Search This Blog

Saturday, November 29, 2008

29 Ноември ... ден кога дедоми ги колеше свињчињата ... некој некого го јаде во одреден момент ...

http://tbn3.google.com/images?q=tbn:3rmPhc5iKy61cM:http://www.politika.co.yu/magazin/novibroj/2.jpg http://star.vecer.com.mk/content_images/62750570320051123185657.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/7/7a/Opanci.jpg/250px-Opanci.jpg http://gigamarket.1001tours.org/images/Food/smoked_becon_B.jpg

Од пиетет/трибут према дедоми, кога видов кој ден е денеска прво на што се сетив дека на времето на овој ден секогаш бев во неговиот двор да учествувам во еден традиционален обичај на дедоми - на овој ден се колеа свињчињата ...

читај повеќе »

Јас лично и кокошка кога треба да се заколе бегам ... не можам да ги поднесам моментите кога кокошката онака обезглавено скока и ги трза своите последни моменти во животот ... но животот и природата се сурови ... помоќните, појаките, поздравите ги јадат оние кои се послаби ... ланецот на исхрана на видовите на живот е така створен ... некој некого го јаде во одреден момент ...

Така е и кај луѓето, иако свеста на луѓето треба да проработи и да се грижи за помалку моќниот ... но, да не се одалечам од темата на постот ... свињкољот ... тој е долга традиција во кумановско, кратовскиот и паланечкиот крај ... секојпат се правеше во време на празникот 29 Ноември ... два дена слободни добро доаѓаа да се посетат селата и да се помогне на домаќинот ... свежо свињско со праз и по некоја сува пиперка везенка е традиционално јадење на тој ден ... приготвувањето на џигер и чварки е специјалитет на денот но во покасните часови ...

Делот како се коле свињчето ке го прескочам се згрозувам од тие моменти иако дедоми сметаше дека треба да учествувам во тој чин - за еден ден кога ке пораснам, бидам способен и самиот тоа да го правам ... но ете јас никојпат не се оспособив да можам да убијам било кое животно ... дури и за рибите имам чувство ...

