Search This Blog

Wednesday, December 26, 2007

Интернет - читатели ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/5F38C91F7C45904BA01D7FD71F58B981.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Се‘ повеќе весниците се борат за интеренет читателите ... Сеуште е тоа изразено во светските медиуми ... Секако рекламирањето е причината ...
Фајненшел тајмс
Волстрит џурнал
Њујорк тајмс

И нашите пишани медиуми не спијат ... Сите во оваа година направија подобрување на своите интернет изданија ... Се повеќе ке се води битката за интернет читателите ... се разбира и кај нас причината е рекламниот простор кој треба да земе се поголемо учество во интернет изданијата ...
- “Вест
- “Вечер
- “Време
- “Дневник
- “Македонски спорт
- “Нова Македонија
- “Утрински весник
- “Computer Bild Македонија
- “
PlugIn
-
Веритас - прв независен политички неделник на Интернет
- “
Его
- “
Жива антика
- “Јога здравје и хармонија
- “
Капитал
- “
Македоника
- “
Македонско Сонце
- “
Тиквешка хроника
- “
Успение
- “
Форум
- “
ЈП Службен весник на РМ
- “
Стајлинг

Поранешни мои записи на темата:
-
Службен весник ... на интернет ... бес-платен ... конечно !! ...
- ИНТЕРНЕТ АРХИВА НА МК ВЕСНИЦИ – ИНТЕРНЕТ РЕПРИНТ НА СТАРИ ИЗДАНИЈА
- И ВЕСНИЦИТЕ УМИРААТ
- ЛИНКУВАЊЕ ВО ВЕСНИЦИТЕ

Заеднички календар за сите христијани ...

Владиката наш поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан се изјасни дека е за заеднички календар на сите христијани - ако било до него ... но за прашањето одлука требало Синодот да донесе ... Можело да има разидување во Синодот ...

Догмата која ја има опседнато црквата ни, мора да се надмине ... и јас сум за заеднички календар ... што корист од стариот календар ... земјата сепак се врти ...


Снег ... снееееееееег ...

Утринава се радував на снегот како кога бев дете ... кога ке видев лапавица како паѓа ...

PC260173 (Large).JPG

ке истрчав на улица и со раширени раце ке ги бркав најкрупните снегулки ...
PC260166 (Large).JPG

(исто како и дечињава на оваа фотка ...)

Образите ке ми се вцрвенеаа, како и носот ... адреналинот ке проработеше ... ке искочеа и други деца и ке почнаевме да лудиваме ... лизгавици ... санки ... сличуги (оние правените ...) ... мавање со топки снег ... правење по некоја беља ... Снегот највеќе одсекојпат го сакале децата ... Овој снег ке ги израдува нив - токму пред идиличниот дочег на Нова година и Божиќ ...

PC260194 (Large).JPG

Тука само една фотка на Лун со пријателите ... и снегот ... радоста на кучињава се мери како радоста на дечињата ... лудуваа и се играа ...

PC260179 (Large).JPG

Еве ги и дечињата како и кутрињата ... растрчани и раздрагани ... адреналинот работи ...

Komsikata (Large).jpg

Еве ја и комшивката како се пробива низ снегот ...

Sneg - kolaz (Large).jpg

Tuesday, December 25, 2007

Владата бара мобилен оператор за администрацијата ...

Во услови кога во Владата добиле сознание дека годишно на телефонски разговори се трошат скоро 50 милиони евра ...

Владината служба за општи и заеднички работи вчера објави јавен повик за избор на мобилен оператор кој ќе им нуди услуги на органите на државната управа во 2008 година. Според повикот, пакетот на услуги треба да содржи еднаква тарифа кон сите мобилни и фиксни мрежи, која ќе изнесува најмногу до 3,3 денари по минута разговор, тарифирање по секунда од почетокот на разговорот, бесплатни разговори помеѓу претплатничките броеви и минимален буџет за набавка на нови мобилни апарати од 7.000 денари со сим картичка.

Владата и администрацијата е најголемата “фирма“ во државата ни ...

На Македонија моментално и' треба информатички и технолошки подем ...

Нема човек во МК - кој не се сложува со констатацијата од насловот ... Ова го вели Владата на РМ ... Континуирано прави чекори кон спроведување на горната премиса. Резултати секако се очекуваат на среден рок - за неколку години ... Но, на оваа влада и требаат резултати сега ...

