Со одлука на Советот, режимот на движење во Градскиот парк се организира во две зони. Забраните важат за втората, поголема, зона што се протега од луна-паркот до хотелот „Александар палас“. Градските власти лани најавија дека во овој дел од паркот чуварите и полицајците засилено ќе интервенираат и ќе ги санкционираат прекршителите. За „несаканите гости“ по истекот на работно време беше предвидено да се применуваат казнените одредби од Законот за комунални дејности, како и да се пишуваат пријави за нарушување на јавниот ред и мир, според Кривичниот законик. Покрај временските ограничувања, на сила стапија забрани и за возење велосипед надвор од означените патеки и за влез во паркот со моторни возила.
Тинејџерите велат - Откако заврши училишната година во паркот доаѓаме секој ден и остануваме до кај три часот по полноќ. Одвреме-навреме поминуваат чуварите, ама досега не не' избркале. На клупите покрај езерцата не може место да се најде, затоа многу луѓе има и по тревниците. Се собираме цели друштва, зашто нема каде да се оди.
Изворно тука.
Инаку одлуката на градските власти наиде со негодување на младата популација ... и по мое скромно мислење беше преусилена.
No comments:
Post a Comment