  • свињчето одкога ке се заколе, се ставаше на голема маса и се шуреше, т.е. со бричење и стругање со оштри ножеви се чистешеа влакната ... тоа беше вежба и за нашите први бричења ... секој дел од свињчето си имаше своја намена и корисност ...
  • по шурењето свињчето треба да се закачи на ченгел ... тоа е најтешкиот машки дел од работата ... бидејки свињчињата знаеа да имаат тежина и над стотина килограми ... тука учествуваа сите мажи ... се викаа и блиските комшии за да помогнат ... мада со техника со макара и подставање на свињчето под ченгелот тоа се правеше полесно ... сега гледам има спесијални дигалки за дигање на ченгел ... секоја нова куќа кога се гради а е од селски карактер под чардакот обавезно има место со испуштено железо за ченгел ... дедоми за оваа потреба имаше една стара слива ...
  • потоа во зависност од домаќинот разни делови од кожата на свињчето различно се третираа ... еден дел прикладен каде има ред сланина ред месо ... се сечеше заедно со кожата, за да покасно во пушница се исушат и така суви покасно се погодни за конзумирање ... се сеќавате кој може тоа да го јаде и денеска има по продавниците ... сланиница што би кажале браќата од север ... со лук и ракиичка ептен им лизга ...
  • најтврдите делови од свињската кожа се сушеа и од нив се правеа селските опинци ... никојпат не видов како се прават домашни опинци ... во тоа време беа популарни гумените опинци бидејки најдобро штитеа од влага ... лесно се миеше калта која ја имаше во изобилие во селските средини ... но дедо имаше купено и такви опинци или еднаш направи ... но кога виде колку лесно упиваат влага брзо ги зафрли ...
  • друг дел од сланината се топи и како продукт се рафинира маст, кој беше главна храна до пред земјотресот ... тој беше замена за денешниот зејтин кој во тоа време беше раритет и многу скап ... како нус производ од топењето на маста се добиваа чварки ... за некого и денеска се специјалитет ... ... дедо додаваше и месо од околината на стомакот, за чварките да имаат подобар вкус ... јас можев да ги јадам само тие мевца ...
  • од делови од кожата кои исто не беа пригодни за јадење ... од ѓон што ке јадеш - се правеше сапун ... не ја знам рецептата ... но нешто со сода бикарбона се правеше ... сапунот ем беше скап во тоа време ем го немаше во доволни количини ... тој сапун служеше претежно за перење, но посиромасите со него и се бањаа ... велат бил здрав ... ??? ... можеби заради присаство на сода бикарбона во него која е дезифинсиенс ... сигурен сум дека и современите сапуни имаат сода бикарбона во себе ... но во мали количини ...
  • во овој дел дедоми правеше еден специјалитет ... незнам како се вика ... кавурма можеби ... чварките онака со месо во себе стопени се сипуваа во канти од сирење ... со по некоја везенка во себе ... додадено од изнутриците ... бел џигер особено варен и сецкан ... сето кога ке се излади се сецка како сирење и се приготвува како прженко ... лебот лизга со такво јадење ... јас искрајно неможев да го јадам тоа ... се што е изнутрица не ми оди ... не е по мојот вкус ...
  • работа со цревата ... дедо велеше ... синко, знаеш ли кои се најдобри црева ... одкога ке му кажам не ... ми велеше “...оние кои се двапут обрќани ...“... од цревата се правеа плетенки ... се вареа и голем дел одеа сецкани како додаток во она каде одеа чварки и маст со суви пиперки ...
  • посебно се обработуваше желудникот ... уф колку смрди кога тој се вари ... но некои сметаат дека од него се прават прекрасни чорби ... мојот стомак не ги поднесува ... особено не од свињски желудник ...
  • за нас децата особено забавно беше кога ке се извадеше мочниот меур ... кај свињата е доста јак ... ке ни го надуваа и ке имавме “фудбал/лопта“ за играње - се додека не налеташе на некој трн од блиските гранки ... топките беа реткост во тоа време ...
  • деловите околу нозете на свињчето и ушите беа чувани за специјалитет наречен пача ... и тој дел на исхрана не ми е омилен ...
  • на свињокољот особено се радуваа кучињата, кои добиваа делови кои не се за човекова исхрана ...
  • околу главниот дел од свињчето месото има посебна поделба по нејзиниот квалитет ... најценето е месото околу рбетот ... најдоброто месо ...
  • на посебен начин се сецка месото од предниот и од задниот бут ... посебно се двојат колениците ...
  • дел од месото бутно одеше на пушење а дел се редеше во качиња во саламура ...
Овој обичај е на удар на современите закони кои не дозволуваат колење во домашни услови ... нешто слично како што е забрането правење на домашна ракија ... законодавецот ке има проблем да го искорени свињокољот од кумановска околијата ... верувам дека и во другите градови во Македонија свињокољот има традиција особено во селските средини ...

ИДЕЈА НА ПРОВЕРКА НА ЈАВНОСТА ... Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?! ...

Често, за да се види како ке реагира јавноста одредени идеи се пуштаат како шпекулации во медиумите ... во зависност од реагирањето по медиумите идеите се отфрлаат или прифаќаат ... пример се пуштаат во оптек имиња кои се можни кандидати за некоја функција ... па во зависност од реакцијата на јавноста се фаворизира токму она име кое има најмалку/најдобри критики во јавноста ...

читај повеќе »

Владата има перманентна политика на зголемување на прирастот ...