Што е предлогот, како да се мрднеме од долната точка на невработеноста ... нискиот стандард ... сиромаштијата ... Од решавањето (или нерешавањето ...) на овие три работи - ке зависи опстанокот на оваа Влада на следните избори.

Во МК била најниска стопата на предприемливоста ... несакале луѓето да отвараат свои фирми и да се самовработуваат ... Нека се праша некој зошто е тоа така ... Во одговорот на ова прашање е решениото на проблемот на стопанскиот пораст на економијата ни ... а одтука и мрднувањето на трите точки (невработеноста ... нискиот стандард ... сиромаштијата ...) во нагорна линија (позитивна де ...)...

Monday, December 24, 2007

Зајчев Рид ... Елитен град ...

Високорезиденцијални домови со пространи дворови, два плоштада, амфитеатар, радио-телевизиски центар, поликлиника, хотели, училишта, улици со монтажни тротоари, како и првиот конгресен центар во Македонија ќе бидат сместени во новата елитна населба што ќе се гради на Зајчев Рид, зад Управата за хидрометеоролошки работи.

Според планот, кој советниците во Карпош го усвоија на последната седница, во новата населба, која ќе има површина од 150 хектари, ќе се влегува од четири места - преку клучката кај Момин Поток, од надвозник на патот кон Качаник, по булеварот Словенија и од потегот што води кон населбата Бардовци. Во него се вцртани вкупно 103 градежни парцели, од кои блоковите за домување ќе бидат згради со пет плус три ката и поткровје.

Едно од училиштата ќе биде наменето за децата на странските дипломати во земјава. Според Агенцијата за планирање на просторот, која го подготвила планот, евроамбасадорот Ерван Фуере лично замолил да се вцрта таков објект.

На највисоката точка на Зајчев Рид, која има надморска височина од 320 метри, ќе се постави резервоар за вода за потребите на месното население. Пешачката патека ќе води до амфитеатарот, од каде што ќе може да се види археолошкиот локалитет Скупи.

Новата населба ќе има и два центра во вид на плоштади, каде што ќе може да се постават споменици и скулптури. Покрај овие содржини, населбата ќе има и своја поликлиника, телевизија, конгресен центар со хотели и други објекти за сместување, една бензинска станица, автосалони, трафостаница, спортски објекти и црква што ќе се наоѓа на еден од плоштадите. - Новата населба на Зајчев Рид има капацитет од 24.000 до 28.000 жители и ќе се простира на земјиште што во најголем дел било државно, а дел и припаѓал на АРМ.

Gogle snimka - obelezena namalena skratena.jpg

Од топографскиот план на Скупи и од Гоогле мапата на Скупи ... се гледа импозантната големина на Скупи ... она што денеска го гледаме и она што се предпостаува дека го има на локалитетот ...

1.- Срцето на локалитетот Скупи ... од кое до сега светло на ден има само 1 процент од локалитетот ... а најграндиозна е главната учица која со широшина од осум метри со тротоари и со евидентна поврзаност со споредни улици ... импозантно ...
2.- Мене ми личи на Базилика ... има големи димензии ...
3.- Театарот - најголемиот антички театар во Македонија со капацитет од 9.000 публика ...
4.- Гробишта кои се добро уредени од локалното население ... но за жал се во средина локалитет ... и кога тогаш тие ке мора да се дислоцираат ... иако рака на срце за локални гробишта се сјајно уредени и оградени ...
5.- Огромно пространство од срцето на локалитетот кое археолошки воопшто не е пипнато ...
6.- Највисокиот врв на брдото - кое сега е окупирано со базна станица на Космофон ... Како ли доби дозвола за градба среде локалитет ... ??!!
7.- Ораница таква има и од другата страна на гробиштата ... карактеристично е што додека шетав низ неа полна е со крупна керамика и камен ... се гледа дека е обработуван од човечка рака ...
8.- Зашумен дел со едно специфично растение за нашиве краишта ... мириса силно кога ке скршиш гранка ... но расте во близина на извори ...
9.- Барака изградена од археолозите во која вршат “теренски ипитувања под сенка“ ... Одлично средена а во продолжетокот дури има и бавча со фолијско производство на зеленчук ...
10.- Сум го рипнал бројот ... :)
11.- Бараки од некаков сервис ...
12.- Старачки дом Бардовци ... изграден на сред локалитет ...
13.- Базилика со релативно големи димензии
14.- Западна некропола ...
15.- Раскрсница на која има Автосервис - со подигната кола на столб ...
16.- Разни објекти кои се веројатно приватни ...
17.- Дел од населбата Злокуќани ...
18.- Улица Ацо Шопов ...
19.- Улица према Бардовци ...

