Истотака АВ е клучно место за обезбедување на две социјални
Е сега што предлагам ...
- Ослободување на АВ од непотребните функции ... здравство за сите граѓани бесплатно до одреден пакет ... социјалната функција да си ја преземе друг орган ...
- Оспособување на АВ за вистинската своја функција - да бара и да им овозможува работа на невработените ...
Ова последново е многу тешко ... бидејки во Македонија НЕМА работа ... никој не бара работа - никој не ствара нови работни места (она што го има е премалку...) ... Нови работни места се отвараат најчесо во државните јасли и толку ... другото е заемарливо ...
Значи ако нема работа во Македонија - АВ нека бара работа во странство ... работа по бродови .... платформи ... медицина ... информатика ... градежништво .... и незнам што друго ...
Значи да се ослободиме што поскоро од тесните рамки на денешна Македонија и работа да бараме било каде во светот ...
Ке речете што ке добиеме со тоа ... со тоа само ке се одлее квалитената работна сила и МК нема никаква корист од тоа ... трпи само штета за дотогашното школување ... во право сте - но со секој помал број на невработени во РМ се намалува и притисокот на социјалните и здравствените фондови ... а оној кој нашол работа надвор ке ги помага своите роднини во РМ ... ке троши кога ке доаѓа на одмор ... ке гради куќи во своите родни места и на крај ке посака да се врати во РМ - за да започне свој бизнис .... Ова наголемо се случува кај Албанската популација во РМ ... Погледнете само кој гради нови куќи во РМ ... и кој почнува нови бизниси ...
И нешто друго ... АВ ако најде работа за некого во странство - со договор да се обезбеди да добие дел од процентот од платата на идниот вработен ... да речеме три проценти ... Овие пари би се употребувале за поткнување на продуктивно вработување во РМ и за преквалификација ...
Ако не се смени начинот на работата на АВ на РМ - АВ ке си остане само агенција за евидентирање на невработените и толку .... па најголем нејзин успех ке биде кога ке избрише што поголем број на невработени ....
No comments:
Post a Comment