сл.1 Манастирот „Св. Андреја“ - Матка е свето и митско место, кое има големо значение за скопјани. Од времето до денеска генерации на скопјани со респект и почит го посетуваат ова свето место. За настанокот на самата црква има една научна теза и втора легердарна приказна.Према првата научната теза Црквата Свети Андреја Матка е подигната во 1389 година. Нејзин ктитор е вториот син кралот Волкашин и брат на Крале Марко, Андрејаш. Ова го дознаваме од натписот над надвратникот на западната влезна врата во наосот на црквата.Према втората легендарна приказна во времето на Крале Марко, тука водела карванска патека по која врвеле Кралот Марко и неговиот брат Андраш. Дошле до ова место во кое имало стар Ан. Крале марко останал кај коњите а во анот влегол Андраш. Во анот имало турци кои го нападнале и убиле Андраш. Крале Марко чекајки предолго влегол во кафеаната, видел дека братот му е погубен - во борба ги убил убијците на братот а него го сохранил во дворот на анот ... Подоцна се врќа тука и во спомен на братот ја гради Цркват и Манастирот Свети Андреја Матка ... Како заштита од понатамошни зулуми остава печат, својата рака во отисок во камен ... се смета дека тој отисок го штити манастирот од понатамошните зулуми ...Самата црква иако многу мала е прекрасно иконописана. Фрескоживописот говори дека Кралот Марко ги ангажирал врвните мајстори на фрескосликарството.Во непосредна близина на оваа црква и манастир има уште неколку средновековни цркви, повеќе од нив градени на остатоци од сахрални и црковни објекти од раниот период на христијанството. Многумина затоа велат дека ова е своевидна Македонска Света Гора ...
Search This Blog
Thursday, June 21, 2012
Wednesday, June 20, 2012
Сонце
сл.1 Сонцето е тврорецот на животот ... Утрово кога излегов надвор кога само за кратко паднаа неколку зrаци сонце на моето лице - ме обзема некоја внатрешна радост и мир ... некоја енергија, што ли ... си реков во себе не е чудо што е Македонија една од земјите кои го слават/обожуваат сонцето ... го имаат вградено во своите симболи ...
Во Македонија сонцето е повеќе од симбол ... божество од паганските времиња до денеска ... сите ние како човечки суштества знаеме/осеќаме кога некој ни прави добро ... а сонцето тоа секојдневно го прави ...додека има сонце ке има и живот ...
* ни дава СВЕТЛИНА
* ни дава ТОПЛИНА
* ни дава ЖИВОТ ...
Tuesday, June 19, 2012
Свети Пантелејмон Скопје
сл.1 Свети Пантелејмон е прастаро излетничко место на скопјани. Секако дека е и свето место одбрано да се направи една од најзначајните МК Цркви и Манастири. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 - 1118). Значењето на црквата е посебно поради прекрасниот фрескоживопис кој е значајен за историјата на сликарството, бидејки начинот на кој е фрескоживописана представува предвесник на ренесансното сликарство пред Ѓото. Осбно сето ова се изразува во композицијата на оплакување на Христа каде Богородица со својот лик го оплакува/жали по своето чедо ...
Свети Пантелејмон е едено од неколкуте неодминливи места кои секој кој дошол во Скопје мора да го посети. Заради неговата старост и светост, заради мирот кој го има таму, заради историјата на уметнтноста , заради прекрасниот панорамски поглед на Скопје, заради чистиот воздух, заради мистиката на просторот и заради многу други нешта кои секој индивидуално ги пронаоѓа во ова мето ...
