
Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена. Црквата се наоѓа во десниата страна од сликата. Ставена е во круг - поголемиот најдесно. По мои пресметки таа е на некои 60 до 70 метри одалечена од Зградата на Дистрибувија на РМ. Во линија со стоковната куќа Нама и улицата што води према скалите од трговскиот.

Истовремено Ви постирам и Гоогле слика од сегашната положба на Скопје. Оваа слика Ви ја давам за да пробате сами да ја пронајдете старата локација на Црквата св.Конскантин и Елена. По мене таа се наоѓа некаде во влезот на Стопанска Банка во Трговски. Веднаш до скалите на ГТЦ.

1 comment:
I really enjoyed looking at your site, I found it very helpful indeed, keep up the good work.
»
Post a Comment