Search This Blog

Friday, January 25, 2019

Ципрас го стави темелниот камен на МК интегративните процеси во НАТО и ЕУ

По Македонија и Грција го ратификуваше договорот од Преспа со кој се затвара едно прашање кое влече корени во давнешната историја кога Македонија како територија по распаѓањето на турското робство на меѓународна конференција беше поделена на три/четири дела.
Кој добива а кој губи ?
Незнам што Грција изгуби (осем Ципрас, кој можеби ке плати скапа цена на следните избори) - но Македонија конечно го одкочи интегративниот процес кој на така мала држава како нашата ке и значи многу во сите погледи.
Скапа политичка цена веројатно ке плати и Заев (на следние парламентарни избори тогаш кога ке се оджат) не толку поради договорот во Преспа колку поради скандалозните одстапки во процесот на најновата амнестија и бегството на Груевски.
Губитник по мене е и наследникот на Груевски сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски. Мицковски играше двојна игра пред МК јавност каде остана да ја “штити“ македонштината а се направи како  му беше сугерирано од странските сили кои всушност ја скроиа оваа КАПА.
Македонија во следните председателски избори ке влезе во уставна криза така да сиротиот Устав веројатно повторно ке се менува.
Шансите да има и парламентарни избори со овие редовни председателски избори се мали.

Friday, December 07, 2018

Кој е заслужен што на 27 април 2017 година не се случи МК мајдан

Од судењето и јавните искази во судницата за упадот во собранието на 27 Април 2017 година дознавме дека вриело од оружје во неколку спротивставени групи - но МК мајдан за чудо тој ден не се случи. Во самото собрание дознавме дека осем обезбедувањето на тогашниот министер за Полиција Спасовски кое и испука еден куршум во воздух, оружје имале и четворица од оние кои упаднаа во собранието кое за среќа не беше употребено. Оружје секако имале и полицијата и  обезбедувањето во и околу собранието. Оружје имало во неколку коли во околината на собранието а биле во резерва неколку спротивставени наоружани групи во близината на собранието од кои една во близината на седиштето на СДСМ и  една во близината на камени мост Скопје. Но поради некој или нешто тој ден 27 април 2017 година иако бил планиран МК мајдан во Скопје не сеслучи.

Wednesday, November 21, 2018

Ако праќаш “надарени“ - “надарени“ ке добиеш ...

Старо правило на свемирскиот ред. Оној кој со сабја сече глави - голема е веројатноста од сабја да умре ...

Friday, November 16, 2018

МК ел Чапо (дипломат) со МК плата и пензија ...

МК ел Чапо во прошетка низ три балкански држави со МК лична карта. Најмалку Министерска глава мора да падне зарди сето ова...

Friday, November 02, 2018

Легнаа на брашно

По последните случувања внатре во ВМРО-ДПМНЕ и надворешните реакции за нивната политика ВМРО-ДПМНЕ легна на брашно. Не дека и до сега не соработуваа (иако тоа го криеа) но сега веќе си ја увидоа грешката/е и признаваат право дури и на своите пртеници да имаат право на лична одлука при гласањето во парламентот. 

Friday, October 05, 2018

Бојкот

Ако до избори во Ноември дојде - за што има големи изгледи, ВмроДпмне нема да ги бојкотира. Калкулацијата е во парите кои ги добива од државата. Ако бојкотира ги губи неколкуте милиони евра кои ги добива од државата за функционирање на партијата. Во услови кога партијата има потреба од многу пари за да функционира (а другите пари ги нема затоа што не е на власт, особено додадено што не е на власт ниту на локално ниво) бојкотот на избори за парламент е нивно политичко самоубиство.

Како ке помине на избори - 300 до 400 илјди гласови е нивен максимум во овој момент. Дали тоа ке им донесе власт - не, особено во услови кога немаат можност за коалиција со ниедна албанска партија.

