Една третина ја поминуваме во зима. Мразам зима и студови. Една третина ја поминуваме во сон. Останува само една третина светлост во нашите овоземни животи. Сакам сонце (индиректно, по можност во дебела сенка) и светлост (дифузна).
Search This Blog
Saturday, December 12, 2020
Wednesday, December 09, 2020
Европски сон - Македонска стварност
Сонував дека сите Мк политичари и парламентарци се качија на новиот воз (набавен од Кина) кој тргна по новоизградената пруга кон Бугарија. Требаше да се слави на влезот во Бугарија за успешниот влез на Македонија во Европската унија. Во возот се беа качиле и сите амбасадори и европски представници кои нешто направија за влез на Македонија во Европската заедница. Но се случи нестреќа - во новоизградениот тунел на границата на Македонија и Бугарија откажаа кочниците на возот и сите патници ги изгубија животите. ...
За наша (на сите МК граѓани) несреќа ова беше само сон. Реалноста е дека ке чекаме наредни 30 години за влез на Македонија во европската заедница. ...
Sunday, November 15, 2020
Штрајфните на Нане ...
Да не починеше Нане пред десет години денеска ке и слвевме 85 роденден. Вообичаено на овој ден се собиравме сите кај Нане оние кои бевме во Скопје и и одевме на торта за да чести за роденденот. Всушност ние и носевме торта и слатки. Таа сакаше многу да се шали и да се смее. Не се сеќавам заради што се насмеја и се загрцна. Одеднаш од носот почна да и тече крв како една река и не преплаши сите. Утредента ни појаснија лекарите дека ако не и истекла крвта преку носот ке доживеела излив на крвта во мозокот што ке било фатално за нејзиниот живот. За да го залечат сето тоа лекарите и напикале завој во носот во синусните канали толку многу завој што Нане врискала од болка. Како и да е по штрајфните на Нане го паметам овој ден.
Пандемија на стравот ...
Од распадот на старата држава Југославија во која сите кои живеевме - како најголема придобивка ја осеќавме слободата на движењето, слободата на одлучувањето како и со кого ке живееме, слободата на избор на професијата, слободата на избор со кого и каде ке живееме - некој не тера на перманентна ПАНДЕМИЈА НА СТРАВ за нашето овоземно опстојување. Ни се наметнуваа разни национализми преку кои се збогатување поединецот а се губеа колективните права на поединецот. Се гаи страв дека еден ден ке нема доволно храна да се прехрани популацијата, дека сме многу и дека мора да се најде начин како да се смалува популацијата на многудетните семејства, кои со своето многудетство демек ке придонесат до таму да еден ден ке нема ресурси за нас рајата и така сите ке поумреме.
Со овој вирус Ковид 19 всушност се проектира хистерија на страв дека сите ке се испозаразиме и ке испоумреме во тешки маки и страдања. Не тераат сите да носиме маски кои по тумачењето на еднокринолозите всушност придонесуваат да не дишеме слободно и да го вдишуваме сопствениот јаглен моноксид кој го враќаме во плуќата и поради недостаток од кислород организмот произведува хормон кој допринесува да се стресираме и да осеќаме вртоглавица.
Со овој вирус на пандемија на стравот, каде секојдневно се бројат само заразените и мртвите а нашиот нервние систем се храни со тој страв и сите доаѓаме до една психоз на стравот. Каде неприродните процеси и нечовечкиот нашин на живеење преку наметнување на хомосехсуализам кој е само една болест и девијантно однесување на поединецот ни се наметнува она што не е нормално да го прифаќаме како нормално. Преку ситуациите да ги заштитиме старите и болните лицца - старите и болните се затвараат и не им се дозволува никој да ги посетува, дури ни нивните најблиски демек за да не ги зарази со овој толку страшен вирус ковид 19. Сето тоа е отуѓување на човекот од нормалата и стварање на сејачи на страв која прерасна во пандемија на стравот.
Демек новата нормалност се состои од самоизолација и наметнувње на некави вакцини кои се обавезни за сите ако сакаат луѓето да се шетаат неможе да го прават тоа бидејки новата нормалност/ненормалност не ја дозволува слободата на избор како и каде и со кого ке живееме.
Секојднево не стресираат со бројот на новозаразени и со бројот на мртвите за да само тоа ни е во паметот и така стресирани да се самоизолираме во некоја пандемија на општиот страв. Ке испадне дека од година на година бројот на починати лица е се помал а ние само мртвите ги броиме.
Sunday, November 01, 2020
Старо купујем, старо купујем ...
