Search This Blog

Friday, May 12, 2006

СДСМ ги работат ВМРО-Народна

Неколку пати во минативе месеци СДСМ ги работат ВМРО-Народна. За да ги приволат да гласаат за закони каде е потребно двотретинско мнозинство - имаат направено непринципиелна коалиција за одредени проекти за кои се заинтересирани од Народна.

Народна е заинтересирана да на секој начин ги спаси своите членови кои се обвинети за злоупотреба на позициите додека беа на власт.

СДСМ која во овие четири години беше во процеп од барањата на ЕУ за декорумпирањето на власта и од САД за судско затварање на неколкуте крупни афери на кадри од Народна. Од друга страна за договорот под маса со Народна дека нема да ги гони членовите на народна. Така се случуваше да некои крупни дела од областа на стопанскиот криминал се пресудија со смешно мали казни...Некои судења сеуште не се ни одпочнати...

Што се дешаваше. Како случајно СДСМ ги подржа законските решенија за плаќање наместо затворска казна до една година. И сега овие измени во Кривичниот законик во однос на кривичното дело злоупотреба на службените овластувања.

СДСМ го спаси образот во првиот случај со одлуката на Уставниот суд и сега со непотпишување на законот на Шефот на државата Бранко Црвенковски вчера не ги одобри законските промени во однос на кривичното дело злоупотреба на службените овластувања, бидејќи со нив ќе се попречи борбата против криминалот.

Така во двава случаја Народна извиси...

Црвенковски не ги помилува службените злоупотреби

Работа за млади и здрави

Просечната месечна заработка се движи од 9.000 до 15.000 долари, а работа најчесто се наоѓа на платформите во Норвешка, Алјаска (САД), Канада, а од скоро и во Дубаи

Добрата и брза заработка ги тера граѓаните од земјава да одат на работа на нафтени платформи и покрај ризикот од сериозни последици за здравјето. Тие што еднаш работеле среде море велат дека никогаш повеќе нема да се вратат таму. Но најчесто се премислуваат и веднаш штом ќе ги потрошат парите повторно заминуваат на шестмесечен гурбет. На нафтените платформи заработуваат до 15.000 долари месечно.

За да се најде работа на нафтена платформа, потребно е малку сурфање по Интернет за да се најде веб-страницата на некоја агенција за посредување. Мора да се исполнуваат и критериуми. Мажите што сакаат да работат мора да бидат физички силни. Од нив се бара да бидат повисоки од 175 сантиметри, тешки повеќе од 85 килограми и да имаат одлична здравствена состојба. Најчесто работа се наоѓа во Норвешка, Алјаска (САД), Канада, а од скоро се нудат и работни места на нафтена платформа во Дубаи.

Просечната месечна заработувачка се движи од 9.000 до 15.000 долари, во зависност од работното место. Најчесто се бараат работници без образование, кои се доволно силни за да извршуваат тешки физички работи. Но има и побарувања за инженери, готвачи, келнери, чистачи. На некои платформи, во зависност од земјата на која и' припаѓаат, постои временско ограничување на ангажманот. Тој најчесто не може да биде подолг од шест месеци поради можноста за труење на телото со отровни материи. Иако работат шест месеци, на вработените им се плаќа за цела година, а имаат и бенефицирана стаж.

Агенциите нудат работа само за мажи. Посебна комисија од компанијата што вработува одредува дали тие одговараат на потребите на работодавецот. Најчести барани професии, покрај физички работници, се готвачи, келнери, медицински работници, месари, хигиеничари, собари, но и електричари, заварувачи, кранисти, сервисери, машинци, погонски инженери.

ОД СИРОМАШТИЈА СЕ БЕГА И ПО ЦЕНА НА ЗДРАВЈЕ-
Македонци бараат работа на нафтени платформи

Thursday, May 11, 2006

Јустинијан Први - Македонски бренд 2 дел

ВЕЧЕРВА, НА СКОПСКОТО КАЛЕ-Манифестација во чест на Јустинијан Први

Еве и тоа се случува...

Со голем огномет на скопската тврдина Кале вечерва, во 20 часот свечено ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Јустинијан Први“. Манифестацијата ќе трае три дена, се одржува прв пат и има тенденција да прерасне во традиционален хепенинг кој ќе го потврдува културниот и
историскиот идентитет и ќе ги потенцира клучните моменти од светската култура и историја кои имаат корени од Скопје. „Деновите на Јустинијан Први“ ќе ги прогласи за отворени скопскиот градоначалник Трифун Костовски.

