Search This Blog

Thursday, December 04, 2008

Северецот и Југот ...

http://www.drhowiefritz.com/Cold_Wind.jpg

Надвор се борат северецот и југот ... северецот му вели на југот - ај доста ти беше, малку да ги разладам скопјани ... југот се бори со голема упорност но полека попушта... дождот се обидува да ги смири ...

Wednesday, December 03, 2008

Скопските голуби - дифтари ...

Скопските голуби - дифтари ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari1Large.jpg?t=1228312722

Скопје е град во кој одсекогаш имало неброеен број на диви голуби ... колку само слики има со дифтари на скопскиот плоштад ... ги имаше порано ги има и сега ...

читај повеќе »

Во многу градови постојат два “бизниса“ врзани за голубите дифтари ... еден е оној кој продава храна за голуби дифтари ... ја купуваат луѓе кои доаѓаат да уживаат во нивната убавина хранејки ги ... а другиот е сликар/фотографер кој ги слика луѓето како се дружат со голубите дифтари ... едно време низ центар вриеше од голуби дифтари чиниш како да си на плоштадот Св.Марко во Венеција ...

Многу славни фаци од науката последните години од својот живот ги минале хранејки дифтари ...

Во Скопје има голема традиција на голубарство ... но дифтарите знаат да пленат со својата природност ...

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari2Large.jpg?t=1228313251

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari3Large.jpg?t=1228313273

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari4Large.jpg?t=1228313295

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari5Large.jpg?t=1228313318

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari6Large.jpg?t=1228313339

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Skopskitediftari7Large.jpg?t=1228313360

„Брзи“ закони ... какви кучиња раѓа “брзата кучка“ ...

Во сите демократии има предвидено можност парламентите да носат брзи закони ... но тоа е исклучок не е правило како во нашиот случај ... „брзи“ закони се носат само за вонредни прилики ...

читај повеќе »

Повторното носење на „брзи“ закони ја иритира опозицијата која смета дека Собранието се претвори во сервис на владата .... во гласачка машина ... дали е тоа силата на демократијата - да се носат закони без доволна проверка ... Од што е тоа Македонија загрозена за да се носат „брзи“ закони ... велат од кризата ... колку знам кризата е на прагот на државата веќе неколку месеци ... до вчера не убедуваа дека нас нема да не зафати ... сега наеднаш се труби дека треба да настапуваме брзо ... башка сега кризата се решава само со опростување на долгови не и со интервнција на свежи буџетски пари ...

Не ја научивме лекцијата дека „брзи“ закони не се демократско средство - туку напротив ја нагрдуваат демократија и ги уназадуваат демократските процеси ... се заборава народната дека “брзата кучка раѓа слепи кучиња“ ... знаеме но ете брзаме ... башка како вчера ми одекнуваат зборовите на Претседателот на Собранието ... “..се извинувам, грешка беше брзото носење на закони ...“...

Штрајкот на просветарите заврши ... со компромис како што предлагав ...

Како што предлагав во мојот последен пост врзан со штрајкот - Дали СОНК и Владата се најдоа на средина ... така и се случи и штајкачите и владата попуштија по малку и се најдоа на средина ...

читај повеќе »

Штрајкот од утре прекинува ... вечерава е подпишана спогодба со владата:

Со ова и владата покажа дека има сенс за потребите на вработените во образованието ... а и штрајкачите покажаа сенс дека го разбираат времето во кое живеат ...

Tuesday, December 02, 2008

Guinea pig ... Морско прасе ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/77/Guinea_1.jpg/300px-Guinea_1.jpg
По подолго време во мојот дом е внесено милениче ... последен пат имавме рипче кога децата беа деца а тоа беше поодамна ... се моткало понекогаш некое маче но само на кратко на гости ... синот сега веќе големо дете - донесе Guinea pig ... Морско прасе ... во огромен кафез со триста матракуки и храни за него ... неколку дена чита по интернет за него ...
Има ли некој од Вас искуство со вакво галениче ...
  • Не бара голема нега ... ... Овој вегетаријанец е познат и како опитно зајче или гвинејско прасе, но ниту е прасе, ниту пак е од Гвинеја. Според некои научници дури и не припаѓа на родот глодачи и с? на с?, неговото потекло не е многу јасно. Во дивината овие животни живеат во групи со кои раководи доминантниот мажјак, а комуницираат со звуци и движења на телата. Живеат од 3 до 6 години, тежат од 700 до 1000 г, а женките раѓаат и до 5 пати годишно. Во домашни услови морското прасе комуницира со својот сопственик: кога е гладно или осамено, квичи, кога е исплашено речиси вреска, чкртањето со заби е знак на агресија, а тивкото бучење додека го галите е она што за мачката е предење.