Ке има ли проблеми новата локација со еден од најголемите недиистражени археолошки локалитети во МК Скупи ...

Ајмо локаци ... ајмо ...

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страна огласува локации кои на јавно лицитирање ке бидат продадени во текот на идната година ...

- „Дел на викенд зона“ на Општина Крушево, на кое е предвидено да се изградат објекти за викенд домување и хотели ...

- Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со: 1. Детален Урбанистички План за стопанска зона „Блокотехна“, на Општина Гевгелија, наменето за изградба на објекти за мало стопанство,

- Детален Урбанистички План за комплекс стопанство - с. Муртино, на Општина Струмица, наменето за изградба на стопански објекти - сервиси - магазини

- Детален Урбанистички План за станбена населба „Ушици 1 дел“, на Општина Битола, наменето за изградба на објекти за индивидуално домување

- Урбанистички план на село Калугерица, земјиштето е наменето за изградба објект за мало стопанство

- Детален Урбанистички План на Радовиш, наменето за изградба на стопански објекти

- Детален Урбанистички План „Капиштец“, e наменето за изградба на трговски центар.

- Езеро Младост во Велес, на кое е предвидено да се изградат објекти за домување.

**

Соопштенија :: 23.12.2007
Соопштение до јавноста

Почитувани,

Министерството за транспорт и врски Ве известува дека во насока на остварување на заложбите за зголемување на инвестициите и овозможување на економски раст на Република Македонија, распишани се повеќе објави за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија:

1. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Скопје, општина Центар, наменето за изградба на трговски центар, со вкупна површина од 385 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 7.000 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 17.01.2008 година.

2. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Крушево, наменето за изградба на:

· хотели – 3 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 3.200 денари по метар квадратен и

· објекти за викенд домување – 36 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 600 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 22.01.2008 година.

3. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во општина Велес, наменето за изградба на објекти за домување – 27 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 31.01.2008 година.

4. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Гевгелија - 2 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 500 денари по метар квадратен,

· Стопански објекти, на територија на општина Струмица - 4 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 100 денари по метар квадратен и

· Индивидуално домување, на територија на општина Битола - 26 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 1.500 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 06.02.2008 година.

5. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Радовиш - село Калуѓерица, со почетна цена од 150 денари по метар квадратен и

· Стопански објекти на територија на оштина Радовиш – 2 парцели, со почетна цена од 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 08.02.2008 година.

За жал нема директен линк на сајтот на министерството за транспорт ...

Етно МК село ... на водно во близина на Пантелејмон ...

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8EAEC7BBCB26C544B33DFFC9E96B6497.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Во делот на манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон" над Нерези, на површина од 15 хектари ќе се гради типично македонско село со куќи што ќе имаат карактеристики од неколку региони од земјава (Крушево, Кратово, Охрид).

Замислено е во долниот дел на куќите да се претстави процесот на производство на некои типични македонски производи. Во горниот дел на куќите ќе бидат сместени ресторани што на посетителите ќе им нудат карактеристична храна за поднебјето од каде потекнува куќата ...

Во средината на селото ќе има плоштад и меана, а на почетокот ќе стои голема порта, како и дуќанчиња во кои ќе се продаваат сувенири од Македонија - фрески, резба, филиграни, ѓумчиња, грнчиња и сл. Ќе се изгради и мал амфитеатар во кој ќе се одржуваат музички манифестации, како и ноќевалиште во кое туристите ќе можат да престојуваат.

Во селото ќе се влегува од два приода, преку Нерези или преку Водно.