Мотив за организирање на проектот е годишнината од раѓањето на еден од најголемите императори во историјата на Византија, Јустинијан Први, кој е роден на 11 мај, во 483 година, во малото место Таурисиум, идентификувано како скопското село Таор, објаснуваат организаторите. Според историските извори, во близина на родното место Јустинијан Први го изградил величествениот град Јустинијана Прима, кој подоцна станал архиепископија.

„Важно е да го кренеме нивото на брендот Скопје и Македонија“, велат организаторите.

Од плоштадот Македонија кон Кале во 19 часот ќе тргне поворка. По свеченото отворање во 20,15 часот ќе биде изведен сценскиот перформанс „Јустинијан Први“. Во 21 часот ќе настапи ансамблот за старомакедонско црковно пеење „Св. Јован Кукузел“.

За ова веќе пишував во мојот пост

Јустинијан Први - Македонски бренд

8 May 2006 by volan

Румунските просечни плати 320 евра - а протестираат за 500 евра

ВО БУКУРЕШТ-Протести за плати и пензии

Повеќе од 14.000 членови на Романскиот синдикат вчера на протести во Букурешт бараа поголеми плати и пензии.

Ние сакаме да бидеме европски граѓани, а не сиромасите на Европа - изјави Мариус Петку, еден од лидерите на Синдикатот.Синдикатот бара петкратно зголемување на минималната плата до 2007 година, со што таа би изнесувала 500 евра.

Просечна плата во Романија е 1.100 леи (320 евра). Цените на природниот гас, централното греење и на електричната енергија се зголемија рапидно откако Романија почна да ги усогласува цените на комуналните услуги со оние во ЕУ.

Лицемерната Економска политика на СДСМ

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА ПРВАТА ФАБРИКА НА „ЏОНСОН КОНТРОЛ“-Во „Бунарџик“ државата ќе вложи 6 милиони евра

Дали некој се сеќава како СДСМ го дочека отварањето на Економската зона Бунарџик.

Јас се сеќавам, тогаш тие се исмејуваа на најголемите сведски инвеститори од Тајван. Кутрите Тајванци никојпат нема да можат да сфатат како некој може да фрла со камења по тебе а ти му даваш леб?. Тие само како неповратна донација дадоа неколку стотици милиони долари...А економските зони се нивен изум...Но во Македонија за инат се е можно...

И сега што? По толку време од стартот на Бунарџик, СДСМ излегува со зборови дека Бунарџик ни е спасот....

Па ке трошат уште неколку милиони долари во доизградба на инфраструктурата на Бунаршик. Демек да ја дотераме невестата пред мажење.

Другари економисти од СДСМ невестата си е убава, само сватовите од Македонска провиниенција се тие кои ги одбиваат сватовите од странските провиниенции, да дојдат тука и да се здомат.

Никој со здрав памет не сака да си стави здрава нога во трн. И да дојде тука да вложува свои пари каде “Сватовите“ се корумпирани, ајдуци со тапија. Каде мафијата си има своја држава...Каде Ку*рто и Мурто се менуваат на власт.....


Лицемерна стратегија на ЕУ за Балканот

МЕЃУНАРОДНАТА КОМИСИЈА ЗА БАЛКАНОТ во рим усвои декларација-Балканот ќе ја реши иднината на ЕУ

Европската Унија на земјите од Западниот Балкан мора да им понуди реална патека за членство. Таа мора да развие политика што ќе гарантира слободен визен режим, образовни можности и слобода на движење за младите генерации, особено за студентите, како и за бизнисмените од тие земји. Ова се истакнува во Декларацијата на Меѓународната комисија за Балканот, усвоена вчера на состанокот во Рим. Овој документ мошне остар по својата содржина и по пораките е усвоен токму на Денот на Европа.

Се' додека ЕУ не усвои храбра стратегија, која ќе го интегрира Балканот во наредната декада, ќе остане безволна колонијална сила заробена со енормни давачки за места како што се Косово, Босна, па дури и Македонија.

Според Комисијата, на земјите од Западниот Балкан им се понудени бесконечни преговори за асоцирање, а членството нема да зависи од заслугите на тие земји, туку од апсорпцискиот капацитет на ЕУ.

Комисијата додава дека во Салцбург е истакната и „мудрата визна политика“ со која уште повеќе ќе се маргинализира и изолира Балканот од Европа.

Ако ЕУ не го интегрира Балканот во наредната декада, таа ќе остане колонијална сила заробена со енормни давачки за Косово, Босна, па дури и Македонија, се истакнува во Декларацијата


Само што го научив магарето да не јаде - тоа умре

ПРЕДВИДУВАЊА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА-Економијата бавно ќе расте, платите во место

Сите овие предвидувања ме подсетуваат од прикаската од насловот, кога еден стопан обидувајки се да штеди го учел магарето да не јаде и се фалел со тоа на околу. За некое време изненаден се шета меѓу луѓето но сега без магарето. Луѓето го прашуваат “ А магарето каде ти е?“

Тој со стегнати рамења одговара “Таман што го научив магарето да не јаде - тоа изненадно умре?“

Е тоа е и прикаската со нашиот експеримент во економијата. Нашите кредитори не учат да не јадеме, за да можеме да ги враќаме кредитите што сме ги земале и што секојдневно ги земаме.