  • створи услови да ја лечи неплодноста кај младике кои имаат проблем со зачнување на плодот ... благородна идеја која се остварува ...
  • трето дете и привилегии за мајките кои имаат повеќе деца е идеја кја ке видиме како ке заживее ...
  • се води кампања дека абортусот е рамен на убиство ... идеја која наиде подршка кај црквата но не и кај борците за човекови права ... особено не кај оние кои сметаат дека плодот до одредена недела на старост кога не е во состојба сам да преживува е дел од телото на мајката и како таков само мајката има право да решава за неговата судбина ...
  • сега најново е дека се предлага трудничкото да се зголеми на година дена а за близнаци нешто повеќе ... трудничко од два месеца и за таткото ...
  • најнова идеја која се фрла во проверка пред јавноста е дека ке се оданочуваат оние кои не се женети, т.е. мажени ... оние кои работат ке плаќале некаков данок од 1.000 денари ... идејата била нафрлена на денот на идеите кај владата ... па некој веројатно се сетил да ја провери во јавноста ...
- Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?! ...

Friday, November 28, 2008

Ситните риби ја поминаа владината мрежа за фаќање криминалци ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/EAE259043799D1478E4C61BD059D5B71.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1017B1694BBA454EA591EA064924D27F.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/E0BB089BA4E67B48A0AE00126D8646B7.jpg
По маратонско судење на 72-ица наплатувачи на патарина, уапсени како криминалци од највисок калибар ... спроведени спектакуларно во судовите во присаство на специјалци ... првостепениот суд пресуди т.е. осуди само 12 лица по две години ... троица осободи од обвинение ... 57 ги осуди условно ...
Веројатноста дека луѓево ке побараат одштета за нивниот престој во затвор е голема ... власта ќари на популизам ... народот ке изгуби реални пари (од буџетот ...) кои ке бидат исплатени на луѓево кои се неоправдано затворени ...
Она што највеќе боли е дека сеуште на ист начин си наплатува патарината ... нема нов начин на наплата ... дали навистина патарините се полначи на изборните каси ?? ... обвинување кое во текот на судење го дадоа некои од обвинетите ...
Од она што се плашев пишуваајки во постот од пред скоро година дена кога луѓево беа апсени ... испадна дека се обистини ... полицијата немаше обезбедени валидни докази за да ги докаже инкриминираните дела ...

Сега е битно да се покажат/обезбедените валидни докази на суд и да се спроведе правилна судска постапка која ке заврши со соодветна пресуда ... Во спротивно ке имаме нешто што го видовме со обвинувањата за цариниците ... каде немаме судски разрешници ... и се ке се сведе на популистички потег на Владата - како што обвинува опозицијата за спектакуларните апсења пред камери ... Додуше и сега во овој случај имаме сликање ... Маскирани полицајци - како за терористички случаи ... Дали е тоа соодветно на случајов
...

Буџет 2009-та ... без промена и покрај ветувањето од 330 мил. евра помош за Реалниот сектор ... “диригиран државен капитализам“

[macedonian-budget-2009.png]
Вака графички го упростил буџетот за 2009-та година - Panta Rei ... Владата пак од друга страна не убедува дека направила план како да интервенира во Реланиот сектор - ама вели не го чепка буџетот ... тој ке остане онака како го испланирале ...
Владата значи сака да употреби “фиктивни пари“ за да го оствари ветувањето за интервенција во Реалниот сектор ... употребува пари кои им ги простува на овие-оние, пари кои и така неможе да ги земе од фирми и лица кои пропаднале некогаш ... само стојат фиктивни задолжувања ... ке пребацела од шупљо у празно кај загубарите кои преостанаа и кои никако неможе да ги продаде ... цената само им паѓа ... на крај ке вредат колку што ке вреди старото железо - како во случајот со Топилница Велес ...
Владата можеби би сакала малку и да испечати некоја паричка, се разведе со ММФ ... но во печатницата има сеуште друг “клучар“ ... кој највероватно ке го набрка ... власта ни крои таканаречен “диригиран државен капитализам“ ... каде носители на развојот е самата Влада преку огромниот буџет и семоќната државна партијска администрација ...
Единствена реална мерка е намалување на царините на суровините ... но сеуште не искочи со предлог што точно ке се намалува ... значи ветувањето е премногу генерално ... Пониското оданочување на земјоделците е мижитатара ... тие воопшто не се ни регистрирани даночни обврзници ... регистрирани се само оние кои земаа кредити ...
Е да, ке заштеди на детските пакетчиња за нова година и честитките кои веќе никој на никого не му ги праќа ... ископирана мерка од хрватскиот модел на штедење ...
Како што примети Деди во својот напис: Куме, кесата, наша е ... нема реално помагање на Реалниот секотор ако не брцнеш во џебот т.е. во случајот во БУЏЕТОТ ...
И турците на време кога ке видеа дека нема рајата ... годината била сушна ... го намалувале данокот ... ако владата сакаше да ги емитираат турците во минатото или еве англчаните во сегашноста ке ја намалеа општата ставка на ДДВ-то за одреден период ... секако ке го намалеа сразмерно и буџетот ... т.е. накратко ке се прилагодеа на реалноста која веќе забразди во нашата економија ...

