2020
Сенки/Сеќавање/Расчистување од/на/со минатото ...
Во последно време се бавам со расчистување на минатото. Се што е видно непотребно околу просторот каде живеам го фрлам за да ослободам простор за иднината. Дали грешам? Мислам дека не, бидејки ако за мене нешто што е околу мене и ме подсеќа на минатото - за моите деца тоа е само непотребно трошење на простор во кој они треба да настават да живеат. Пример работи кои потекнуваат од времето на мојот дедо, баба, татко, мајка кои веќе ги нема - за нив немаат никакво значење бидејки повеќето од нив ги знаат само како имиња од семејната историја. Постарие членови од фамилијата бидејки ги нема нивните предмети на младите ништо не им значат. Ним им треба простор кое е чист од такви спомени, Веројатно затоа повеќето од младите сакаат да живеат издвоено за да не ги оптеретува минатото. За да остане сеќавање од минатото можеби треба секој да се обиде ако за тоа го бива да напише книга, расказ, сеќавајки се на минатото ...
Sunday, December 13, 2020
И лего коцките отидоа во историја ...
Чистејки го подрумот полн со железо и други непотребни работи, се отиде кај старо купујем заедно со две машини за перење и три електрични шпорети. Дојде ред во историја да отидат и лего коцките, оние со кои ми порастнаа двете деца па и некои повозрасни деца од кои сега едниот е професор во САД и ги учи тамошните деца. За среќа отидоа кај Рамче (старо купујем) кој има четири деца.
Сеќавање , историја ...
Многумина живеат со своите сеќавања. Дали е добро да се живее со сеќавањето и историјата. Ако така се живее тогаш нема место за сегашноата и иднината. Ако историјата те обземе не ти остава место за сегашноста и иднината.
Saturday, December 12, 2020
Две третини
Една третина ја поминуваме во зима. Мразам зима и студови. Една третина ја поминуваме во сон. Останува само една третина светлост во нашите овоземни животи. Сакам сонце (индиректно, по можност во дебела сенка) и светлост (дифузна).
Wednesday, December 09, 2020
Европски сон - Македонска стварност
Сонував дека сите Мк политичари и парламентарци се качија на новиот воз (набавен од Кина) кој тргна по новоизградената пруга кон Бугарија. Требаше да се слави на влезот во Бугарија за успешниот влез на Македонија во Европската унија. Во возот се беа качиле и сите амбасадори и европски представници кои нешто направија за влез на Македонија во Европската заедница. Но се случи нестреќа - во новоизградениот тунел на границата на Македонија и Бугарија откажаа кочниците на возот и сите патници ги изгубија животите. ...
За наша (на сите МК граѓани) несреќа ова беше само сон. Реалноста е дека ке чекаме наредни 30 години за влез на Македонија во европската заедница. ...