Како иначе да се протумачи другачие ситуацијата кога десетици години платите стојат во место, на ниво далеку помало од потрошувачката кошничка. Порано пишував за платите неколку пати - па така просечната плата се движи некаде околу еднаесет илјади а потрошувачката кошничка е околу десет иљади денари. А каде се другите трошоци....

Платите ќе останат скромни како резултат на фискалната дисциплина во јавниот сектор и на високата невработеност, предвидува ЕК.

Македонската економија полека, но сигурно ќе расте, меѓутоа бројот на невработените и понатаму ќе остане висок, велат економските прогнози на Европската комисија објавени во понеделникот во Брисел.

Monday, May 08, 2006

Јустинијан Први - Македонски бренд

ДЕНОВИ НА ГОЛЕМИОТ ВИЗАНТИСКИ ИМПЕРАТОР - ЈУСТИНИЈАН БИЛ РОДЕН ВО МЕСТОТО ТАОРИСУМ, ДЕНЕШНО СЕЛО ТАОР ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ. МАНИФЕСТАЦИЈАТА СЕ СОФПАЃА СО ГОДИШНИНАТА НА НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

Манифестацијата "Денови на Јустинијан Први", посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, ќе се одржи од 11 до 13 мај. Годинава, првпат, ќе се слави името на "нашиот сограѓанин", Јустинијан Први. Поводот е и годишнина од раѓањето (11 мај 483 г. - 13/14 ноември 565 г.). Јустинијан се родил во малото место Таорисиум, денеска идентификувано како село Таор во околината на Скопје.

Во чест на родното место, тој во близина го издигнал величествениот град Јустинијана Прима. Јустинијан е влезен во историјата и како император кој го кодифицирал Римското право, поставувајќи ги основите на европското право, истовремено обединувајќи ја некогашната Римска империја.

Владеењето на Јустинијан Први (527 - 565 г.) го означува најголемиот подем на Византиската Империја. Со триумфалните освојувања на Италија, јужна Шпанија и северна Африка, Јустинијан ја реализира сопствената идеја за реставрација и обединување на некогашната Римска Империја. Како ревносен христијанин, со цврста решителност работел на воспоставувањето на доминацијата на христијанството и создавање единство меѓу христијанските цркви. Императорот е познат и по бракот со влијателната императорка Теодора, кој се вбројува меѓу најголемите и најконтроверзни романси во историјата на Византија.

За Македонскиот менталитет

Украдена патеката до Самоилова тврдина

Во предворјето на Самоиловата тврдина во Охрид, пред влезот во стариот дел на градот, бетонските плочки од паркингот масовно се крадат. Досега се откорнати десеттина квадратни метри бекатон.
Надлежните во Охрид велат дека тоа го прават граѓани кои потоа овој материјал го вградуваат во своите дворови.
Полицијата најавува дека ќе биде засилена чуварската служба пред паркингот кај Горна порта.

Прстенот на Гоце Делчев

Бугарија трага по прстенот на Гоце Делчев

Од утре ќе почнам да го барам прстенот. Јас првпат слушам дека прстенот е пронајден. Скандалозно е учеството на македонскиот премиер во изнесувањето на прстенот надвор од Бугарија - изјави Димитров, инаку автор и на книгата „Десетте лаги на македонизмот“, во која грубо го одрекнува постоењето на македонската нација, тврдејќи дека таа има бугарски корени.

Приказната за златниот прстен на легендарниот македонски револуционер Гоце Делчев е мошне интересна. Прстенот, според сознанијата, е направен во Солун и на него бил изгравиран потписот на Делчев. Со прстенот, кој го носел на малиот прст на десната рака, Гоце Делчев ги заверувал поважните документи, ставајќи го неговиот отпечаток во црвениот восок.

Непосредно пред да замине во Солун, на средбата со Даме Груев во 1903 година, на која барал да не се брза со Илинденското востание, Гоце и' го дал прстенот на мајката на Катерина, Велика Христова-Трајкова. И кажал дека прстенот е наменет за неговата свршеница. По средбата во Солун, како што е познато, Делчев заминал за Баница, каде што беше и убиен. По тој трагичен настан, прстенот остана во семејството на Трајкови, кои живеат во Благоевград

Blog Archive

Site Meter