    Начин на чување: морското прасе може да се чува во стан (најдобро во кафез, но може и во аквариум) или во двор (во дрвена куќичка во ограден простор), а минималната површина за едно прасе нормално да живее е половина квадратен метар. Му пречат жештината и провевот, а кога му студи, се топли виткајќи се во слама. Дното на кафезот не смее да биде од жица, затоа што прасето може да ја заглави ногата и да ја скрши. Најдобро е да го прекриете со линолеум, а преку него да истурите струганици од дрво кои служат како мека површина за движење и спиење и како "тоалет". Ако не го чистите кафезот на секои два-три дена, катализатор за акција ќе ви биде миризбата што ќе се шири од него. Прасето јаде зеленчук (морков, грашок, цвекло, целер) и овошје (јаболко, круша, грозје, портокал), а важен додаток е витаминот Ц. Покрај садовите за храна, на зидот на кафезот треба да има закачени садови за вода и за слама. Како дополнителна опрема се камењата (за одржување на канџите) и широките цевки (за криење и играње). Можете да ставите и парче стара облека на која ќе може да спие.

    Морското прасе не бара голема нега, лесно се скротува и многу е мило. Ако чувате повеќе прасиња, тие треба да бидат од различен пол или женки, но никако мажјаци.

3.244 нови невработени лица ...

Статистиката веќе изброи дека поради последиците на светската криза веќе се избројани 3.244 нови невработени лица ... а голема е и бројката на оние ки се на принуден одмор ...

читај повеќе »

Штитот на владата не ги спомна овие најпогодени стопански гранки ... од металургијата и текстилната ндустрија ... не понуди решение за нивните проблеми ...

Без работа останаа 3.200 луѓе во индустријата

Буричкање по духови од минатото ... балканските и световните војни ...

Бугарска “Атака“ порачува дека МК нема да се придвижи кон ЕУ додека не ја врати Струмица и струмичко на Бугарија ... да ги подсетам оние кои ја прескокнале историјата во овој дел ... Струмица и струмичко е присоединето на територијата на тогашна Србија заедно со Босилеград и босилеградско - како воена штета/репарација за првата светска војна, каде бугарите беа на погрешна страна на војната ... и каде беа поразени ... “Атака“себеси се смета за трета партија по реалната политичка сила во Бугарија ...

читај повеќе »

Од друга страна се` побројни се барањата на БГ држава да се обноват споменици и гробишта од БГ период во Македонија ... досега само во струмичко се обновени гробиштата ... бугарите тоа го бараат за 471 локација каде по нивна евиденција има сохрането 18.692 нивни војници ... особено се гласни за битолските и валандовските воени гробишта и споменици ...

Веќе неколку години БГ држава преку бројни писма бара да се обновуваат гробиштата и спомениците со бугарски војници ...

Monday, December 01, 2008

За “црните овци“ ...

http://crnaovca.mk/wp-content/themes/btnrb/images/header-bg.gif

Денеска преку два “проштални поста“ на КВАДРАТУРА НА КРУГОТ - ЗА ЗБОГУМ и на Фемгерила - Фемгерила е црна овца ... дознавме дека неколку блогери се договориле да направат нова блог платформа каде ке пробаат да продолжат да блогираат ...

