Апсурдно е тоа што деновиве новинари на грчкиот Катимерини ја посетиле МК и МК археолошки локалитети и констатирале дека најголем проблем на МК археологија се Дивите копачи. Демек тие се главните виновници за уништувањето на МК археолошки локалитети.
Нашата полиција никако да дојде до нашите Диви копачи - но затоа нашите медиуми прават исцпни интервјуа со нив (се сеќавате на селанецот од Бонче - кој пред окото на тв камерата на канал 5 даваше изјава како и каде ни наошач штитовите и други артефакти - не само тој туку и други негови соселани ... иако за случајот беше поведена предистражна судска постапка - таа е затворена без покренување на обвинение ... за никого ...)
Паско Кузмин, Директорот на управата за заштита на културното наследство ... Дивите копачи ке ги нарече “ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ“.
Да се вратам на темата новинарите на Катимерини лесно интервуирале Диви копачи - кои дури кажале дека се загрижени за културното наследство на МК - и дека никој во МК не се грижи културното наследство да остане во МК и да се валоризира ...
Најатрактивни наоѓалишта за дивите копачи према грчките новинари се локалитетите каде има Македонски бронзи и локалитети каде може да се пронајдат артефакти и монети од Античка Македонија ... Добро утро ...
No comments:
Post a Comment