Thursday, November 27, 2008

Владата сепак излезе со програма и мерки за помош на реалниот сектор ...

http://www.vlada.mk/files/images/novosti/Vlada-press2711.jpg

Владата објави пакет мерки за справување на последиците од светската финасиска криза ... која по нејзина оценка не го погоди финасискиот сектор во РМ ... но има последици во реалниот сектор - изразени преку намалување на производството во неколку клучни економски гранки од кои дел главно извозни ... металургија, градежништво, тектил ...

читај повеќе »

Одвоени се 330 милиони евра, на следните програми:

  1. четиригодишно мирување и отпишување на обврските на фирмите по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување, ... ... доколку редовно се сервисираат тековните обврски, тој долг во целост ќе биде отпишан ...
  2. отпис на каматите на достасани обврски по основ на даноци за задолжително социјално осигурување. Со овој закон се предвидува отпишување на сите пресметани неплатени камати, по основа на обврски за јавни давачки кои се доставени до крајот на ова година. ...
  3. отпис на каматите по основ на персонален доход, данок на добивка, ДДВ, данoци на имот и придонеси за пензиско осигурување под услов обврзниците во целост да го намират главниот долг, ... ... отпис на каматите по основ на повеќе даноци и придонеси, во целост доколку ја исплатат главницата до 31 април 2009, за 75 проценти ако тоа го направат до 31 август и до 50 проценти ако долгот го платат до крајот на годинава ...
  4. плаќање на даночен долг на рати, ... ... репрограмирање на даночните обврски, односно фирмите кои имаат потешкотии во работењето да можат даночниот долг да го отплаќаат на рати и тоа најногу до 36. Како гаранција ќе треба да дадат банкарска гаранција во износ од 100 проценти од долгот или хипотека во висина од 250 проценти од долгот. ...
  5. оданочување на добивка само ако е распределена во дивиденди, ... ... оданочување на добивката само доколки биде распределена во дивиденда, за разлика од досега кога се оданочуваше сета добивка која не беше реинвестирана. Владата смета дека таа добивка доколку не е распределена во дививенди ќе остане во земјата и ќе даде позитивни ефекти. ...
  6. намалување на царините пред се за суровините, ... ... се однесува на суровините за трговијата, економијата, информатичкото општество... Тоа значи дека нашите компании ќе имаат можност да станат поконкурентни со увезување на суровини без царини или со намалени царини ... ...
  7. пониско оданочување на земјоделците, ... оние кои имаат добивка до 5.000 евра ќе бидат целосно ослободени од данок, а оние до 20.000 ќе платат само 400 евра данок на доход. ...
  8. одложи за една година стапувањето во сила на одредебите од Законот за платен промет кои забрануваа плаќање за фирми кои имат блокирани сметки, ...
  9. побарувањата на државата по основ на јавни давачки ќе бидат претворени во траен влог во друштвата ОХИС, ЕМО, Тутунски комбинат Прилеп и Еврокомпозити ... ... Се работи за фирми кои долго време имаат акумилирано обврски. Со оглед дека државата има мнозински удел, обврските кон државни институциите ќе бидат претворени во траен влог, со што ќе се санираат состојбите во овие фирми и тие ќе станат атрактивни за продажба на заинтересирани инвеститири кои ќе ја продолжат и прошират дејноста ...
  10. откажување од трошење на парите кои биле наменети за новогодишните празници во сите државни институции, фондови, агенции, јавни препријатија и АД во јавна соптвеност ...
  11. мерките ке бидат доставени до Собранието и ке бидат преточени во закон ...