Дали останатите ке соберат двотретинско мнозинство тешко но достижно. Достижно е само ако се направи европска предизборна колаиција на СДСМ со албанските партии, со цел да се направат уставни измени и во наредните години се обезбеди непречено чекорење по реформскиот пат кој води во НАТО и ЕУ. Дали ова ке го подржат и сугерираат странците кои се одамно реална власт кај нас, ке видиме.

Sunday, September 30, 2018

Европска Македонија на избори во Ноември ?

Заев најави дека во рок од неколку дена ако не се обезбеди гласање на уставните измени дека коалицијата Европска Македонија оди на брзи предвремени избори во Ноември 2018 година. Така ВмроДомне ке остане со прстот во уста или да ги бојкотира тие избори и да остане со нула пратеници или да добие десетина пратеници ... Роковите го газат Заев но и ВмроДпмне е пред избор или да ги подржи амандманите сега а да оди на избори во некое подобро време.

Мириса на парламентарни избори во Ноември.

Thursday, July 05, 2018

Чинење и Нечинење ... Закон за амнестија на сите вмешани во 27 Април

Од формирањето на новата сегашна Влада - целото раководство (владина гарнитура со коалиционите партнери) ги фрли сите карти на решавањето на два проблема: Договорот за добрососедство со Бугарија и решавањето проблемот кој Грција го има со нашето име (ЧИНЕЊЕ), за да ако го реши проблемот со Бугарија и три деценискиот спор со Грција,  затварајки ги овие два проблема и отворени прашања - ДОЛГОРОЧНО да бере плодовите од извесните Нато и ЕУ интегративни процеси, кои носат со себе големи можности за раздрмување на се` па дури и на економијата, која се вбризгување на нови инвестиции, грантови и кредитни аранжмани би влегла во циклус кој на оваа политичка гарнитура која е сега на власт ке и донесе долгорочно сигурни извесни идни избори во неколку циклуси.

Од друга страна минатата владеачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ доживеа две изборни фијаска. Во едното фијаско во кое бројките велеа дека е победник - победата во параментарните избори се претвори во пораз и во губење на власта. Станаа опозиција. За да потоа во другите локални избори доживее тотално фијаско и катастрофален пораз. Во сето ова време старата гарнитура се одлучи да ги тера процесите со НЕЧИНЕЊЕ - кочејки се, кочеше да се избере нов Парламент, нова Владаи, нов и институции. Овие два порази беа јасен сигнал дека дотогашниот 11 години Премиер мораше да се прости и од претседателското столче на ВМРО-ДПМНЕ (последото сидро кое му беше гарант за негов личен спас) и да целото време го посвети во судниците каде е обвинет со запретени затворски казни од многу години.

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесите на НЕЧИНЕЊЕ и коченње на се` каде тоа го може и со негирање на се` за што е обвинувано старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Се чини дека новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сакајки да ги кочи процестите само и помага на новата власт да добие се` за што се залага. На крај незнам дали Претседателот ни Иванов ке попути (“ке се предомисли“), но новиот лидер на ВМЕРО-ДПМНЕ ке одигра така како ке му свират светските сценаристи. Тој сега само глуми лудило. Пробува да го кочи референдумот со неизбирање на изборна комисија. ... Никојпат никој не добил ништо со НЕЧИНЕЊЕ.

Од лидерот на сегашното ВМРО-ДПМНЕ слушнавме дека ке подготви Закон за амнестија на сите кои на било каков начин се врзани со 27 Април и случувањето во Собранието.  Кога на сите ни станува јасно дека за тие случувања ке мора да одговаатаат сите инволвирани од оние кои се директни извршители па се до нарачателите (тоа Еу државите јавно писмено го побараа) - новиот лидер се надева дека со вакво помилување преку закон ке се испазари незнам за што? Од кого очекува подршка?? Мицковски со таков чекор на ставање на дневен ред на Закон за амнестија на сите кои се вмешани во 27 Април јавно ке признае дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното старо раководство се директни организатори на немилите собраниски случувања од 27 Април. ВМРО-ДПМНЕ со вакво раководство и политики ке биде сретно ако на било кои следни избори остане на своите загарантирани 250 000 гласови.  

Blog Archive

Site Meter