Се ова е убаво и благородно замислено ... Но Македонија не е само Скопје ... Македонското село е и во Мијачијата да речеме ... и бројни други забаталени места кои вапаат за вакви државни инвестиции ... Башка водно се плуќата на Скопје и се‘ што се гради во неговите пазуви е како ставање на вирус на канцер во здрави плуќа ... Госоѓата Рафајловска нека најде друго место за ваква благородна идеја во Македонија ... а ако баш Скопје мора да биде има предели по други манастири ... да речеме Марков Манастир ... Но секако најдобро е ова да се гради во запуштените МК села по преубавите планиски предели низ Македониа ... Или некој решил за буџеванијата да направи уште едно место каде ке ги шетаат секретарките на терање мераци ... секако на државен трошок ...

Стандарди ... јавен градски превоз ...

Исполнувањето на стандардите е нешто кое најбргу ке не доближи до посакуваната дестинација - ЕУ ... Тука набројав неколку главни стандарди кои ни се критериум за приближување во ЕУ интегративниот процес ...

Овдека сакам да зборувам за стандардите на јавниот градски превоз во главниот град на Република Македонија ...

Странец кога доаѓа во нашиот главен град (Скопје де ...), најпрвин се среќава со стандардите на пристанишната зграда на Аеродромот Скопје ... потоа со таксистите кои ке го дочекаат за да го превезат до Скопје ... и Градскиот превоз (јавниот ... автобусите и таксистите ...) ... Ке ги заборавев главната автобуска и Железничка станица ... Автобуската се доведе во некаков ред ... но на железничката се заборави ... не е реновирана од нејзиното настанување од пред 20 години ...

И сега за што да зборуваме ... За стандардите на аеродроската зграда во Петровец ... нејќам да коментриам под секаво ниво се ... нека се симне некој во ВЦ-то доле во подрумот ке се увери ... нека види како е додека чекаш во холот .... грми од вентилацијата како да си на писта ... може да зборуваш со тој до тебе само ако викаш ... Од банки таму има само автомати ...

За таксистите ... пак да не зборувам секави ги има ... од питоми до диви ... цената често е по договор ... те влечат за ракав да се качиш кај нив .... Бангладеш чиниш дека е ... а не ЕУ држава ...

Јавниот градски превоз повеќе ке го третирам ... Замислите странец реши да се вози со Градскиот превоз ни ... Прво што ке сака да купи е мапа на автобуските линии ... колку знам нема таква ... Второ што ке сака да знае каква е саатницата на пристигање на автобусите ...

Ај некако ке се качи во автобус - ке праша лево десно ... за среќа младите зборуваат англиски ... но кај да се симне ... никој не јавува во автобусот како се вика автобуската станица кога доаѓа до неа ... а на самите станици нема ознака како се вика станицата ...

Што ке смрзне во автобусот и не е некој проблем ... ке го греат бројните луѓе кои се возат по автобусите ни ... Но ако случајно застане позади автобусот кога ке се симне е тоа е проблем ... Три дена ке мириса на чад од издувните гасови ... Еко автобуси ??!! ... Сега ако е случајно инвалид ... е тоа е уште поголем проблем ... Ке мора да чека еден од вкупно трите автобуси ... кои имаат опрема за превоз на инвалиди ...

Му порачувам на Градоначалникот ни Костовскии (да не се секира за она кое не може да го реши ... колку пари толку музика ...) нека зирне во постот и барем неколку работи нека нотира:

- Да направи стандарди што треба се да исполни еден автобус или таксист за да добие лиценца ...
- Да изготви мапи на градот за јавниот градски превоз - кои бесплатно ке се делат кога ке купиш билет ...
- Да постави информативни табли на сите автобуски станици (постојки де ...) ... со ред на пристигање на автобусите ... секако и минимум настрешница ...

Да не се занесува со транвајот ... ке изградел два километри од него еј ... Нека го прави она за кое има пари ... Нека се вози до работа со јавен превоз за да види како им е на граѓаните ... немора секој ден ... но двапати месечно е доволно ... Тоа гадоначалникот на Њујорк редовно го прави ...

Локални шерифи ... повторно кавги за доминација ...

Кој да ги бира локалните шерифи ... Се изгласа Закон за полиција кој го припреми старата власт (СДСМ + ДУИ) ... Но на ДУИ не му одговара ни таков ... Тие сакаат сами да си поставуваат локлани шерифи ...

Локалени шерифи досега се избани во 22 единици ... а во 16 во кои се доминантни Албанците - процесот на избор сеуште трае ... не биле по кејфот на ДУИ - кој го оспорува и законот ... !!?

До кога бе ??

Blog Archive

Site Meter