Monday, June 18, 2012
Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане
сл.1 Секогаш нешто топло ми се случува околу срцето кога ке го видам овој призор, местото на моите предци ... мирисот на тревата под старите багреми, ме подсетува на бројните книги прочитани во нивните сенки ... погледот према Црквица каде толку често сум ги одмарал очите од буквите на книгата ... газејки по тревата меѓу проредените спомен плочи газам по коските на моите предци ... седејки на топлиот камен од спомениците, седам на коските на некој од моите предци ... нешто чудно и мистично секојпат со сета те враќа на местото на твоето потекло и раѓање ... привилегија е да знаеш каде точно си се родил ... привилегија е да те препознаваат луѓето додека замислено шеташ по некоја од камените сокаци ... привилегија е да си го сакаш својот род и минато ... пиејки вода од прастарата чешма, го частиш својот желудник со истата вода која првпат во животот си ја пиел ... привилегија е сето сеќавање на детството поминато околу овие камења кои на други луѓе им значат само историја и уметност, додека на тебе ти значат дел од твојата лична меморија ... кога се сеќаваш како со љубопитство си се качувал на камбанеријата за да ги видиш малите пилци од бројните птици кои свиваат гнезда во тогаш напуштената камбанерија ... седејки тука се сеќаваш на игрите од твоето детство ... слушајки ги птиците го слушаш звукот и мелодијата на твоето детство ...
Sunday, June 17, 2012
Пчиња
сл.1 Каде да се побегне од вруќините во Македонија. Одговорот е прост таму каде има течна вода, таму каде доаѓа свежо ветерче од водата и планинските врвови кои носат свежина, пријатен воздух, мирис на природата и цвркут на птиците. Мир божји. Ако прашаш рибар тој недвосмислено ке се одлучи за горните текови на нашите бројни реки. Радика, Треска на пример. Во мојот слушај, предлог е Пчиња, бидејки ја познавам, бидејки од нејзините води сум задоен, таму ми е врзан папокот.
Saturday, June 16, 2012
Тиквешко
сл.1 Тиквешко езеро, омиленото езеро на рибарите, мене ми е омилено заради прекрасната фотографија која таму ја имам направено. Прекрасни зајдисонца и трансформација на светлоста во магичните моменти на трансформација на светлоста во периодот на зајдисонцето и потоа, се појачано со рефлекцијата на водата со сиот незин значај.
Friday, June 15, 2012
Да ти снема интернет
Утрово повторно лошо спиев, среде сон ме фати грч на едната нога, едвај станав, се видов препотен, значи мораше да се оди и под туш што значеше дека ке се расонам. На телевизијата се вртеше некоја реприза и реков нема друго, станување и почнување со ритуалот на денот малку порано. Гледам на сатот сум фатил пет часа сон, ми фалеа уште два за да се наспиам. Убавото беше слушање на веселиот цвкут на птиците кои пораниле и веројатно се договараа кој каде ке оди и што ке работи. Искочив на терасата гледам зората почнува да пристига, сонцето само што не почнало да се раѓа. Некако не ми се фоткаше, сеуште ненаспан се осетив мрзовољен. Реков нема што, нема друго ајт на компјутер и на интернет. Имав во нотесот запишано неколку предлог текстови. Некаде при врвот беше текстот за инаетот, лутината, бесот, гневот, креацијата, ...
Беровско Езеро
сл.1 Беровско езеро е бисер на македонската природа. Изградено уште во трулиот социјлаизам, кога се направи беровската брана, пристапниот пат и бунгаловскиот почетен комплекс со спортски терени. Одсекојпат беше мета на спортистите за висински припреми кои немаат подобри услови за висински припреми во Македонија од овие. Ако е добро за спортистите уште подобро е за фамилијарен викенд и одмор, како во зима кога е богато со снег така и во лето кога е богато со мир, тишина преубав воздух и прекрасна природа ... Одмор за душа. Колку добро би дошла една пензионерска населба која би ги мамела пензионерите од Македонија па и од странство ... Сигурен сум дека и една медицинска населба би била убава, за оние луѓе на кои им е потребенн мир, тишина и мирис на природата, на борот да олабават од секојдневицата и да закрепнат за утрешницата ...
Thursday, June 14, 2012
ДОЈРАН ... Дојранско Езеро
сл.1 Дојран ја крие приказната за убавата Дојрана која како богиња на Дојранското езеро ги мами луѓето да дојдат и да одморат душа на бреговите на Дојранско езеро, под дебелите сенки на старите чинари. По спасот на Дојранското езеро од неговото еко умирање, Дојран полека го враќа сјајот и луѓето ... Некогаш Дојран беше познат по лековитоста на алгите, по бројните фабрички летовалишта, извиднички кампови, приколку и евтин работнички туризам.
Subscribe to:
Posts (Atom)