1957 година кога како мало дете од две години се доселивме во Скопје во стан близу Универзална - “старо купујем“ беше професија која се одржа до ден денешен. Вака одеше тогаш рекламата - “Старо купујем, старо купујем, ново продајем ,,, поправљам чадори, оштрам ножеви, калаисујем ...“. Нас како деца не плашеа со тоа ако не сте добри ке ве продадеме на старо купујем и бегавме од нив како деца ...
Ништо не е сменето ни денеска - низ населбите се слуша сеуште: “Старо, купујем, старо купујем ...“. Овие луѓе уствари се единствени кои од отпадот кој го имаме по дома го рециклираат ... собираат стари железа и истрошени предмети од домаќинствата и ги даваат во отпадите кои за ситна пара после ги продаваат на железара ако се имаат метал во нив, пластичните флаши ги рециклираат дробејки ги а картоните се преработуваат во комуна - каде од старите картони се прават нови кутии ...
Овие денови го чистам подкровјето каде десетина години се што не ни требаше го носевме на поткровјето .. Дојде време да го чистам и тој простор и искрајно ме спасува старо купјуем, бидејки ако треба самиот да го носам по отпади ми е прескапо, транспортот кошта повеќе од тоа што ке ти дадат во отпад .. тука се и старите алишта од луѓето кои починале ... старо купујем ги собира и таквите партали ... ги прашувам што ке ви се такви стари работи ... ми велат тоа го носиме, немаме пари да купиме нови работи ...
Како е по светот незнам - слушам дека во некои западни земји постојат денови каде на одредени места го носиш крупниот отпад и намештај. Таму стојат работите и луѓе најпрвин одат и се што им треб го носат дома ... Она што ке остане го собира општината и го носи во места каде отпадот се рециклира ...
Wednesday, October 28, 2020
386
Tuesday, June 23, 2020
Методите на Груевски.
Груевски додека не владееше тие десетина години постави стандарди за влијание над гласачите. Методите на Груевски. Во тие десетина години беше неприкосновен - победуваше во сите избори. Методите воглавном беа огромно влијание врз медиумскиот простор особено во дневните, неделните весници и нарочно во телевизиите со национална фрекфенција. Секако со огромно влијание на социјалните мрежи каде поставуваше ботови. Тивок поткуп преку стмулација во земјоделието и малото и големото стопанство. Претварње на државниот апарат во активен елемент во време на изборни. Заплашување и казни за “несоодветните“ стопански субјекти. Изборната кампања не престануваше во ниеден момент додека владееше. Груевски излегуваше и од фрижидерите кога дома ке ги отворевме. Огромно влијание во судството и неговите одлуки каде пресудите беа режирани и маркетиншки користени. Значително додворување на сиромашните слоеви во време на избори. Правење на списоци како административците да носат свои десетици лица на гласачко место. Сето тоа не се казни во судски одлуки. Заеми и презадолжување - така да ни внуците нема да ги отплатат неразумните трошења во забеганите проекти каде немаме ни за леб а јадеме чоколадо. Истакнување на национализмот во двете средини Македонската во одбрана на името и националните симболи и Амбанскиот национализам во однос на нивните права на јазик и рамномеренприста во општеството.Дури ни специјалното обвинителство не помогна - туку напротив и тоа подлегна на моќта на парите.
Последните три години новата власт која едвај со помош на меѓународната дојде на власт, не се истакна со она што го ветуваше. Туку напротив ги користеше методите на Груевски како да остане на власт.
Се чини ништо не се смени во нашата политичка практика.
Изборите во ова пандемиска криза се вистинска непознаница и оваа власт ги поткупува луѓето со државни средства. Човек нема за кого да гласа се е испомешана десницата се обидува со левичарски идеи а левицата со десничарски методи и идеологија. Кај албанските гласачи ништо ново гола осем борба за власт со стари методи.
Изборите се сосема неизвесни и нивниот исход.
Во Србија минатата недела на изборите остана се по старо. Ке остане ли така и кај нас. Малите партии се виде дека немаат шанса во борбата на поголемите партии каде моделот на избори ги форсира големите.
Monday, June 15, 2020
По три дена и помитати по три нови круга кокошките се договорија...
Friday, June 12, 2020
Кокошките се договорија да протрчаат уште два три круга.
Monday, June 08, 2020
Корона страв
Овие три месеци ние постарите/повозрасните го изедовме стравот. Под притисок на медиумите се исплашивме дури и од најмалато закашлување или течење на нос. Медиумите нашите и светските здравствени работници кои се стручни за епидемии/пандемии не преплашија и не напикаа во нашите домови - демек ептен многу се загрижени за нашето здравја. Ваков пропаганден страв светот го чини во пад на економијата и промена на начинот на нашето живеење. Ни се сервира дека треба да ги избегнуваме нашите најмили нашите наследници кои демек се тајна закана по нашето здравје.