читај повеќе »

Отпрвин мислев/погрешно сватив дека блогерите што “си заминуваат“ од .blog.com.mk платформата престануваат да пишуваат по своите лични блогови а ке прават некаков заеднички проект кој ете го крстиле “црна овца“ ... дилемата ја расчисти sead93 во постот на блогот Комуникации - Црна овца:

  • Како дел од „интегративните процеси“ :) по подготовка од неколку недели, од денес официјално стартуваше новата колаборативна блог мрежа, или „платформа“, на локалнава блог-сцена под наслов „Црна овца“. Здруженово „блог-претпријатие“ е замислено како алтернативен конструктивен глас на група онлајн ентузијасти, а здружувањето е од флексибилен карактер кој ќе им овозможи на сите кои учествуваат во него, да останат свои и посебни.
  • Едно можам да кажам, со извонредна извесност, е дека не се промовира никаков, би рекол „псевдо-елитизам“, скраја да е, а за сите други теми тука сме за отворена комуникација со останатите блогери за се што ќе води кон збогатување на содржајноста на македонската блог и онлајн сфера.

Во “проектот“ блог-претпријатие новата блог платформа засега учествуваат Фемгерила, Џаман, Бранка, Квадратура на кругот, sead93 ... дали и како ке се шират тоа веројатно ке кажат понатака ...

Значи да заклучам тоа е само уште една блог платформа, веројатно со мал капацитет на простор ... затоа не е отворена за неограничен број на членови ... заради што некои помислеа дека се работи за некаков елитизам ...

Значи, за сите оние што се радуваат дека блогерите кои си одат ке престанат да пишуваат на своите блогови се излажале ... тие само ја промениле виртуелната адреса ... и досега имаше многу квалитетни блогери кои блогираа на други светски блог платформи и на свои закупени простори ... некои од нив се и најстарите МК блогери ...

Верувам дека сите ке ѕиркаме кај сите ... како и досега ... малку потешко ке биде да се пратиме поради различните платформи ... јас лично им посакувам да продолжат да пишуваат онака како досега го правеа и на .blog.com.mk ...

Друго е прашањето дали тие самите ке бидат задоволни со читаноста на нивните блогови ... колку и да се лажеме на блогерите не им е сеедно дали се читани/коментирани или не ... додуше читаноста/посетеноста и коментрирањето не е единствен елемент дали е некој блогер релевантен и мериторен - но е многу битен ... им посакувам и на новата платформа да бидат читани/коментирани ...

Колку полицајци - толку приватни обезбедувачи ... се створија ли мали приватни армии ...

По оценката на невладината Цивил“ ... во Mакедонија што легално регистрирано во полицијата ... што нелегално работи армија од скоро 13.000 обезбедувачи ... према некои бројки што се исфрлени во медиумите полицајци имаме околу 16.000 сосе администрацијата на плицијата ...

читај повеќе »

Од каде толкава потреба за толкав енормен број на обезбедувачи ...

Приватното обезбедување скоро во целост ја замени чуварската служба ... многу од фирмите имаат приватно обезбедување ... и црквите ангажираат приватно обезбедување ... школите често ангажираат приватно обезбедување ... славните и богатите се опкружени со приватно обезбедување ... политичарите исто ... често кај сите нив има и воено формациско оружје ... особено кај обезбедувачите на партиите ... кои ги следат одделните политичари и ги обезбедуваат митинзите ...

Особено бројно е обезбедувањето на партиите кои не се на власт ... тие се опкружени со своите пулени од тајната и специјалната полиција, која е одфрлена со доаѓањето на новата власт ... а пак владеачката партија своите дотогашни обезбедувачи веднаш ги вработува во полициските структури ...

Се створија ли мали приватни партиски армии ... во лицето на одредени агенции за обезбедување ...

Дали СОНК и Владата се најдоа на средина ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/AA5E5AD6C47E2E41A5942DC9C8B71634.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CEBD33195AACEB46BE61D94DD7EC7B2E.jpg

Дали СОНК и Владата се најдоа на средина ... ова е и мојот став да се најдат на средина бидејки вистината е секогаш некаде помеѓу ...

читај повеќе »

  1. Штрајкувачи и штрајкбрехери ... Се` говори дека штрајкот поради штрајкбрехерите нема да успее ... но да видиме ...
  2. Синдикатот се буди ... иако зимата е на праг ...

Blog Archive

Site Meter