Премиерот и оделни министри на прес конференцијата истакна дека:

  • Македонија е далеку од рецесија, но реалниот сектор може да трпи одредени последици поради тоа што многу македонски компании своите производи ги извезуваат на европскиот и светскиот пазар, каде дел од земјите веќе прогласија рецесија ...
  • банкарскиот сектор е стабилен ...
  • Сериозна поддршка за стимулирање на растот за наредната година ќе се даде и со преструктуирањето на буџетот во насока на зголемување на продуктивните капитални расходи на ниво од 480 милиони евра, наменети за десетици инфраструктурни проекти,
  • Македонската влада не очекува дека овие мерки ќе предизвикаат сериозни буџетски импликации.
  • Нашата проценка е дека во првата половина од наредната година сите овие ефекти од буџетска гледна точка нема да имаат посериозен ефект од аспект на намирување на буџетските расходи.
  • Кон средината на наредната година, а ако е потребно и порано, ќе биде направен ребаланс на буџетот. ...
  • Владата очекува Македонија во наредната година да задржи економскиот раст и тој да се движи околу 5,5 проценти ...
Владата ни порача дека ги држи сите конци во раце и има план за сите евентуални сценарија ...

Конкурс за Награда на Светскиот самит за информатичко општество - WordSumitAward The best in e-Content & Creativity ...

http://wsa.org.mk/images/stories/wsa120x240.gif http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=IMG_4193%20%28Small%29.jpg http://www.wsis-award.org/media/system/images/wsa_logo.png

Како и во 2007 година година и оваа година, во рамките на Светскиот самит за информатичко општество - се организира доделување на награди за најдобра е-Содржина и Креативност ... WSA Macedonia 2009 ...

читај повеќе »

Македонија ке учествува и оваа година со свои представници во повеќе категории:

• e-владеење и институции
• е-здравство и животна средина
• е-учење и образование
• е-забава и игри
• е-култура и наследство
• е-наука и технологија
• е-бизнис и трговија
• е-вклучување и учество

Доколку вашата фирма, организација, институција или тим, во периодот 2007-2008 година, има објавено проект за е-содржини во некоја од горните области -

Краен рок за пријавување: 12 декември 2008
За Наградата на Светскиот самит може да конкурираат јавни и приватни установи и фирми, или организации регистрирани во Република Македонија, како и сите граѓани на Република Македонија. Победниците на категориите на Награда на Светскиот самит за Македонија 2009 ќе станат македонски кандидати за глобалната Награда на Светскиот самит 2009 година.
Нема да се земат предвид проекти кои содржат елементи кои поттикнуваат на насилство, омраза, порнографија, мизогинија, расизам или некој друг облик на дискриминација.
Изборот на Наградата за Светскиот самит за информатичко општество за Македонија за 2009 година го организираше Фондацијата Метаморфозис, а го изврши независно мултидисциплинарно експертско жири преку стриктно следење на насоките дадени од организаторот на глобално ниво и спроведување на принципите на транспарентност.
Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.

Наградата на Светскиот самит е проект кој поканува на учество и глобален центар за сите кој го гледа клучното значење на креирање одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит. Нови партнери од целиот свет секогаш се добредојдени да и се придружат на оваа глобална иницијатива!
Сите заинтересирани можат да го следат процесот на доделувањето на наградите преку специјалниот сајт ... Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009 ...
Со среќа на сите заинтересирани ... ширете ја информацијата на вашите сајтови и блогови ...

Пад на индустриското производство ... 10 проценти ...

Она што можеше да се насети по отпуштањата на вработените во индустријата на РМ, се оствари преку намалувањето на индустриското производство ... во Октомри тоа бележи пад од 10 проценти - во споредба со истиот месец лани ... а во споредба на минатиот месец има пад од скоро 17 проценти ... Глобалната финансиска криза го намали обемот на производство во металургијата, текстилот, градежништвото ...

читај повеќе »

Овие податоци недвосмислевно говорат дека светската криза длабоко забраздува во нашата економија ... финасиските експерти кои го кроеа буџетот за 2009-та година под итно да го преиспитаат и прилагодат на моменталните трендови ...

Wednesday, November 26, 2008

УЈП порачува дека има контрола на целата територија на РМ ...

Сител казнет ... а евентуалната казна за Латас ке треба да ја изрече суд ...


Во Собранието куртули - Собранието со право се сокри позади слободата на меслењето на новинарите ... но по пријава од Собраниската комисија за еднакви можности - Советот за радиодифузија изрече казна за Сител:

читај повеќе »

  • писмена опомена и
  • времена забрана за рекламирање од еден ден поради прекршувања на одредбите од Законот за радиодифузија во емисијата „Бекстејџ“
  • заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој ...
Казната за Латас еветуално ке следи, по евентуалната приватна судска постапка ... Да подсетам бидејки погоре не спомнав ... ова е се поради случајот “Латас“ во емисијата на Сител “Бекстејџ“ - каде Латас како гостин во шоуто - прилично слободно си дозволи да дели “комплименти“ на дел од пратеничките (сосема “случајно“ од опозицијата ..)... во која се зборуваше на тема сексот/сексипилот и политиката/политичарите ...

Илуминација на Камениот мост Скопје ... зборот "вети" - идно време од глаголот "лажам" ...


Локални избори се ближат ... политичките партии ке искочат со своите ветувања ... граѓаните ке ги сослушаат ... на едните ке им дадат власт ...

читај повеќе »


Камениот мост Скопје е паметник со многу големо значение за скојани ... последната генерација на скопјани се сведоци на скоро десетгодишна реконструкција на Камениот мост Скопје ... демек сега се е завршено со реконструкцијата - фали само илумнацијата ...

Да подсетам дека пред две три години илуминација на Камениот мост Скпје вети МТ (Македонски телекомуникации) ... што бидна со таа донација - каде отидоа парите ...

Најнова вест е дека власта ветува брза спроведба на проектот за илуминација на Камениот Мост Скопје ...

  • Проектот чини околу 300 илјади евра и ќе го финансира Министерството за култура
  • Проектот, што ќе се изведе под надзор на Конзерваторскиот центар
  • На тендерот за изведувач, спроведен во текот на минатите два месеца, е избрана фирмата „Макаус“ од Скопје
  • предвидени две варијанти на светилки кои ќе се поставуваат на оградата и на страните кон реката ... ... едните ќе бидат на камената ограда за да се осветли пешачката патека, а другите на лаците на мостот во правец кон Вардар
  • изведувачот доби рок од 40 дена, откако ќе бидат набавени светилките ... тие се увозни од италијанско производство

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/HotelStoneBridgeSkopje8Large.jpg?t=1225906748

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/StoneBridgeSkopje5Large.jpg?t=1225909918

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/StoneBridge1Large.jpg?t=1225911826

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/StoneBridge3Large.jpg?t=1225911930

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/StoneBridge4Large.jpg?t=1225911963

  1. Осветлување/илуминација на Камениот мост ... 6 Мај, 2008 - 14:51
  2. Скопје ноќни фотки ... Камени мост, плоштад и улица Македоија ... 23 Јули, 2008 - 21:24
  3. Скопје, ноќни фотки ... 9 Август, 2008 - 15:39
  4. Вардар сеуште тече под Камениот мост ... 10 Октомври, 2008 - 21:08
  5. СКОПЈЕ - ноќни фотки ... плоштад ... 16 Октомври, 2008 - 19:57
  6. Скопје Центар ... ноќни фотки ... 15 Ноември, 2008 - 21:37

Blog Archive

Site Meter